"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Темава е доказ колку народот во Македонија нема попаметна работа и има слободно време колку сакаш, за да размислува на вакви глупави теми и да си го мери курот :icon_lol:
Да имаш за што да размислуваш во текот на денот, секој ден, не верувам дека на памет ќе ти паднат некакви провинцијалци што дошле таму каде што им е среќата.
Get a life, сериозно.
Не е проблем да се има став за нештото, проблемот е толку жустро да се бориш за една работа која е искрено толку беззначајна.
Дошле луѓе да бараат работа таму каде што ја има. Голем кур, што ви е гајле? Стварно имате време толку да се замарате и да размислувате за, кој каде дошол и зошто?
 
Реално, ова е една од најмизерните работи кои сум ги прочитала на форумов.
И не можеш да тропнеш после вакво срање од пост - ништо лично.
Се надевам нема да треба некој од твоја женска страна со месеци да седи сама во болница за да може да роди дете.
Апсолутно ништо лично.
Знаев дека ќе вратиш. Тоа беше кажано само во контекст на муабетот. Слободно продолжи со плачење ;)
 
Имам заприметено на темава, а и општо дека баш тие „оригинални" Скопјани имаат константна потреба од докажување дека се Скопјани.
 
Коментар кај Стојанче Ангелов, веста беше нешто за Јанкулоска парадата низ Аеродром итн. и ова излезе:
Tamu kade što se doselija "vistinskite aerodromci" pred trieset godini bea mocurista i nivi. Nie starite aerodromci tamu berevme carevka i kradevme zelki kako deca. Jas ne bi se gordeel deka sum "aerodromec" kako mnogumina bidejki Aerodrom stana provincija. Vo Aerodrom ke gi cues site dijalekti osven skopskiot.

Аеродром станал провинција поради дијалектите, не дека старите аеродромци краделе зелка и царевка :icon_lol:
 
чудни работи ќе прочиташ во темава, сега ја читав...
кога се отвори само првата страна ја видов и се откажав,не отварав тука и сум ја заборавил дури.
Сељак-не е назив од каде си,туку особина, на пример ова денешнева случка,смрди корне лифтот на мочкоини,кучешки.
Сите четири ќошиња се со траги од домашни миленици, а тие душички цел ден дома и не можат да издржад до надвор,а и миризот го привлекува,каде да дигнат нога(како на бандажите на кола или некое дрво) та тука во лифтот.
Тој ова што го дозволил,тој што ја држи врвцата е тој е СЕЉАК, па макар и бил од дедо Ное по потекло од Скопје.
- а да и тој што ја остава кесата со ѓубре на паркинг позади колата или во влезов и тој е СЕЉАК иако е 102% од Ск. по М и Т.
А Игор,беше мој комшија од Еврејско маало,значи тој е скопјаниште оти има име, а оној што чисти чевли на мостон не е тоа.
А татко Аце, да го видите сега дали би го ставиле во граѓанин, со 5-ре, имавме некој муабет баш на оваа тема.
---------------------
Зачи по Лангелина - теорија, граѓани или скопјани се само учените лица а не и оние со непотполно основно или неписмени.
---------------------
Пајко Маало - (сакам и за ова маало да напишам нешто повеќе,таму учев зошто во нашето немаше О.У.)
Сотир Ставридис....роден 1904 во Скопје,хирург-уролог,дипломирал во Грац,имаше со чичко му во Пајко маало,санаториум.Основач на хирушката клиника во Скопје.
Александар Ставридис...син на Сотир,......хирург-уролог,екс-директор на клиниката за урологија во Скопје, сега во Хумана.
Сотир А. Ставридис........внук на Сотир,......хирург-уролог, доктор на клиниката за урологија во Скопје.
Дали е ова доволно,дали овие лица ќе ги пишеме за скопјани или не. Лангелина вели ДА, тие се Скопјани.
-----------------------
Еврејско Маало - Улица Дрењак-2 ( Сакам да пишувам за рибарницата во оваа мало,Ставро го бара тоа)
Мино Димески..роден во 1894 Скопје..општ работник во гратската управа,неписмен.
Павле Димески.................1920 Скопје..... чувар-пожарникар во железница, завршува вечерно О.О. во Работнички дом 1970г.
Анчо Димески..................1955 Скопје..... завршува во ЕМУЗУС-Коце Металец 1972 год. Кв бравар, сега член на Кајгана.
Дали е ова доволно,дали овие лица ќе ги пишеме за скопјани или не. Лангелина вели НЕ, тие се од П.М.)
----------------------
Алал да вие како ги цените луѓето. Значи и оној од Велес,не е од Велес оти е грчар.т.с.само учените луѓе се од Велес.
( ЕМУЗУС - електро машински училишен центар за ученици во стаопанството.) К.М, - народен херој на Македонија.
 
@kano

Да не го цитирам целиот пост. Македонија НЕ Е нормална држава. Ние од феудализам скокнавме у социјализам, т.е. не ставија таму, ние самите како народ сме како брод без кормило, каде ќе не однесе ветерот, таму пловиме.
Пет века турско, па српско, па бугарско, па СФРЈ, па ѓоамити независност... Ништо од тоа не е наш избор, сЕ ни е наметнато, т.е е одлука на големите сили.

Читав пред некое време книга од една шведска писателка. Книгата обработува тема која се случува на почетокот на дваесетттиот век. Се споменуваат поделби на леви десни, синдикати, слугинката оди во нешто као денешен завод за вработување да се пожали на работните услови и бара да и најдат подобра работа. Тоа што го има у Шведска во 1900 година, ние ќе го немамаме уште 50 години.
Да, декларативно имаме завод за вработување кој не слуши за ниошто, имаме синдикати кои не служат за ништо, тепани жени кои нема каде да се пожалат, министер од 26 години. Ние сме смешка за западниот свет.

Кога ќе станеме нормална земја во која ќе се знае кој пие а кој плаќа, тогаш може да правиме муабет за исплатливоста да се биде политичар

@Anco

Ти посветив премногу внимание. Цитирај што не ти е јасно во моите постови, па че ти објаснам.
Јас знам што е тоа што ти го нарекуваш сељак, мене пак подраг ми е зборот копук, кој опфаќа и граѓани од твојот вид.
Твоите постови се полни со говор на омраза кон луѓето од провинција и ти си за мене копук. Како што ти сметаш дека е сељачки некој да го моча кучето у лифт, така за мене е сељачки у 21. век да се замараш со потеклото на твоите сограѓани.

Наместо да сликаш згради и истурени пиперки, сликај ги нечовечките услови во кои ти живее детето и испрати ги до социјалните служби, побарај помош и поддршка од невладини организации. Ако не заради некој друг, тогаш заради тригодишното детенце.

Александар Ставридис - ептен македонско презиме, нема што. Човекот веројатно е дојден од егејска Македонија.
 
@kano

Да не го цитирам целиот пост. Македонија НЕ Е нормална држава. Ние од феудализам скокнавме у социјализам, т.е. не ставија таму, ние самите како народ сме како брод без кормило, каде ќе не однесе ветерот, таму пловиме.
Пет века турско, па српско, па бугарско, па СФРЈ, па ѓоамити независност... Ништо од тоа не е наш избор, сЕ ни е наметнато, т.е е одлука на големите сили.

Читав пред некое време книга од една шведска писателка. Книгата обработува тема која се случува на почетокот на дваесетттиот век. Се споменуваат поделби на леви десни, синдикати, слугинката оди во нешто као денешен завод за вработување да се пожали на работните услови и бара да и најдат подобра работа. Тоа што го има у Шведска во 1900 година, ние ќе го немамаме уште 50 години.
Да, декларативно имаме завод за вработување кој не слуши за ниошто, имаме синдикати кои не служат за ништо, тепани жени кои нема каде да се пожалат, министер од 26 години. Ние сме смешка за западниот свет.

Кога ќе станеме нормална земја во која ќе се знае кој пие а кој плаќа, тогаш може да правиме муабет за исплатливоста да се биде политичар



Се тоа е во ред и не прави некоја разлика бар кога е темата во прашање. Значи и племенски заедници да дискутираме, просто е. Кога некој емигрира за било каква причина има два избора. Да се адаптира и вклопи во новата средина или да игнорира се и да си продолжи како што живеел предходно. Јас сум за првата опција. Таа опција носи напредок, и за поединецот, и за градот и за државата. Тие што обично ја избираат втората опција тоа го прават или од инат или дека се неспособни. За дел од неспособните имам разбирање (пример постари луѓе) ама другиве и инаетчиите едноставно не ги сакам, со нив нема напредок.

Поентава со политичарите беше друга, дека бројчано доминираат политичари од провинција практично од памтивек а секогаш Скопје преднечел пред другите места во денешна Македонија. Ако се водиме од тоа дека политичарите го кројат буџетот тогаш не гледам како скопјани се криви за лошата состојба и нерамномерниот развој на Македонија. Редовно не обвинувате демек ради Скопје не се инвестира на други места а тие што одлучуваат за тоа се од тие други места.

Исплатливоста да се биде ЧЕСЕН политичар е секаде иста. Во нормални земји е дури и понеисплатливо. Таму тие топ 200 души заработуваат милјони и сигурно нема да се замараат за некоја ситна плата. Обама на пример има 400 000 годишна плата додека просечна плата на CEO e над 10 милјони, со тоа што Антони Патрело (Nabors Industry) лани бил платен 68,2 мил долари. Кај се тука газдите, бонуси итн итн...
 
чудни работи ќе прочиташ во темава, сега ја читав...
кога се отвори само првата страна ја видов и се откажав,не отварав тука и сум ја заборавил дури.
Сељак-не е назив од каде си,туку особина, на пример ова денешнева случка,смрди корне лифтот на мочкоини,кучешки.
Сите четири ќошиња се со траги од домашни миленици, а тие душички цел ден дома и не можат да издржад до надвор,а и миризот го привлекува,каде да дигнат нога(како на бандажите на кола или некое дрво) та тука во лифтот.
Тој ова што го дозволил,тој што ја држи врвцата е тој е СЕЉАК, па макар и бил од дедо Ное по потекло од Скопје.
- а да и тој што ја остава кесата со ѓубре на паркинг позади колата или во влезов и тој е СЕЉАК иако е 102% од Ск. по М и Т.
А Игор,беше мој комшија од Еврејско маало,значи тој е скопјаниште оти има име, а оној што чисти чевли на мостон не е тоа.
А татко Аце, да го видите сега дали би го ставиле во граѓанин, со 5-ре, имавме некој муабет баш на оваа тема.
---------------------
Зачи по Лангелина - теорија, граѓани или скопјани се само учените лица а не и оние со непотполно основно или неписмени.
---------------------
Пајко Маало - (сакам и за ова маало да напишам нешто повеќе,таму учев зошто во нашето немаше О.У.)
Сотир Ставридис....роден 1904 во Скопје,хирург-уролог,дипломирал во Грац,имаше со чичко му во Пајко маало,санаториум.Основач на хирушката клиника во Скопје.
Александар Ставридис...син на Сотир,......хирург-уролог,екс-директор на клиниката за урологија во Скопје, сега во Хумана.
Сотир А. Ставридис........внук на Сотир,......хирург-уролог, доктор на клиниката за урологија во Скопје.
Дали е ова доволно,дали овие лица ќе ги пишеме за скопјани или не. Лангелина вели ДА, тие се Скопјани.
-----------------------
Еврејско Маало - Улица Дрењак-2 ( Сакам да пишувам за рибарницата во оваа мало,Ставро го бара тоа)
Мино Димески..роден во 1894 Скопје..општ работник во гратската управа,неписмен.
Павле Димески.................1920 Скопје..... чувар-пожарникар во железница, завршува вечерно О.О. во Работнички дом 1970г.
Анчо Димески..................1955 Скопје..... завршува во ЕМУЗУС-Коце Металец 1972 год. Кв бравар, сега член на Кајгана.
Дали е ова доволно,дали овие лица ќе ги пишеме за скопјани или не. Лангелина вели НЕ, тие се од П.М.)
----------------------
Алал да вие како ги цените луѓето. Значи и оној од Велес,не е од Велес оти е грчар.т.с.само учените луѓе се од Велес.
( ЕМУЗУС - електро машински училишен центар за ученици во стаопанството.) К.М, - народен херој на Македонија.

Еј абе хахаха, та дињата шо ја клецкаш е попаметна од тебе.
 
Од темава научивме дека Античките Скопјани не прават и не јадат ајвар. Правењето ајвар било сељачка и провинцијалска работа. Они се елита и јадат само кавијар. Кавијар со лајна. Епа се извињавам за тоа што сум само втора генерација Скопјанец и не јадам лајна, само ајвар јадам.
 
Оваа година,50 години од Скопската катастрофа
ДА 50 ГОДИНИ ОД 26 јули 1963 година
а тогаш јас веќе знаев да читам и да пишувам, и да...да...
да, одам до кино „Бамби“ или градска плажа,
да, летам цуцулиги и да играм Челик во Еврејското маало,
да, тепам гуштери по ѕидините на Кале
да, ловам ракови во жбуновите под Официрски,
да, везден трчам по летки што ги фрлаа двокрилците,
да, крадам галаби од таваните на фак. во Ново маало,
да, со чатал и им ги кинам хулахопките на жените, кој
да, поминуваа покрај паркчето кај бившата ЦК,
да, се ѕверам од под Камениот мост,по женските газови,
да, возам точак под рам за што сум јадел жешки шамари,
да, одам по сладолед и лимонада во чаршија кај Пеливан,
да, а тогаш таа беше наша - Македонска еснафска чаршија
да, веам знаменца на Паради со црвена марама на вратот,
да, фрлам цвеќенца по патот кај што ќе помине Маршалот,
да, на Мала станица од мостот им мочам на возевите,
да, а од густата пареа тоа други не можеа да го видат
да, во Пајко маало и Крњево ги гледам тепачките,
да, на Маалските фраери,а ние копиљи ги чувавме палтата,
да, тоа беа најчесто со Маџирмалци поради некоја женска,
да, качен напред на татковиот точак се возам до Сарај,
да, на Водно се искачам и до Шесте чешми, а...
да, и ако заврне се криевме во големиот шуплив Костен,
да, веќе 50 години не сум го видел овој Костен,
да, веќе 50 години не веам знаменца за Паради
да, веќе 50 годни не мочам од мостот кај Мала станица
да,веќе 50 години не ги гледам Маалските тепачки,
............... да......
сега некој други знаменца се веат,со разни бои и величини,
сега моча кој кај ќе стигне,и врз што ќе стигне и без страв,
сега некој други тепачки се на сцена - не Скопски....
уште полошо ..не Маалски..туку национални....
еј мое предземјотресно Скопје каде си,каде се изгуби..
еј Македонијо каде си тргнала вака, по кој пат ли одиш...
да...веќе 50 години не те гледам... не те осеќам
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Еј Кајганаџии, ете јас од каде сум...................од П.М. што ќе рече Лангелина
Чесен збор,ете кој ќе погоди од која планина сум симнат,ќе добие подарок,Книга за Скопје.
 
Се сеќавате ли на старите трговски дуќани-продавници-ресторани-бутки-трафики и слично
а кои повеќе ги нема во вашето место од разни причини,пренаммена или рушење. Јас можам да пишувам само за тие стари дуќани од мојот град, кои и веќе не постојат близу 100 % од тие што ги паметам.На некои од поново време а сега ги нема и вие се можеби сеќавате. На пример нај-познатата улица во градов Македонија некогаш беше чевларска а сега е со локали и кафичи.
За Громби,Југопластика,Кармин,Герас Цунев,Фонтана,Ловец,Самоисхрана,Хигиена,Европа,Борово,
кои беа места и за закажување или места на „друштвата“ за искачање-стоење на корзо, останаа во сеќавањата на генерацијата родени после „рата“.
--------------------------------
Рибарницата во Еврејското маало.
Веднаш штом ќе го поминете Камениот мост од левата страна беше распослано Еврејското маало па се до ѕидините на Калето и до старото сајмиште.Со Пајко мало го делеше главната улица која погоре се делеше во два крака,едниот одеше право кон касарните а другиот во Старата чаршија.
Над црквата Св.Димитрија од лева страна се одвојуваше друга улица со стара калдрма која навлегуваше во средината на маалото.И сега мал дел од оваа улица постои,а до скоро или се уште и со истата калдрма.На самото ќоше,би се рекло и како да е просторија од самата црква,бидеиќи се под ист покрив,од кога јас паметам,значи пред земјотресот се наоѓаше ( и сега е некаков дуќан)
еден дуќан во кои се влегуваше со 2-3 скалила надолу па така доаѓа под нивото на улицата.Дуќанот од секогаш бил за текстил,штофови и волница. Бидеиќи излогот беше цел нареден со некакви кошули и блузи и свашта внатре беше доста темно,подот беше со темен патос.
Кога ќе завртите од ова ќоше на црквата Св.Димитрија во лево по неколку чекори беше дуќанот,ние си го викавме во тие 60-ите години „гранапот- е тука секојдневно си пазарувавме после земјотресот, затоа што тој остана единствен дуќан за леб во оваа маало(фурните се срушија и најблиската беше во Топаана пред Француските гробишта).Овој гранап беше снабден со се а во тоа време масло за готвење „зејтин“ се точеше пд едно метално буре-шише си носиш од дома.
До овој дуќан-Гранапот,беше Рибарницата. Дали е чудно или не (рибарницата)-просторот и сега постои на истото место и е долго време некаков мал локал-како ќебапчилница.Овој комплекс не е срушен секако поради тоа што е заедно-залепен до црквата,инаку целото Еврејско маало многу брзо потоа целото се срушу поради познати причини.Карши Рибарницата беше паркот пред зградата на бившиот ЦК на СКМ ние си ја викавме цека.Една голема и убава зграда.
Се сеќава ли некои на оваа Рибарница во центарот на градот. Да ова беше баш големиот центар на градот,сите патишта водеа покрај црквата,од старата Ж.С. па низ чаршијата и до пазарот.
Ние деца од оваа Еврејско маало често сме виселе пред оваа Рибарница. Еве и зошто.
Често тука знаева да донесат(1960-65 г.) и продавачите да ги обесат на чингели,закачени веднаш под олуците(висината е и сега иста а можеби и олуците)прави правцати Сомови.Големи Сомови.
Од каде ли ги носеа незнам.Ниту како ги ловеле. Ама се сеќавам дека така висеа закачени и ние се ѕверевме ви нивните големи глави и усти море и мустаки. Сигурно биле околу два метри и тешки над сто кгр. И луѓето купуваа. Се сечеше како големи кременадли. Дали дека ние бевме мали па тие ми изгледаа пак големи незнам,ама беа колку вратата на Рибарницата.
Веќе 50 години не сум видел вакви сомови по нашите рибарници, А вие.
Човеку, жив напор си:facepalm:
Текстот го постирам (и посветувам на)во чест на ценетиот член на наша Кајгана - Мис Параноиа (требаше латиница-извинете)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom