Одлично прикажано @kano. Да се патува вака на едно СП или ЕП отсекогаш ми било сон.
Ако може едно прашање: Колку пари од прилика се потребни за да направиш ваква авантура? Од првиот до последниот ден?
Би сакал да направам нешто слично за европското 2021.
Се е во УСА долари.
Трошоци платени унапред, ова е од човек.
Карти
Португалија - Шпанија - Категорија 3 - $105
Бразил - Швајцарија - Категорија 3 - $105
Полска - Сенегал - Категорија 3 - $105
Португалија - Мароко - Категорија 2 - $165
Бразил - Коста Рика - Категорија 2 - $165
Шпанија - Мароко - Категорија 3 - $105
Англија - Белгија - Категорија 1 - $210
Шпанија - Русија - Категорија 1 - $245
Вкупно - $1205
Смештај
Сочи $256 (4 ноќевања)
Самара $35 (1)
Ростов $45 (2)
Саинт Питерсбург $290 (4)
Москва $290 (5)
Калининград $169 (6)
Вкупно - $795
Транспорт
Авионски карти
СК-Истанбул - $60
Истанбул - Сочи - $160
Сочи - Самара - $110
Самара - Ростов - $70
Ростов - Москва - $110
Москва - Саинт Питерсбург (саспан, брзиот воз) $71
Саинт Питерсбург - Калининград - $140
Калининград - Москва - $110
Такси превоз секаде (22 дена) окулу $150
Метро - Москва окулу $10, 50тина центи беше едно возење
Вкупно - $991
За 22 дена потрошив некаде 115 000 рубљи кеш, толку имам вадено, знам некаде 5000 ми останаа, ги сменив во Бангкок. Тоа се $1526. Ова е углавно на пиво, забава, музеи, сувенири, јадење и слично. Би рекол некој $300+ од ова отидоа на кавијар , се друго беше смешно ефтино. Пример пиво во фан зоните големо чаша точено (локално, сибирскаја корона) 100 рубљи или $1,3.
Трошоци во Русија
Музеи (ова све беше платено кеш, со исклучок на Хермитаж)
Москва - не плаќавме никаде, влагавме со врски
Самара - Kосмичкиот музеј - $7
Саинт Питерсбург - Хермитаж - $10
Саинт Питерсбург - катедралата на падната крв (незнам како точно се преведува) $3
Калининград - Фридланд Гејтс - $5 ова е музеј на историјата на градот со влез во бункер
На кредитна у ресторани сум платил и некој $390, обично плаќав кеш освен во добри ресторанти и хотелските ресторанти...
Значи се на се некаде - $4900 за 23 дена...