Гордост..?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Многу луѓе кажуваат дека треба да бидеме горди на на тоа што сме македонци, на тоа што имаме своја држава, зборуваме свој јазик, имаме своја историја...т.е. треба да бидеме горди на тоа што сме присвоиле парче од планетата земја, сме му ставиле граници, и сме го убивале сите што се обиделе да „ни го земат“, па подоцна со александар македонски сме се здружиле и сме им го зеле парчето земја на други што го присволе тоа од планетата земја...сме убивале луѓе...како празници славиме денови кога некои луѓе биле убивани..учиме за војните од минатото...учиме за историјата и за сите лоши работи што ги направил човекот...треба да бидеме горди на тоа што имаме свој јазик, и треба да заборавиме дека целта на јазикот е со него да комуницираме со останати луже, и од тоа треба да следи дека сите треба да зборуваме ист јазик, а некој го направил јазикот како некакво богатство а некоја група луѓе...
Ова за мене изгледа глупаво, и неможам да бидам горд на тоа, туку, напротив, се страмам од тоа...

Јас сум горд на ова:
Јас имам свој идентитет, човек сум.
Имам свое место на живеење, која засега е планетата земја.
Имам ( имаме ) многу начини за комуникација и можеме да комуницираме без оглед на далечината.
Многу напредуваме во изучувањето на природата и ги искористуваме тие знаења.
Чекоревме по месечината.
Испративме нешта кои ние ги изработивме, надвор од нашата галаксија (го испративме voyager ).
Ќе го направиме најголемиот експеримент во историјата на човештвото со помош на LHC..
И уште милион слични работи...

Што мислите вие, на кои нешта треба да се гордееме, и зошто?
 
секако дека сум горд на многу работи....но сепак јас гордоста ја сметам за една од најлошите особини на човекот...почнувајки еве од мене....имам гордост но во многу ситуации посакував да ја немав
 
Каква што сега е, и јас ја сметам за лоша особина, но кога би биле горди на вистинските нешта, таа особина не би била лоша.
 
ама во денешни времиња човек е горд ако пуше или па ако скапал клупата у парко или ако претепал некое дете оти му било досадно или..... се на се луѓето се горди само на лоши работи од кој мислат дека пошто ѓи направиле ке станат по ``кул`` а за да бидат горди поради причините што ти ги спомна за жал премногу ретко... ( овоа за поновите ѓенерации важи )
 
Или/и се трудат да бидат горди на исти работи како и останатите луѓе за да бидат како нив...
 
То е само една глупава гордост,шо коа пак ќе умри човек.Према мене болје е човек да гледа Глобално а да мисли локално, а не само затворен зад една граница и да не се мрдне никаде ептен ќе биде заостанат.
 
treba da bides gord na sopstveni kvaliteti a ne sto si roden ko amerikanec ili skot, ama koj nema so sto drugo i na toa e gord sto nenamerno se rodil tamu ili vamu, a najglupo e da bides gordeliv bez dostoinstvo, takvite se gordeat so ona od sto mudrite bi se sramele ili bi propadnale vo zemja od sram, ama denes e vo moda se sto e ponizuvacko za covek koj drzi do sebe i svoeto dostoinstvo.
 
Tреба да имаш македонски фонт на компјутерот за подобри квалитети во постовите,а не ко некој да д`тка изгледа вака.Треба да стискаш повеќе аlt+shift....
 
Абе Шо да се гордеам за државата за то шо сум припадник на некоја нација за то шо напрајле политичарите и така натаму .....
Човек треба да се гордее со помали работи на пример нешо шо тој постигнал нешо шо направил со цел да си го подобри животот нешта шо ги постигнале пријателите и блиските да се гордее на нештата шо го радуваат на малите работи шо го прават среќен ....
Иако не чини многу многу гордости ... така расти егото... твоето "високо" мислење за самиот себе :toe:
 
treba da bides gord na sopstveni kvaliteti a ne sto si roden ko amerikanec ili skot, ama koj nema so sto drugo i na toa e gord sto nenamerno se rodil tamu ili vamu, a najglupo e da bides gordeliv bez dostoinstvo, takvite se gordeat so ona od sto mudrite bi se sramele ili bi propadnale vo zemja od sram, ama denes e vo moda se sto e ponizuvacko za covek koj drzi do sebe i svoeto dostoinstvo.

Од прв до последен збор се слагам.
Достоинствено горд на сопствени постигнувања, а не на наследени. Под наследени мислам освен на географската припадност и на оние кои припросто горделиво се размафтуваат со потеклото, со фамилијата, а самите немаат постигнато ниту еден успех во било која смисла. Вечито се шлепаат на слава на потекло и уште гордост и суета на тон.
 
Горда сум на она што сум и на она што се трудам да бидам..Секогаш кога ќе направам нешто корисно и добро пред се за другите се чувствувам горда на тоа..Токму таквата гордост треба сите да ја имаме,,а не да се гордееме затоа што сме го победиле послабиот,,или затоа што сме направиле нешто против законот и сл. И да,,точно е дека не можеме да бидеме горди на она што не сме го постигнале самите,,како на пр што спомнавте погоре,,на потеклото,,фамилијата..Многу ме иритираат такви луѓе кои се прославуваат на сметка на туѓ труд,,тоа е навистина мизерно..сепак,,гордоста е индивидуално чувство кое си го упатуваме самите на себеси поради некое добро направено дело..Се друго е само фалење...Но,,да,,постои и еден исклучок,,а тоа е да бидеме горди што сме Македонци..а тука има разлика..Во овој случај ние се гордееме со сознанието дека припаѓаме на овој народ,,иако можеби не сме заслужни за слободата која ја уживаме денес,,сепак можеби ќе бидеме заслужни утре,,а тоа е нешто што вреди и треба да се пренесува за да си го зачуваме она што ни е заедничко и што сите подеднакво го сакаме и имаме право на него-а тоа е секако нашата Македонија:pipi:
 
Многу луѓе кажуваат дека треба да бидеме горди на на тоа што сме македонци, на тоа што имаме своја држава, зборуваме свој јазик, имаме своја историја...т.е. треба да бидеме горди на тоа што сме присвоиле парче од планетата земја, сме му ставиле граници, и сме го убивале сите што се обиделе да „ни го земат“, па подоцна со александар македонски сме се здружиле и сме им го зеле парчето земја на други што го присволе тоа од планетата земја...сме убивале луѓе...како празници славиме денови кога некои луѓе биле убивани..учиме за војните од минатото...учиме за историјата и за сите лоши работи што ги направил човекот...треба да бидеме горди на тоа што имаме свој јазик, и треба да заборавиме дека целта на јазикот е со него да комуницираме со останати луже, и од тоа треба да следи дека сите треба да зборуваме ист јазик, а некој го направил јазикот како некакво богатство а некоја група луѓе...
Ова за мене изгледа глупаво, и неможам да бидам горд на тоа, туку, напротив, се страмам од тоа...

Јас сум горд на ова:
Јас имам свој идентитет, човек сум.
Имам свое место на живеење, која засега е планетата земја.
Имам ( имаме ) многу начини за комуникација и можеме да комуницираме без оглед на далечината.
Многу напредуваме во изучувањето на природата и ги искористуваме тие знаења.
Чекоревме по месечината.
Испративме нешта кои ние ги изработивме, надвор од нашата галаксија (го испративме voyager ).
Ќе го направиме најголемиот експеримент во историјата на човештвото со помош на LHC..
И уште милион слични работи...

Што мислите вие, на кои нешта треба да се гордееме, и зошто?

Јас највеќе се гордеам на својата самодоверба :))
тоа ми ја создава гордоста...
значи самодовербата и гордоста ми се до max.

А за Македонија види сеа вака...
Да е била подобро развиена и да имало подобри услови ќе си бил послободен и посреќен..
Ќе си имал поголемо и покомфорно и поубаво место на живеење итн..

Размисли на овај начин:
Ако не се бореме за Македонија да ја одбранеме... Како ќе им биде на твоите деца да живеат како малцинство како исфрленици... имајќи да живеат слободно со сите услови..
Не размислувај само за себе оти сеа живееш со мнозинството како Македонец ако не са се бориле за Македонија да ја одбранат нема да си бил истата личност која си сега, нема да си бил со истиот карактер..
Ќе си бил поисплашена личност која ќе се плаше да излезе надвор или да отиде на школо... нема да си слушнал за војаџер ни за LHC, дали воопшто ќе си се родил... Но наштите дедовци, како мене, мислиле на своите деца и внуци во какво општество ќе живеат и са се бориле за да живеат во послободно општество..

Не мисли само за себе мисли и за своите деца и внуци... Оти Вечноста на една личност не е во тоа никогаш да не умре... Вечноста е поколенито што го оставаш после тебе.. твите деца и внуци кој ја носат твојата DNK која што се усовршува со секоја генерација :)

:tapp:
 
Toчно е тоа дека мојата слобода и среќа донекаде зависи од околината во која што живеам ( и од развиеноста на македонија ), но таа зависност е многу мала, можеби незначителна. Мојата среќа и слобода најмногу зависи од мене.

Во врска со поубавото и покомфорно место...од релативноста на убавото ( и релативноста на „по“, со тоа се изкажува компарација ) и комфорното, т.е. тоа дали ќе мислам дека живеам убаво и конфорно не зависи најмногу од тоа како и каде живеам, туку тоа најмногу зависи од тоа како сакам да живеам, и дали живеам како што сакам да живеам, што значи дека врската на тоа со тоа што живеам во македонија, е многу мала.

За тоа што требаше да размислам на тој начин...
Како што кажав, нашата слобода најмногу зависи од нас, па после таа зависи од нашата околина, т.е. нашата слобода.
Слободен можеш да кажеш дека си кога полесно можеш да го добиеш она што го сакаш. Интелигенцијата ни помогнува во тоа. Со интелигенцијата, донесуваме одлуки врз база на околината, за да го добиеме она што го сакаме ( така направиле Никола Тесла, Алберт Ајнштајн... ), но кога нема да имаме доволно интелигенција за да го добиеме тоа што го сакаме, т.е. за да ги направиме одлуките врз база на околината за да го добиеме тоа што го сакаме, за да го добиеме тоа што го сакаме, ни останува а употребиме физичка сила, т.е. да ја измениме околината ( така направиле Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандандски, Александар Македонски, Адолф Хитлер.... ).
И сега, како јас би им ја дал слободата на моите внуци и слично? Со тоа што ќе направам тие да не мора да користат интелигенција за да го добијат тоа што го сакаат? Не би рекол, јас на моите внуци најмногу би им помогнал со тоа што не би им одмогнувал.
А тоа со вечноста на една личност, тоа е само..илузија, затоа што ниту личноста не постои, туку постои само материја која што трпи промени:).
Абе Шо да се гордеам за државата за то шо сум припадник на некоја нација за то шо напрајле политичарите и така натаму .....
Човек треба да се гордее со помали работи на пример нешо шо тој постигнал нешо шо направил со цел да си го подобри животот нешта шо ги постигнале пријателите и блиските да се гордее на нештата шо го радуваат на малите работи шо го прават среќен ....
Иако не чини многу многу гордости ... така расти егото... твоето "високо" мислење за самиот себе :toe:

Од прв до последен збор се слагам.
Достоинствено горд на сопствени постигнувања, а не на наследени. Под наследени мислам освен на географската припадност и на оние кои припросто горделиво се размафтуваат со потеклото, со фамилијата, а самите немаат постигнато ниту еден успех во било која смисла. Вечито се шлепаат на слава на потекло и уште гордост и суета на тон.
...т.е. горди треба да бидеме кога ќе го добиеме тоа што го сакаме?
Не, тогаш треба да бидеме среќни.
Мислам дека горди треба да бидеме кога ќе го добиеме тоа што го сакаме, но другите што го сакаат истото, да го немаат добиено..
Но, како што кажав, сеуште мислам во врска со ова...
 
Toчно е тоа дека мојата слобода и среќа донекаде зависи од околината во која што живеам ( и од развиеноста на македонија ), но таа зависност е многу мала, можеби незначителна. Мојата среќа и слобода најмногу зависи од мене.

Во врска со поубавото и покомфорно место...од релативноста на убавото ( и релативноста на „по“, со тоа се изкажува компарација ) и комфорното, т.е. тоа дали ќе мислам дека живеам убаво и конфорно не зависи најмногу од тоа како и каде живеам, туку тоа најмногу зависи од тоа како сакам да живеам, и дали живеам како што сакам да живеам, што значи дека врската на тоа со тоа што живеам во македонија, е многу мала.

За тоа што требаше да размислам на тој начин...
Како што кажав, нашата слобода најмногу зависи од нас, па после таа зависи од нашата околина, т.е. нашата слобода.
Слободен можеш да кажеш дека си кога полесно можеш да го добиеш она што го сакаш. Интелигенцијата ни помогнува во тоа. Со интелигенцијата, донесуваме одлуки врз база на околината, за да го добиеме она што го сакаме ( така направиле Никола Тесла, Алберт Ајнштајн... ), но кога нема да имаме доволно интелигенција за да го добиеме тоа што го сакаме, т.е. за да ги направиме одлуките врз база на околината за да го добиеме тоа што го сакаме, за да го добиеме тоа што го сакаме, ни останува а употребиме физичка сила, т.е. да ја измениме околината ( така направиле Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандандски, Александар Македонски, Адолф Хитлер.... ).
И сега, како јас би им ја дал слободата на моите внуци и слично? Со тоа што ќе направам тие да не мора да користат интелигенција за да го добијат тоа што го сакаат? Не би рекол, јас на моите внуци најмногу би им помогнал со тоа што не би им одмогнувал.
А тоа со вечноста на една личност, тоа е само..илузија, затоа што ниту личноста не постои, туку постои само материја која што трпи промени:).

...т.е. горди треба да бидеме кога ќе го добиеме тоа што го сакаме?
Не, тогаш треба да бидеме среќни.
Мислам дека горди треба да бидеме кога ќе го добиеме тоа што го сакаме, но другите што го сакаат истото, да го немаат добиено..
Но, како што кажав, сеуште мислам во врска со ова...

Ако не се биле тие револуционери или некој други.. некој од овие шо ми ги наброја нема ни да биле родени .. а ако биле родени нема да ги имале условите да го напраат тоа шо са го направиле.
Самите окупатори кој ќе им ја окупирале државата ќе ги потиснале на самио старт, или пак ќе ги искористиле истите работи за нивна корист... ако ме разбираш шо сакам да ти кажам..

Се се дешава со причина и се е предвреме предвидено :))
Највеќе треба да бидеме горди на сопствените работи и дела, а не на другите :))
 
Ако не се биле тие револуционери или некој други.. некој од овие шо ми ги наброја нема ни да биле родени .. а ако биле родени нема да ги имале условите да го напраат тоа шо са го направиле.
Самите окупатори кој ќе им ја окупирале државата ќе ги потиснале на самио старт, или пак ќе ги искористиле истите работи за нивна корист... ако ме разбираш шо сакам да ти кажам..
Се се
дешава со причина и се е предвреме предвидено :))
Највеќе треба да бидеме горди на сопствените работи и дела, а не на другите :) )
Неможеш да го знаеш тоа. Можеш само да го претпоставуваш. А за да го претпоставиш и да докажеш дека најголеми се шансите тоа да се случило, треба да кажеш зошто тоа би се случило, а не да го направиш тоа што го направи, т.е. не само од мнооооогуте "what if" да ja одбереш или да ја измислиш таа опција што тебе ти одговара. Ако и јас почнам да кажувам само "what if", без тоа да го објаснувам, тоа би немало крај.

Кон здебеленото, модерната физика не мисли така ( quark, поправиме ако грешам или порврдиме ако сум во право :) ).

A кон последната реченица, треба да бидеме горди на она што сакаме да бидеме горди, и да ги оставиме останатите да бидат горди на тоа што сакаат да бидат горди.
 
Back
На врв Bottom