Groundhopping - посета на фудбалски натпревари насекаде!

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Roma - Chelsea | UEFA Champions League | Stadio Olimpico, Rome | 31 Nov 2017

Пред три години решив да пробам да отидам на натпревар на Челзи при првата прилика која ќе ми се пружи. Претходната сезона беа шампиони во ПЛ, квалифицирани за ЛШ, па се надевав дека ќе бидат извлечени во група против некој тим каде што би можел да отидам. Се погоди Рома и после кратко пребарување одлуката беше донесена откако видов дека би требало да можам да дојдам до карта преку Рома, и релативно евтин лет со Визер. Остана само да чекам да ги пуштат картите во продажба. Во меѓувреме се распрашав тука во нивниот фан клуб точно во кој сектор се гостинските навивачи затоа што идејата ми беше да земам карта одма до тој сектор за да бидам блиску до моите :D

После секојдневно проверување на страната на Рома, конечно дојде денот кога ги пуштија картите. Веднаш успеав без проблем да земам карта во секторот каде што имав испланирано, цената беше 40 евра. После тоа ја средив и авионската карта, околу 50 евра повратна, а преку Аирбнб најдов и ок смештај, ме фати околу 80 евра за три ноќевања.

Неколку недели подоцна дојде конечно и денот кога требаше да летам за Рим. Неповрзано со натпреварот, ама мора да спомнам. Ова ми беше прво летање со авион, знам дека беше недела на пладне, а саботата излегов и се умртвив од алкохол до 3-4 сабајле. Не можеше полошо да е искуството, уште поима немам како го преживеав летот, посебно полетување и слетување кога сто пати проба цел алкохол да излезе од мене :sramezliv:
Од сега гледано, иако со години го чекав моментов, ептен неспремно отидов. Иако главната цел на патувањето беше фудбалот, сакав да го прошетам Рим нормално, па сите денови беа исполнети со шетање, не се потрудив да видам кај ќе се собираат навивачи па бар на денот на натпреварот да одам со нив пред да се оди на стадион. Но добро, со секое следно одење на фудбал, се повеќе ми се подобруваше искуството.

Дојде и денот на натпреварот, цел ден ми помина во Ватикан и скоро три часа пред натпреварот фатив бус за до стадион. Секогаш сакам да влезам доста порано за да ги гледам сите припреми, загревања и слично затоа што не ми е секојдневно искуство. И италијанци и странци мораше да влагаат со лична идентификација. После доста проверки конечно влегов на трибина. Стадионот уште празен.

PANO_20171031_191712.jpg

На околу саат пред натпреварот веќе почнаа трибините брзо да се полнат, почнаа сите припреми на терен, па потоа дојде време и за загревање на тимовите. После толку години навивање, плачење, радување, за прв пат во живо ги видов играчите на клубот кој го сакам, ежење. Дефинитивно чувство кое доживотно се памти :love:

IMG_20171031_201234.jpg

Конечно стигна и почетокот на натпреварот. Нормално, хајлајтот тука е химната.



IMG_20171031_204534.jpg

Почнува натпреварот и во прва минута Рома дава гол, на голот баш пред мене. Многу ствари се случија во тој момент, покрај тоа што почнав да се пцујам за среќата што ја имам, па и тоа што иако околу мене имаше доста туристи што се нашле во Рим тогаш, па дошле на фудбал, сепак најголемиот дел беше страсни навивачи кои одма се затрчаа кон стаклото одма десно од мене кое ги одвојува од гостинските навивачи и почнаа да тропаат и да се провоцираат со англичаните, па мораше да пазам да не ме утепа некој затрчан.
Одма пројде тој момент на нервоза и повторно ми се врати чувството на возбуда затоа што конечно ги гледам во живо, и ме држеше до крај. Толку бев под импресии што уствари поима немам кој како играше на натпреварот. За жал, заврши 3-0 за Рома, но некако воопшто ми немаше значење тоа во моментот, само бев среќен што присуствував на натпревар во ЛШ на Челзи.

Тука често критикуваме кога се празнат стадионите на 10 минути пред крај, но таму видов која е една од причините. Бев сместен на другата страна од Рим и доколку сакав околу еден саат да патувам со јавен превоз, наместо да мењам три автобуси и метро, морав да излезам околу 85та минута и да го фатам последниот бус кој одеше во моја насока.

И покрај ужасниот резултат за Челзи, како што кажав овој натпревар ми останува во меморија како прекрасно прво искуство кое уште повеќе ми ја зголеми желбата да одам на натпревари во секоја прилика која ќе ја имам и да го организирам искуството што подобро. Тоа ќе го опфатам во следните постови.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Ајде и другите да споделат свое искуство, па да живне темава малце дур паузираме од најважната споредна работа во светот :D Браво @Донев, и покрај резултатот, како за првпат, супер искуство, и желба ми е да ја чујам химната на италијански стадион, бидејќи во Германија го немаüe она на крајот, јаготката на шлагот кога голем дел од навивачите се дерат :D
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Roma - Chelsea | UEFA Champions League | Stadio Olimpico, Rome | 31 Nov 2017

Пред три години решив да пробам да отидам на натпревар на Челзи при првата прилика која ќе ми се пружи. Претходната сезона беа шампиони во ПЛ, квалифицирани за ЛШ, па се надевав дека ќе бидат извлечени во група против некој тим каде што би можел да отидам. Се погоди Рома и после кратко пребарување одлуката беше донесена откако видов дека би требало да можам да дојдам до карта преку Рома, и релативно евтин лет со Визер. Остана само да чекам да ги пуштат картите во продажба. Во меѓувреме се распрашав тука во нивниот фан клуб точно во кој сектор се гостинските навивачи затоа што идејата ми беше да земам карта одма до тој сектор за да бидам блиску до моите :D

После секојдневно проверување на страната на Рома, конечно дојде денот кога ги пуштија картите. Веднаш успеав без проблем да земам карта во секторот каде што имав испланирано, цената беше 40 евра. После тоа ја средив и авионската карта, околу 50 евра повратна, а преку Аирбнб најдов и ок смештај, ме фати околу 80 евра за три ноќевања.

Неколку недели подоцна дојде конечно и денот кога требаше да летам за Рим. Неповрзано со натпреварот, ама мора да спомнам. Ова ми беше прво летање со авион, знам дека беше недела на пладне, а саботата излегов и се умртвив од алкохол до 3-4 сабајле. Не можеше полошо да е искуството, уште поима немам како го преживеав летот, посебно полетување и слетување кога сто пати проба цел алкохол да излезе од мене :sramezliv:
Од сега гледано, иако со години го чекав моментов, ептен неспремно отидов. Иако главната цел на патувањето беше фудбалот, сакав да го прошетам Рим нормално, па сите денови беа исполнети со шетање, не се потрудив да видам кај ќе се собираат навивачи па бар на денот на натпреварот да одам со нив пред да се оди на стадион. Но добро, со секое следно одење на фудбал, се повеќе ми се подобруваше искуството.

Дојде и денот на натпреварот, цел ден ми помина во Ватикан и скоро три часа пред натпреварот фатив бус за до стадион. Секогаш сакам да влезам доста порано за да ги гледам сите припреми, загревања и слично затоа што не ми е секојдневно искуство. И италијанци и странци мораше да влагаат со лична идентификација. После доста проверки конечно влегов на трибина. Стадионот уште празен.

Прегледај го приврзокот 242990

На околу саат пред натпреварот веќе почнаа трибините брзо да се полнат, почнаа сите припреми на терен, па потоа дојде време и за загревање на тимовите. После толку години навивање, плачење, радување, за прв пат во живо ги видов играчите на клубот кој го сакам, ежење. Дефинитивно чувство кое доживотно се памти :love:

Прегледај го приврзокот 242994

Конечно стигна и почетокот на натпреварот. Нормално, хајлајтот тука е химната.



Прегледај го приврзокот 242993

Почнува натпреварот и во прва минута Рома дава гол, на голот баш пред мене. Многу ствари се случија во тој момент, покрај тоа што почнав да се пцујам за среќата што ја имам, па и тоа што иако околу мене имаше доста туристи што се нашле во Рим тогаш, па дошле на фудбал, сепак најголемиот дел беше страсни навивачи кои одма се затрчаа кон стаклото одма десно од мене кое ги одвојува од гостинските навивачи и почнаа да тропаат и да се провоцираат со англичаните, па мораше да пазам да не ме утепа некој затрчан.
Одма пројде тој момент на нервоза и повторно ми се врати чувството на возбуда затоа што конечно ги гледам во живо, и ме држеше до крај. Толку бев под импресии што уствари поима немам кој како играше на натпреварот. За жал, заврши 3-0 за Рома, но некако воопшто ми немаше значење тоа во моментот, само бев среќен што присуствував на натпревар во ЛШ на Челзи.

Тука често критикуваме кога се празнат стадионите на 10 минути пред крај, но таму видов која е една од причините. Бев сместен на другата страна од Рим и доколку сакав околу еден саат да патувам со јавен превоз, наместо да мењам три автобуси и метро, морав да излезам околу 85та минута и да го фатам последниот бус кој одеше во моја насока.

И покрај ужасниот резултат за Челзи, како што кажав овој натпревар ми останува во меморија како прекрасно прво искуство кое уште повеќе ми ја зголеми желбата да одам на натпревари во секоја прилика која ќе ја имам и да го организирам искуството што подобро. Тоа ќе го опфатам во следните постови.
И ти одбирање натпревар :icon_lol:
Јас во таква ситуација се најдов како тебе, прв пат кога ојдов Мадрид Торес да го гледам, само кај мене се потрефи,два гола даде па ми идеше да влезам во теренот,не знам како се воздржав со оглед на тоа дека блиску бев до тревникот, во глата си велев смири се жено ќе те свлечка обезбедувањето резил ќе се напрајш, по сите портали ќе те даваат,среќа ден пред тоа остварив контакт со него, ми се исполни желбата инаку решена бев за таков циркус :ROFLMAO:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Ај, кога веќе почнав...

Vidi - Chelsea | UEFA Europa League | Groupama Arena, Budapest | 13 Dec 2018

Како што пишав, после првиот натпревар решив во следната прилика повеќе да се информирам и подобро да се организирам. Следната сезона Челзи падна во ЕЛ. Во групата се паднаа ПАОК во Солун и Види во Будимпешта, два натпревари за кои можеше лесно да се организира патување. Гостувањето во Солун го ставија за прв натпревар, две недели по ждрепката. Пробав да барам како да купам карти преку нив, но неуспешно. Секако не помогнаа предупредувањата од страна на Челзи дека се очекува хостилна атмосфера и препораки навивачите на Челзи да го сведат движењето низ Солун на минимум. Дури и да најдев карти, не ми се одеше да седам меѓу навивачи на ПАОК.
Битен детал во сето ова е тоа што цело време мислев дека нема никакви шанси јас да дојдам до карти за гостински навивачи затоа што англичаните секогаш патуваат секаде, па дури и со членство од клубот мислев дека не може да се дојде до карта за европски гостувања. Но, еден од кумановците што едно време беше на форумов отиде на натпреварот со навивачите на Челзи, па од него дознав дека за карти за гостувањава е се потребни лојалти поени, туку со членството од клубот може да си купиш карта доколку системот те пушти да влезеш на време пред да се распродадат. Па така уште од септември си земав членство од Челзи и почнав да се спремам за натпреварот против Види во декември.

Неколку недели пред натпреварот конечно ги пуштија картите. Успеав да влезам во првите 5 минути и да купам карта. Цената беше 30 евра. Повратна авионска карта до Будимпешта за 20 евра, и 40 евра смештај за четири ноќевања (цел двособен стан за четворица, вкупно 160 евра, 40 од човек).

За ова патување мислам дека бев дури и повозбуден од првиот пат затоа што сега одам на трибина со навивачите на Челзи, прво вакво искуство. Бев во контакт и со некои навивачи од Англија што отидоа, за да им се придружам во бар пред натпреварот. Еден ден претходно одам во Старбакс и баш на масата до мене седеше една баба, навивач на Челзи. И кажав дека и јас сум за Челзи и одма ни се погоди муабетот. Она веќе 30 години имала сезонска на Стемфорд Бриџ, и оди на скоро сите гостувања низ Европа, иако веќе годините не и дозволувале секогаш да патува. Ми раскажа за финалето ЛШ во Минхен каде патувала во авион со тимот. Како дел од кореографијата имале картон А4 големина кој го свиткала како лепеза за да плеска со него. Потоа го пластифицирала и го носи на секое гостување, го извади од ранецот за да ми покаже. Си има направено и Челзи беџови, секогаш со неа си носи по неколку за да ги дава на интересни навивачи што ќе ги запознае, па ми даде еден кој ќе си го чувам секогаш :D

Дојде денот на натпреварот. Не стигнав да отидам во бар претходно, па директно се упатив кон стадион за да се најдам со навивачите. После два круга околу стадионот конечно најдовме од кај треба да влезат гостинските навивачи. Повторно влегов прилично рано на стадион за да видам се.

IMG_20181213_173117.jpg

IMG_20181213_182322.jpg

Другиот натпревар од групата се играше во раниот термин, па уште пред да почне овој се знаеше дека Челзи завршува на на прва позиција. Тоа ја одзема компетитивноста на натпреварот, но сепак примарно ми беше тоа што сум на трибина со навивачи на Челзи и ќе викам 90 минути, а не самиот натпревар. Сепак тоа значеше и дека во живо ќе видам играчи како Хадсон Одои, Ампаду и нормално Лофтус Чик :love:
Брзо се наполни стадионот, бабата што ја запознав се погоди да е блиску до мене, па повторно направивме и со неа муабет пред да почне натпреварот.

IMG_20181213_203840.jpg

Навивањето беше супер, пеевме цело време иако измрзнавме на стадион, ептен беше ладно. Мислев дека нема да ми се повтори чувството од првиот пат, но ова беше бар дупло подобро (а третиот натпревар па пак дупло од вториов :icon_mrgr: ). Конечно јас бев на стадион меѓу навивачи на Челзи и ги пеев сите песни кои секој викенд ги слушав на ТВ пренос. Неверојатно чувство. Вилиан и Жиру дадоа голови од слободен, а натпреварот заврши 2-2. Како што кажав, групата беше одлучена уште пред да почне, па немаше никакво значење резултатот.



Еден момент беше што десетина минути откако почна натпреварот баш во редот пред мене, дојдоа двајца англичани, тинејџери. Едниот беше толку пијан што ни знаеше каде е, ни знаеше кај оди, ни па можеше нормално да оди. Другар му го седна некако на столче. После минута се исповрати доле, па проба да стане при што се излизга и падна во повраќаницата и што уште не. Не сум видел некој толку пијан колку што беше овој, а сум одел на одмори на Занте, Кавос каде што доминираат британциве. 5-10 минути ни поминаа со него, му пеевме Puke in a minute, he's gonna puke in a minute и слично :D

Друг интересен момент беше на полувреме кога отидовме да земеме за пиење, некој околу мене отвори твитер и виде дека еден новинар не обвинува за расистички песни во првото полувреме. Сите бевме зачудени затоа што никој меѓу нас не слушна нешто такво. Ептен го мразат новинаров затоа што цело време такви ствари им прави, претходната сезона во Барса пишуваше дека видел како некол дила кокаин меѓу навивачите на полувреме, иако новинарите биле сместени на скроз другата страна на Камп Ноу. И така, завршив во весник :icon_mrgr:

received_211998819704929.jpg

После некоја недела беше започната истрага од УЕФА. Повлекоа се откако не најдоа докази за расистички песни, нормално.

Ова второ искуство уште повеќе ми ја зголеми желбата за одење на натпревари при секоја прилика, посебно сега кога знаев дека можам да одам со навивачите на Челзи и да навивам цел натпревар, наместо да седам како неутрален гледач меѓу домашни навивачи.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Ајде и јас пак ќе пишам, за исполнување на сонот. (Еден од многуте, секоја утакмица/стадион ми е речиси сон :D )

Но овој ми е посебно драг.

Bayern München - Manchester United | Friendly Match| Alianz Arena, München | 05 Aug 2018

Летото 2018 ќе ми биде запаметено како најдобро до сега, од фудбалски аспект :D

Премногу бев среќен кога дознав дека во Минхен ќе има пријателска помеѓу овие два клуба. Иако беше пријателска, сепак ми беше прво искуство на Алианц Арена, па помина супер. Отидов со воз од Штутгарт, бидејќи таму рмбав летото. Бев сместен прилично далеку од центарот, едвај најдов нешто поприфатливо во поглед на цена за смештај, дека бев сам, со тоа што букирав неколку дена пред утакмицата, бидејќи не ни знаев дали ќе ме пуштат од работа. Отидов, се сместив, и тргнав да го разгледувам Минхен. Супер град, не нешто спектакуларно, ама убаво е да се прошета. Секако, не ми беше у прв план шетањето, битна беше утакмицата. Возбуден бев премногу (многу ме радуваат вакви ситни работи, исполнување на желба/сон од ваков тип, бидејќи никогаш не сум бил во можност да шетам туку така кај ќе ми текне). Градот стандард гужва, многу дресови и маици во боите на Баерн, тук-таму по некој од Манчестер. Пијат пиво, се веселат, пеат песни.

Исто како Донев, и јас сакам да одам многу порано накај стадион, за да прошетам околу, да јадам, да пијам, и да ја осетам целата атмосфера пред утакмицата, собирањето околу стадион, на самиот стадион, загревањата, интервјуата со новинари и стручни лица и слично. Отидов многу порано, си купив дресче од фан шоп, малце ми беше досадно бидејќи многу рано отидов, но воопшто не жалам. Како што се доближуваше почетокот на утакмицата, возбудата се повеќе растеше.
аллианз2.jpg
Не ми се веруваше дека ќе го видам ајде да кажам омилениот тим (бидејќи не навивам за никој посебно, ги симпатизирам Баерн и Свонси, но сакам интересни клубови, со интересна историја, навивачи и слично). Манчестер Јунајтед иако не ги сакам баш, интересно беше да се видат сите тие играчи, Мурињо и компанија :D Утакмицата заврши ми се чини 1-0 за Баерн , по голот на Хави Мартинез.

Пиво и кобасица на полувреме, се гледа и по мене дека сум мераклија на јадење :D Муабет со навивачи претходно во паб, после тоа и пред стадион , па и со луѓето што седеа околу мене.

Супер утакмица, супер искуство. Атмосферата беше супер, (иако не е како кај нас што сме навикнати), секторот кој беше исполнет со навивачи на Јунајтед добро се покажа, беа гласни цело време што многу ми се допадна. Стадионот беше распродаден, и супер беше да се види како толкава маса на луѓе може да се контролира при влез и излез, да нема застој или инциденти. (Нешто што е мисловна именка кај нас на Градски за 15.000 публика, а камоли 50.000+ публика).

Гледањето на еден од омилените играчи во живо ми остави посебен впечаток и тоа чувство нема да го заборавам никогаш.
Исто беше интересно дека играа еден против друг, мојот најомилен голман во ова време против мојот најомразен голман во ова време :D

Се на се, со секоја утакмица, се повеќе и повеќе ми се зголемува желбата да одам и на други дербиња, стадиони и слично. Мислам дека оваа еуфорија околу утакмици ќе ме држи за цел живот :)
такемебак.jpg
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Македонско Дерби - Тајланд (Бангкок дерби)
Leo Stadium
Bangkok Glass 2 - 1 Maungthong United
Публика 10тина илјади
Јули 2014
Цена на карта - 100 бат 2-3 евра



Mak Derbi.jpg
Ова ми е единствена утакмица што сум ја гледал во Тајланд во живо пошто реално таму има многу поинтересни занимации и тешко дека пак некогаш ќе идам на стадион таму (додуше може ако фатам добра утакмица на националната арена). Сепак пратам на ТВ кога можам, во тајланд се луди по фудбал па се се пренесува и секаде во секој паб дури и стриптиз барови имаш на ТВ.

Во Бангкок имам стан во Сухумвит што е до центарот, нешто како да кажеме Капиштец во СК. Ова им е бизнис центар и е прилично добра опција за престој пошто е добро поврзано со сите делови на Бангкок. Тука ми е и работава, тука се и огромен дел на одличните ресторани, ноќен живот, занимација све во некој километар два радиус така не мора многу да се замарам со возење и гужви.

Оние што ме читале на Вардар фан пејџот знаат дека го потев за Ѓуровски да дојде во Вардар тој период. Едноставно мислев дека ни требаше креативец на игра од негов калибар. Мислам дека ова му беше втора сезона во Тајланд и овде веќе беше ѕвезда. Сезоната добивме „македонско дерби“ со тоа што за Бангкок Глас потпишаа Тасевски и Баже Илиоски. Тасевски како екс вардарец, супер Марио како лудак, и Баже Факен Илиоски вечниот душман на Вардар од соседството. Додај на тоа Maungthong игра во црвено црна комбинација (ВАРДАР) а стакларите во зелена (тимот од бт) и имаш право Мак дерби во земјата на чудата...

Да бидам искрен да знаев каде имаат и едниве и другиве стадион немаше ни да идам... Се си мислев дека ќе играат на националната арена што ми на неколку станици со воз. Лио стадион ти е на периферијата на Бангкок, практично не е ни Бангкок (нешто ко Ѓорче) некој саат и пол од мене во гужва... Стигнавме едвај 10тина мин пред утакмица така да го пропуштивме гостинското кортео. Во Тајланд за разлика од Индонезија се по ОК, се навива релатвно мирољубиво освен кога гостува Бурирам. Бурирам и Манугтонг (па и било кој друг градски - Бангкок клуб) е веќе борба на политичка основа (црвени против жолти кошули - нивното вмро/сдсм) , град против провинција... Коретео е нешто вака, Маунгтонг има обично најдобра екипа за гостувања и секогаш се во голем број.

https://www.youtube.com/watch?v=eKEwHjN8ZOY

Утакмицата беше добра. Маунтонг и Ѓуровски се изнапромашуваа и требаше да ги решат уште во прво полувреме. Во второ полувреме пак на 1-1 имаа неколку добри шанси али славо. На крај Тасевски ја реши после пас од Баже. До крај Илиоски промаши зицер и тука некаде заврши се.

После утакмица јадење на брзина на улицата, таи стрит фуд. Никој не прави проблеми, си разговараат навивачи од ривалските клубови. Некако добив впречаток дека нема баш ривалитет меѓу двата клуба мада што знам за стаклараите ова беше голем скалп Маунгтунг беше шампион а и имаа одлична ера во тој период беа апла водечка сила...





1586170973643.png
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
По повод точно една година решив да напишам за исполнувањето на една од долгопосакуваните желби, и имав чест на таа да присуствува и мојот татко.

13-14.04.2019| Istanbul, Turkey

13.04.2019 Besiktas JK 2:1 Basaksehir

Иако главната цел беше утрешниот ден, накратко ќе го споменам и овој. Сабота, 13.04.2019 година. Градското дерби помеѓу Бешикташ и Башакшехир на Водафон Парк. Преубав стадион, на супер локација во Истанбул. Првпат да бидам толку возбуден, поради тоа што знам колку се Турците забегани со навивање, па конечно имав прилика да го осетам на своја кожа. Исполнет стадионот до последното место, а јас и татко ми купивме две карти од последните ОСУМ од цел стадион. (Патувањето беше претходно испланирано, без да дознаеме дали ќе одиме на утакмица, а само поради тоа и одевме. Ризично, ама се исплатеше) Чувството како се доближувавме до стадионот беше феноменално. Направивме некоја фотка, влеговме на стадионот, имаше премногу гужва, премногу полиција и супер беше организацијата. Бевме трети ред (само таму имаше останато две карти една до друга), и беше супер. Иако прилично се скапи картите како за турска лига, воопшто не жалам за доживувањето. Класика турско дерби, остри стартови цело време, нула од фудбал, ама желбата за победа е на максимум. Навивачите ме воодушевија, и старо и младо цела утакмица на нозе, УРЛААТ (не пеат), скокаат, лупаат и создаваат атмосфера од која морници ќе те полазат. Сигурно сте гледале видеа на интернет, ама тоа не е ни приближно до чувството како кога си на таков стадион. Да не тупам многу, со пресврт Бешикташ тепаше на домашен терен со 2:1 , и кога го дадоа вториот гол цел стадион беше во делириум. ПРЕЈАКО ЧУВСТВО :vozbud::vozbud: Еве некоја слика ќе пуштам што имав сликано
кајгана1.jpg бјк2.jpg бјк3.jpg

Сега да преминам на главното :cool:

14.04.2019 | The Intercontinental Derby | Fenerbahce SK 1:1 - Galatasaray| Sukru Saracoglu Stadium

По импресиите од претходната вечер, дојде утрешниот ден. Но за жал без обезбедени карти за утакмицата. Логично дека беа распродадени онлајн уште одма откако беа пуштени, и невозможно е обичен посетител да дојде до карта регуларно, без да има некоја членска картичка за привилегии од клубот. Веќе полека се помирив со фактот дека ќе гледаме во некој кафич на телевизија. Но како што гледавме дека атмосферата низ центарот се заострува, дека се повеќе и повеќе има фанови на Галатасарај, бидејќи бевме во европскиот дел, решивме да отидеме доста порано за да си ја пробаме среќата пред стадион, кој се наоѓа на азиската страна. Отидовме 2 саати пред натпреварот, а таму гунгула. Сите коли блокирани, фанови одат во групи према стадионот, претежно фанови на Фенербахче, со оглед на тоа колку лути ривали се, не знам дали имаше инциденти надвор од стадион. Засилена полициска контрола, неколку безбедносни прстени. Не пуштаа луѓе без карти ни во првиот прстен, а камоли понатака. Среќа на картичките за влез на стадиони (Пасолиг кард), полицијата не проверуваше дали имаш карта на неа, туку само ја гледаше сликата и податоците на носителот на Пасолиг картата. Влеговме таму, утакмицата од 19 часот, ние во 18:15 немавме карти. Видовме сомнителни фаци што стојат од страна што нудат карти на црно (немав претстава како, бидејќи во турска лига нема хартиени билети, туку само електронски). И ајде да видиме што може да направиме. Среќа иако ги плативме многу скапо картите, се плашев да не ни ували нешто нерегуларно и да не можеме да влеземе на стадион. Ама ете среќа све беше супер, го поминавме вториот прстен, а потоа и последниот при влез во стадионот. Бидејќи имаше премногу гужва, картите ни беа на различни места, на трибината позади голот. Но кога влеговме на трибина, таму не се знае кој пие, кој плаќа. Верувам дека имаше повеќе луѓе од дозволеното, бидејќи ниедно место немаше празно, а со татко ми стоевме на скали. Двајца стокилаши делевме една скала 90 минути. Не знаете како се осеќав во тој момент. Искрено многу сум емотивен за вакви работи, па си пуштив некоја солзичка пред почетокот.

Навивачите беа многу гласни, а според некои извори, ова е најгласното дерби во светот. И секако во топ10 во светот на ривалски дербиња, од аспект на историја, ривалитет, и жестока атмосфера на стадионите. Громогласно навивање, пеење песни, скандирања, прав спектакл во вистинска смисла на зборот. Секој што би сакал да оди на вакво нешто, топло му го препорачувам. Се гледаше дека на трибина бевме изгубени, бидејќи од безбедносни причини носевме неутрални бои на облека, за да избегнеме инциденти. Арно ама татко ми имаше црвено-жолт елек МАКЕДОНИЈА, што го имаше земено со него да не му застуди :icon_lol: Немаше ни 2 минути, му се залепија двајца фанатици да го тргне под итно, па ко попчиња го прибравме у ранецот кој беше со нас. Им кажавме дека сме од Македонија, и иако не знаеа баш англиски,се разбравме некако, и после тоа не изгушкаа пошо заедно не тераа да пееме песни на Фенербахче и да скокаме со нив :pos:. Предобро чувство, никој на никого не му се лути ако го згази или удри, при секоја акција на еден од тимовите имаше делење на лактови, колена, глави бидејќи стоевме на скали, како во пуна 24ка во петок на зелен пазар. Натпреварот беше динамичен, многу шанси, напади, остри стартови, 1 црвен картони еден куп жолти.

433.jpg

Како што можете да видите на сликата, поради крвничките стартови, првото полувреме се играше дополнителни 8 минути, а второто полувреме дополнителни 10 минути.
Поведе Галатасарај, на големо разочарување на домашните навивачи, но сепак не престанаа со своето навивање, туку напротив, беше уште посилно од претходно. Но врвот на целата утакмица беше не само што израмнија, туку и што тој гол го постигна нашиот ЕЛИФ ЕЛМАС, кој беше миленик помеѓу навивачите. Тогаш стадионот еруптираше, страшна атмосфера се создаде тогаш, татко ми збрлаве, не знаеше шо збори и почна да се дере МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА :vozbud::pos::pos: Супер беше, ми се исполни душата кога Елмас го даде голот, тоа чувство треба секој да го доживее. Штета што македонскиот фудбал е дно, ама бар на ракомет има каква-таква атмосфера.

Се на се, прекрасно искуство, интересно беше што сретнав Турчин/Германец во петокот на билетарата , после утакмицата у цела таа гужва го сретнав пред една продавничка, почна да ме гушка и да ми вика виде ли шо се деси а-у :pos:

Кореографијата беше супер, предобро организирано, полиција и обезбедување имаше на секој чекор, на стадион немаше поголеми инциденти,за надвор не можам да кажам.

Со сигурност можам да кажам дека од топ 5 лигите може да СОНУВААТ за ваква атмосфера. :kezec:

Подобро од тоа да отидеш еднаш на ова дерби, е да отидеш барем уште неколку пати на истото :cool: фенер1.jpg фенер2.jpg


https://www.youtube.com/watch?v=pwlGRS5q-u0 - Линк кон голот :)
https://youtu.be/lewmgdUjD3w <- Линк кон славевето :)
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Liverpool - Chelsea | UEFA Super Cup | Vodafone Park, Istanbul | 14 Aug 2019

Моето трето и далеку најдобро искуство на натпревари на Челзи. Приказната почнува неколку месеци порано, Челзи - Арсенал во финалето во ЕЛ, собрани бевме фанови во Ајриш. Уште кога беше решена победата при резултат 3-0 решив дека морам да пробам да отидам на Супер Куп во Истанбул. Два дена после финалето веќе си резервирав соба. Еден месец подоцна, 4ти јули сабајлето беше Лампард официјално претставен како нов тренер на Челзи, а после неколку часа успеав да дојдам и до карта за натпреварот. Возбудата ми достигна максимум левел, сега не само што имаше можност во живо да видам како Челзи освојува трофеј (каков и да е), туку и тоа да го направи со Френк Лампард на клупа.
Повратната авионска карта ме фати околу 180 евра, дека нема Визер нормално. Картата за натпреварот беше 50 евра. Откако решив ова конечно да ми е првото патување каде што одам целосно сам, нешто што сакав да го направам долго време, си најдов соба во апартман со други дечки на моја возраст за 15 евра од ноќ. Ова си е искуство само по себе, ако си се погодите со другите :D

После долгиот месец чекање кој никако не поминуваше, конечно дојде време да отпатувам за Истанбул. Тешкиот пораз од Јунајтед претходниот ден воопшто не помогна за надежите неискусниот тим на Челзи да дојде до победа против моќниот шампион на Европа - Ливерпул. Но добро, возбудата уште беше на истото високо ниво. Со самото слетување на аеродромот те пречекуваат плакати за натпреварот и конечно сфаќаш дека навистина си таму.
Додека на претходните патувања голем дел од времето ми помина на шетање низ градот, тука бев решен максимално да го искористам на фудбалот затоа што секако го имав видено Истанбул претходно. А и низ целиот град фокусот беше на фудбалот (ок, бар јас кај што бев), кај и да отидеш немаше шанси да не видиш луѓе во дресови од двата клуба, а секако и од турските клубови. Денот пред натрпеварот со неколку локални фанови на Челзи отидовме накај стадионот во периодот кога доаѓаа тимовите за да одржат тренинзи и пресови. Испадна дека многу луѓе ја имаа истата идеја, па имаше собир пред стадион во исчекување на клубските автобуси.

1587720519786.png

Дојде и денот на натпреварот. Јас бев сместен баш кај фан зоната на Ливерпул. Брзо ми здосади да слушам ЈНВА и Але, Але, Але па прилично рано излегов и се упатив кон Бешикташ областа за да си ја земам картата и да им се придружам на навивачите на Челзи во нашата фан зона. Низ градот доминираа дресови од Салах, затоа што сите турци навиваа за Салах. Насекаде се осеќаше возбудата за фудбалот, а и полиција имаше на секој чекор. Поминувајќи покрај стадионот еден новинар од Грузија ми ја забележал Челзи тетоважата, па дотрча за да ме праша дали може да ме интервјуира очекувањата за натпреварот. Бидна и тоа :D
Си ја земав картата од тимскиот хотел и продолжив кон плоштадот кој беше фан зона на Челзи. Ама англичаните нормално дека ги имаа окупирано сите барови наоколу, а добар дел од плоштадот беше навивачи на Бешикташ (дека нивна област), со тапани со се, си пееа за нивниот тим. Почнав да одам по баровите, скоро сите пуштаа песни за Челзи, и во сите имаше навивачи. Дур да дојде време за да одиме накај стадион, мислам дека ги поминав сите барови во околината. Едвај постигнуваа со точење пиво, јас уште не знам колку испив и колку пари потрошив на пиво тој ден. Најинтересното е што запознаваш секакви навивачи, од 18-19 годишни деца кои прв пат одат на европско гостување, до баби и дедовци кои цел живот го следат тимот насекаде. Околу саат и пол пред почетокот на натпреварот се упатив кон стадионот со едни татко и син од Лондон.

1587721673739.png

1587721704990.png

Во првото полувреме навивањњто беше најдобро што сум искусил до сега. А времето беше ужасно, со превисока влажност на воздухот, многу тешко се дишеше. На терен зачудувачки Челзи беше подобриот противник и водеше 1-0, а имаше и еден поништен гол. На полувреме веќе скроз го изгубив гласот и сите едвај чекавме да одиме вода да се напиеме. Ептен голема гужва се направи, но за среќа успеав да стигнам на ред пред да се распродаде цела вода. Дур чекавме сите малце бевме во неверување за тоа колку добро Челзи го изигра првото полувреме против Ливерпул, посебно кога само неколку дена порано изгубија 4-0 од Јунајтед. Интересно е што навивачиве од Англија ептен го хејтаат Ливерпул, и посебно нивните навивачи па на полувремето од повеќе луѓе го слушнав истиот муабет, дека ич не им е гајле за трофејот како трофеј и сакаат Челзи да го освои само затоа што тоа значи дека Ливерпул нема да го освои :icon_mrgr:
Дур поминаа гужвите за вода и се вратив на трибина, второто полувреме веќе почнало, и влегов баш во моментот кога Мане постигна гол за да израмни на 1-1. Разочарувачки после одличното полувреме, но уште со надеж дека ако продолжат со истата игра, Челзи има добри шанси за победа. За жал не успеаа да ги искористат шансите и натпреварот заврши 1-1. Уште е еден од најдобрите натпревари на Челзи сезонава, и дури и навивачи на Ливерпул ќе се согласат дека Челзи заслужи да победи во 90те минути, ама тоа е фудбалот.
Во екстра време Ливерпул дојде до водство со уште еден гол на Мане, но за среќа по 5-6 минути Челзи доби пенал и повторно го израмни резултатот, а имаше и уште еден поништен гол на Маунт. Потоа следеа пенали. Ова ми беше најнепосакуваното сценарио затоа што и пред тв за пенали ќе умрам од стрес, а не па во живо. Се погоди и да се шутираат на голот пред мене. Но бидејќи си таму во моментот некако не ми беше до толку стресно, па успешно ги преживеав. Сите шутираа добро и ги дадоа своите пенали. На крај стигна Абрахам на ред како петти изведувач. Никогаш не си викам вака, ама дур доаѓаше накај гол не знам зошто си помислив дека ќе утне, некако несигурно делуваше и тоа и се случи. Ливерпул го освои купот. Не не посака среќата, но сепак поради играта на тимот натпреварот ме остави со убаво чувство и возбуда за остатокот од сезоната и потенцијалот на младите играчи на чело со Лампард.

1587723365608.png

На излагање од стадион видовме дека турците си правеле своја забава надвор. Се насобрале во огромен број и пееа турски песни, бакљи распалени на сите страни. Стварно се ептен забегани за фудбал :D


И така, како и секој натпревар до сега, направи да сакам да одам што почесто. Следен ќе ми беше натпреварот против Баерн во Минхен, супер шанса да го посетам местото на кое беше освоена титулата во 2012. Имав направено планови и за летот и за сместувањето, но за жал (а потоа испадна за среќа), и покрај тоа што си закажав за обновување на пасошот прилично рано, не ми беше направен на време поради целата ситуација што беше со пасошите и не можев да си го организирам патувањето. После нормално и го откажаа натпреварот заради коронава, па среќа немав ништо уплатено затоа што ќе ми пропаднеше се :toe:
Да се надеваме дека нема премногу време да помине пред да може повторно да се оди на фудбал.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
IMG_20200405_173803.jpg
Русија 2018

Нема многу да пишувам ќе ставам сликички од секоја град засебно со понекој збор колку да ви ја доловам атмосферата колку толку. Мундијалите се приказна за себе кој бил знае...

Уште кога се одлучи да има мундијал во Русија решив дека сакам да го правам баш во граундхопинг стил, тоест ситихопинг би рекол, идејата беше да се види што повеќе од Русија, нормално со се добра доза на фудбал. Во Бразил со другариве ја пратевме Австралија, во Русија со еден другар ја прошпартавме Русија од југ до север...

Гледавме 8 уткамици, 6 добивме на лотаријата во првото влечење, една во втората рудна кога дозволија додатно да се зимаат карти а последнава ја набавивме преку другари што имаа земено вишок карти. Како и да е 8 утакмици, рекорд, предходно 6 имав во Германија 2006та а на другите мундијали по 4.

Гледавме:

Португалија - Шпанија
Бразил - Швајцарија
Полска - Сенегал
Португалија - Мароко
Бразил - Коста Рика
Шпанија - Мароко
Англија - Белгија
Шпанија - Русија

------------------------

15ти Јуни - Меч 3
Португалија - Шпанија
Сочи

Во Сочи стигнавме неколку дена пред да почне мундијалот. Летавме Скопје - Истанбул - Сочи. Бевме сместени во туристичкиот дел на градот и углавно се беше супер. Сочи нема некој ноќен живот, али имаат кафани налик нашите така да не е лошо... Очекував повеќе мада кој знае може требаше да се сместам во дизнилендот близу стадионот.

IMG_20180612_181147.jpg

Отварањето го гледавме во фан зоната. Со оглед на тоа дека игра домаќинот беше лудница во зоната.

IMG_20180614_182309.jpg

IMG_20180614_181329_1-min.jpg


На пат до стадионот пројдовме до Ф1 стазата.

IMG_20180615_190305-min.jpg

Пред стадион имаше доста народ, стадионот не е во Сочи него во градче/населба до Сочи што се вика Адлер некој добри пола саат со кола/бус од Сочи. Напред идевме со такси за враќање се снаоѓавме, на крај мислам дека со аутобус дојдовме некако.



1.jpg

2-min.jpg

IMG_20180615_205327.jpg

Ова беше една од најдобрите утакмици на светското. Шпанија 3 - Роналдо 3... Шпанциве се покажаа како машинерија а Роналдо баш како играчиште. Сам ги растури мада и Де Геа не се прослави.

После утакмица на пат за хотелот... Делот на градот каде е стадионот е нешто налик дизниленд... Првата фотка доле ви е стадионот, другото е окулу стадионот... Немам зборови, да не видев немаше да верувам. Иначе тука е и Ф1 пистата.

IMG_20180615_230621.jpg

IMG_20180615_231047.jpg

IMG_20180615_231245.jpg

IMG_20180615_231252_1.jpg
Автоматски споено мислење:

Бразил - Швајцарија - Меч 9
Ростов

Од Сочи до Ростов имаше само еден лет што ни одговараше и у куси црти дур се натегавме дали да купиме карти одма или да чекаме да пуштат уште еден лет нели логички, светско првенство е, останавме без карти за летот... :D На крај опциите беа лутање низ Русија со возови и бусови или лет преку Самара.

Ростов виа Самара... Еден ден во Самара. Ова на крај испадна како кец на десетка, пројдовме бомба, и овде 100% ќе се вратам пак, следново шетање низ русија ќе биде исток према запад...

Сочи низ слики...

IMG_20180616_105314_1-min.jpg

IMG_20180616_110134-min.jpg

IMG_20180616_114031_1-min.jpg

IMG_20180616_115506_1-min.jpg

IMG_20180616_125955-min.jpg

IMG_20180616_134237-min.jpg

IMG_20180616_143256-min.jpg

IMG_20180616_143257-min.jpg

IMG_20180616_143258-min.jpg

Графитот со Зидан и Матераци е ремек дело...



За втор град се двоумевме дали да гледаме утакмица во Ростов или Волгоград. Ростов испадна на крај ради Самсоненко. Едноставно ако веќе оставаме пари нека бидат тоа во неговиот град. Ростов ќе го памтам по добар ноќен живот и луди таксисти. Ќе го памтам и по јадењето, посебно козачките колбаси и скара. Големо фала до @chef_cook за препорачаните ресторанти.

IMG_20180616_203934-min.jpg

IMG_20180618_155046-min.jpg

Во фан зоната гледавме утакмица на хрватска мислам. Фан зоната им беше на плоштадот. Огромен плоштад...

IMG_20180617_160711-min.jpg



Ноќна утакмица, пред утакмица сакавме да ручаме во козачки ресторант. Повеќето добри ресторанти се преку реката, до стадионот а цел тој регион беше затворен за собраќај. Баравме такси може 20тина мин да не однесе до таму и никој не се нафаќаше. На крај готово беше да се откажеме кога се нафати дечково подоле. Типот испадна да е еден од воџите на навивачите на Ростов... На пат до ресторантот ни пушташе навивачки видеа како води навивање. Ако зумирате доле до воланот на екранчето ќе го видите батката.... Незнам што да кажам луда ствар, на крај ни пари не ни зеде плус рампи дигаа џандариве да дојдеме до ресторантот а после и ВИП не возеше до стадионот. Немам зборови, дечково испадна цар.

IMG_20180617_190237-min.jpg

Утакмицата заврши 1-1, Кутињо даде голчиште, Нејмар се изгуби. Швицарска даде гол од корнер и тоа углавно беше се од нив. На трибини беше карневал, бразилци еден куп. Имаше буквално се, и лепотици и типови кој се гледаше дека се пуштени од золошка или некоја фавела.

IMG_20180617_231002-min.jpg

IMG_20180617_205104-min.jpg

IMG_20180617_204757-min.jpg
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
next stop Moscow

Полска - Сенегал - Меч 15
Спартак, Москва


Полска - Сенегал на прв поглед не изгледа баш атрактивна утакмица ама од навивачки аспект да ги видиш пољаците во главниот град на нивниот најголем непријател и не е баш лоша работа. Мислев дека ќе има проблеми и инциденти за на крај да помине се мирно. Русите навиваа за сите словенски народи што мислам дека ги изненади и пољаците, наместо тепачки повеќе имаше дружба...

Утакмицата заврши 2-1 за Сенегал. Полска си даде аутогол мада сенеглаците сепак изиграа подобро. Полска беше може најслаба европска селекција.

IMG_20180619_172229-min.jpg

IMG_20180619_172629-min.jpg

IMG_20180619_174613-min.jpg

IMG_20180619_175833-min.jpg

Фан зоната во Москава навечер.

IMG_20180619_002338_1-min.jpg

IMG_20180619_020626_1-min.jpg

Фудбалманија....

IMG_20180619_123105-min.jpg

44.jpg

IMG_20180620_012428_1-min.jpg

IMG_20180620_021447-min.jpg

IMG_20180620_030841-min.jpg


ЦСКА, хокеј арената..

IMG_20180620_182616-min.jpg

IMG_20180620_183636-min.jpg


Португалија - Мароко - Меч 19
Лужнички, Москва

Роналдо ги реши... Штета што португалците немаа малку појак тим, ова беше моментот на Роналдо да докаже дека е најдобар. Се изненадив од мароканските навивачи. За секој португалец може имаше 5 мароканци. На ТВ тешко е да распознаеш зашто и двете репрезентации имаа црвени дресови ама многу повеќе беа што зачудува за афричка репрезентација. Племе, никаде ни ред чекаа ни некого ебаваа, си тераа свој филм и се гледаше дека беа спремни за се...

IMG_20180620_144309-min.jpg

IMG_20180620_145141_1-min.jpg

IMG_20180620_155815_1-min.jpg

IMG_20180620_164909-min.jpg

Најмладиот навивач што го видов...

IMG_20180620_172930-min.jpg

IMG_20180620_172942-min.jpg
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Бразил - Коста Рика 2:0 - Меч 25
Саинт Питерсбург

IMG_20180621_105847-min.jpg

Москава - Саинт Питерсбуг со воз. Ултрамодерен брз воз, за 4 саати се стига. Одлична работа.


В Петер пит.



Немам зборови, ова е место да се убиеш од пиење. Што знам, имавме малку проблем да го најдаме хотелот, кога го најдовме ни кажаа дека собите ги препродале на по 3-4 луѓе али било ОК имале бољи соби на плоштад некаде. Стигнавме таму, едвај најдовме каде и што и стварно супер соби, плоштад,
Рублештајна до нас.

IMG_20180621_202041_1-min.jpg

Гледајте го спотот горе, ептен јако ја има погодено некако атмосферата на местото. Овде беше јако што кога се шетавме со дресови на Вардар не познаваа и сакаа да се сликаме Вардар нели со Зенит играше предходно.

Имаа некој интересни барчиња, уредени во секаков стил, ова ми остави впечаток беше ептен направено со машини за мачење, електирчни столици и секакви глупости.

IMG_20180621_180042-min.jpg

IMG_20180621_180047_1-min.jpg

IMG_20180622_233745_1-min.jpg

IMG_20180623_024401_1-min.jpg

Ако сакате добра забава во Саинт Питерсбург барајте ги улиците Думскаја и Невски.


Бразил иако фаворит дојде до победа во 90та мин на крај. Кутињо беше човекот на одлука, најдобриот играч на Бразил на турнирот. Нејмар конечно даде гол па плачеше... Коста Рика на почетокот имаше една одлична шанса и да ја дадеа ќе беше ептен густо.

IMG_20180622_140918_1-min.jpg

IMG_20180622_145150-min.jpg

IMG_20180622_162451-min.jpg

666-min.jpg

Тука ни се вкрстија патиштата и со дел од нашите што ја пратеа АУС. Еден ден после утакмицата бевме заедно па после секој на своја страна.

Саинт Питерсбург ќе го памтам и по песнава буквално секаде се пушташе, химна на градот па и првенството, има добар фудбалски дел во спотот, гледајте.




WWW Ленинград
С П Б точка РУ
Автоматски споено мислење:

Шпанија - Мароко 2-2
25ти Јуни
Калининград

Овде бевме 6 дена... Планот беше да сме уствари 4 дена овде и да „тркнеме“ до Гданск во Полска. Иако имавме резервиран хотел во Полска на крај неможевме превоз да најдеме букавално сите седишта на сите аутобуси што излегуваа од Калининград беа распродадени. Лудница... За со такси до граница ни бараа исто колку за лет до Бангкок и на крај решивме да останеме таму па ако треба и спиеле у парк некаде...

Имавме резервации за 2 вечери за другите 4 требаше да снајдеме што и не беше лесно со оглед дека следнава утакмица беше Белгија - Англија.

Првите 2 дена ко господа у хотел инспираран од германското минато на градот. Конеберг...

IMG_20180625_233320_1-min.jpg

IMG_20180625_233350-min.jpg

До хотелот имаше и Вила Ченто...

IMG_20180625_233120-min.jpg

Утакмицата беше страшна... Шпанците веќе квалификувани, на мароко им требаше победа. Почна со гол на Мароко, стадионот згреми. Јас мислам добри 70% навиваа за Мароко. Уште еднаш, секоја чест, за африканци имаат СТРАШНА подршка. Инеста ги извади шпанците на брзина за 1-1. Мароко имаше 2-3 добри шанси, не се предаваа, имаа една јака пречка Де Геа беше прилично изгубен цело првенство. Кога сите мислевме, готово 1-1 ќе заврши некаде 5-6 мин при крај Мароко поведе 2-1 гол од корнер. Шпанциве тогаш со цела сила нагрнаа за у продожение да дадат контраверзен гол што прво не беше признат ради офсајт а после по проверка на камерите да биде признат. Мароко испадна, Шпанија и Португалија продолжија.

IMG_20180625_194833_1-min.jpg

IMG_20180625_203621_1-min.jpg

IMG_20180625_204401_1-min.jpg

IMG_20180625_205248-min.jpg


Картиве ни беа одма позади гол, 4-5 ти ред некаде... Какви карактери имаше на трибина мајко мила, ама овој беше апсолутен ЦАР...


IMG_20180625_220025-min.jpg

IMG_20180625_220337-min.jpg

IMG_20180625_230355-min.jpg


Наредниот ден најдовме смештај во еден замок али само за 2 дена.... Малку бевме подалеку од центарот ама веќе бевме и капнати па углавно одмаравме и го разгледувавме градот. Последниве 2 дена, кога беше утакмицата на англија немаше ништо никаде, и веќе беше критично...

IMG_20180626_141558-min.jpg
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Англија - Белгија 0-1
28 Јуни, Меч 45
Калининград

Смештај нема, енглези еден куп, белгијци еден куп... Со господ напред почнавме сериозно да размислуваме за опција шатор. Една келнерка на крај ни кажа некој руски сајт за смештај па таму најдовме „пентхаус“ во близина на стадионот... 2 собен.

IMG_20180628_174833-min.jpg

IMG_20180628_174811-min.jpg

Не, не ве дупам, ова беше зградата.

Овде најдобро си поминавме. Пред влез имаше една маалска продавница/коперација па се собираа таму. Не видоа странци па прво мислеа енглези да не сме ама кога не слушнаа македонски дека збориме ептен некако се опуштија. Првата вечер со дечкиве прво доле се здробивме а после со нив и у град излеговме. Бевме у еден стриптиз бар каде предходно ни бараа по 5000 рубљи влез/конзумација, сега ништо не ни бараа.

Калинград има добар живот, и добра шема. Вреди да се посети.

Атмосферата низ градот...

IMG_20180627_145334-min.jpg

IMG_20180627_154046-min.jpg

IMG_20180627_183649-min.jpg

IMG_20180627_183703-min.jpg

IMG_20180628_150419-min.jpg

IMG_20180628_154125_1-min.jpg

IMG_20180628_154655-min.jpg

IMG_20180628_155110-min.jpg

IMG_20180628_155133-min.jpg

IMG_20180628_154127-min.jpg

IMG_20180629_010622_1-min.jpg

Утакмицата заврши 1-0 за Белгија. Се гледаше Англичаните штелуваа, не ги интересираше ни едните ни другите. Најлоша утакмица, али ете на крај видовме вистинска утакмица од двата тима, во борбата за трето место.


IMG_20180628_195348-min.jpg

IMG_20180628_195220-min.jpg

IMG_20180628_195223-min.jpg

За ова вреди да се изгледа бар еднаш утакмица на Англија. Пеењето на God Save The Queen.

 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Одлично прикажано @kano. Да се патува вака на едно СП или ЕП отсекогаш ми било сон.

Ако може едно прашање: Колку пари од прилика се потребни за да направиш ваква авантура? Од првиот до последниот ден?
Би сакал да направам нешто слично за европското 2021. :rolleyes:
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Одлично прикажано @kano. Да се патува вака на едно СП или ЕП отсекогаш ми било сон.

Ако може едно прашање: Колку пари од прилика се потребни за да направиш ваква авантура? Од првиот до последниот ден?
Би сакал да направам нешто слично за европското 2021. :rolleyes:
Премногу??

Не знам на што мислиш, но европското ќе се одржи нели во 12 различни градови. Едино,можеш да се стационираш во 2-3 градови што ќе се блиску да речам, па таму да ги гледаш тие утакмици што ќе бидат. Рачунај летови, возови, автобуси, треба да планираш многу однапред ако си со ограничен буџет. Ако парите не ти се проблем, немаш гајле. Ако добро те разбрав, сакаш цел турнир да го истераш, во што е можно повеќе градови? Тогаш минимум би ти требале 2000 евра (значи за основните трошоци, пат, смештај, карти), без кафани, без пива, јадења, искачања сите тие денови.

Друго, лотариите за карти се поминати, така да во слободна продажба едино може да најдеш за во Баку. Друго е да пробаш преку тапкароши на црно, или по групите на фејсбук, а тие цени на карти се доста солени. Кано како што спомна дел добил преку лотарија, дел преку луѓе или пред самиот стадион.


Смештајот ако не го букираш со време, ќе биде скоро невозможно да се најде во градовите, а да е со пристапна цена.

Јас ќе одам на една утакмица (требаше летово, ама јебига), па така останува да чекам до година (Во меѓувреме ќе потсоберам пари, па може ќе најдам преку групите на фб за уште некоја утакмица плус) :)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Русија - Шпанија 1-1 (4:3 пенали за Русија)
1 Јули - Меч 51
Лужнички


Ако има една химна која е појака од God Save The Queen и треба да се доживее е руската/советската и тоа во Москва. Видеото вреди да се гледа бар за тоа.

Со воз до стадион. Атмсофера наелектризирана до максимум. Сите свесни дека Шпанија е фаворит и дека се дојдени по титула ама нема предавање. Нивните изгинаа да се тука и конечно цела нација застана зад нив. На крај испадна меч на најдобриот руски поедиц Акинфеев на гол и Де Геа, единствениот турист во шпанската репка...


Никој, ама баш НИКОЈ не веруваше дека русите ќе можат да стигнат далеку. Со скоро секој што правевме муабет зборам за руси веруваа дека нема група да поминат и дека едина причина зашто се на светското е што се домкини инаку немало ни да се квалификуваат. Дури и језиво беше на почеток, се сеќавам во Сочи сите некако срамежливо збореа пред првенството. Кореа, Јапонија, Јужна Африка имаа повеќе верба во својте кога беа домаќини овде беше дури и чудно...

Зборнаја од друга страна излезе и изигра херојски. Се гинеше за секоја топка, после секоја уткакмица излегуваа со порака што ви е бе луѓе, имаме светско дома бодрете не, за вас играме, идеме до крај... од првин народот беше се као маххх, не серете, позери...

Русија - Саудиска 5-0 (отварање)
Русија - Египет 3-1 на 19ти Јуни, Салах им даде гол од смешен пенал ама русиве изиграа...

На 25ти Јуни изгубија од Уругвај ама ИЗЛЕГУВА песната од сега веќе и мојот омилен руски бенд...


Од тука натаму се смени и атмосферата... се разбуди медо...

IMG_20180630_080139_1.jpg


IMG_20180630_143318.jpg

IMG_20180630_222341.jpg

IMG_20180630_222416.jpg

IMG_20180630_224602_1.jpg
Споменикот на Кирил и Методи

IMG_20180701_141231.jpg

IMG_20180701_151045.jpg

Фоткава е од стадионот внатре надвор поглед кон центар.

IMG_20180701_155149-min.jpg

IMG_20180701_150248.jpg

IMG_20180701_155620.jpg

IMG_20180701_214120_1.jpg

IMG_20180701_214608.jpg

IMG_20180701_221019.jpg

IMG_20180701_235433.jpg

IMG_20180702_001658.jpg

Центарот на москва после утакмицата се претвори во циркуз... Немам зборови ова е она што фатив пред да ми цркне батеријата. Имаше бањање во фонтани, играње Каљинка на улици бакљи на балкони... Се се иструри надвор, дури и дискотеките... Хаос... Во центар излезегоа може 3-4 милјони народ. Среќа што беше денска уткакмица па успеавме да се вратиме и да бидеме дел од цела атмосфера.

Наредниот ден со последнини сили се домакнавме до аеродромот и тоа беше тоа...

@orthodoxMK ќе ти одговорам деновиве, малку да разгледам низ сметкиве што и како па ќе ти дадам подетални одговори за што колку коштално. Искрено поима немам, никогаш не направив пресметка пошто за мене се ова почна месец дена порано со Келн... Бев Вардар да го гледам таму па шетање низ европа и МКД а после Москва следна станица беше Бангкок... 2018 пола година ја утепав во шетање.

Очекував да биде многу поскапо, палнирав повеќе пари да идат на провод а уствари за наши (австралиски) стандарди пројдовме многу евтино. Во принцип Русија со цени е како Скопје, дури и поевтино во некој градови (Москва и Саинт Питерсбург се поскапи малку или многу ако сакаш да потрошиш, Сочи е со цени како Скопје а Ростов, Самара и Калининград беа нешто ко Прилеп/Струмица да кажеме). Пред првенството мислевме дека ќе не дерат таму и дека ќе треба доста пари за курви и други занимации (Бразил па и Јужна Африка беа така) на крај испадна дека се може да се најде за безпари или доста ефтино ако се однесуваш како балканец а не како енглез. Заборави АУС, збори им Македонија, Србија, Југославија словенски браќа ова она, немаш гајле никаде. Налетвме 2-3 пати на Руси што биле на дерби во Белград, имаше еден што ни ја пееше „само један град“... Во добрите дискотеки пример ПРОПАГАНДА во Москва на странци им зимаа со 5000 рубљи влез нас не пуштаа со нормална влезница или гага. Во стриптиз барови скоро секаде им е со конзумација и од првин мислевме дека не дерат па не ни идевме, немаше ни потреба лесно паѓаат... Пак и во стриптиз барови во Москва со локални дечки и во Калининград исто со локални момци што ги запознавме пред влез на „пентхаусот“ тоест коперација :pos:, пројдовме без да платиме односно си плаќавме сметки нормално, немораше да оставаме пари на врата па да има натегање што како... Им правеше мерак и дресот на Вардар, дури и за политика се изненадив знае доста за спорот и дека заев договара смена на името. Не се сеќавам на која утакмица беше баш еден старец седеше до нас и цело прво полувреме ме гњавеше за тоа. Мислам дека многу им беше мило што пробувавме да комуницираме со нив на руски па макар и крешеле јазик (она нашево беше адаптација на македонски, бугарски, српски, нешто руски и полски што сум впил низ годинити) али работеше во глобала. Се на се, РУСИЈА си беше топ.
Автоматски споено мислење:

Премногу??

Не знам на што мислиш, но европското ќе се одржи нели во 12 различни градови. Едино,можеш да се стационираш во 2-3 градови што ќе се блиску да речам, па таму да ги гледаш тие утакмици што ќе бидат. Рачунај летови, возови, автобуси, треба да планираш многу однапред ако си со ограничен буџет. Ако парите не ти се проблем, немаш гајле. Ако добро те разбрав, сакаш цел турнир да го истераш, во што е можно повеќе градови? Тогаш минимум би ти требале 2000 евра (значи за основните трошоци, пат, смештај, карти), без кафани, без пива, јадења, искачања сите тие денови.

Друго, лотариите за карти се поминати, така да во слободна продажба едино може да најдеш за во Баку. Друго е да пробаш преку тапкароши на црно, или по групите на фејсбук, а тие цени на карти се доста солени. Кано како што спомна дел добил преку лотарија, дел преку луѓе или пред самиот стадион.


Смештајот ако не го букираш со време, ќе биде скоро невозможно да се најде во градовите, а да е со пристапна цена.

Јас ќе одам на една утакмица (требаше летово, ама јебига), па така останува да чекам до година (Во меѓувреме ќе потсоберам пари, па може ќе најдам преку групите на фб за уште некоја утакмица плус) :)

Ако планираш добро и се обезбедиш со летови и смештај на време не е толку лошо. Реално тешко е да видиш повеќе од 5-6 утакмици. Како што кажа 3-4 града би било топ. Не е само утакмците сакаш да ги видиш и градовите а и да осетиш амтосфера пред и после утакмца.

Јас ги гледав Баку, Будимпешта, Букурешт и Билбао. Баку пошто не верувам дека пат некогаш ќе ме однесе натака, град што е доста сменет.

Будимпешта и Букурешт би биле балканска авантура. Ова би го возел со некоја инзнајмена дачија...

Билбао е град што одамна сакам да го посетам ама во Шпанија секогаш има доста други работи и никако да стигнам тоест да најдам добра причина...

Даблин исто доаѓа во предвид за излез (од таму имаше ефтини летови за УСА).

Освен даблин и билбао во другите ќе биде и ефтино и ќе се најде карта (очекувам да има доста вратени од спонзори во тие градови па пред утакмица ќе има нешто за нормална цена).

Како и да е оставаме да видиме прво што ќе направи Македонија. Ако се квалификуваме идеме со нив. Ако не здравје.


За мене пикот за 2021 е ракометното во Египет поготово ако ни дадат вајлд карта.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom