Одлична тема. Најубави и најискрени ставови кажани досега. Се прави пресек на собитијта во РМ. И, морам да кажам ... дел од ставовите се посилни и поиздржани од многуте мислења на нашите “ угледни“ аналитичари и колумнисти. Без зрнце на патетичност Кајгана, дефинитвно, се промовира како место каде се концентира македонскиот ум а ,воедно, и место каде се проектира целата шаренилка различност на гледањето на македонската кауза... за минатото, сегашноста и иднината.
Целата конфузија во Македонија задните 18 години , симболизирана со терминот “ македонска транзиција“ е условена од нерасчистување во РМ со бившиот систем. Во Македонија, фактички, не се случија револуционерни промени кои би го обележиле промена на системот. 1990 год. ВМРО беше слабо и политички неопитно. А, тоа беше време кога тие промени требаа да се направат. Костурот на претходниот систем остана, а пребоените комунисти ...со нова иконографија и политичка терминологија останаа на власт. Се направи историскиот грабеж наречен од нив приватизација. Службите останаа недирнати. Гледајки го Инсајдер ( на Б92 во 6 продолженија) се дознава која е силата на службите( ОЗНА, УДБА, ДБК и како се не се викаа). Во Македонија , затоа, и не се направи лустрација. Затоа, кодошите останаа заштитени. Гласот на Јордан Петровски, Јасна Котевска и др. останаа како глас во пустина. Ниедна досегашна влада не се позанимва со овој, за мене круцијален проблем. И се мислам ...дали , воошто, овие две спротиставени партии не се водени од еден центар.