Господе чувај ме од пријателите ...

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш нема да знаеш додека не се изгориш, затоа и се трудам да не верувам никому, или бар не онака потполно, затоа што се нашле и такви кои се покажале на крајот какви се всушност , дека не биле она што јас сум мислела дека се.. :pipi:
 
Господе чувај ме од непријатели, а пријатели што повеќе тоа подобро, иако некои од нив можат и да ми згрешат сепак таа болка не е толку многу страшна колку што болка можи да ми нанеси непријател.
 
Господе чувај ме од непријатели, а пријатели што повеќе тоа подобро, иако некои од нив можат и да ми згрешат сепак таа болка не е толку многу страшна колку што болка можи да ми нанеси непријател.

Еиии, баш е обратно...непријателите појќе ти значет од пријателите?Оние шо си имал доверба во нив и сеа се да фатет да раскажвет по сите или шо било, помалу би те повредиле од оние шо ги мразиш и не ти е воглавном гајле за нив и не знает ништо за тебе?

Иначе мое мислење на темава е дек ак глеаме така цел живот во пазење ќе поминиме и на крај пак некој од негде морат да не заебит.Мораш на некого да се искажиш.Ај сеа јас ак не да седнам дома и сама да си зборвам или само на мама и пред другаркиве да не зборвам нешо приватно или шо било зш ќе го злоупотребет...требит да си помалу резервиран ама сепак...
 
Болката секогаш е од тие што ни значат нешто , тоа е нормално но ако ни се пријатели мора да ги прифатиме такви какви што се, ако сакаме со нив да се дружиме. Не ретко ни се има случено да повредиме некој кој ни е близок а при тоа да не сме имале лоши намери . Да го негуваме пријателството тоа е нешто највредно.
 
Навистина боли кога ќе те изневери пријател... се согласувам со повеќетоод вас.
 
Мислам дека најлошо е да се прекине пријателската врска со некој кој до вчера ги знаел нашите тајни.
Може на било каков начин да ги искористи..... најчесто на лош и подмолен начин.
 
Мислам дека најлошо е да се прекине пријателската врска со некој кој до вчера ги знаел нашите тајни.
Може на било каков начин да ги искористи..... најчесто на лош и подмолен начин.
Затоа чеда мои,внимавајте со кого се дружите и на кого ги кажувате вашите тајни. :star:
 
Ако пријател те зае*е, тогаш вината барајте ја во вас самите. Едноставно сте пуштиле некој туку така во вашиот живот и после Х време, нож у леџа. Да, типот/ката, можда ќе ја бие лоша репутација ако и спрема други е таков/ва, но тоа е далеку од ваша утеха и мелем на раната. Мене до сега ниту еден пријател ме нема зае*ано на никој начин, знам дека сите ми пружат искрена пријателска љубов иии секој еден од нив би ставил рака во оган за мене, а и јас за нив.

Кога бев мал, ме учеа вака : Роднините не можеш да ги бираш, но пријателите можеш. За последиците, сам си си' одговорен ! :star:
 
Господе чувај ме од пријателите ... а од непријателот и самиот се чувам!

За жал така е никогаш не знаеш кога пријателот непријатно ќе те изненади, односно ќе ти го забие ножот во грб а поготово кога оди толку ниско и злоупотребува нечија приватност. Во ваква ситуација сум била, чувството е многу непријатно, се чувствуваш како будала, никгоаш не сум се одмаздила иако сум помислувала и да ми се пружи прилика мислам дека не, едноставно не можам.

Денес благодарение на ваквите искуства со пријатели сум таинствена и површна во другарувањата но и директна.
 
Господе, чувај ме од пријателите, и од непријателите, а највеќе чувај ме од самата себе, оти ја како шо знам да завфркнам нешто, никој неможе.
 
мислам дека има некој одреден фонд на феил ситуации со другарите или пријателите како сакате, по кој после човек отрпнува, јас на пример имам само двајца пријатели и не им верувам којзнае што, едноставно не се покажале доволно стабилни за да можам 100% да се потпрам на нив, од друга страна, ако јас не сум способен 100% да се потпрам на себе кој ми е крив што не можам на пријателите?
ботом лајн, знаете зошто е волкот дебел во вратот?
 
Јас имам 2-ца , ВИСТИНСКИ пријатели што знаеме многу работи од варања до заебанции и намештаљки на кривици и едноставно никогаш до сега веќе 6 години не сме ги употребиле против себе иако сме имале караници,и сме си биле лути, никогаш од тие "тајни договори и знаења" не сме ги употребиле против нас за да се докрајчиме.Сме седеле и сме планирале како и каде на 50 години ке играме шах и такви глупости и многу имаме преживеано заедно,едноставно неможе туку така да се отфрли нешто толку солидно изградено.Сите други пријатели ,ми се само пријатели на исто рамниште :) .Горниот нека чува и од пријатели и од непријатели колку може толку,за другите ке ги дотолчам јас ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom