Понекогаш пријателите не се оние личности кои се претставуваат,но понекогаш пријателите се оние личности кои се претставуваат но ние нивната слика не сакаме да ја измениме и секогаш ги бараме погрешните нешта,во погрешно време,кај погрешна личност. Во градот кај и да се иде,ќе видиш секакви пријатели,од пријатели кои тераат сеир еден со друг,до пријатели кои повеќе ја сакаат сериозноста. Но,блискоста помеѓу пријателите цело време,секој ден,секоја минута и секоја секунда опаѓа. Се сеќавам на времињата кога имав полно другари,и не се грижев дали ако кажам нешто што на некој не би му се допаднало ќе го дознае таа личност,бидејќи сите бевме отворени и сакавме да придонесуваме кон нашите другарства поправајќи ги работите кои не ги сакаме помеѓу нас,додека сега ако нешто кажеш на еден пријател,нова верзија на приказната излегува,оди кон друг пријател,а третиот пријател веќе има добиено филм со секакви погрдни зборови за него. Не велам дека ова е секогаш начинот на кој тие пријатели подоцна сакаат да ни се одмаздат ама во голем број случаи причината е лицемерството помеѓу човечките суштества,преку чија особина која можеби ја имале некои мои другари сум загубил неколку од нив. Друга причина би можела да биде довербата. Понекогаш довербата помеѓу пријателите иде до толкаво ниво,што еднаш кога бев на пешачење кон една планина,едно момче изгуби мобилен,јас не знаев за тоа,бидејќи идев со мојата генерација,а тој беше 3 години помал. И наеднаш ги слушам од мојава генерација како зборуваат кај кој ќе бил мобилниот,па да смениле маска,па да направиле ова,па да направиле она,не можев да издржам,другари се,ама од една страна не сакам такви другари,од друга страна,они се тие кои треба да се изменат за да бидеме пријатели(мислам,јас сум крив што ги издадов дека крадат?),но повторно,тука доаѓа одмаздољубивоста и кога најмалце ќе ти треба ќе ти забодат уште еден нож у срце/грб. Изгубеното пријателство боли повеќе од љубовта,бидејќи љубов ќе најдеш и друга,ама вистински пријатели у животот ќе сретнеш малку,ама работата е што со самото доаѓање до вакви ситуации како оваа што ја спомнав,дотичната личност ја отфрлам од листата на вистински пријатели,бидејќи ако јас мислам дека он нешто згрешил или обратно,треба да ја бара грешката он у себе,а јас у мене,а не да иде одмазда,бидејќи ако дојде тоа,ножот ќе боли некое време,но кога ќе помине,тој другар нема да биде ништо освен уште една пречка на која за несреќа сум се сопнал. Животот продолжуе понатаму,не мислам да го трошам времето со нешто поради кое може повторно да зажалам. Има и друга поговорка: Волкот влакното го мени,но карактерот не. Не верувам баш во тоа,но во секоја лага има по нешто вистина,па затоа втора шанса поретко давам,и поретко ја очекувам :smir: