Чаир напиша:
1. Нема три богови но Еден Бог со Три Личности Таткото е Вечен, Синот е Вечен и Светиот Дух е Вечен Луѓето се создадени од Земја. Св Троица не е создадена За полесно разбирање на овие три личности во едниот Бог се вели: Таткото е Нероден, Несоздаден, Не произлегува. Синот се раѓа од Таткото Св Дух произлегува од Таткото, пред времето
2. Но не смее да се каже дека *Св Дух произлегува од Таткото и од Синот. Тоа е Ерес на Римокатолиците
3. Синот се роди од Марија, постана Богочовек, се отелотвори СеАко богвечниот Син Божји
4. Исус Христос е Вистински Бог и Вистински Човек
5. За да ни покаже дека Бог не е далечен, не е некаков Деспот кој си игра со нас луѓето од Небесните Висини - Дека сочувствува со нас, се грижи за нас, Бог сака да биде наш Татко а ние негови деца
6. Исус Христос со молитвата *Татко Наш кој си на Небесата.. прв пат го покажа Бог како наш најсакан Татко Како Оној кој највеќе се грижи за нас, кој има Целосна слобода да не Љуби но и жестоко да не кара
7. Христос на земјата ја воспостави најголемата тајна *Евхаристија, ни го даде своето Тело и Крв Оваа тајна не соединува со Бог...
Почитуван ‘‘Чаир‘‘
Од се срце ти благодарам на исцрпното излагање и поуки за речта Исусова. Ти најверојатно си студент на Теолошкиот факултет и што се однесува во делот на Православното христијанство, навистина, не можам да спорам со тебе. Но има некои работи кои навистина мора да ги дообјасниме, затоа што верувам дека со твојот пост предизвика конфузија и недоразбирање со тешките, ај да не ги речам ‘‘парадигми‘‘, кои верувам тебе, како на идно/сегашно црковно лице ти се многу појасни. (?)
1. Велиш дека нема три богови, туку еден бог, со три личности. Православието и католицизмот се разидоа токму поради оваа теза, кои тие ја толкуватт спротивно. На чисто сме дека бог е еден, но како тој може да има три ЛИЧНОСТИ? Дали секој од нив може да дејствува само и без останатите? Ако не може, тогаш не можеме да зборуваме за три личности, туку за три појавни форми на еден бог.
2. Зошто, обратно, римокатолиците велат дека православието е ерес?
3. Зошто бог морал да се роди од жена, туку едноставно не ‘‘слегол од небесното царство‘‘? Зошто не се создал од земја, како што го ‘‘сторил‘‘ тоа со човекот? Зарем не е реално, логично, во рамките на чистата свест и логика (иако никоја религија не ја прифаќа логиката, м.з.), барем некој да помисли дека Исус бил обичен човек, кој само постанал пророк???
4. Ако Вие тврдите дека Исус е вистински бог и вистински човек, зарем тогаш по аналогија, не е секој човек бог? Или за тоа треба да е ВИСТИНСКИ? Па јас сум вистински, допри ме! Имам свои доблести и свои маани, знам да се радувам, да љубам, да патам, да сочувствувам, да помагам... Зарем тоа не ме прави вистински човек?
5. Колку бог не чува и се грижи за нас??? Колку ни е вистински Татко, како што велиш? Зарем во ова време на страдања, масовни убиства, геноциди, болести кои косат се пред себе, очекуваш здрав човек да се надева на заштита од Бога? Зошто ги опивате луѓето со приказни дека Бог ќе се грижи за нив ако веруваат во него и на тој начин ги заспивате, ги онеспособувате да дејствуваат и да променат нешто на подобро???
6. Ти велиш дека со молитвата ‘‘Оче наш‘‘, која јас лично ја знам на шест јазика, Исус го покажал бог како нешто најпосакувано? Па ти тврдиш дека тој бил Бог на земјата. Кого толку многу го посакувал? Посакуваниот Бог во себе?
7. Ако ти се уште тврдиш дека лебот и виното (‘‘телото‘‘ и ‘‘крвта‘‘) е вистинската врска меѓу Бог и човекот, тогаш јас целосно се откажувам од понатамошна дискусија со Вас, бидејќи не гледам каде би се усогласиле.
Би сакал на крај, да истакнам дека јас целосно верувам во Бога, кој не го сваќам, туку го чувствувам како најмоќно нешто, сила, енергија, која е способна да создаде се, само ако правилно се рефлектира од човечките души, кои се дел од семоќната божја сила и која по смртта на човекот се враќа кај создателот. Јас Бог го разбирам како нешто што е во срцата и душата на секој човек, но човекот мора да се потруди да го пронајде Бог во своето срце и да прави добрини, да им помага на луѓето во невоља, а во арно да се радува со нив, и тоа не поради тоа што треба да се плаши од казната на ‘‘страшниот суд‘‘, туку за да живее на земјата најдобро што може и да ги вкусува плодовите на Божјата мудрост.
Би ги/ве замолил челниците во Македонската Православна Црква, сериозно да ги преиспитаат своите ставови, како кон она што го учат, така и спрема своите верници. Во време на сиромаштија, очај и пропаст, како што е денешното македонско пост-транзиционо време, опасно е да се игра со чувствата на народот. Од исцеден лимон барате свеж сок за да си ја угаснете жедта од алчност и криејќи се зад името Господово, лажејќи, го користите народот како спонзор за некое Ваше ново возило, имот или вила. Зарем не чувствувате ‘‘страв Божји‘‘?