"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа година,50 години од Скопската катастрофа
ДА 50 ГОДИНИ ОД 26 јули 1963 година
а тогаш јас веќе знаев да читам и да пишувам, и да...да...
да, одам до кино „Бамби“ или градска плажа,
да, летам цуцулиги и да играм Челик во Еврејското маало,
да, тепам гуштери по ѕидините на Кале
да, ловам ракови во жбуновите под Официрски,
да, везден трчам по летки што ги фрлаа двокрилците,
да, крадам галаби од таваните на фак. во Ново маало,
да, со чатал и им ги кинам хулахопките на жените, кој
да, поминуваа покрај паркчето кај бившата ЦК,
да, се ѕверам од под Камениот мост,по женските газови,
да, возам точак под рам за што сум јадел жешки шамари,
да, одам по сладолед и лимонада во чаршија кај Пеливан,
да, а тогаш таа беше наша - Македонска еснафска чаршија
да, веам знаменца на Паради со црвена марама на вратот,
да, фрлам цвеќенца по патот кај што ќе помине Маршалот,
да, на Мала станица од мостот им мочам на возевите,
да, а од густата пареа тоа други не можеа да го видат
да, во Пајко маало и Крњево ги гледам тепачките,
да, на Маалските фраери,а ние копиљи ги чувавме палтата,
да, тоа беа најчесто со Маџирмалци поради некоја женска,
да, качен напред на татковиот точак се возам до Сарај,
да, на Водно се искачам и до Шесте чешми, а...
да, и ако заврне се криевме во големиот шуплив Костен,
да, веќе 50 години не сум го видел овој Костен,
да, веќе 50 години не веам знаменца за Паради
да, веќе 50 годни не мочам од мостот кај Мала станица
да,веќе 50 години не ги гледам Маалските тепачки,
............... да......
сега некој други знаменца се веат,со разни бои и величини,
сега моча кој кај ќе стигне,и врз што ќе стигне и без страв,
сега некој други тепачки се на сцена - не Скопски....
уште полошо ..не Маалски..туку национални....
еј мое предземјотресно Скопје каде си,каде се изгуби..
еј Македонијо каде си тргнала вака, по кој пат ли одиш...
да...веќе 50 години не те гледам... не те осеќам
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Еј Кајганаџии, ете јас од каде сум...................од П.М. што ќе рече Лангелина
Чесен збор,ете кој ќе погоди од која планина сум симнат,ќе добие подарок,Книга за Скопје.

Да беше граѓанин, како што не си, немаше да имаш потреба од толкаво докажување. Мене ич не ми е гајле од каде си. Мене ми пречи твоето инсистирање на некаква екслузивност, во однос на дојденците. И како што кажав: да си некоја ааристократија, па да разберам. Не си.
Да заклучам: тебе ти фали Скопје кога било паланка, касаба. Затоа ти кажувам дека ти си многу поголем провинцијалец од сите нас.

И каква врска имаат овие твои написи со темата?
 
Се сеќавате ли на старите трговски дуќани-продавници-ресторани-бутки-трафики и слично
а кои повеќе ги нема во вашето место од разни причини,пренаммена или рушење. Јас можам да пишувам само за тие стари дуќани од мојот град, кои и веќе не постојат близу 100 % од тие што ги паметам.На некои од поново време а сега ги нема и вие се можеби сеќавате. На пример нај-познатата улица во градов Македонија некогаш беше чевларска а сега е со локали и кафичи.
За Громби,Југопластика,Кармин,Герас Цунев,Фонтана,Ловец,Самоисхрана,Хигиена,Европа,Борово,
кои беа места и за закажување или места на „друштвата“ за искачање-стоење на корзо, останаа во сеќавањата на генерацијата родени после „рата“.
--------------------------------
Рибарницата во Еврејското маало.
Веднаш штом ќе го поминете Камениот мост од левата страна беше распослано Еврејското маало па се до ѕидините на Калето и до старото сајмиште.Со Пајко мало го делеше главната улица која погоре се делеше во два крака,едниот одеше право кон касарните а другиот во Старата чаршија.
Над црквата Св.Димитрија од лева страна се одвојуваше друга улица со стара калдрма која навлегуваше во средината на маалото.И сега мал дел од оваа улица постои,а до скоро или се уште и со истата калдрма.На самото ќоше,би се рекло и како да е просторија од самата црква,бидеиќи се под ист покрив,од кога јас паметам,значи пред земјотресот се наоѓаше ( и сега е некаков дуќан)
еден дуќан во кои се влегуваше со 2-3 скалила надолу па така доаѓа под нивото на улицата.Дуќанот од секогаш бил за текстил,штофови и волница. Бидеиќи излогот беше цел нареден со некакви кошули и блузи и свашта внатре беше доста темно,подот беше со темен патос.
Кога ќе завртите од ова ќоше на црквата Св.Димитрија во лево по неколку чекори беше дуќанот,ние си го викавме во тие 60-ите години „гранапот- е тука секојдневно си пазарувавме после земјотресот, затоа што тој остана единствен дуќан за леб во оваа маало(фурните се срушија и најблиската беше во Топаана пред Француските гробишта).Овој гранап беше снабден со се а во тоа време масло за готвење „зејтин“ се точеше пд едно метално буре-шише си носиш од дома.
До овој дуќан-Гранапот,беше Рибарницата. Дали е чудно или не (рибарницата)-просторот и сега постои на истото место и е долго време некаков мал локал-како ќебапчилница.Овој комплекс не е срушен секако поради тоа што е заедно-залепен до црквата,инаку целото Еврејско маало многу брзо потоа целото се срушу поради познати причини.Карши Рибарницата беше паркот пред зградата на бившиот ЦК на СКМ ние си ја викавме цека.Една голема и убава зграда.
Се сеќава ли некои на оваа Рибарница во центарот на градот. Да ова беше баш големиот центар на градот,сите патишта водеа покрај црквата,од старата Ж.С. па низ чаршијата и до пазарот.
Ние деца од оваа Еврејско маало често сме виселе пред оваа Рибарница. Еве и зошто.
Често тука знаева да донесат(1960-65 г.) и продавачите да ги обесат на чингели,закачени веднаш под олуците(висината е и сега иста а можеби и олуците)прави правцати Сомови.Големи Сомови.
Од каде ли ги носеа незнам.Ниту како ги ловеле. Ама се сеќавам дека така висеа закачени и ние се ѕверевме ви нивните големи глави и усти море и мустаки. Сигурно биле околу два метри и тешки над сто кгр. И луѓето купуваа. Се сечеше како големи кременадли. Дали дека ние бевме мали па тие ми изгледаа пак големи незнам,ама беа колку вратата на Рибарницата.
Веќе 50 години не сум видел вакви сомови по нашите рибарници, А вие.

Текстот го постирам (и посветувам на)во чест на ценетиот член на наша Кајгана - Мис Параноиа (требаше латиница-извинете)
Najvazno od se e toa sto Cifliganec ubavo te *osisal*. Site novodojdeni gi precekuvaat so siroko otvoreni race (i gepovi), samo nek se trosat stanovite so 100% zarabotka.
:icon_lol:
 
Да беше граѓанин, како што не си, немаше да имаш потреба од толкаво докажување. Мене ич не ми е гајле од каде си. Мене ми пречи твоето инсистирање на некаква екслузивност, во однос на дојденците. И како што кажав: да си некоја ааристократија, па да разберам. Не си.
Да заклучам: тебе ти фали Скопје кога било паланка, касаба. Затоа ти кажувам дека ти си многу поголем провинцијалец од сите нас.

И каква врска имаат овие твои написи со темата?
Убаво било пред 80-90 години, меѓу војните, град во процут, со забави со голи танчарки, јавни куќи, нудистички плажи на Вардар итн...и многу видни луѓе и боеми престојувале во градот :D
 
Нешто станче до кај 100еура во градско подрачје се наоѓа или јок?
 
Прва камера, првo средно школо на македонски јазик, прв професионален театар, прва ПП служба
11048777_854233171278708_7099926005678808944_n.jpg

И им донесоа едно теле од страна и се можно растури за 2 мандати.
Мислење, дали е ок и дали е законски дозволено градоначалник да е роден или по потекло од друг град или општина (како Талески на Битола, Петрески и Бакрачески на Охрид и Пенов порано на Скопје)?
 
Нешто станче до кај 100еура во градско подрачје се наоѓа или јок?
Пред влада или пред собрание во "Жена Парк" можеш привремено да се сместиш со шатор и никој да не те пипне, може и да напредуваш во иднина ;)
 
Прва камера, првo средно школо на македонски јазик, прв професионален театар, прва ПП служба
11048777_854233171278708_7099926005678808944_n.jpg

И им донесоа едно теле од страна и се можно растури за 2 мандати.
Мислење, дали е ок и дали е законски дозволено градоначалник да е роден или по потекло од друг град или општина (како Талески на Битола, Петрески и Бакрачески на Охрид и Пенов порано на Скопје)?
Дозволено е ако има постојано живеалиште во општината во која се избира.
 
Uste li be edni na drugi oci ke si vadime .... sto e bitno koj od kade dosol i kako se deklarira .... bitno e kolku pridonesuva tamu kade sto e .... ako sakaat site neka dojdat vo skopje slobodno .... i tie sto ziveat vo skopje od pred ne znam kolku godini ne se nesto podobri od drugite sto dosle i obratno .... batalete gi ovie glupavi sporedbi i podelbi[DOUBLEPOST=1432743429][/DOUBLEPOST]Poglednete gi samo onie telinja vo satori pred vlada,sobranie i kade i da se poslani na drugo mesto ....
 
Pa Zatoa Skopje Stana Grad od Skoro 1 Milion Ziteli sekoj saka ovde da dojde na rabota na podobar zivot i drugo
 
Се е ова убаво, но Скопје не треба да се гледа во ист кош како и другите градови. Во Скопје има се (за наши услови), а во многу други градови ни кино нема. Некој ќе рече „Зошто не отворат локалните власти?“. Затоа што немаат пари и нема да е рентабилно. Зошто само во Скопје има покриени базени, спортски објекти од високо ниво, итн, итн.... И јас живеам во Скопје, иако имам подруг(и) спортски фаворити од Вардар, Работнички... И сосема е нормално. Ако во „провинцијата“ имаше повеќе, немаше да се селиме.
 
Picture 2230.jpg
Чивлигот расчистува терен на овој начин за Новите скопјани, ај да го видам во Данска нека иде вака да исече некое дрво или да искорне некоја коприва или трн,отиде во ќорка 3 години и 43 месеци.
 
Picture 2229.jpg
сечи Чивлиг[DOUBLEPOST=1440106499][/DOUBLEPOST]Picture 2228.jpg
сечи Чивлиг здрави дрва
прави зграда да се качам
да си видам што е живот
доста беше тоа пусто село.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom