Гробот на Исус?

  • Креатор на темата Креатор на темата marko91
  • Време на започнување Време на започнување
short1 напиша:
Мухамед се сметал за пророк што ја продолжува традицијата на Абрахам, Мојсие и Исус. Значи, не е создаден Исламот ради ткн приказни ко што кажуваш ти, него како последен том од трите книги - Тора, Нов Тестамент и Куран. Ако си муслиман ти препорачувам да си читнеш историја на Исламот.

Не сум муслиман и прв пат слушам дека Исламот е последен том??? од тие три книги. Исламот е четвртиот том? Па нели Исламот се базира само на Коранот? Или сакаше да кажеш дека Коранот се базира на Тората и Тестаментот?

И се согласувам со тоа што велиш, дека Исус бил пророк, како и Мухамед, а не Богочовек или самиот Бог.

И, Mac, come down, boy!
 
The Real Highlander напиша:

Исламот како замисла ги признава сите пророци од Библијата. Муслиманите веруваат дека кога Исус рекол дека помошникот ќе дојде (Светиот Дух), тоа се однесува на Мухамед. Не е иста религија со Јудаизмот и Христијанството, иако коренот им е исти. Да, Исламот се базира само на Куранот, али во него се споменуваат скоро сите личности од Библијата, со некои мали разлики. Муслиманите се сматраат за потомци од Абрахам, поточно од неговиот син Исмаил. Едно од најголемите богохулства за муслиманите е христијанското тројство. Инаку, од Куранот им е забрането да рушат цркви и се промовира толерантност кон Евреите и Христијаните. Мухамед ги вика браќа по религија.

Инаку, не сум ни јас муслиманка. Ова го знам пошто ме интересираат религии и покушавам да се запознаам со секој вид на религија што постоел или сеуште постои. И не верувам дека Исус е буквално син на било кој Бог, туку прекрасен пророк и лекувач.
 
Муслиманите, точно ги признаваат личностите спомнати во Библијата, но со своја верзија. Поточно, малку е интересно, што самиот Куран зборува за Стариот и Новиот завет, секогаш во позитивно светло... Но ете, денешните муслимани веруваат дека Библијата ја измениле Евреите, и затоа не треба да и се верува... Иако такво нешто нема во Куранот.
 
The Real Highlander напиша:
Не сум муслиман и прв пат слушам дека Исламот е последен том??? од тие три книги. Исламот е четвртиот том? Па нели Исламот се базира само на Коранот? Или сакаше да кажеш дека Коранот се базира на Тората и Тестаментот?

И се согласувам со тоа што велиш, дека Исус бил пророк, како и Мухамед, а не Богочовек или самиот Бог.

И, Mac, come down, boy!

bi trebalo da e 3ta ......Trilogija kako Matrix, Lord of the Rings ...pojako ke bidi taka :vozbud:
 
The Real Highlander напиша:
Пророкот Исус (кои некои погрешно го изедначуваат со господ), секако дека бил обичен човек.

Верзија 1. Според ‘‘некои извори‘‘, кога го симнале од крстот, тој се уште бил жив (онесвестен од губењето на крв и жешкото сонце). Бидејќи од римските војници не им било дозволено да го однесат телото каде што сакаат, морале да го однесат во камената пештера, каде три дена по ред требало да бдеат над неговото тело, по што требало да го погребаат. Но, што се случило? Забележале дека тој е сеуште жив. Вечерта, неговата љубовница, Марија Магдална, заедно со неколку свои познанички, успеале да ги заведат римските војници кои биле одредени да го чуваат влезот затворен со огромниот камен блок. Ги опиле со вино и екстрат од некои билки, по што го извлекле Исус. Неколку дена тајно го чувале во некоја куќа, а кога се опоравил, Исус тргнал ‘‘на исток‘‘ заедно со Марија Магдалена. Како во шпанска серија, нели?

Верзија 2. Исус навистина починал, но Марија Магдалена навистина на претходниот начин успеала да дојде до телото на Исус. Утредента тајно бил закопан, а низ населението ја расшириле верзијата дека тој воскреснал. Во прилог на ова се и сведочењата на војниците, кои опиени и издрогирани, виделе силна светлина и ‘‘воскреснатиот Исус‘‘. По извесно време, неговите мошти биле откопани и положени во саркофаг. Неговата мајка Марија никогаш не дознала за неверојатната лага. Токму поради тоа, со жар ја ширела ‘‘приказната‘‘ за својот син.

Првата верзија е уништувачка за Христијанската црква и таа со сите можни сили се бори против неа. За неа, впрочем, се дискутираше и во ‘‘Кодот на Да Винчи‘‘.

Втората е онаа што се сака да се афирмира со вакви ‘‘излети‘‘ на некои археолози, кои во потрага на слава и пари, може, во иднина, и гробот на Алекс Македонецот да го ‘‘пронајдат‘‘ некаде.

Од друга страна, Црквата (не знам зошто ја пишувам со големо Ц?), се труди да ја одржи во живот својата хипотеза, која е неубедлива и контрадикторна. Ако Исус навистина воскреснал (што не е можно), тогаш- нема тело- нема гроб. Ако не, тогаш и тоа како е можно да се најде неговиот гроб и неговите мошти.

П.С. Во средно учев некои епски песни за Крале Марко, како со Шарец летал од едната на другата страна на Демиркаписката клисура. Да не има некој ‘‘научник‘‘ или ‘‘археолог‘‘ да ми го потврди ова?

Нема? Па ајде бе луѓе, за време Турско зборам, не за Нулта година!

Многу гледаш филмови дете. Во средно си учел епски песни но не си ја разбрал суштината на епот, затоа врати се пак во средно и да научиш тоа што си пропуштил па после дојди да дискутираме. Твоето гледиште е производ на незнаењето што го носиш во себе.

The Real Highlander напиша:
И уште нешто... Секој нов обид некој да ми соли памет дека Исус е господ, ќе го сфатам како обид за докажување дека секој човек е господ (што до некаде е точно :) ) Ако во секој еден е Духот Божји, тогаш јас, и Ти, што читаш, сме подеднакво господ како Исус. Може чоекот тоа сакал да ни каже.

П.С. Зарем не рекол на крстот ‘‘Прости им Боже, не знаат што прават‘‘! Кому му се обраќал? Значи, не бил господ.

Тебе никој не ти соли памет (не си ласкај, со плукањето изгледаш простачки) верувањето е по волја, не е задолжителна. Кај не знаеш па уште и заклучоци дојнесуваш кој е човек а кој е бог. Многу ниско стоиш за да видиш што има горе, а од горе се гледа се што е долу.
 
Моето_е_поголемо напиша:
Многу гледаш филмови дете. Во средно си учел епски песни но не си ја разбрал суштината на епот, затоа врати се пак во средно и да научиш тоа што си пропуштил па после дојди да дискутираме. Твоето гледиште е производ на незнаењето што го носиш во себе.
Уау, со кој ли само професор дискутирам?
Многу добро ја знам и историјата и суштината на епските песни. Знам зошто Крали Марко е опеван со величење, а во реалноста бил само обичен турски вазал кој умрел во битка против кнезот од Влашка НА СТРАНАТА НА ТУРЦИТЕ.
Токму заради тоа ми е прашењето: не е ли можна истата ситуација и со Исус? Зарем тој народ, изложен на тортура од страна на Римјаните, не сакал да си создаде свој сон и илузија за нешто што не постоело и за да си ја разблажи маката, започнува да верува во гласините за Исус?
Јас сум носел незнаење?????????????????????????
Па сети се само што им правеше Црквата, проповедајќи ја Библијата, во Средниот век на своите верници!!!! Палеа научници, гореа ‘‘вештерки‘‘ и сееја мрак и незнаење!!!!!!!!!!!!!!!!!

Моето_е_поголемо напиша:
Тебе никој не ти соли памет (не си ласкај, со плукањето изгледаш простачки) верувањето е по волја, не е задолжителна. Кај не знаеш па уште и заклучоци дојнесуваш кој е човек а кој е бог. Многу ниско стоиш за да видиш што има горе, а од горе се гледа се што е долу.
А ти оти стоиш високо, ај кажи ми што гледаш? Исус воскреснатиот? И да, плукам на се што го ограничува умот, разумот и интелектот на човекот. Меѓу нив се и сите конзервативни религии, кои од човекот направија неподвижна статуа која не реагира и чека ‘‘од Бога благост‘‘, наместо да се насочи кон правилно размислување дека треба да се разбудиме сите ние и да се запрашаме: што правиме, зошто се убиваме меѓусебе само заради тоа што твојот бог се викал Исус, а неговиот Алах? И зошто го бараме Бог високо во небото? Па тој не е таму, не е ниту во црквите, џамиите, синагогите, манастирите, тој е тука, покрај нас, во нас, во нашите души и срца. Треба само да одвоиме малку време за него и себе и да чуеме што Тој ни вели. А Тој не учи да се сакаме, почитуваме и заедно да го создаваме Рајот на земјата.

The Real Highlander напиша:
Пророкот Исус (кои некои погрешно го изедначуваат со господ), секако дека бил обичен човек.

Верзија 1. Според ‘‘некои извори‘‘, кога го симнале од крстот, тој се уште бил жив (онесвестен од губењето на крв и жешкото сонце). Бидејќи од римските војници не им било дозволено да го однесат телото каде што сакаат, морале да го однесат во камената пештера, каде три дена по ред требало да бдеат над неговото тело, по што требало да го погребаат. Но, што се случило? Забележале дека тој е сеуште жив. Вечерта, неговата љубовница, Марија Магдална, заедно со неколку свои познанички, успеале да ги заведат римските војници кои биле одредени да го чуваат влезот затворен со огромниот камен блок. Ги опиле со вино и екстрат од некои билки, по што го извлекле Исус. Неколку дена тајно го чувале во некоја куќа, а кога се опоравил, Исус тргнал ‘‘на исток‘‘ заедно со Марија Магдалена. Како во шпанска серија, нели?

Верзија 2. Исус навистина починал, но Марија Магдалена навистина на претходниот начин успеала да дојде до телото на Исус. Утредента тајно бил закопан, а низ населението ја расшириле верзијата дека тој воскреснал. Во прилог на ова се и сведочењата на војниците, кои опиени и издрогирани, виделе силна светлина и ‘‘воскреснатиот Исус‘‘. По извесно време, неговите мошти биле откопани и положени во саркофаг. Неговата мајка Марија никогаш не дознала за неверојатната лага. Токму поради тоа, со жар ја ширела ‘‘приказната‘‘ за својот син.

Првата верзија е уништувачка за Христијанската црква и таа со сите можни сили се бори против неа. За неа, впрочем, се дискутираше и во ‘‘Кодот на Да Винчи‘‘.

Втората е онаа што се сака да се афирмира со вакви ‘‘излети‘‘ на некои археолози, кои во потрага на слава и пари, може, во иднина, и гробот на Алекс Македонецот да го ‘‘пронајдат‘‘ некаде.

Од друга страна, Црквата (не знам зошто ја пишувам со големо Ц?), се труди да ја одржи во живот својата хипотеза, која е неубедлива и контрадикторна. Ако Исус навистина воскреснал (што не е можно), тогаш- нема тело- нема гроб. Ако не, тогаш и тоа како е можно да се најде неговиот гроб и неговите мошти.

И толку јасно имам напишано дека се работи за ВЕРЗИИ, а не за мои ставови.
 
А бе ало : вие за гробот на Исус или за што зборите? Не сте ми јасни... У пизду материну ја отеравте работата :raz:
 
The Real Highlander напиша:
Верзија 1. Според ‘‘некои извори‘‘, кога го симнале од крстот, тој се уште бил жив (онесвестен од губењето на крв и жешкото сонце). Бидејќи од римските војници не им било дозволено да го однесат телото каде што сакаат, морале да го однесат во камената пештера, каде три дена по ред требало да бдеат над неговото тело, по што требало да го погребаат. Но, што се случило? Забележале дека тој е сеуште жив. Вечерта, неговата љубовница, Марија Магдална, заедно со неколку свои познанички, успеале да ги заведат римските војници кои биле одредени да го чуваат влезот затворен со огромниот камен блок. Ги опиле со вино и екстрат од некои билки, по што го извлекле Исус. Неколку дена тајно го чувале во некоја куќа, а кога се опоравил, Исус тргнал ‘‘на исток‘‘ заедно со Марија Магдалена. Како во шпанска серија, нели?

Верзија 2. Исус навистина починал, но Марија Магдалена навистина на претходниот начин успеала да дојде до телото на Исус. Утредента тајно бил закопан, а низ населението ја расшириле верзијата дека тој воскреснал. Во прилог на ова се и сведочењата на војниците, кои опиени и издрогирани, виделе силна светлина и ‘‘воскреснатиот Исус‘‘. По извесно време, неговите мошти биле откопани и положени во саркофаг. Неговата мајка Марија никогаш не дознала за неверојатната лага. Токму поради тоа, со жар ја ширела ‘‘приказната‘‘ за својот син.
Мац, ја се уште си стојам до темата, со намера да објаснам ЗОШТО Е МОЖНО ДА ПОСТОИ ГРОБОТ НА ИСУС. Ама ова Сатаната ме заведува и ме тера да се карам со некои си тука:pos2: конзервативци, пардон, канонисти.:pos2:
 
Lajce напиша:
Шо ти е бе тебе не сме ние Римокатолици шо лупеташ без врска кога православната црква палела и сеела мрак?

Си чул ти за Светите Кирил и Методиј за Светите Климент и Наум(биле калуѓери и владици мислам црковни луѓе) дури и профаните(световните) луѓе ги сметат за просветители а ти излеа толку си просветлен(мислам неписмен) па толку цениш.:tapp:
Ние не сме Католици, ама затоа со нив заедно веруваме во еден ист Бог. Или и тука грашам?

И аааа..., да... и така во православна царска Русија беше се толку арно, што Црквата и религијата беа само еден обичен инструмент во рацете на Царот, за да се држи рајата под контрола и во незнаење. А тој, Царот, да ти бил отелотворение на вољата Божја на земјата. Бог да чува!

А светите браќа знаеле дека само со религијата можеле да описменуваат, оти тогаш не можеле да предаваат сексуално образование. И замисли професорите се уште по сите факултети да предаваат житија? До кај ќе сме стигнале во напредокот? Не дека ги омаловажувам, ама ќе дојде време кога и денешново огромно знаење за човекот и вселената ќе биде смешно за идните генерации и ќе викаат ‘‘тие Неандерталците од 20-ти и 21-ви век‘‘. А тоа знаење доаѓа само со луѓе кои не прифаќаат никаква ДОГМА.
 
Море ме чуди шо така таму го нашле!!!Зш не у АМерика нели се таму марсовци венеровци и тн. се појавуваат..па метеори паѓаат...се замрзнува се..потопи големи....се таму..и па живи и полни со пари и бомби да продаваат...како допуштиле таква информација(ако питаш мене дезинформација) да им избега и да не падне во Америка?АУуу некој и го кажал тоа?Немојте море ќе ве утепат!!!!! хихихихихи

Мое мислење: Пак ли овој ненормалниот, безработен...технолошки вишок по модерно кажано...се обидува оној де......тоа Луцифер да не уништи бе....зарем не разбрал дека не треба да се мачи нели САМИ ЌЕ СЕ УНИШТИМЕ!!!!!!!!!Ова топ тема да не стане по Кодот на даВинчи?ИИИИииииии пак испуштија американциве .....тоа парите де!!!!
хихихихихи
 
Da ne ti preraskazuvam poseti go marko.blog.com.mk imas detalno objasnuvanje ze navodniot grob na Isus.
 
Нема потреба да читам овде се разбрав!!!!хихихихи уште се смеам!!!!
Сепак фала за трудот....и тоа што си се нафатила да ми прераскажеш!
 
Macedalien напиша:
А бе глупи едни : Исус нема гроб - воскреснал! Да зборите за ”гробот” на Исус е исто како да ја екипирате субсахарска Африка со механизам за чистење снег... :icon_roll

Да ама ние тука сакаме да докажеме дека Исус уствари не воскреснал, туку имал гроб. Сега, нормално не можеме да докажеме дека тој гроб што го најдоа е баш на „богот“ Исус ама на кој друг би можел да биде на такво место.

Еве два клипчиња од програмата на Discovery:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom