Groundhopping - посета на фудбалски натпревари насекаде!

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Од пред некое време, случајно дознав дека имало име, како се вика кога некој има голема страст кон посетување на разни фудбалски натпревари ширум светот. Дали на дербиња од фудбалски аспект, дали одење на дербиња од навивачки аспект, редовна посета на омилени клубови и слично.

На англиски тоа се вика Groundhopping.
Со мало пребарување, дознав всушност дека голем број на луѓе (претежно германци и англичани сретнав на нет) го прават тоа. Ова отсекогаш ми било желба како мал, и полека се трудам да си ги остварувам моите цели, нормално колку што дозволуваат обврските и финансиите пред се?

Дали се наежувате кога ќе слушнете едни од најжестоките навивачи во светот, како безрезервно ја даваат својата поддршка за омилениот тим цели 90 минути?

Дали ви се допаѓа и ве исполнува да се израдувате на гол на вашиот најомилен или барем малку фаворизиран тим, на стадион, во живо?

Дали некогаш сте се запрашувале "Ејј колку би било јако да сум на тој и тој стадион, на тоа и тоа дерби?"

Да ја видите магијата на фудбалската игра, од најдобрите во светот?

А притоа и да бидете колекционер на билети од натпревари на кои вие ЛИЧНО сте присуствувале?

Верувам дека многу од вас биле на различни натпревари во Македонија и Европа/Светот, па би сакал да споделите во оваа тема како искуство (која утакмица, кое натпреварување, каде, како и што најмногу ви останало во сеќавање).

Оваа тема нека биде за сите, кои биле, кои редовно одат на утакмици каде што има добар фудбал или добро навивање.

А исто нека послужи и за сите што планираат да одат, но не можат да се снајдат со инфо и начин на купување карти, а може и да прерасне во супер форумска организација, па заедно да се оди на одредени натпревари.

Далеку од тоа дека може да се нарекувам Groundhopper, но со мојата кратка и скромна историја на посетени стадиони, се стремам кон тоа.

Пред сѐ, повеќе практикувам стадиони и натпревари каде што има добро навивање, отколку добар фудбал :)

Оставам на вас да споделите доживувања, а понатаму јас ќе напишам нешто повеќе за моето искуство. :)
Автоматски споено мислење:

@Anon што те трогна толку?
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Премиер лига, Бока-Ривер ми се преголема желба

Првото ќе биде наскоро, второто малце потешко
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Сакам да отидам на стадионот на Кристал Палас да гледам утакмица, Бока-Ривер, Дортмунд.

Ке се обидам да идам Јуве-Интер да гледам сезонава.
Мислам дека нема некој шо прати фудбал а да не сака да иде на Бока - Ривер.

Вака коа би имал пари одвишок за курцање:
Ренџерс - Селтик
Дортмунд - Баерн
Лацио - Рома
Јунајтед - Ливерпул
Реал - Барса


Досеа иам отидено на Милан - Интер и Милан - Јуве и можам да кажам дека чувството на Дерби Дела Мадонина е неописливо, буквално си наежен откако ќе ти ја проверат картата и полека се движиш накај местото на трибина.

Касно ми е да пишувам сеа реферат, ќе убацам некоја слика и видео друг пат у темава.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Утре и јас ќе пишам реченица две за некои утакмици и по некоја слика :) Се надевам дека ќе споделат повеќе форумџии за нивните доживувања
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Сакам да отидам на стадионот на Кристал Палас да гледам утакмица, Бока-Ривер, Дортмунд.

Ке се обидам да идам Јуве-Интер да гледам сезонава.
Би ти препорачал ако веќе идеш на Калчо иди барем на Сан Сиро, не верувам дека има подобра атмосфера на било кој стадион во Италија кога станува збор за дерби утакмица.
Башка нема шо да бараш у тоа мртвово село торино.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Во план ми беше слична тема, ама дур отворам...
Би ви предложил доколку пишувате, убаво и детално да го раскажете искуството, придружено со слики/видеа по можност. Јас во еден пост би пишувал само за еден натпревар, за да не се мешаат. Ако сакате може и груба пресметка да ставите за колку ве чинело целото патување, за да си знаат тие кои сакаат да одат.

Од тоа што сум читал по фан клубови, има доста луѓе што отишле на бар еден натпревар на својот клуб, па се надевам ќе споделат детално и тука.

Мене примарната цел не ми се натпревари каде што има јако навивање, туку натпревари на Челзи, ама понатаму дефинитивно би сакал да одам и како неутрален на некои добри дерби натпревари низ Европа.

Сум немал можност до сега да отидам во Лондон да гледам на домашен терен, па пред неколку години решив да пробам да ги следам на гостувања низ Европа. Во секоја од последниве три сезони имам отидено на по еден натпревар. Секое наредно искуство ми е се подобро затоа што учиш од претходно, па после последниов натпревар многу поголемо значење ми имаат и активностите пред натпревар, собирање по барови и слично, а не само 90те минути на стадион. Но за тоа повеќе кога ќе пишувам за натпреварите, ќе гледам денес да пишам за првото искуство, во Рим.

Картите штом се вратам одат на пластифицирање и во колекција :D

IMG_20200120_090324__01.jpg
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Кај мене ова се дели на планирани и инцидентни утакмици...

Со умисла, обично си го пратам Вардар а покрај Вардар ги гледам и поголемите настани така да 5 светски првенства, 2 европски, 2 азиски... Покрај фудбал и баскет имам идено на светски и европски првенства. Други клубови освен Вардар и Престон Македонија тешко да ме наговориш унапред да гледам ама ако сум веќе на местото тогаш да, немам ништо против.

Поединечни „случајни“ локални утакмици обично кога патувам секогаш гледам ако има нешто одам... Навика ми стана штом следатам на аеродром одма да купам локален весник или стрит прес ако има да видам што се дешава па обично гледам фудбал (баскет на филипините) или гледам дали има некој асален концерт да се изгледа.

Во сеќавање ми останале доста работи али еве нешто да споделам...

2002 гледав неколку утакмици во Кореа. Како нив до сега не сум видел поголем фанатизам на домашни навивачи... Швабиве, Бразил може гомна да јадат. Цел држава беше обоена во црвено а на стадион беше ко на престава да идеш, оркестрирано, вежбано тоа мислиш северна кореа да е и Ким од некаде со митралез да ги гледа... Имаа и што да кажат, играа стварно борбено имаа и среќа на моменти али секоја чест. Ги гледав против Полска и тоа ќе биде една од утакмиците што цел живот ќе ја памтам по атмосферата на стадионот.

На светсково во Германија во Хамбург се запивме со швабите до нас па не шетаа наредниве 2 дена дур бевме таму. Прв пат во живот запознав асални, друштвени шваби што немаа проблем со зборење англиски. Цел куп меморабилија ни поклонија од сент поли, клуб кој и до ден денес ради нив ете ми е драг иако не се слагам со нивната идеологија. Во неколку наврати подоцна имам гледано утакмици на сент поли баш со дечкиве со кој и до ден денес сум другар. Германија ќе ја памтам и по лудиве цени што ги нудеа за карти за утакмиците на Германија. Имавме карти за отварањето, мислам Германија - Коста Рика беше, пред стадион беше хаос, навивачите на коста рика делеа банани, и некој глупости а швабите бараа карта повише. Имав понуда да ја шитнам картава за 5000 евра... Ова било највише што некој ми има понудено за карта. Германија ќе ја памтам и по Лајпциг, стадион кој од надвор и не се гледа, идеш према брдо, а внатре како во вулкан е стадионот. Одлична акустика, вистинско уживање плус дупло поефтин град него остатокот на германија.

Бразил бевме со АУС навивачката група. Немаше друга опција, ептен заебано беше да се иде од еден град па и како ни се погодија градовите Порто Алегре кој ајде до некаде и го знаеме ама Куритиба и Кујаба ни на мапа незнав кај се... Ова беше едини начин ако сакаш да следиш утакмици во повеќе градови. Од една страна добро искуство со дечкиве али од друга страна неможеш до крај да ја дегустираш домашната атмосфера а баш во овие позатуцани места беше журка. Во големите градови секогаш нешто им се дешава па и не беше некоја посебна атмосфера ама во маливе беше прав карневал, како и да е, некако нај низ магла ми е така да ОК беше. Криво ми е што иако бев во Рио не најдов карта да стапнам на маракана, па тоа ќе мора да оставам за друг пат.

Последново во Русија беше исто супер. Гледав 8 утакмици во повеќе градови. Интерсно беше што со македонски/српски полесно ќе се најдеш него со англиски. Утакмица што ќе ја памтам по атмосфера цел живот беше Русија - Шпанија... Цело првенство русиве не веруваа во својте. Едноставно со кого и да правев муабет сеедно дали во Сочи, Москва или Калининград не веруваа дека ќе стигнат далеку... После победата со Шпанија цела Москва беше на нозе. Напнато беше и во Калининград, Англија - Белгија иако ништо не решаваше неколку дена пред утакмицата се збореше дека тука англичаните ќе го јадат, дека им се збираат навијачки екипи од цела русија мада на крај се помина мирно.

Од „случајни“ утакмици што сум гледал пред неколку години во Премиершип го гледав дербито меѓу Вест Хем и Лидс... Од полска се враќав за МКД и најлесно беше преку лондон со едно преноќување. Се погоди дербито. За оние што не пратат ова се два клуба кој се мрзат од дното на душата. После Милвал најомразен клуб на Вест Хам им е Лидс. Мислев дека нема да најдам карта ама потајно се надевам пошто не беше во премиер лигата. Стигнав на аптон парк, али некеа да ми продадат карта пошто беше само за регистрини навивачи. Не помогна ни мафтање пасош, лажење дека од АУС сум дошол да го гледам Вест Хам, џабе, од полиција имаа забрана да продаваат карти и тоа е тоа... На крај отидов во паб на пиво и таму ми кажаа зошто не се зачлениш... Има опција за безпари да се зачлениш на нет и преку нет можеш карта да си купиш и да ја замениш во билетара... Среќа лондонов има пун курац интернет кафиња па најдов и средив. Иначе обезбедувањето беше лудница. Поставени метални бариери 100тици метри од метро станиците, коњи, џандари на тон и пак се спукаа пред стадион.

Персиџа Џакарта или азиската звезда и делије ми се симпатични исто... Додуше клубот тешко дека би можел да се нарече звезда, немаат некој успеси ама навијачите - џакманија и атмосфера боли глава... Овие се фанатаци во буквална смисла и воџа им е бивш командант на Џамаја исламија, терорстите баш ко Аркан хахаха... 7 мртви на нивни уткамици последниве 7 години. Стадион со 100 000 капацитет и кога гори, гори а кога гостуваат се како казнена експедиција. Овие би сакал некогаш во Европа да ги пуштат малку да се прошетаат.

https://www.abc.net.au/news/2019-02-12/indonesia-football-culture-has-killed-74-fans/10794186
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Еве сега имам повеќе време, па да напишам за една-две утакмици, понатака и за другите

Мојата прва утакмица надвор од МК, од каде и почна оваа страст кон фудбалските натпревари :)

Бундеслига
Штутгарт 0:0 Аугсбург
Mercedes Benz Arena, Stuttgart
Публика: 55.202
Цена: 29 евра (позади головите)

Прво патување во Германија, комплетно сам, првичниот план беше да одам во Минхен, но во истиот период беше Октоберфест, а цените за сместување тогаш се ненормални. Го одбрав Штутгарт бидејќи беше блиску до Меминген. Случајно видов дали ќе затекнам некој натпревар, па така изборот беше на овој меч. Сепак и во Штутгарт имаше верзија нели на Октоберфест, на познатото Canstatter Wasen, па и таму беше супер. Препорачувам да го посетите овој град, во април/мај кога е пролетниот фестивал, или кога се одржува Октоберфестот :)

Искрено, немав големи очекувања за натпреварот, но сепак како искуство, беше супер. Гледав некои видеа претходно од навивачите, позната трибина Canstatter Kurve и бев доста воодушевен. Првпат одев на такво нешто, и немав претстава дека е лудница. Цел град во боите на клубот, сите со маици и дресови, пијат пиво, скара, муабети, и полека се упатуваат накај стадион. Кога одев накај стадион бев многу возбуден, но бидејќи од страв да не заглавам во градот, стигнав многу рано и на стадионот бев меѓу првите. За снаоѓање е лесно, со англиски би требало да се добри, јас се снаоѓав на германски. Со картата за утакмицата, имате бесплатен превоз на денот на утакмицата, и тоа е голем плус!
Влегов внатре и бев фасциниран. Мерцедес Бенз Арена е преубав стадион, со капацитет од отприлика 63.000 публика. Искрено бев изненаден од бројката на посетители. Атмосферата беше повеќе од одлична. Бев сместен позади гол, со убав поглед према Cannstatter Kurve. Исполнета беше таа трибина до последно место. Навивачите имаа преубава кореографија (на сликата подолу), а беа и одлични со навивањето. За жал немаше голови, но сепак како за прво искуство беше одлично. Стандард германското, вурст со пиво на полувреме, муабет со рандом луѓе за натпреварот, и општо за Штутгарт.

Моја лична оцена 8/10, фалеа само голови да речам :D vfb2.PNG vfb1.jpg
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Ќе споделам уште еден натпревар на кој сум бил.Ќе гледам да се по редослед, од 2017 па до денес, а и сите во иднина што ми се во план :)


Дортмунд 3:2 Аталанта
UEFA Europa League
Signal Iduna Park, Dortmund
Публика: 62.500
Цена :49.20 евра, на пошироката страна, од страна, во линија со петерецот негде.
Датум: 15.02.2018

Шанси да се најде карта на Вестфален против квалитетен противник, сведени на минимум!
Или треба да планирате 2-3 месеца унапред, па да чекате карти ако најдете, или па да се молите да има достапно на онлајн тикет сервисот, некој што не е во можност да иде на натпреварот, да сака да ја продаде на легален начин во Германија - Ticketboerse.

На црно, не препорачувам :)


Дефинитивно најдобриот стадион за атмосфера, во Бундес лига. Овој пат бев со другар, па ми беше поинтересно, Дортмунд како град е океј, ништо спектакуларно, има кај да се прошета, цените за разлика од Штутгарт и Минхен се за нијанса поевтини. Летавме на 15ти на пладне, а утакмицата беше вечерта. Многу ми беше страв да не закасниме со летот, но се помина како што требаше и имавме доволно време, комотно да стигнеме. Како што и претходно напоменав, целиот град мислам дека живее за тој ден. Еден куп луѓе по метроата, возовите и автобусите, се облечени во црно-жолти обележја. Имаше и доста италијани дојдено, па бев прилично изненаден. Сите расположени, со пивото во рака, се пеат песни околу стадион, кој да мавне некоја фотка, кој да јаде/пие. Повторно, на денот на утакмицата насекаде низ Германија, со билетот за натпреварот, имаш гратис дневна карта за возење. Поради добрата организација, во Европа, (кој бил веќе знае), јавниот градски превоз е со зачестени линии пред и по завршувањето на мечот, се со цел побрзо и поедноставно да стигнат фановите до стадионот. Бев прилично возбуден, бидејќи ми се исполни сонот да бидам дел од неверојатната атмосфера на популарниот Вестфален. Имав чувство дека стадионот изгледа мал (вака на око), но бидејќи се добро организирани трибините, многу собира. (Редовите се збиени), и има максимално искористен простор.
Поради тоа што УЕФА не дозволува стоење на трибините, мора да се стават монтажни столчиња, па така од капацитетот на Вестфален од 81.365 гледачи, се намалува на околу шеесет и нешто илјади.

Прво полувреме Аталанта водеа мислам 1:2, па малку беше спласната атмосферата помеѓу неутралните фанови (оние кои не се дел од жолтиот ѕид). Но поддршката од добро познатиот жолт ѕид беше неверојатна и многу гласна. Морници ме лазеа на моменти. Кога израмнија 2:2 Дортмунд, цел стадион беше на нозе и тука се направи неверојатна атмосфера од целиот стадион. Но кога Бачуаји во 93+ минута го даде голот за 3:2, мислам дека тој момент и тоа чувство не би можел да ви го доловам со зборови. Нешто неверојатно, лудница, тотален делириум на трибните, јас треперев од возбуда и ми беше мило како за мој омилен клуб, а не како да сум неутрален фан. Иако, рака на срце, кога и да одам на стадион било каде, го бодрам едниот од тимовите, кој ми е поомилен. (Не значи дека сум пластичен, туку давам поддршка за да бидам и јас дел од таа атмосфера)

Бев презадоволен и од атмосферата, и од играта на терен. Под импресии бев цела вечер, неверојатно искуство!
Оценка 10/10 :D

p.s Сликите се со многу лош квалитет, бидејќи имав многу лош телефон :D
dortmund1.jpg dortmund2.jpg received_463603814306599.jpeg
 
Последно уредено:
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.836
Поени од реакции
23.074
Derby dela Madonnina е сон на сваки навивач на Милан и Интер, али топло би го препоручил и на останатите љубители на фудбалот.

Едноставно е нешто што мора да се доживи, како утакмцита така и целата атмосфера низ милано ден-два пред утакмицата.



IMG_20180404_182632.jpg



Ако се испланира навреме и не е нешто што не би можеле да си дозволиме и мие од Македонија со нашите примања.


Ако се резервира однапред со виз аир може да се набави повратна карта и за 40 евра до Бергамо.
Превоз од Бергамо до Милано е 10 евра во двата правци.
Станче или соба во Милано на аирбнб на солидна локација кошта одрилика 20 евра на вечер од човек.
Картите за на дербито почнуваат од 65 евра нагоре.
Викенд карта за метрото во Милано кошта 8 евра.



Исто кој е во можност го препоручуем и дербито на Виена, Рапид вс Аустрија Виена, кое пријатно ме изненади и со атмосфера и со квалитет на фудбал.
IMG_20170806_170926.jpg
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.657
Интересна тема (y) Како шо пишавте погоре убаво е да се споделува секое инфо во врска со одење на натпревари и секое искуство е добро да се знае за тој што планира да оди некогаш.
Јас имам една интересна случка ќе пробам да ја раскажам :)
20 Мај 2018 година Атлетико - Еибар последно коло од сезоната скроз небитен натпревар во поглед на резултатско значење ама за навивачите на Атлетико многу битен меч затоа што беше последен на Ел Нињо во дресот на клубот, токму таа беше причината за јас да се закренам од Битола до Мадрид како ула некоја :ROFLMAO: оти виртуелна љубов ми беше
Значи есеј можам да напишам низ се шо поминавме заедно со другарка ми таму од моментот кога полетавме па се до последниот ден таму ама ќе пробам колку шо можам накратко да објаснам :)
Ден пред натпревар тргнав од Мадрид до тренинг кампот на Атлетико кој е оддалечен од градот околу 20 км ама за да стигниш до таму треба на сто метро станици да се прекачиш, автобус да смениш и што уште не, јас без навигација, без вај фај како мува без глава таму, а и шансата да стигниш блиску до нив за автограм или слично е многу мала. Бог знае како се снајдов, среќа моја шо ми се погодија многу коцки тој ден.
Додека го чекав автобусот налетав на едни Шпанци им се приближив и уз краток муабет ми кажаа дека и тие одат во тренинг комплексот, едниот се познаваше многу добро со некои играчи, сеуште имам контакт со дечките, многу љубезни луѓе.
Кога им кажав кај одам и од кај ИДАМ ми ветија дека мора да ме запознаат со Торес кога ќе пристигниме во тренинг кампот. Така и беше :) Screenshot_20200206-001018~2.png
Screenshot_20200206-001236~2.png Да не ги најдев батките на постојка ќе залутав Бог знае каде ни Торес ќе го најдев ни мене ќе ме најдеа хаха
Среќа испадна се како што треба, цел ден таму го поминав, не сакав да помислам да си одам :)
Играчите многу љубезни исто така посебно Торес, величина од човек, не за џабе го гледаат како икона таму.

Околу натпреварот можам да кажам дека Шпанците иако не важат за некои ватрени навивачи ама за Атлетико можам да кажам само WOW
Атмосферата која ја создадоа пред натпреварот надвор пред стадион и во текот на целиот натпревар беше за секоја почит.
Јас седев во најдолниот сектор одма позади клупата на играчите 150 евра се спружив за картата ама ни цент не жалам затоа што големо искуство е да си скоро на самиот терен и да го доживееш тоа чувство.
Цел натпревар скандираа за Торес и во глобала за него беше цел натпревар посветен, два гола постигна па се испадна како подмачкано :) После натпреварот имаше цела церемонија која траеше еден час, многу убав гест од страна на клубот еве неколку сличиња FB_IMG_1580939313584.jpg FB_IMG_1580939297622.jpg FB_IMG_1580939329128.jpg FB_IMG_1580939277765.jpg FB_IMG_1580939249858.jpg FB_IMG_1580939339487.jpg FB_IMG_1580939289607.jpg
Мора и за Симеоне да кажам дека и н тотално небитен натпревар грло остај чоекот кај аут линијата и не застана да шпарта во текот на целиот натпревар :)
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Реков дека ќе ги пишувам по редослед како сум бил, ама сега ќе направам отстапување, бидејќи е најново.


Sofia Eternal Derby
National Stadium Vasil Levski, Sofia
Левски Софија 0:0 ЦСКА Софија
Публика: околу 20.000, моја слободна проценка.
15.02.2020
Цена на карта: 7.5 евра

Бев со автобус, преку бисерпром на шопинг турата за Софија што ја имаат во сабота за 750 денари. Таму претходно бев договорен со Groundhopper од Минхен, да се запознаеме, да испиеме по некое пиво и да одиме накај стадион. Беше интересно, и конечно запознав човек кој ја има истата пасија како мене. Човек со многу изгледани натпревари низ Европа, со премногу искуство околу утакмиците. Интересно беше да раскажува за неговите натпревари кои ги посетил, а јас пробав со моето скромно искуство да му доловам дел од моите импресии низ стадиониве :D

Отидовме накај стадион, полиција и обезбедување имаше насекаде, и како за Бугарска лига, секогаш е жестока атмосферата и за наши балкански стандарди е посетено од многу љубители на фудбалот, како и од Бугарија, така и од луѓе од западна Европа.
Атмосферата беше одлична, навивање, пцуење и заебанции помеѓу навивачите. Фудбалот беше со многу лош квалитет, ама се гледаше дека ја имаа таа жестокост во секое ривалско дерби, со оштри стартови, груба игра и многу расправии помеѓу играчите и судиите.

Иако веќе сум бил еднаш во 2017, интересно беше пак да се доживее истото. Овој пат бев на трибина со навивачи на ЦСКА (не со ултрасите), а минатиот пат бев на трибина со ултрасите на Левски :D

Технички на оваа утакмица, нема неутрална трибина (Позади головите се најжестоките навивачи на двата тима, од страните обичните фанови на двата тима)

Фалеа само голови, но што е тука е :unsure:

По завршување на натпреварот, трибините кај што беа навивачите на ЦСКА беа затворени, и чекавме 45 минути после завршување за да си одиме. Првин беа пуштени навивачите на Левски, од безбедносни причини, да се избегнат поголеми инциденти, познавајќи ги каков народ се Бугарите :D:D:D

Логично, тие непресметани 45 минути задржување после завршување на натпреварот, беа клучни, бидејќи го испуштив автобусот за Скопје, па морав да купувам нова карта со редовна автобуска линија, и да чекам дополнителни 6 саати да се акам низ Софија, за да ми пројде времето :D

Се на се, интересно беше, малце поише настинав бидејќи цел ден бев надвор на отворено, ама не ми е криво :D
*Сликите се преземени од Ultras World на Facebook, бидејќи немав некоја посебно убава слика направено :) levski.jpg cska.jpg
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Бидејќи повеќето од вас се по дома во ваква ситуација, ајде да ја оживееме темата, зборувајќи за нашите фудбалски посети. Да не биде дека цело време јас ќе пишувам, (бидејќи имам доста вредни за спомнување), ве замолувам сите што имате желба, а сте биле на некои утакмици (звучни по квалитет или навивачи) кои вас ви оставиле впечаток (омилен тим, атмосфера и слично), да ни раскажете у кратки црти + слики за тоа како сте поминале :)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Знам дека поинтересна ви е европа ако сакате и за таму ќе пишувам ама доста од вас биле на дербиња таму па ајде малку да ви доловам како е во остаткот на светот бар кај што сум бил...

Старото идонезиско дерби.. Old firm indo style...

Прв пат во Индонезија бев да ги гледам Бали Јунајтед пред едно 10тина год, црвено црни браќа, хахаха, мада они се мирни и пристојни, ако некогаш идете на бали препорачувам да ги ѕирнете ако ви скурчат плажите...

Ако сакате да осетите тифо атмосфера, ултрас атмосфера како во англија во 80тите тогаш Јакарта поготово ако играат у гости е правиот избор...

Старото дерби е меѓу Персија Џакарта и Персиб Бандунг. Џакарта си е Џакарта, метропола од 30 милјона народ, стадион што официјално собира 75К али редовно го препунуваат и со 100К. Мислам рекорд и 150К им е. Луда работа, ова го има само во Индонезија никој не се замара со карти/седишта сите ко сардини се гужваат ама атмосферата е тоа што сакаш на вакво дерби така да од таа гледна точка мераци...

Бандунг им е најблискиот голем град до Џакарта, некој 2 саати со воз/кола/бус. Колку да имате престава Бандунг е поголем од Македонија, со некој 3 мил жители плус цел куп студенти од секаде во Индонзија, релативно млада популација со „стадионче“ од 40К.

Old Indonesia Darby
Gelora Bung Karno Stadium
Persija Jakarta 1-1 Persib Bandung
Публика: само бог знае, би рекол 120 000
Јули 2019
Цена на карта: фотка со неколку нивни ултраси... карти за дерби не се продаваат, се делат по разни навивачки групи. Има ВИП карти да се купат на нет ама не стигнав да купам, јас одам инцидентно, ако има уткамица кај што сум идам, ако нема здравје.

Во Џакарта стигнав неколку дена предходно по работа. Обично штом завршам работа шибам некаде на одмор на море и гледам да се тргнам од лудницата ама овојпат сакав пред да идам да го изгледам дербито за кое со години ми зборат.

Џакменија (навивачите на Персиџа Џакарта) има јака поддршка во Јужна Џакарта каде обично престојувам, таму им е вториот стадион и знаев дека таму се собира нивната екипа од овој дел на градот а има и доста експетс што живеат баш во Јужна Џакарта и си навиваат за клубот... Така да прва станица сабајлево беше Eastern Promise ресто/пуб на пиво и nasi goreng а од таму групно 20тина белци углавно енглези и ирци на малиот стадион... Со дел од дечкиве што живеат во ЏКТ се запознав во пабот, обчно штом те видат со шал одма почнува муабет... Ептен интересно им беше кирилицата, паѓа у очи и после лесно е за разговор. На стадиончето пеење, навивање „загревање“ со безплатно пиво спонзорирано од групата... Сликање, буквално атракција сме им хахаха... Карти ни дадоа, и со нив у бус до стадион. Тоа бусот лудница... Имате слика подоле како изгледа тоа одприлика. Се иде со полициска пратња. Се влага директ на трибини. Ова е пред се да се избегнат „блиски средби“...

Дерби не би било дерби да нема некоја блиска средба... Во Индонезија не е препорачливо дури и невозможно е како странец да се вклучиш во нивните фрки. Таму се убиваат... Добродојден си на стадион, ОК е да гледаш, не барај ти да ги сликаш нив бар не воџите иако они сакаат фотка со тебе, се друго е ОК.

Имате доле неколку фотки од тоа како изгледаат блиските средби на дербито. Тепачките се углавно на договорени локации. Нема ферка, кој дојде дојде, и тоа е. Има и окулу стадионот а често знаат и 2те групи заедно да удрат прво на џандарите па после да расчистат сметки меѓу нив.

Утакмицата заврши 1-1. Симич за Џакарта со глава 15 мин пред крај за во последни минути Бандунг да изразмни и да го занеми стадионот... Од журка до тотална тишина у рок на неколку секунди.

После утакмица на пиво во пабовите, повторно слики и заебанции и секој по дома. Доста женски на стадион...






Sal 1.jpg

1585635036179.png


1585633698631.png

1585633529502.png


1585633675039.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom