Greed is good?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Justice for All
  • Време на започнување Време на започнување
Еве, ако сметаш дека се измешани термините ќе ги разјаснам. Алчноста не мора да биде за материјални нешта. Алчноста е само незаситна желба. Таа желба потоа може да биде за што сакаш: љубов, знаење, забава, you name it.

Јас тврдам дека е добра особина. Ако не си ги задоволуваме сопствените желби како ќе бидеме среќни. А како што среќата е смислата на животот, бар за мене, алчноста, односно нескротливата желба за повеќе е неизоставна за среќен живот.

Секако, ако е апсолутно неконтролирана е деструктивна, повеќе за околината отколку за индивидуата, а од тука индиректно и за сите индивидуи. Затоа, на пример, кражбата е казнено дело. Но, алчноста, ставена во здрава правна рамка е вистинскиот рецепт за опстојување на индивидуата и заедницата. А тоа е всушност капитализмот.

Зошто да бидеме алтруисти? Зошто да работам за заедницата? Зошто да бидеме еднакви? Зошто да живеам исто како и некој што не придонесува исто колку што и јас? Јас треба да живеам подобро. Јас сум подобар од другиот, можам, сакам и умеам ПОВЕЌЕ. Јас заслужувам ПОВЕЌЕ.

Тоа се идеите на овој наш систем.

Но, тоа што мене ме погоди највеќе во говорот на главниот протагонист беше ова: Greed clarifies, cuts through, and captures the essence of the evolutionary spirit,
а сите вие пропуштивте да го искоментирате:P.

Што ако ова нешто, наречете го алчност, себичност, индивидуализам - сеедно, е она вистинското, двигателот на човековиот род.
Од просечност до совршенство, примитивност до софистицираност, желбата за себе подобрување, подобрување на сопствената ситуација пред се, било тоа на финансико, љубовно, било кое поле е тоа што не турка напред?

Успешноста на едно општество, или една цела цивилизација или еден животински род се потпира на успешноста на индивидуите во рамките на групата. НЕОПХОДНО Е најуспешните да преживејат за да опстане родот. Тоа е само природно. Простете ако не ви се допаѓа, таква е природата.
Притоа, треба да се култивира тој дух кој им дозволува на најуспешните да се издигнат, а тука ќе признаете, капитализмот е ненадминлив. Вистински ја доловува сржта на еволуциониот дух - тој боречки дух. Тој е причината поради кој сме живи, опстојуваме и живееме на ниво на цивилизација на какво живееме.

п.с. Не сакам да бидам воден од алчноста. Во себе знам дека и не нешто добро. Затоа побогу дајте добар аргумент, зашто отидов јас, преминав на Другата (Темната) Страна.

Ми се свиѓа како размислува младичов особено болдот. Прво од пи есот ќе почнам. Подобар аргумент ќе ти дадат сигурно, дека општеството треба да се базира на меѓусебна асистенција, дека благодарноста треба да биде доблест а алчноста мана, дека кокошките треба да несат златни јајца а од чешмите да тече мед и млеко, ама поапликативен и функционален за во секојдневието дефинитивно нема барем не засега. Не ја исклучувам можноста да во некоја иднина системот на уредување да биде подобар од сегашниот. Не викам дека сегашниот е најдобар, ама е надобар и најфункционален од се што е останато понудено како опција.
Некој погоре спомна дека елените пиеле вода колку им се пиело, лавовите јаделе колку им се јадело итн итн. Истите тие елени, лавови, бубашваби драги мој после тоа се тепаат со рогови, канџи и вилици за територија, женки и храна. Еден Алфа лав мажјак има по 5-6-10 женки кои му се многу дури и да има 10 пениса и 5 пара ташаци, а сепак ако друг мажјак проба да ги пари го дави. Зашто бе не ги дели со другарчињата? Осврнување кон животните како пример ти е апсолутно лош аргумент.

Кога веќе говориме за мојот најомилен филм тој си е филозофија сам по себе. Well, ladies and gentlemen, we're not here to indulge in fantasy, but in political and economic reality. Бидејќи момакот погоре пиша па приближно се што имав да кажам на темата ќе кажам само дека реалноста е таа. Сурова, несурова тоа е. Кога еднаквост не постои а згора на тоа принципот на хиерархија е неуништлив тогаш најспособните треба да бидат двигатели. А алчноста (for a lack of a better word) го одредува токму тоа.
 
Еве, ако сметаш дека се измешани термините ќе ги разјаснам. Алчноста не мора да биде за материјални нешта. Алчноста е само незаситна желба. Таа желба потоа може да биде за што сакаш: љубов, знаење, забава, you name it.

Јас тврдам дека е добра особина. Ако не си ги задоволуваме сопствените желби како ќе бидеме среќни. А како што среќата е смислата на животот, бар за мене, алчноста, односно нескротливата желба за повеќе е неизоставна за среќен живот.

Секако, ако е апсолутно неконтролирана е деструктивна, повеќе за околината отколку за индивидуата, а од тука индиректно и за сите индивидуи. Затоа, на пример, кражбата е казнено дело. Но, алчноста, ставена во здрава правна рамка е вистинскиот рецепт за опстојување на индивидуата и заедницата. А тоа е всушност капитализмот.

Зошто да бидеме алтруисти? Зошто да работам за заедницата? Зошто да бидеме еднакви? Зошто да живеам исто како и некој што не придонесува исто колку што и јас? Јас треба да живеам подобро. Јас сум подобар од другиот, можам, сакам и умеам ПОВЕЌЕ. Јас заслужувам ПОВЕЌЕ.

Тоа се идеите на овој наш систем.

Но, тоа што мене ме погоди највеќе во говорот на главниот протагонист беше ова: Greed clarifies, cuts through, and captures the essence of the evolutionary spirit,
а сите вие пропуштивте да го искоментирате:P.

Што ако ова нешто, наречете го алчност, себичност, индивидуализам - сеедно, е она вистинското, двигателот на човековиот род.
Од просечност до совршенство, примитивност до софистицираност, желбата за себе подобрување, подобрување на сопствената ситуација пред се, било тоа на финансико, љубовно, било кое поле е тоа што не турка напред?

Успешноста на едно општество, или една цела цивилизација или еден животински род се потпира на успешноста на индивидуите во рамките на групата. НЕОПХОДНО Е најуспешните да преживејат за да опстане родот. Тоа е само природно. Простете ако не ви се допаѓа, таква е природата.
Притоа, треба да се култивира тој дух кој им дозволува на најуспешните да се издигнат, а тука ќе признаете, капитализмот е ненадминлив. Вистински ја доловува сржта на еволуциониот дух - тој боречки дух. Тој е причината поради кој сме живи, опстојуваме и живееме на ниво на цивилизација на какво живееме.

п.с. Не сакам да бидам воден од алчноста. Во себе знам дека и не нешто добро. Затоа побогу дајте добар аргумент, зашто отидов јас, преминав на Другата (Темната) Страна.
Ќе почнам од п.с-от...
Саркастичен или не, би сакала да ти нагласам дека апсолутно немам амбиции некого да преубедувам, затоа што истото го сметам за залудно изгубено време.
Тука пишувам имајќи се само себе во предвид и сопствената потреба да си го елаборирам личниот став (лична експресија). Што мислат другите околу тоа и дали ќе го прифатат или не, ми е важно како ланскиот снег.
Човек само сам може да си дојде до увидите. Друг не може да му ги наметне.

Откако тоа го расчистивме, да се вратиме на алчноста.

1.Има алчност која подразбира акумулирање на материјални нешта, и која подразбира дека на некој друг, поради тоа, истите или слични нешта ќе му бидат ускратени. Односно за да имам јас, ќе немаш ти, а и на мене може да ми биде исто одземено.

2.Од друга страна, она што тука се нарекува жед за знаење, живот, итд...подразбира нешто суштински неопипливо и нешто што е дел од нас, што го имаме во себе (а, не е надворешна манифестација како пари, коли, куќи и сл.)
Поради тоа, истото не може да ми биде одземено, да влијае негативно врз другиот или врз мене, итд.
И ова диференцирање на поимите е непоходно за поаналитички да и се пристапи на темава.

Понатаму...Човекот еволутивно не се развиивал затоа што некој имал 10 автомобила, затоа што некој поседувал авион, или затоа што имал препун рачун у банка. Алчноста за статусни симболи, всушност го деградира човекот, создава регресија и анимализам.
Она што го унапредува човекот е "алчноста" која ја образложив под 2.

Без таква диференцијација (која ја нема на почетоков на темава), можеме да речеме дека незаконската приватизација во Македонија, која создаде олигарси и илјадници луѓе унесреќи, е во име на напредокот на човештвото.
Не, не е. Таа создаде регресија и декаденција кај претходно достоинствени луѓе, ги врати на позиција на изгладнети животни, а овозможи статусен прогрес само за грст "легализирани" криминалци.

И пак ќе се повторам од претходните постови...Алчноста за материјални нешта, како финален продукт, носи само несреќа.
Прво, тоа се нешта кои во секој момент може да ти бидат одземени.
Второ, никогаш, ама никогаш, нема да ти биде доволно.
Трето, развиваш параноја и компулзивна потреба да ги задржиш.
Четврто, од оној што поседува, се претвораш во посед на она што го имаш.

За крај, додека го фаворизирате дарвинизмот, би прашала...Се поистоветувате со животни?
Тие не акумулираат ништо. Алчноста не им е својствена. Зошто онда, како поборници на "животнинското царство" во човечка форма, ја дигате таа особина на пиедестал?

П.С
Што подразбираш под алтруизам?

П.П.С
Симпатично ми е лицемерието, или несвесноста, сеедно, на сите оние кои велат дека јбг, животот е суров, кој ти е крив што се мачиш, патиш, те газат...све е тоа твоја вина.
Али истово им важи само кога се на позиција на моќ, односно кога не се тие газени.
Штом се сврти тркалото, одма некако за повикуваат на разбирање, сочуство и се она што инаку го плукаат.
 
Човек само сам може да си дојде до увидите. Друг не може да му ги наметне.

И пак ќе се повторам од претходните постови...Алчноста за материјални нешта, како финален продукт, носи само несреќа.
Прво, тоа се нешта кои во секој момент може да ти бидат одземени.
Второ, никогаш, ама никогаш, нема да ти биде доволно.
Трето, развиваш параноја и компулзивна потреба да ги задржиш.
Четврто, од оној што поседува, се претвораш во посед на она што го имаш.

За крај, додека го фаворизирате дарвинизмот, би прашала...Се поистоветувате со животни?
Тие не акумулираат ништо. Алчноста не им е својствена. Зошто онда, како поборници на "животнинското царство" во човечка форма, ја дигате таа особина на пиедестал?

Не се слагам. Ако беше така немаше да постои нешто што се вика дебата и убедување, а форумов ќе беше ствааарно бесмислен.

Ова тие е многу интересно размислување. Вреди нова тема за ова да се отвори. Ако сакаш отвори, ако не ја ќе отворам (ако не е веќе отворена).

Па, знаеш можеби тоа е причината поради која ние сме најуспешниот вид на планетава. Сме го колонизирале секое парченце земја, сегде не има. Се спортивставуваме на сите предизвици што природата може да ни ги понуди.
Да не беше алчноста немааше да прајме муабети денеска јас и ти. Били Гејтс ќе се задоволеше со многу помалку. Да не беше алчноста човештвото немаше да напредне толку многу. Едноствано, ако се заузда таа е двигател на човечката раса.

Тебе не ти се допаѓа трката за повеќе материјално? Ок! Но за тоа не се виновни капитализмот и човековата алчност. Фала му на Бога... ерм-ерм... овај, Дарвин :icon_lol: сме имале „среќа“ да се родиме во држава која е либерална и капиталистичка. Тоа значи дека на тебе е оставено да одлучиш како ќе живееш. Ако сакаш твојата алчност насочи ја кон personal development. Ако другите ги задоволува материјалното... штбк?
А ако тврдиш дека нивната желба за приграбување повеќе те повредува тебе тоа е веќе друга работа. Е за тоа вреди да се дискутира.
 
Прво П.С...со извинение, ама да се посерам на либералниот капитализам...

Е сега...има Бил Гејтс,Рокфелер,Бафет,Карнеги,Оназис... има и Адолф Хитлер...капиталисти...Џорџ Буш...Иди Амин...Бокаса...Сомоза...Мусолини...
Алчноста го движи светот напред!?

Оставено ти е да одлучиш како ќе живееш...??? Во филмовите е така, во реалноста...само за гол ебан опстанок треба многу да се помачиш...:tapp:

Од биологијата...најуспешниот вид се вирусите...не луѓето...па ти види...

Типичен пример на лоботомија - филмчиња како Вол Стрит и ликови како Гордон Геко...кој мочал во златен писоар и јадел со сервис од $10000000...кој напредок е тоа еј...

А имаше одговор во постот од ада...еве

П.П.С
Симпатично ми е лицемерието, или несвесноста, сеедно, на сите оние кои велат дека јбг, животот е суров, кој ти е крив што се мачиш, патиш, те газат...све е тоа твоја вина.
Али истово им важи само кога се на позиција на моќ, односно кога не се тие газени.
Штом се сврти тркалото, одма некако за повикуваат на разбирање, сочуство и се она што инаку го плукаат.
Тоа ти е...и Мусолини плачел и кукал аман поштедете ме...сепак го перфорирале и го обесиле на плоштад во Милано да го јадат мувите...а инаку бил многу алчен тип...не го собирало никаде...ништо не му било доволно...
 
Прво П.С...со извинение, ама да се посерам на либералниот капитализам...

Е сега...има Бил Гејтс,Рокфелер,Бафет,Карнеги,Оназис... има и Адолф Хитлер...капиталисти...Џорџ Буш...Иди Амин...Бокаса...Сомоза...Мусолини...
Алчноста го движи светот напред!?

Оставено ти е да одлучиш како ќе живееш...??? Во филмовите е така, во реалноста...само за гол ебан опстанок треба многу да се помачиш...:tapp:

Од биологијата...најуспешниот вид се вирусите...не луѓето...па ти види...

Типичен пример на лоботомија - филмчиња како Вол Стрит и ликови како Гордон Геко...кој мочал во златен писоар и јадел со сервис од $10000000...кој напредок е тоа еј...

А имаше одговор во постот од ада...еве

Тоа ти е...и Мусолини плачел и кукал аман поштедете ме...сепак го перфорирале и го обесиле на плоштад во Милано да го јадат мувите...а инаку бил многу алчен тип...не го собирало никаде...ништо не му било доволно...

Ако прочиташ малки понаназад ќе најдеш дека и ја признавам дека чиста алчност е штетна, ама ставена во здрава правна рамка и систем како капитализмот е најдобриот начин да се развиваме.

И зашто ми спонуваш тоа што Гордон Геко бил материјалист. Тоа beside the point. Поентата е дека ако луѓето не се мотивирани од желбата да живеат подобро, тие лично, а не комшијата и заедницата, нема напредок. Или има? Можеби сите треба да работиме за заедницата. Можеби богатството треба да се алоцира не според заслугите туку според потребите.
Затоа постои темава. Да дискутираме.
 
Не се слагам. Ако беше така немаше да постои нешто што се вика дебата и убедување, а форумов ќе беше ствааарно бесмислен.

Ова тие е многу интересно размислување. Вреди нова тема за ова да се отвори. Ако сакаш отвори, ако не ја ќе отворам (ако не е веќе отворена).

Па, знаеш можеби тоа е причината поради која ние сме најуспешниот вид на планетава. Сме го колонизирале секое парченце земја, сегде не има. Се спортивставуваме на сите предизвици што природата може да ни ги понуди.
Да не беше алчноста немааше да прајме муабети денеска јас и ти. Били Гејтс ќе се задоволеше со многу помалку. Да не беше алчноста човештвото немаше да напредне толку многу. Едноствано, ако се заузда таа е двигател на човечката раса.

Тебе не ти се допаѓа трката за повеќе материјално? Ок! Но за тоа не се виновни капитализмот и човековата алчност. Фала му на Бога... ерм-ерм... овај, Дарвин :icon_lol: сме имале „среќа“ да се родиме во држава која е либерална и капиталистичка. Тоа значи дека на тебе е оставено да одлучиш како ќе живееш. Ако сакаш твојата алчност насочи ја кон personal development. Ако другите ги задоволува материјалното... штбк?
А ако тврдиш дека нивната желба за приграбување повеќе те повредува тебе тоа е веќе друга работа. Е за тоа вреди да се дискутира.
:)
Јас не те прашав дали се слагаш.
Јас ти кажав дека немам апсолутно никаква намера да те разубедувам. И ти не си во позиција да оцениш дали тоа е така или не е, затоа што е нешто кое јас го мислам и изјавувам :)

Понатаму...Бил Гејтс креирал...Да Винчи креирал...Ајнштајн креирал и осознавал...не препродавале фабрики, не приватизирале, не шпекулирале на берза...тие создавале и материјализирале идеи, кои го надминуваат чисто материјалниот апсект на оние првите. Затоа и придонеле за нешто што го нарекуваме "напредок".

Преку ова, пак се враќаме на тоа дека е неопходно да се разграничи она што србите го нарекуваат похлепа, која претставува грабање на материјални, статусни симболи од жед за знаење, креација итн.
Првото НЕ носи напредок. Првото деградира.

И мене нмбк ако друг го задоволува трката по материјалното, се додека тој истиот не почне да граба и оттуѓува нешта од мене или мои блиски (а, тоа неминовно се случува во капиталистичкото општество).

Кога за цена на грст алчници, милиони остануваат гладни се случува уназадување. Затоа што имаш милиони кои се приморани да ги задоволат основните потреби за преживување и немаат можност да напредуваат како луѓе. Ги враќаш на позиција на животни кои можат само да се трудат да ги задоволат базичните инстинкти.

Конечно, како што реков и на почетокот...Ваквите филмови се прават само за капитализмот да си ја оправда својата немилосрдност. А, како последица имаат дехуманизирање на општеството. Оттуѓувањето на луѓето од она што ги прави луѓе...човечноста.
 
Добро. Значи, како интро. :)
Јас не одговарам на твоите прашања, јас си праам муабет. Ова не е испрашување на крај краева.
Ова што го имаш напишано поназад ми е стварно интересно: „апсолутно немам амбиции некого да преубедувам, затоа што истото го сметам за залудно изгубено време. Тука пишувам имајќи се само себе во предвид и сопствената потреба да си го елаборирам личниот став (лична експресија).“ И упорно ми го повторуваш тоа. Многу интересно. Ова е како, ти да се самозадоволуваш користејќи ме мене како алатка, без која овој разговор кој те задоволува не би постоел. WTF.... I feel used. :(
Oh... wait... I forgot. You don't care. Но барем јас се забавувам. :baeh::icon_lol:

Значи, добро. Убаво те сватив дека алчноста може да биде лоша алчноста и добра алчност.
Ама мене ми се чини дека ти не ме сваќаш мене. Како што кажав во претходниот пост „јас признавам дека чиста алчност е штетна, ама ставена во здрава правна рамка и систем како капитализмот е најдобриот начин да се развиваме.“
Капитализмот е далеку од совршен и ти упорно упатуваш кон неговите маани. Но, Ада, алчноста постоела од секогаш. Капитализмот само ја канализира кон нешто конструктивно. Јас велам, поставена во таков систем, алчноста е конструктивна сила.
За луѓето гладни, оф леле, овие све што им зеле, boo hoo hoo... Сваќам. Воглавно, неправда мотивирана од алчност. Ама ти се гледаш така еднострано. Кој ако не алчноста и статусните симболи и блаблабла, го однесе човекот на Месечина.
Јас тука алчноста ја едначам со незаситност. Да не бевме незаситни по природа ништо немаше да биде исто. Вистина, страшни работи немаше да се случат, но истотака немаше да бидеме не ова ниво на развој. Незаситноста како човекова особина е се на се корисна особина.
Сега ти ќе продолжиш да ми збориш за сите тирани и злочинци итн. ама факт е дека да немаше алчност за повеќе во човекот, немаше да има ни компјутер ни тастатура ни монитор ни праскава што јадам ни зградава во која живеам... ништо од тоа. Ќе легачевме цел божји ден и ваљда ќе филозофиравме од досада како што правиме сега.
 
Добро. Значи, како интро. :)
Јас не одговарам на твоите прашања, јас си праам муабет. Ова не е испрашување на крај краева.
Ова што го имаш напишано поназад ми е стварно интересно: „апсолутно немам амбиции некого да преубедувам, затоа што истото го сметам за залудно изгубено време. Тука пишувам имајќи се само себе во предвид и сопствената потреба да си го елаборирам личниот став (лична експресија).“ И упорно ми го повторуваш тоа. Многу интересно. Ова е како, ти да се самозадоволуваш користејќи ме мене како алатка, без која овој разговор кој те задоволува не би постоел. WTF.... I feel used. :(
Oh... wait... I forgot. You don't care. Но барем јас се забавувам. :baeh::icon_lol:

Значи, добро. Убаво те сватив дека алчноста може да биде лоша алчноста и добра алчност.
Ама мене ми се чини дека ти не ме сваќаш мене. Како што кажав во претходниот пост „јас признавам дека чиста алчност е штетна, ама ставена во здрава правна рамка и систем како капитализмот е најдобриот начин да се развиваме.“
Капитализмот е далеку од совршен и ти упорно упатуваш кон неговите маани. Но, Ада, алчноста постоела од секогаш. Капитализмот само ја канализира кон нешто конструктивно. Јас велам, поставена во таков систем, алчноста е конструктивна сила.
За луѓето гладни, оф леле, овие све што им зеле... Сваќам. Воглавно, неправда мотивирана од алчност. Ама ти се гледаш така еднострано. Кој ако не алчноста и статусните симболи и блаблабла, го однесе човекот на Месечина.
Јас тука алчноста ја едначам со незаситност. Да не бевме незаситни по природа ништо немаше да биде исто. Вистина, страшни работи немаше да се случат, но истотака немаше да бидеме не ова ниво на развој. Незаситноста како човекова особина е се на се корисна особина.
Сега ти ќе продолжиш да ми збориш за сите тирани и злочинци итн. ама факт е дека да немаше алчност за повеќе во човекот, немаше да има ни компјутер ни тастатура ни монитор ни праскава што јадам ни зградава во која живеам... ништо од тоа. Ќе легачевме цел божји ден и ваљда ќе филозофиравме од досада како што правиме сега.
:)

Незаситност за чоколадо + обид за задоволување на таа незаситност = акутно: повраќање; хронично: вишок килограми плус дијабетис итд.

Незаситност за знаење = нови податоци, проширување на хоризонти, итд. (евентуален нус-ефект, привремена главоболка поради ментален напор).

Пак, не гледам начин да се изедначат, поради различните последици од дејствието.
А, гледам како изедначувањето води кон девијации.

П.С
За првиот дел од твојот пост:
Првиот пат кога ми реплицираше, саркастично алудираше на тоа дека тебе некој сериозно сака да те разубедува околу алчноста и да те врат на "прав пат".
A, јас само нагласив дека, колку и да сакам, не верувам дека можам да променам нечиј став преку дискусија на форум.
Единствено самата особа, преку своите искуства, може да си го смени уверувањето.
Затоа, на форумов ни останува повеќе егото да си го билдаме со постовите.

Сега сметам дека го расчиствме ова :)
Патем, не алудирав дека не ми е гајле (или сепак тоа сакав да го кажам :s) и се извинувам ако звучев дрско или непријателски претходно.
 
:)

Незаситност за чоколадо + обид за задоволување на таа незаситност = акутно: повраќање; хронично: вишок килограми плус дијабетис итд.

Незаситност за знаење = нови податоци, проширување на хоризонти, итд. (евентуален нус-ефект, привремена главоболка поради ментален напор).

Пак, не гледам начин да се изедначат, поради различните последици од дејствието.
А, гледам како изедначувањето води кон девијации.

П.С
За првиот дел од твојот пост:
Првиот пат кога ми реплицираше, саркастично алудираше на тоа дека тебе некој сериозно сака да те разубедува околу алчноста и да те врат на "прав пат".
A, јас само нагласив дека, колку и да сакам, не верувам дека можам да променам нечиј став преку дискусија на форум.
Единствено самата особа, преку своите искуства, може да си го смени уверувањето.
Затоа, на форумов ни останува повеќе егото да си го билдаме со постовите.

Сега сметам дека го расчиствме ова :)
Патем, не алудирав дека не ми е гајле.
Па јас не ги едначам. Реков Незаситноста како човекова особина е се на се корисна особина.
Значи... кога се ќе ставиш на кантар пак испаѓа дека е корисна и дека без неа, не дека не би можеле ама би биле нигде и никаде.

П.С. Се чини дека сето тоа било one big misunderstanding. Ја онака уз смеење го напишав тоа. Не знам што не сум ставил смајли. Не го кажував тоа саркастично.
 
Не,незаситноста не е корисна особина. Вирусите се незаситни и не престануваат дури не го уништат организмот кој го користат...немаат свест дека и тие ќе умрат...исто и големите капиталисти...
Капитализмот има само една фраза која ја отсликува целосно неговата филозофија и суштина а тоа е

MINIMIZE THE COSTS AND MAXIMIZE THE PROFIT

Ако во тој процес нешто малку човечко се одржи тоа е само за да се продаде нешто повеќе...

Не можам да ја разберам психологијата позади незаситноста...што е разликата меѓу 50 и 500 милиони? Зошто сето тоа?
Сите големи богатства се остварени преку газење лешеви...
Џони Д. Рокфелер самиот си кажал - КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ГРЕВ!!!

Она што ти веројатно го подразбираш под капитализам Laissez-faire и слободен пазар и слободен пристап кон истиот е во светот на фантазиите и утопиите.
Она што е познато под тој поим подобро би се сместило во поимот фашизам но тоа е премногу грубо за деликатните уши на западот...

Сега ти ќе продолжиш да ми збориш за сите тирани и злочинци итн. ама факт е дека да немаше алчност за повеќе во човекот, немаше да има ни компјутер ни тастатура ни монитор ни праскава што јадам ни зградава во која живеам... ништо од тоа. Ќе легачевме цел божји ден и ваљда ќе филозофиравме од досада како што правиме сега.

Грешка.Има многу примери низ историјата каде е докажано спротивното. Прогресот не зависи од капитализмот. Зависи од мал број индивидуалци. Без разлика на економскиот систем. Но точно е дека под капитализмот има попогодна клима отколку комунизмот.

И зашто ми спонуваш тоа што Гордон Геко бил материјалист. Тоа beside the point. Поентата е дека ако луѓето не се мотивирани од желбата да живеат подобро, тие лично, а не комшијата и заедницата, нема напредок. Или има? Можеби сите треба да работиме за заедницата. Можеби богатството треба да се алоцира не според заслугите туку според потребите.
Затоа постои темава. Да дискутираме

Точно, желбата да се живее подобро. Но не желбата да се живее подобро на туѓ грб. Не, не треба да работиме за заедницата. Комунизмот беше и помина. Не се прослави. Треба да работиме за себе. А тоа значи навистина да работиме за себе. Во капитализмот денес 0,0001% навистина работат за себе...голема разлика...

Можеби богатството треба да се алоцира не според заслугите туку според потребите.

Тоа беа маркистички заблуди...уште виреат понекаде по светот...но и комунизмот беше државен капитализам каде власта беше наместо менаџерите...
 
Иако има безброј делови каде би реплицирал, ќе се осврнам само на крајот. Toecutter иако начелно се сложувам, ова околу капитализмот и комунизмот ми е секогаш кул тема, сум ја верглал многу пати на форумот. :)
Toecutter напиша:
Точно, желбата да се живее подобро. Но не желбата да се живее подобро на туѓ грб. Не, не треба да работиме за заедницата. Комунизмот беше и помина. Не се прослави. Треба да работиме за себе. А тоа значи навистина да работиме за себе. Во капитализмот денес 0,0001% навистина работат за себе...голема разлика...
Иако делувам како марсовка со дрвењето за “еволуцијата“, ќе речам, комунизмот не беше и не помина. Основната идеја на комунизмот никогаш не влезе во пракса а тоа што ние го видовме беше навистина неуспешен обид за комунизам.

По темата... момчево во една реченица практично се кажа:
Toecutter напиша:
Не,незаситноста не е корисна особина. Вирусите се незаситни и не престануваат дури не го уништат организмот кој го користат...немаат свест дека и тие ќе умрат...исто и големите капиталисти...
 
Иако има безброј делови каде би реплицирал, ќе се осврнам само на крајот. Toecutter иако начелно се сложувам, ова околу капитализмот и комунизмот ми е секогаш кул тема, сум ја верглал многу пати на форумот. :)

Иако делувам како марсовка со дрвењето за “еволуцијата“, ќе речам, комунизмот не беше и не помина. Основната идеја на комунизмот никогаш не влезе во пракса а тоа што ние го видовме беше навистина неуспешен обид за комунизам.

По темата... момчево во една реченица практично се кажа:
Не,незаситноста не е корисна особина. Вирусите се незаситни и не престануваат дури не го уништат организмот кој го користат...немаат свест дека и тие ќе умрат...исто и големите капиталисти...
Да, добро, либералниот капитализам е автодеструктивен. Ама ако го модифицираш е подобар од што друго и да ми понудиш.

Ако не, ако незаситноста е лоша, капитализмот е штетен и треба да се замени. Зошто тогаш остануваме во капиталистичко општество? Зошто дури и Кина прифати пазарна економија (или барем нешто што личи на тоа)?
Ако е толку штетен и дисфукционален како опстојува и понатаму овој систем?
 
Иако има безброј делови каде би реплицирал, ќе се осврнам само на крајот. Toecutter иако начелно се сложувам, ова околу капитализмот и комунизмот ми е секогаш кул тема, сум ја верглал многу пати на форумот. :)

Иако делувам како марсовка со дрвењето за “еволуцијата“, ќе речам, комунизмот не беше и не помина. Основната идеја на комунизмот никогаш не влезе во пракса а тоа што ние го видовме беше навистина неуспешен обид за комунизам.

По темата... момчево во една реченица практично се кажа:

Па добро, кога се зборува за комунизам се мисли на државниот од советски тип. Знам дека тоа не е тоа, веројатно поимот Бољшевизам најдобро би одговарал...комунизмот во права смисла не се ни појави, точно...но поради општата прифатеност на овој поим го користам како таков...значи државниот комунизам од советски тип и неговите модификации...

Да, добро, либералниот капитализам е автодеструктивен. Ама ако го модифицираш е подобар од што друго и да ми понудиш.

Ако не, ако незаситноста е лоша, капитализмот е штетен и треба да се замени. Зошто тогаш остануваме во капиталистичко општество? Зошто дури и Кина прифати пазарна економија (или барем нешто што личи на тоа)?
Ако е толку штетен и дисфукционален како опстојува и понатаму овој систем?

Зошто останува капитализмот? Затоа што насилно се пресметува со било каква алтернатива. Тоа е големата тајна на успехот на капитализмот. Нема избор или прифати или умри. Што ти кажува тоа за систем кој насилно не дозволува друга опција? Ако е навистина најдобар не би се плашеле капиталистите од секоја разлика која може да се појави и не би пуштале војска...

За Кина, преминот од државен во менаџерски капитализам им е опција за која се определија. Ништо посебно...На партиските главешини од ЦеКа веројатно им се допаѓа западниот начин на живот...

Ако луѓето имаат слободен пристап кон алтернативен систем би имало масовно напуштање на капитализмот и неговите вредности...симболизирани во ЈАПИ имиџот на Гордон Геко...
 
Па јас не ги едначам. Реков Незаситноста како човекова особина е се на се корисна особина.
Значи... кога се ќе ставиш на кантар пак испаѓа дека е корисна и дека без неа, не дека не би можеле ама би биле нигде и никаде.
По таа логика, и убиството, се на се е корисно, затоа што некогаш е во самоодбрана.

Жалам, ама ако некои нешта се релативизираат, доаѓаме до сериозна деструкција. Така е и со алчноста, односно незаистноста, фаворизирана од капитализмот.

Последен пат ќе се повторам, пошто си станува заморна и на себе...

1.Леонардо бил "незаситен" во креаирање и осознавање...И донел напредок за себе и другите, притоа не одзимајќи или уништувајќи било што од било кој друг.

(од друга страна, пример за незаситност пренесен од документарец кој вчера го гледав):

2.Владата во Боливија, добро потплатена од американска компанија, решава да ја приватизира водата, односно да и ја даде на концесија до 2039-та на конкретната фирма.
Се одржуваат масовни протести, а владата праќа полицајци и војска за да ги измлати добро оние кои протестираат, и нормално, го потпишува договорот.
Денес, во Боливија, луѓето ја плаќаат водата поскапо за 30 до 300% (зависно од регионот и "расположението" на фирмата).

Ете пример за класична капиталстичка незаситност.
Wow, како Боливија и нејзиниот народ напреднаа благодарение на истата.

И да, апсолутно се може да ставиме во ист кош и да речеме, незаситноста е супер, капитализмот уште повеќе.

Иако делувам како марсовка со дрвењето за “еволуцијата“, ќе речам, комунизмот не беше и не помина. Основната идеја на комунизмот никогаш не влезе во пракса а тоа што ние го видовме беше навистина неуспешен обид за комунизам.
Не помина, но циклусот е започнат. Значи некои идеи, веќе се врежани во колективната меморија.
А, затоа што секој циклус, вака или онака, мора да го затвори "кругот", верувам дека истото ќе се случи и со комунизмот (и не ко строга идологија..туку, неговите суштински идеи).

Всушност, не мора да биде комунизам (затоа што терминологијата буди предрасуди)...
Нека биде било што, кое ќе потсети дека човечноста е она што не одржува, нашиот иманент.
Кое ќе потсети дека неморалот и деструкцијата не се ради-реда дадени норми, туку нешто кое дефакто деградира и уништува. (капитализмот, многу перфидно и интензивно се обидува да го протурка тоа, пред се, како чин на сопствена апологија).
Кое ќе потсети дека капиталот не е самостоен ентитет, нешто кое постои само од себе и само за себе, туку нешто создадено од човекот и нешто кое треба да оди во корист на човекот, а не против него (пак нешто што капитализмот го негира, затоа што индиректно вели дека капиталот го контролира човекот, а не обратно, и истото фактички го покажува преку безброј примери, каде во име на капиталот (читај незаситност на грст луѓе), останатото мнозинство оди јабана, како колатерална штета).
Кое, конечно, ќе покаже дека, иако не се раѓаме сите еднакви, сите имаме подеднакви основни (и не само основни) потреби, кои едноставно МОРА да бидат поеднакво задоволени (капитализмот вели...Ти можеби нема да може да си платиш вода (види погоре примерот за Боливија), ама тоа е зошто јбг, не си еднков со дечките од компанијата која ти ја купи водата (кој апсурд) па они се незаситни пошто ете им се може, а ти ќе умреш од жед пошто...пак на ним и нивната алчност и се може)
 
Генерално земено е дека по дифолт aлчноста е деструктивна особина.
Јас на неа гледам единствено како амбиција. Мотиватор.
Ако успеете да ја држите на минимум, дур дојде до самодеструктивност кај човек, и времето гледаш ти дојдело. Да се држи некој баланс, ја класифицирам како позитивна особина. Се дур не премине во некои екстрeмни примери, како на ada примерот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom