Говорете македонски!

Која е разликата помеѓу ,,понатаму" и ,,понатака"? И дали воопшто и постои разлика? :)
 
Пливање, ватерполо и останатите се спортови на вода, или водни спортови? Водени спортови ќе да е мокри спортови, или...?
 
Не, лошо се изразив. Немам дилема со спортови на вода. Туку водни спортови, или водени спортови. Или, очигледно ниту едно?
 
Дел од најчестите правописни грешки кои ги сретнувам на форумов:
Превзема>Презема
Взаемно>Заемно
Завзема>Зазема

(да ја живнеме темата, де)
без в
http://lektormk.blogspot.mk/2011/03/blog-post_28.html
3. ПРЕВЗЕМА > ПРЕЗЕМА

Вметнувањето на гласот/буквата в таму каде што не ѝ е место, не носи никаква корист. Ако глаголот е зема, а префиксот е пре, логичниот резултат е презема.Насилното вметнување на в, се должи повторно на влијание на српскиот/хрватскиот јазик, т.е. на нивното преузети (но таму глаголот е узети), кое кај нас се „помакедончува“ со тоа што У>В. Но, секое у не се претвора во в, аако мислеше дека тоа е правило, тогаш си во голема заблуда.


Пример:

Се преземаат мерки за итно санирање на дефектот.
 
Минатата недела на факултет пишувавме некои есеи. Денес професорот ја коментираше содржината, но и правописот/лексиката.

Една студентка напишала ...не е дозволиво (дозволено) себе си да сѝ...

За професорот ова беше нов момент во македонскиот јазик, иновација. :pos:
 
Последно уредено:
Минатата недела на факултет пишувавме некои есеи. Денес професорот ја коментираше содржината, но и правописот/лексиката.

Една студентка напишала ...не е дозволиво (дозволено) себе си да сѝ...

За професорот ова беше нов момент во мак. јазикот, иновација. :pos:
Во кое стаклено ѕвоно живее твојот професор? :D
 
Си ги замислив студентите како се кикотат на граматички грешки. NERDS! Се шалам...шегувам!
 
Па ако му е тоа чудно, очигледно не слушнал многу од „неологизмите“, кованиците и изразите кои ги употребуваат секојдневно во градов и државава.
 
Па ако му е тоа чудно, очигледно не слушнал многу од „неологизмите“, кованиците и изразите кои ги употребуваат секојдневно во градов и државава.
Професорот е претседател на Здружението на лектори, сигурен сум дека слушнал и прочитал многу „неологизми“ и кованици. :D
Да биде трагедијата поголема, студентот/студентката што го напишал/а тоа е трета година на македонски јазик и јужнослов. јазици...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom