Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
A20571CF75636446AE0B28F2C1410F82.jpg
Италијанскиот спортски канал во Струмица
"Интер ТВ"правеше репортажа за Пандев
Италијанскиот спортски канал "Интер ТВ" изминативе денови престојуваше во Струмица,во родниот град на Горан Пандев. Покрај репортажа за Градот под Царевите кули, гостите од Италија ги снимија и фудбалските терени во Струмица, од каде што нашиот најдобар фудбалер ги направи првите чекори на тајните на фудбалската игра. Ги снимаа и другарите на Пандев, а направија и репортажа во Турново, на фудбалскиот клуб Хоризонт Турново, каде неговиот брат Сашко настапува.
Италијанците во Струмица го проследија и мечот од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Интер. Првото полувреме од натпреварот го гледаа во домот на семејството Пандев, додека пласманот на Интер меѓу најдобрите осум клуба на стариот континент го прославија во кафулето на Горан Пандев "19".
 
Ако најде некој линк од ова кога ке излезе нака пушта ОДМА!:smir:
 
Луѓе, што велите за играта на Пандев вчера против ЦСКА Москва?

Јас мислам дека беше одличен и немаше среќа што не постигна гол. Имаше многу шанси и многу удари, но сè некако одбраната наоѓаше начин да му ги спречи ударите.

Повторно, Пандев покажува зошто е во првиот тим на Интер. :vozbud: :zver: :aplauz: :olee:
 
Дада солидна игра од горан пандев, сепак мислам требаше да реализира.
 
Дада солидна игра од горан пандев, сепак мислам требаше да реализира.
Се убаво направи само немаше среќа, т.е. од гол линија му ја извадија топката иначе начинот на кој го помина Акинфеев му беше ебење, штета не даде гол, ке идеше тој потег на највани шпици гарант. :)
Е сеа секунди беа у прашање, со оглед дека двајца играчи на ЦСКА отидоа да чуваат гол линија, Милито беше сам али во ваква ситуација 99% од играчите шутираат, така изреагира и Пандев и не му замерувам за истово.
Криво ми е што Снајдер не ги реализираше зицерите, во далеку подобра ситуација беше од оваа на Пандев.
 
Дада солидна игра од горан пандев, сепак мислам требаше да реализира.

Го закачи малку Акинфеев ако забележа на снимката, таман да го попречи... штета.
 
Мене ми е криво шо Милито не е толку тимски играч како Ето.....
 
Мене ми е криво шо Милито не е толку тимски играч како Ето.....

Очигледно и не го пратиш дотолку интер..Милито ако не е тимски играч не знам кој е:toe:
 
Го закачи малку Акинфеев ако забележа на снимката, таман да го попречи... штета.

Требаше да падне знаеме дека има и актерски способности.Акинфеев пушти рака да го соборува кога виде дека го помина но Пандев остана на нозе.Еве овде се гледа ако ви отвори
http://www.megavideo.com/?v=G11CD5YS
 
Некој слика од Пандев кога играше за Лацио кога го соблече дресот на блуза со Тоше Проевски ако може да најде некој ми треба.
 
Ах Цезар Цезар.Прво со Рома сеа со Фиорентина, слободно да си бараме голман а на онај клоците.Човекот титула не кошта со неговине грешки све да му ебам.А за Пандев немам коментар, КАМЕН Е ЧОВЕКОН.Ајде сеа да си чекаме Лацио да ја победи рома

Само едно ке кажам, Пандев дрвооооо !!!!! :tapp:

:tv:
 
Повторно струмичани ќе го бодрат Пандев
7374CCFE5990C941BE4D208FD7426F93.jpg
Горан Пандев повторно ќе добие поддршка од своите струмичани на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона, кој вечерва се игра во Милано. Една мала група негови сограѓани, меѓу кои и неговиот брат Сашко, во неделата попладне отпатуваа за Италија, а на уште 50-ина симпатизери на фудбалот не им беше оневозможено да се најдат на "Џузепе Меаца" зашто навреме не обезбедија влезници за натпреварот. Во овој мал навивачки карван, кој е опремен со македонски знамиња и со знамиња на Интер, ќе бидат и родителите на Пандев, Снежана и Ристо, како и мајката на неговата сопруга Надица.
- Горд сум што Горан од струмичките полјани израсна во вонсериски фудбалер и стигна своите фудбалски вештини да ги презентира на најпознатиот фудбалски храм во Италија, и тоа против екипа како Барселона, која, според мене, игра технички најдопадлив фудбал на светот - ни изјави пред поаѓањето бившиот тренер на Пандев Илија Матеничаров.

ps.имам некое претчуство дека вечарва ќе биде главен играч ба интер во победата против барса :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom