Гордост..?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување
inspire8vw6.jpg
 
Гордоста ми е една од најглавните особини. Горда сум на многу работи: на тоа што сум Македонка т.е. на својот идентитет, на целите кои сум ги остварила во животот, горда сум на моите искрени пријатели, и уште на многу нешта. Но сепак понекогаш гордоста преминува и во тврдоглавост што е апсолутно лоша работа, ми се случува понекогаш и мене што не ми се допаѓа и се трудам да не одам до толкави крајности бидејќи гордоста е позитивното чувство а кога преминува во тврдоглавост тогаш гордоста станува полоша и од самата тврдоглавост. :tapp:
 
Читам,читам и се повеќе мислам дека луѓево мешаат поими.Гордоста не е исто со достоинство,гордоста не е исто со сатисфакција, и во никој случај не е задоволство.Гордоста е потценување,омаловажување,уште во римско си го знаеле тоа ...Superbia... Најлошиот од седумте смртни грева.Нема врска тоа со задоволството од постигнатото.
Не сум многу по филмовите ама кога веќе зборуваме за гордост морам да го спомнам ,,Адвокатот на ѓаволот,,.Одличен пример до каде гордоста може да те однесе,до пропаст,до самоуништување и масакар на најблиските.
 
Човекот - колку тоа гордо звучи... Или... Гордост - колку тоа човечки звучи?

Сфатете како сакате...:smir:
 
Back
На врв Bottom