Граѓанска свесност

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Jas сум политички определн, јас сум десничар со длабоки национални чувства за Македонија.
Но тоа не ме прави послушник партиски бидејќи ниту една нема што да ми понуди како соодветно и целосно, сицрпно решение.

Јас не се согласувам со политиката на едниве или другиве Курто-Мурта кој само на најавнуваат менувајќи се во фотељите додека ние ниту можеме на раат да се напасеме, ниту пак да симнеме магарешкиот самар за да починиме.

Каде има место за фалба, фалам, каде нема кудам.

Јасен одговор или треба да цртам?

многу ми се допаѓа искреноста, без цртање сфаќам, барем мислам, еве јас сум левичар, ама лева без десна рака не функционира добро
може да функционира ама со 50% ефикасност, или во најдобар случај, што е многу голема реткост, со 75%
 
znaci ako dobro te razbrav lica so gragjanska svesnost vo mometov spored tebe imaat alternativa da begaat od makedonija?
Точно. Сите кој што вредат нешто си одат од тука.

kako bi se promenile legalno rabotive vo makedonija ako ne so politicka borba?

Не ми е јасно зошто морам да бидам во политичка партија за да делувам политички, па и моево пишување во форум политика е политичко делување.

Граѓанскиот сектор нема право на политичко изразување, нема право да предлага закони, морам да бидам во партија за да ми се прифатат, па Владата и партијата зошто бараат предлози од граѓаните, сакаш да кажеш дека тоа што го прават е мачкање на очи?
 
Barate svest? Od kogo ? Od polupismen neobrazuvan narod koj lesno se manipulira so nego.hm vie na 50 km od skopje seuste nemate elektrifikacija.Polovina od makedonskoto naselenie zaminato vo emigracija(KULTUREN GENOCID KOMUNISTICKI).Gragjanska svesnost so selsko pedigre doseleno vo gradovite od nekoj kamenjanrnik.Nekoj kaza neodi politika i ekonomija zaedno :pos2:za mene e najgolemata iskazana glupost.Politika i ekonimija i te kako odat i edna so druga se gas i gakji:).nie nemozeme da razbere deka politikata go diktira nacinot na zivot .zasto/. zatoa sto taka ne ucea 50 god nese bavi so politika dovolno ,rabotaj nisaj vrata i zemaj plata.:uvo:
 
Точно. Сите кој што вредат нешто си одат од тука.
ова е најсуровата вистина со која морам да се соочам,
Знам дека овде чабе ми е просек и се кога неам врски и книшка,не ми се оди далеку од дома ама морам,неам избор,помеѓу мизерна плата и секоја будала со врски и малце пари може што сака да ти прави тука во Р.М или добра плата и малце ценење и почит што ќе ги добиам таму некаде далеку,бирам далеку

За 2-3 години и ја ќе морам да си одам а не сакам овде сум родена и порасната тука колку и да зборам дека е заникаде,пак ова е мојата татковина .
Колку добро и да го владеам англискиот или било кој друг јазик пак најлесно и најубаво ќе ми биде да се искажам на македонски ама неам избор некој...
 
ова е најсуровата вистина со која морам да се соочам,
Знам дека овде чабе ми е просек и се кога неам врски и книшка,не ми се оди далеку од дома ама морам,неам избор,помеѓу мизерна плата и секоја будала со врски и малце пари може што сака да ти прави тука во Р.М или добра плата и малце ценење и почит што ќе ги добиам таму некаде далеку,бирам далеку

Ова што го кажуваш и не е сосема точно. Овде и те како можеш да напредуваш со знаење, малку е тешко но верувај има компании кои занаат што им треба и какви луѓе.

А немој да мислиш дека надвор така лесно ќе успееш.
Конкуренцијата во европа или америка е многу поголема одколку кај нас.
За да бидеш граѓански свесен не треба само да имаш теоретско знаење, трeба да знаеш како да го искористиш мора да имаш knowhow.
 
Имам забележано дека кога некој форумџија ќе се изјасни дека е политички неопределен и ќе рече дека и сдсм или вмро се исти е напаѓан од политички обоените .

Исто така имам забележано дека политички обоените повеќе се плашат од политички неопределените отколку од своите политички опоненти.

Исто така дека нивото на свесност меѓу граѓаните на Р.М е ниска дека патиското размислување(ако мојата партија на власт е тогаш на мене ми е добро) и поделеноста граѓанското општество( на било какви основи) во р.м негативно се одразува Врз нашава таковина која може да кулуминира до сериозни немири ,можеби тука се лажам ама ипак.


Прашањата се зошто партиските војници повеќе се плашат од неопределените граѓани повеќе од своите опоненти?

И зошто нивото на свесноста е толку ниска?
се надевам дека ќе почнеме коструктивна дебата за подигање на свеста на граѓаните .
И последното како да се подигне свесноста?
Партиската книшка за многумина значи вработување, кога "нивните" ќе дојдат на власт. Јас мислам дека сите треба да гласаме на изборите, затоа што во спротивно, припадниците на групите кои не се мнозинство во оваа рамковна Македонија ќе се експонираат уште повеќе. Веројатно, партиски неопределените се мета на напад, затоа што се објективно "непристрасни", a на повеќето луѓе не им се допаѓаат луѓе без политички став, кои едноставно не се мешаат во нешто кое треба да претставува наша заедничка задача, немаат идеологија... Знам дека од политички необоените, има и такви кои на неполитички начин ја промовираат нашата земја, но повеќето не го прават тоа и се неми и слепи набљудувачи на оваа минатата и идните влади. Мислам дека сегашната влада донесе некои добри и некои апсурдни закони. Ќе набројам во продолжение, во недостаток на време. :back:
 
Ова што го кажуваш и не е сосема точно. Овде и те како можеш да напредуваш со знаење, малку е тешко но верувај има компании кои занаат што им треба и какви луѓе.

А немој да мислиш дека надвор така лесно ќе успееш.
Конкуренцијата во европа или америка е многу поголема одколку кај нас.
За да бидеш граѓански свесен не треба само да имаш теоретско знаење, трeба да знаеш како да го искористиш мора да имаш knowhow.
свесна сум,за тоа ама дали ти си свесен дека кај мене на хемиски скапуваат млади умови со 10 ки како лаборанти и потрчковци,додека некоја таму ја бутнала тетка или партијата и добива пракса и потоа она има искуство а тие што навистина вредат и знаат како да се снајдат немаат.
 
Sekade moze да се успее, некаде полесно, некаде потешко, некаде со среќа, нека де по трнлив пат.

Да не мислите дека западот е полесен??

Потежок е.

Ти дејче, со хемиски, ќе бидеш добар молер во Америка.

Плус, ова нема никаква врска со темата.

Назад на тема.
 
-Не се исплати и еден ред да напише човек повеќе од:
Граѓанска свест во Македонија НЕ постои.
Нажалост.
 
:uvo: Што од извадоков не ми е јасно? :toe:

Ако некому звучиш глупаво, претпоставувам дека тие другите ги сметаш за паметни. И како паметните луѓе и штетат на Македонија? :nesum:

Ти си синко само носталгичен и загубен во пар свои размислувања и желби да ја видиш Македонија да личи како местото каде веќе опстојуваш. Но разбери, таа никогаш нема да биде таква, и не сакам да биде таква...
И какви ти се тие планови, организации, чуда, ние се гнасиме на темава од такви политизирани ставови а ти токму тоа ни нудиш. Извини ама политика и партија, фуј... не... лошо дете...

Ајде сега да ти појаснам.Сум член на партија ама ако таа партија направи глупост,било каква, не одам со глава во ѕид и да викам “не бе добри се бе, вие то направивте бе во 2002, а Б.Ц. бе во 2016 а оној бе тогаш таму ти текнува кога тоа вака и така“ сум член на партија ама никогаш не сум и побарал на таа партија работно место за мене или за било кој од моето семејство итн... Да бидам краток Виктор.
Работам во странство и штедам за да се вратам дома.Каде што моментално опстојувам , не реков дека е убаво и баш ама и јас ич не сакам Македонија никогаш да биде ваква.Овде ги гледам сите убавини што ние ги поседуваме како народ и држава и да секако сум носталгичен ,зашто Македонија си ја сакам бескрајно.
Спомнав организација ама никаде не стои политичка.Баш спомнав Младина заради тоа што верувам дека младите имаат поразлични сваќања и во многу случаеви по позитивни за нашата иднина и просперитет а со доза на поголем патриотизам односно национализам.Чудо ни е потребно Виктор, зашто ако така релаксирано и незаинтересирано продолжиме , долго време ке си правиме муабет по кафе-барови и форуми.
А да, за малку ке заборавев : Глуп сум заради тоа што сакам да дојдам за гласанје и што не размислувам за добивање ЕУ пасош, туку штедам за да се вратам дома. Не ?
Ти што би правел, онака ме интересира ?
 
А да, за малку ке заборавев : Глуп сум заради тоа што сакам да дојдам за гласанје и што не размислувам за добивање ЕУ пасош, туку штедам за да се вратам дома. Не ?
Toa не те прави глуп, тоа те прави човек со принцип... принцип кој мене ми изгледа сосема логичен.
Goran_Makedon напиша:
Сум член на партија ама ако таа партија направи глупост,било каква, не одам со глава во ѕид и да викам “не бе добри се бе
Па зар било која партија кој до сега беше на власт во современа Македонија покажа дека е достојна за неа да кажеш дека не направила глупост. Последнава моментално ја прави најголемата глупост од сите во историјата, со тоа што се труди да го повтори српското сценарио на Милошевич на наше тло.

По ѓаволите, одам до таму, и вметнувам стереотип во моето однесување со македонците, со кој воопшто не сакам да разговарам и ги отфрлам од моето опкружување оние кои се декларираат себе си како приврзаници и припадници на било која партија. Повремени средби не се проблем, можеме да раговараме за идеологијата, но блиски, ни под разно.

Додека светот гине, а нашите сограѓани (буквално комшии) умираат во агонија од глад, каде проблем врз проблем се таложи во секој еден од нашите животи... јас, или било кој, да биде поданик на нечии одлуки со кои води во пропаст цел еден народ и потоа продава бајки место да продава се` за да спаси жива глава од граѓанскиот суд... нема да бидам, и нема да поддржам.

п.с. Организација е убава работа, но во таква би членувал само ако е основана од мајка ми а членови се баба ми и вујко ми, луѓе за кои сум сигурен дека не се инфилтрирани од некого. А да прифатам понуда од човек кој вели дека има книшка, не можам, колку и да мислам дека си искрен.
 
Јас не реков дека таа организација ке биде моја, книшката моја ја фрлив за времето на предходната влада на ВМРО и не е обновена, за мене книшка било каква и чија нема ама баш никаква вредност.
Едно не ми се допадна, ме осуди само заради тоа што реков дека и припаѓам на некоја партија.Зар не започнува нашата несвесност овде? Тоа е најболно кај нас, уште од почеток се поделуваме заради некои однапред и од страна наметнати (ке ѓи наречам) правила. (ако сме од спротивните табори значи не функционираме заедно, па дури и се мразиме и соработка не доаѓа во предвид ни под разно).
Кога ваква организација би била формирана, мајка ти, баба ти и вујко ти ако не пропагираат нечија политика,би биле почесни членови :smir:.
 
Јас не реков дека таа организација ке биде моја, книшката моја ја фрлив за времето на предходната влада на ВМРО и не е обновена, за мене книшка било каква и чија нема ама баш никаква вредност.
Едно не ми се допадна, ме осуди само заради тоа што реков дека и припаѓам на некоја партија.Зар не започнува нашата несвесност овде? Тоа е најболно кај нас, уште од почеток се поделуваме заради некои однапред и од страна наметнати (ке ѓи наречам) правила. (ако сме од спротивните табори значи не функционираме заедно, па дури и се мразиме и соработка не доаѓа во предвид ни под разно).
Кога ваква организација би била формирана, мајка ти, баба ти и вујко ти ако не пропагираат нечија политика,би биле почесни членови :smir:.
Нема табори синко, нема спротиставени страни. Во една од “страните“ биди, и веќе си промашил.

Политичка партија треба да пропагира идеологија и заради тоа би требало да бидеш понаклонет кон некоја таква. Но, кај нас има само групации на луѓе, без став на групациско ниво. И како да се приклониш кон тие луѓе кои не ја ни знаат својата идеологија под која се потпишани, а камо ли да ја протежираат. По ѓаволите, до пред извесно време на либералите им беше претседател Стојан Андов. Човек од 70 години е либерал. :pos:

Во политика се влегува исклучиво за профит, никогаш за идеја или кауза.
 
...
Во политика се влегува исклучиво за профит, никогаш за идеја или кауза.

јас мислам дека така е и во светот, не само кај нас, можеби не до таа мера како кај нас ама не многу далеку

единствени кои можеби влегуваат за идеја или кауза се "зелените", не мислам зелени у мозок, него green
но додека се млади, после и тие се извитоперуваат

еве го јошка фишер беше од зелените, некогаш hard-core, па стана министер за надворешни работи и вице-канцелар на СРГ и даде ЗЕЛЕНО светло за "воздушната кампања" на нато врз србија (иначе еуфемизам за бомбардирање, инаку зошто во "воздушна кампања" би имало колатерални цивилни жртви)
а да биде уште поапсурно, тогашниот генерален секретар на нато, солана, бил еден од предводниците или барем учесниците во протестите против стапувањето на неговата земја шпанија во нато и автор на памфлетот "50 причини да му се каже не на нато".
ете до кај догурал човекот со идеја и кауза кога бил млад

а за нашиве зелени, кои мислам и ги нема, значи за нашиве еколошки нво-а и граѓански здруженија, нема тука кауза, тука има можност за добивање финансии (бидејќи темите се многу тренди) и нивна (зло)употреба, а идеја има, а таа е ова ми е: почетно скалило за стартување на политичка кариера итн.
нормално и меѓу нив има исклучоци
 
Кога Македонија ќе стане земја каде што нема да има невработени, гладни и лица без покрив на главата тогаш ќе можеме да зборуваме за граѓанска свесност, а вака ништо не правиме. Луѓето веќе се револтирани од фактот дека треба да се определиш за политичка партија за да успееш, при што на наредна смена на власта предвиден ти е и одмор во затвор.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom