Понатаму е правилно, а понатака е скопски дијалект.Која е разликата помеѓу ,,понатаму" и ,,понатака"? И дали воопшто и постои разлика?![]()
Спортови на вода.Пливање, ватерполо и останатите се спортови на вода, или водни спортови? Водени спортови ќе да е мокри спортови, или...?
Вoдни спoртoви.Не, лошо се изразив. Немам дилема со спортови на вода. Туку водни спортови, или водени спортови. Или, очигледно ниту едно?
без вДел од најчестите правописни грешки кои ги сретнувам на форумов:
Превзема>Презема
Взаемно>Заемно
Завзема>Зазема
(да ја живнеме темата, де)
Да, знам за овој блог. Штета што не е активен.
Во кое стаклено ѕвоно живее твојот професор?Минатата недела на факултет пишувавме некои есеи. Денес професорот ја коментираше содржината, но и правописот/лексиката.
Една студентка напишала ...не е дозволиво (дозволено) себе си да сѝ...
За професорот ова беше нов момент во мак. јазикот, иновација.![]()
Зш?Во кое стаклено ѕвоно живее твојот професор?![]()
Па ако му е тоа чудно, очигледно не слушнал многу од „неологизмите“, кованиците и изразите кои ги употребуваат секојдневно во градов и државава.
Професорот е претседател на Здружението на лектори, сигурен сум дека слушнал и прочитал многу „неологизми“ и кованици.Па ако му е тоа чудно, очигледно не слушнал многу од „неологизмите“, кованиците и изразите кои ги употребуваат секојдневно во градов и државава.