Ѓорѓи Иванов е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дали било кој од нас може да тврди и гарантира нешто за некој друг?
Јас неможам ниту си ја земам таа слобода.
Доколку подржуваш некој безусловно, а гледаме дека ти и уште дватроица давате безрезевна подршка на Иванов, би требало да ги знаеш/знаете неговите ставови во врска со најгорливото прашање во Македонија, т.е. дали ќе се спротистави на било каков обид за промена на името, или не ? Нема тука филозофија.
Да или не ?
Приметливо е дека по секоја цена се обидуваш да ставиш сомнеж на Иванов, и ја разбирам таа потреба.
Но неможам да ја прифатам наменската политика овде која се обидува да ги израмни позициите на останатите евентуални кандидати како оние од опозицијата би имале поголеми шанси да се промовираат.
Нема место за никаков сомнеж доколку тој јасно се произнесе околу ова проблематика.
Во однос на Иванов и неговите ставови и способности, ќе се повторам, кажи ми кој досегашен кандидат покажал поголемо знаење за историјата, кој досега излегол поспремен со тоа знаење и спремност да се спротивстави поткован со аргументи, кој друг досега искажал вакви политички ставови и дали овие ставови навистина ти асоцираат на пасивен и тивок човек кој ќе дозволи некој друг да му ја наметнува политиката?
Мене не ме интересира неговиот ставови од позиција на професор, туку од позиција на претседателски кандидат. Тежината на кажаното во едната и другата ситуација е неспоредлива.
Јас само се надевам дека Иванов нема да ја доживее судбината на Киро или Трајковски, со оглед на противниците кои ги привлекуваат неговите ставови.
Малку појасно околу ова ако може.
Значи, да заокружам. Настрана политиката на ВМРО и Груевски, да се обидеме да го дискутираме само Ѓорѓи Иванов како кандидат за Претседател.
Епа не може еднаш да велиш дека тој е креатор на владината политика околу името, а друг пат да го одалечиме од политиката на Груевски !?
 
Колку и да се мрштите и да го вреѓате тој е новиот претседател на Македонија, јбг Вмро го подржува.
 
e duri sega ke ja peeme crno ni bilo pisano.bravo makedon ubavo pisa ama ne ne razbiraat.konvencija morase da ima da se potsetime koi ni ja vodat drzavata koj ni gi stokmuva zakonite i koj si igra so makedonskite gladni gragani.vidovte li koj prv mu cestitase na ivanov jankulovska pa mijalkov i ostanatite KADRI i toa kako onie od k-15 KADRI KAZI KADRI. Sega uste fali da go izglasate vie maloletni vemerovci i da ja imate apsolutnata vlast. Ne go zalete tolku petrov pa on si znaese deka nema sansi,ama sigurno grujo ke go nagradi za vtoro mesto na top lista ,nesto slicno kako sehtanski sto go nagradi da ne go bara krivecot za 12 -te kidnapirani.Neznam koj go uci ova grujo pa izgleda na prv pogled mnogu pametno rabotel ha ha ha.
 
Доколку подржуваш некој безусловно, а гледаме дека ти и уште дватроица давате безрезевна подршка на Иванов, би требало да ги знаеш/знаете неговите ставови во врска со најгорливото прашање во Македонија, т.е. дали ќе се спротистави на било каков обид за промена на името, или не ?

Ако мислиш дека нема да се спротистави на промена на името, тогаш треба да си гласаш за него, пошто ти и твоите истомисленици одамна не се спротиставувате.

Проблемот е што ќе се спротистави а тоа е она што вам ви пречи.

Дури и ако попушти во ставовите, неговите ставови пак ќе бидат далеку по Македонски од оние на Грчковски, за кој не можам да дочекам и официјално да го предложат. После толку досадни избори, мислам дека сите во државава, без разлика за која опција се, заслужија таков сеир.
 
Дури и ако попушти во ставовите, неговите ставови пак ќе бидат далеку по Македонски од оние на Грчковски, за кој не можам да дочекам и официјално да го предложат. После толку досадни избори, мислам дека сите во државава, без разлика за која опција се, заслужија таков сеир.
Ај објасни ми, како тоа ако попушти, ќе попушти малку ?
 
Не знам дали дечково Иванов е добар говорник ...не сум го слушал а нити сум разговарал лично со него !
Се надевам дека барем е добар по душа , и “отракан“ да знае да извлече позитивни поени во дипломатските игри!

Иначе нема шарм и харизма со појавата дефинитивно,можит вода да му носит на Бране во тој сегмент !

АБЕ З`Ш Хуго Чавез не беше Македонец...
 
Ај објасни ми, како тоа ако попушти, ќе попушти малку ?

Кого цитираш сега, кај реков малку или многу? Дури и да отстапи во ставовите (ова хипотетички, за твој мерак), неговите ставови не можат да бидат како оние на Фрчкоски, кои се типично прогрчки. Згора на тоа, не верувам дека од негова уста некогаш ќе излезе било каква навреда кон својот народ, пак за разлика од овој другиот.

Тоа е тоа. Поентата ми беше многу јасна. Гледам дека си убеден дека Иванов ќе го смени ставот за името. Треба да си гласаш за него. Мене барем тоа логично ми изгледа...
 
Не знам дали дечково Иванов е добар говорник ...не сум го слушал а нити сум разговарал лично со него !
Се надевам дека барем е добар по душа , и “отракан“ да знае да извлече позитивни поени во дипломатските игри!

Иначе нема шарм и харизма со појавата дефинитивно,можит вода да му носит на Бране во тој сегмент !

АБЕ З`Ш Хуго Чавез не беше Македонец...
слушни го на 3 страна
 
Ја користам оваа прилика да му честитам на новиот ПРЕДСЕДАТЕЛ на Република Македонија Ѓорѓе Иванов,со надеж и молби кај Бога дека ќе ги застапува интересите на сите граѓани во Република Македонија,вклучително и на Македонците.
 
слушни го на 3 страна

фала сине...ќе ги изслушам/изгледам клиповите....и ќе го постирам моето мислење !
Секако неможат репер да бидат само овие клипови , меѓутоа како велат постарите -“човекот се познават по “омајата“ од прв поглед “
 
Кого цитираш сега, кај реков малку или многу? Дури и да отстапи во ставовите (ова хипотетички, за твој мерак), неговите ставови не можат да бидат како оние на Фрчкоски, кои се типично прогрчки. Згора на тоа, не верувам дека од негова уста некогаш ќе излезе било каква навреда кон својот народ, пак за разлика од овој другиот.
Во ред.
Кои се ставовите на Фрчко околу името ?
Тоа е тоа. Поентата ми беше многу јасна. Гледам дека си убеден дека Иванов ќе го смени ставот за името. Треба да си гласаш за него. Мене барем тоа логично ми изгледа...
Не сум јас убеден во ништо. Сакам само да чујам чист и без мимики став околу ова прашање.
А на ова прашање има само два одговора.
Да или не.
Нема малку менам многу менам :toe:
 
Во ред.
Кои се ставовите на Фрчко околу името ?

Ако се сеќавам добро, а се сеќавам, кога дојде оној предлогот Република Македонија напишано на кирилица, (што на англиски читано би се изговарало Република Македониџа), прв кој излезе на ТВ со воодушевување беше проф. Фрчко кој изјави: “ова е тоа!“, “подобар предлог нема да добиеме“, “прифатете го овој подарок“...

После тоа кога дојде она Северна Македонија пак проф. Фрчко се пењавеше со дружината на сите можни телевизии, трибини и форуми, дека ова е тоа и дека треба да се прифати. И дека подобар предлог се разбира нема да имаме.

Очигледно, ставот на проф. Фрчко е дека секој предлог е добар предлог и треба што побрзо да се прифати и еднаш веќе да се прекрстиме. Исто така, симптоматично е што тој е првиот што се јавува секогаш кога ќе стигне некој "прифатлив" предлог.

Толку за него. На крајот на краиштата, на сите им е познат неговиот лик и дело. Едвај чекам да го предложат :pos2:
 
Доколку подржуваш некој безусловно, а гледаме дека ти и уште дватроица давате безрезевна подршка на Иванов, би требало да ги знаеш/знаете неговите ставови во врска со најгорливото прашање во Македонија, т.е. дали ќе се спротистави на било каков обид за промена на името, или не ? Нема тука филозофија.
Да или не ?

А можеш да пробаш со некој понеискусен да се вртиш во круг? :)

Ставовите негови лични се на видеата.

... тој го застапува ставот за непопуштање во нешто што неможе да се попушти, бидејки нашето име е одраз на нашиот идентитет ... и често во последно време вели дека и да сакаме некаде да попуштиме ние само се залажуваме бидејки Грција е таа која не попушта ни за јота, така всушност ја злоупотребува позицијата која ја има во меѓународната заедница, НАТО и ЕУ ... За Грција е поразно да станеме членка на НАТО, бидејки тогаш ке и отпадне главниот аргумент за нејжиното противење во ЕУ интегрирањето на Македонија а тоа се добрососедските односи и територијални претензии ... бидејки Иванов вели во една трибина ако станеме членка на НАТО, тогаш како ке се правда Грција дека сме опасност по нејзината територија и интегритет

Кој е проблемот?

Врз основа на неговите ставови кои досега се соопштени јас му ја давам безрезервната поддршка!

За да биде појасно :)





Агонија на главниот актер на македонската транзиција - Црвенковски

Автор: Ѓорге Иванов


Зошто прифатив да учествувам на ваква трибина? Не можев да му одолеам на предизвикот да учествувам на трибина на која јавно ќе се зборува за системот на владеење на Бранко Црвенковски. Досега не знам дека имало ваква јавна трибина на која се разговарало отворено за тоа како владее главниот актер на македонската транзиција во овие речиси две децении.
Значи, што е она што навистина ни се случува нам во Македонија? Во Македонија се случува агонија на еден систем на владеење, кој е инсталиран од главниот креатор на македонската транзиција. Кога сте во агонија се прават последните обиди да се одржите во живот. Тие очајнички обиди тогаш се инстинкт на самоодржување. Тој инстинкт ве принудува да правите грешки, со тие грешки вие се разоткривате. Ова што сега ни се случува, едноставно е разоткривање на системот на владеење на Бранко Црвенковски. Јас уште пред 10 години неговиот систем на владеење го дефинирав како систем со тенденции на султанизам. Облик на лично владеење во кое вашата општествена хиерархија зависи од блискоста со лидерот, односно владетелот. Вашите економски, политички успеси се резултат на личниот однос со владетелот. Тоа е облик на создавање клиентализам во едно општество. Тоа е облик на владеење, кој беше доминантен кај Мечијар во Словачка, Мило Ѓукановиќ во Црна Гора, за Милошевиќ во Србија и на бранковизмот во Македонија.
Најдобра дефиниција даваат сите негови најблиски соработници што биле употребени или, да кажеме, злоупотребени и отфрлени. Ќе цитирам изјава од една серија „Што направивме да го заслужиме ова“ снимена во 2004 година, изјава на еден негов близок соработник Ѓунер Исмаил. Ѓунер таму вели: „Премиерот Црвенковски, во чии две влади седев, е еден исклучителен компилатор, во убава смисла на зборот, човек инсуфициентен со други знаења, меѓутоа човек што многу бргу учи, меѓутоа човек што нема никакви морални, политички или идеолошки стандарди на кои може да се потпре, или врз основа на кои може да направи некаква рамка во која може да се движи. Тој успеа од оваа земја да создаде, да менаџира и да биде секретар на една трајна коалиција, се плашам на криминалот, на расипани политичари, на идеолошки превртливци и на новинарски слуги. Тој е автор на таа композиција и ние од таа композиција с* уште тешко излегуваме и не сум сигурен дека ќе излеземе“.
Е, сега, зошто станува збор за агонија на тој систем? Агонија е затоа што потезите и неговото посегање по законот за помилување се укажување дека неговите инсталации во оваа држава веќе не функционираат или веќе не се во негова функција. Прво, тој секогаш ја користи Службата за државна безбедност вакви случаи да исчезнат. Тоа укажува дека нема веќе влијание врз СДБ. Вториот негов чекор, ако не го правеше тоа Службата, го правеше полицијата, која наоѓаше начини да се избришат сите негови вмешаности, основи за кривично дело. Значи нема веќе влијание ни врз полицијата. Трет негов чекор секогаш беше обвинителството, преку обвинителството знаеше да ги застари предметите, да ги разобличи и затоа неговиот личен избор, последниот обвинител што тој лично го избра Прчевски, велеше дека е последната будала што се нафатила да извршува туѓи интереси и налози. Последниот стадиум му беше судството. Судиите односно судијките на кои лично знаеше да им се јавува и да им диктира судски одлуки. Сега што му останува? Според она што го вели Ѓунер Исмаил, останаа новинарските слуги, расипаните политичари, криминалните структури и, би додал, уставната надлежност. И затоа посегна по Уставот. Тоа е доказ дека агонијата на тој систем веќе е на дело, тој не функционира. Тој жали сега, не жали, тој плаче некој да го повика на одговорност, бидејќи кога сте во агонија вие се соочувате со политичка смрт. Тој плаче некој да го повика на одговорност за да може, како животните кога се ранети, да покаже сила. Силата е компензација секогаш во такви ситуации за извесноста од исчезнување. Овие негови очајнички обиди, всушност, се желбата да биде прозван пред последната инстанца што ја контролира, Уставниот суд.
Затоа оваа трибина повеќе ми личи на еден парастос на еден иден политички мртовец или, пак, на лекарски конзилиум што се обидува на еден тешкоболен да му даде дијагноза.
За жал, не гледам тука некои од тие што се приврзаници, односно што се бранители на ликот и делото на Бранко Црвенковски, за да се соочиме со аргументи, меѓутоа тоа во некоја друга пригода. Свесен сум дека уште вечер ќе ги чујам сите тие бранители, кога ќе бидат многу силни, на блогераите кога анонимно ќе се јават да ги бранат ликот и делото на креаторот на ваквиот систем на владеење. Меѓутоа сум се навикнал на такви работи. Ако се толку храбри, нека излезат јавно и нека го изнесат својот став, како што тоа го правам јас денес.

Обраќање на професорот Ѓорге Иванов на трибина за владеењето на Бранко Црвенковски во организација на Право и правна држава

http://sezamakedonija.blog.com.mk/node/204926






Со “обете ручки“ за Иванов :vozbud:



Нема место за никаков сомнеж доколку тој јасно се произнесе околу ова проблематика.
Мене не ме интересира неговиот ставови од позиција на професор, туку од позиција на претседателски кандидат. Тежината на кажаното во едната и другата ситуација е неспоредлива.

Тоа погоре се неговите ставови, така?

Епа да во право си, сега овие негови ставови имаат многу поголема тежина и заради тоа ќе ги придобие гласовите.

Малку појасно околу ова ако може.

Што не ти е јасно?


Епа не може еднаш да велиш дека тој е креатор на владината политика околу името, а друг пат да го одалечиме од политиката на Груевски !?

Доколку така повеќе ти одговара да си ја поставуваш тезата, тогаш воопшто нема смисла да разговараме за кандидатите туку да отвориме тема “ВМРО вс. СДСМ“.

Дискутираме за Иванов, како политиколог, човек, професор, неговите ставови и изјави.

Бидејќи немаш аргументи да го оспориш Иванов, ја тераш топката на партиска критика.

Ќе ти го “илустрирам“ тоа кога ќе го знаеме и кандидатот на СДСМ, па ќе те ставам на “слатки“ маки.
 
Чоеков се гледат дека е почесен од сите досега испраксирани малверзатори!
Му честитам за изборот, му посакувам се најдобро во животот и ако ја добие подршката од народот му порачувам чесно и одговорно да ги брани “боите“ на Македонија!
Кога ќе се одлучам за кого ќе гласам на претстојните избори ,добро ќе размислам за овој човек бидејки ми изгледа доста спремен за дебатирање и правилно резонирање на нештата и настаните.
Единстввено не сум доволно убеден во неговите политички “манипулаторски“ способности (во позитивна смисла) т.е. дали добро би можел да менаџира политички и не дај боже воени кризи!!
 
Па одлично Bratot.
Тоа и сакав да го чујам.
Значи ти врз основа на претходните ставови изнесени на разни трибини од страна на Иванов, тврдиш дека ставот "нашето име е одраз на нашиот идентитет", во наредните 5 години нема да биде променет.
Всушност токму поради тоа и му ја даваш својата подршка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom