Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Џабе барате граѓанска свесност кај нашиот народ кој е долго време со празен стромак.
На кого ќе му продавате идеали, прошетајте малку низ македонијава, разгледајте каков народ живее па после бистрете политика и високи идеали.
А и зашто граѓанската свесност ја поистоветувате со политичката свесност. Граѓанската свесност повеќе се поврзува со културата на живеење, што сигурно е изоставен дел од нашиот мозок овде во овие предели од недојдија.
E ама токму тоа е проблемот точно тоа што викаш дека поради празниот стомак не се мисли за свеста и се трчка по партии за партиско вработување уште повеќеќ се закопува не само самиот себе си туку и сите останати во државава.
Издигањето на граѓанската свест во однос на манипулациите на партиите е единственото решение за излез од вртлогот во кој сме со тоа тшо го кажуваш дека поради празниот стомак се трча по партии за работно место.
Бидејќи се додека не се изгради систем на заеднички вредности кој ќе биде надпартиски до тогаш само ќе се зголемува бројот на тие со празни стомаци.
Човекот ако сака да опстане и да живее подобро не треба да мисли егоистички само за себе туку треба да мисли и за доброто на колективот, бидејќи човекот може да живее и да опстанува само во група со социјални односи, ако тоа се прекине човекот како вид ќе изумре, а не па нашата држава и народ.