Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.358
- Поени од реакции
- 27.183
Еве, ако сметаш дека се измешани термините ќе ги разјаснам. Алчноста не мора да биде за материјални нешта. Алчноста е само незаситна желба. Таа желба потоа може да биде за што сакаш: љубов, знаење, забава, you name it.
Јас тврдам дека е добра особина. Ако не си ги задоволуваме сопствените желби како ќе бидеме среќни. А како што среќата е смислата на животот, бар за мене, алчноста, односно нескротливата желба за повеќе е неизоставна за среќен живот.
Секако, ако е апсолутно неконтролирана е деструктивна, повеќе за околината отколку за индивидуата, а од тука индиректно и за сите индивидуи. Затоа, на пример, кражбата е казнено дело. Но, алчноста, ставена во здрава правна рамка е вистинскиот рецепт за опстојување на индивидуата и заедницата. А тоа е всушност капитализмот.
Зошто да бидеме алтруисти? Зошто да работам за заедницата? Зошто да бидеме еднакви? Зошто да живеам исто како и некој што не придонесува исто колку што и јас? Јас треба да живеам подобро. Јас сум подобар од другиот, можам, сакам и умеам ПОВЕЌЕ. Јас заслужувам ПОВЕЌЕ.
Тоа се идеите на овој наш систем.
Но, тоа што мене ме погоди највеќе во говорот на главниот протагонист беше ова: Greed clarifies, cuts through, and captures the essence of the evolutionary spirit,
а сите вие пропуштивте да го искоментирате.
Што ако ова нешто, наречете го алчност, себичност, индивидуализам - сеедно, е она вистинското, двигателот на човековиот род.
Од просечност до совршенство, примитивност до софистицираност, желбата за себе подобрување, подобрување на сопствената ситуација пред се, било тоа на финансико, љубовно, било кое поле е тоа што не турка напред?
Успешноста на едно општество, или една цела цивилизација или еден животински род се потпира на успешноста на индивидуите во рамките на групата. НЕОПХОДНО Е најуспешните да преживејат за да опстане родот. Тоа е само природно. Простете ако не ви се допаѓа, таква е природата.
Притоа, треба да се култивира тој дух кој им дозволува на најуспешните да се издигнат, а тука ќе признаете, капитализмот е ненадминлив. Вистински ја доловува сржта на еволуциониот дух - тој боречки дух. Тој е причината поради кој сме живи, опстојуваме и живееме на ниво на цивилизација на какво живееме.
п.с. Не сакам да бидам воден од алчноста. Во себе знам дека и не нешто добро. Затоа побогу дајте добар аргумент, зашто отидов јас, преминав на Другата (Темната) Страна.
Ми се свиѓа како размислува младичов особено болдот. Прво од пи есот ќе почнам. Подобар аргумент ќе ти дадат сигурно, дека општеството треба да се базира на меѓусебна асистенција, дека благодарноста треба да биде доблест а алчноста мана, дека кокошките треба да несат златни јајца а од чешмите да тече мед и млеко, ама поапликативен и функционален за во секојдневието дефинитивно нема барем не засега. Не ја исклучувам можноста да во некоја иднина системот на уредување да биде подобар од сегашниот. Не викам дека сегашниот е најдобар, ама е надобар и најфункционален од се што е останато понудено како опција.
Некој погоре спомна дека елените пиеле вода колку им се пиело, лавовите јаделе колку им се јадело итн итн. Истите тие елени, лавови, бубашваби драги мој после тоа се тепаат со рогови, канџи и вилици за територија, женки и храна. Еден Алфа лав мажјак има по 5-6-10 женки кои му се многу дури и да има 10 пениса и 5 пара ташаци, а сепак ако друг мажјак проба да ги пари го дави. Зашто бе не ги дели со другарчињата? Осврнување кон животните како пример ти е апсолутно лош аргумент.
Кога веќе говориме за мојот најомилен филм тој си е филозофија сам по себе. Well, ladies and gentlemen, we're not here to indulge in fantasy, but in political and economic reality. Бидејќи момакот погоре пиша па приближно се што имав да кажам на темата ќе кажам само дека реалноста е таа. Сурова, несурова тоа е. Кога еднаквост не постои а згора на тоа принципот на хиерархија е неуништлив тогаш најспособните треба да бидат двигатели. А алчноста (for a lack of a better word) го одредува токму тоа.
.

