Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.562
- Поени од реакции
- 52.359
Roma - Chelsea | UEFA Champions League | Stadio Olimpico, Rome | 31 Nov 2017
Пред три години решив да пробам да отидам на натпревар на Челзи при првата прилика која ќе ми се пружи. Претходната сезона беа шампиони во ПЛ, квалифицирани за ЛШ, па се надевав дека ќе бидат извлечени во група против некој тим каде што би можел да отидам. Се погоди Рома и после кратко пребарување одлуката беше донесена откако видов дека би требало да можам да дојдам до карта преку Рома, и релативно евтин лет со Визер. Остана само да чекам да ги пуштат картите во продажба. Во меѓувреме се распрашав тука во нивниот фан клуб точно во кој сектор се гостинските навивачи затоа што идејата ми беше да земам карта одма до тој сектор за да бидам блиску до моите
После секојдневно проверување на страната на Рома, конечно дојде денот кога ги пуштија картите. Веднаш успеав без проблем да земам карта во секторот каде што имав испланирано, цената беше 40 евра. После тоа ја средив и авионската карта, околу 50 евра повратна, а преку Аирбнб најдов и ок смештај, ме фати околу 80 евра за три ноќевања.
Неколку недели подоцна дојде конечно и денот кога требаше да летам за Рим. Неповрзано со натпреварот, ама мора да спомнам. Ова ми беше прво летање со авион, знам дека беше недела на пладне, а саботата излегов и се умртвив од алкохол до 3-4 сабајле. Не можеше полошо да е искуството, уште поима немам како го преживеав летот, посебно полетување и слетување кога сто пати проба цел алкохол да излезе од мене
Од сега гледано, иако со години го чекав моментов, ептен неспремно отидов. Иако главната цел на патувањето беше фудбалот, сакав да го прошетам Рим нормално, па сите денови беа исполнети со шетање, не се потрудив да видам кај ќе се собираат навивачи па бар на денот на натпреварот да одам со нив пред да се оди на стадион. Но добро, со секое следно одење на фудбал, се повеќе ми се подобруваше искуството.
Дојде и денот на натпреварот, цел ден ми помина во Ватикан и скоро три часа пред натпреварот фатив бус за до стадион. Секогаш сакам да влезам доста порано за да ги гледам сите припреми, загревања и слично затоа што не ми е секојдневно искуство. И италијанци и странци мораше да влагаат со лична идентификација. После доста проверки конечно влегов на трибина. Стадионот уште празен.
На околу саат пред натпреварот веќе почнаа трибините брзо да се полнат, почнаа сите припреми на терен, па потоа дојде време и за загревање на тимовите. После толку години навивање, плачење, радување, за прв пат во живо ги видов играчите на клубот кој го сакам, ежење. Дефинитивно чувство кое доживотно се памти
Конечно стигна и почетокот на натпреварот. Нормално, хајлајтот тука е химната.
Почнува натпреварот и во прва минута Рома дава гол, на голот баш пред мене. Многу ствари се случија во тој момент, покрај тоа што почнав да се пцујам за среќата што ја имам, па и тоа што иако околу мене имаше доста туристи што се нашле во Рим тогаш, па дошле на фудбал, сепак најголемиот дел беше страсни навивачи кои одма се затрчаа кон стаклото одма десно од мене кое ги одвојува од гостинските навивачи и почнаа да тропаат и да се провоцираат со англичаните, па мораше да пазам да не ме утепа некој затрчан.
Одма пројде тој момент на нервоза и повторно ми се врати чувството на возбуда затоа што конечно ги гледам во живо, и ме држеше до крај. Толку бев под импресии што уствари поима немам кој како играше на натпреварот. За жал, заврши 3-0 за Рома, но некако воопшто ми немаше значење тоа во моментот, само бев среќен што присуствував на натпревар во ЛШ на Челзи.
Тука често критикуваме кога се празнат стадионите на 10 минути пред крај, но таму видов која е една од причините. Бев сместен на другата страна од Рим и доколку сакав околу еден саат да патувам со јавен превоз, наместо да мењам три автобуси и метро, морав да излезам околу 85та минута и да го фатам последниот бус кој одеше во моја насока.
И покрај ужасниот резултат за Челзи, како што кажав овој натпревар ми останува во меморија како прекрасно прво искуство кое уште повеќе ми ја зголеми желбата да одам на натпревари во секоја прилика која ќе ја имам и да го организирам искуството што подобро. Тоа ќе го опфатам во следните постови.