Читам,читам и се повеќе мислам дека луѓево мешаат поими.Гордоста не е исто со достоинство,гордоста не е исто со сатисфакција, и во никој случај не е задоволство.Гордоста е потценување,омаловажување,уште во римско си го знаеле тоа ...Superbia... Најлошиот од седумте смртни грева.Нема врска тоа со задоволството од постигнатото.
Не сум многу по филмовите ама кога веќе зборуваме за гордост морам да го спомнам ,,Адвокатот на ѓаволот,,.Одличен пример до каде гордоста може да те однесе,до пропаст,до самоуништување и масакар на најблиските.