Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Е види поназад и пишав на братучетка ти Маца :)

Патем, ова ќе биде нешто како Враќањето на Џедајот, Империјата го враќа ударот, или што би рекол капетан Жан Лук Пикард од Стар Трек: to boldly go where no one has gone before...

што беше темата...? :pos2:

Јас го сакам најдоброто за Пандев. Така да мене не ми пречи што ќе игра во Интер. Битно ми е да игра. Така да мора ние градските ривали да рчкаме стари теми, ако се сложуваме за се не е интересно. Нели? :)

И Маца ми е сестра иначе :)
 
Ај па ако не му оди ќе го земете, ене го Марли, само прашува дали има некој играч да помогнеме :pos2:

(Јас пак морам да го р'чнам Марли, нашиот undercover фан :pos2:)
 
Бре бре,еден куп самопрогласени фудбалски експерти и претскажувачи на темава.Наместо да се радуваме сите оти Пандев конечно доби слобода во изборот,и да се надеваме оти ќе блеска и во својот нов клуб,а кој повеќе од веројатно е Интер,повеќето тука со црни прогнози за неговата фудбалска иднина.Штом Мурињо и раководството,беа толку загреани за него,пред и после судскиот раскин на договорот со Лацио,значи Пандев се вклопил во концепциите на Мурињо,односно неговиот профил на играч му бил потребен.
Друга работа,Пандев не е од вчера во Италија,тој е таму речиси цела негова фудбалска кариера и нема потреба ниту за посебна аклиматизација во новата фудбалска средина.Плус Пандев,сиве овие години акумилираше многу искуство и во репрезентацијата и во клубот,така што тој е веќе изграден играч,и на психолошки и на квалитативен план.Му преостанува овој период да поработи единствено на физички план,кој со оглед на отсуството веројатно
му е послаба страна.
На крај,јас сум оптимист за Пандев.Кога можел тој со Лацио да совладува голмани како Икер Касиљас,со репрезантацијата да го испрати Пујол на костозголбно:),сигурно го може тоа и со Интер.
Секако,времето ќе покаже дали ќе биде така.
 
[/B]

Баптиста не се носи во Интер ни под разно,попрво Кавани од Палермо ке се доведе него тоа говедо...е сеа Суазо ке си оди најверојатно,додека Арна сигурно ке си оди,па тука се Милито и Балотели,потоа Алибец од младински погон кој гори од желба да се докаже во првиот состав.

Болдот...ако целиш на Панчев,си се зезнал,срамота е дури да ги рамниш Пандев и Панчев...

добро вие си знаете, мене ми е сеедно...

не целам на Панчев знаеш на кого мислам, али ај ќе кажете друг е случајот со Пандев.

Oдиш по некои твои глупи и смешни претпоставки.

1. Прво, претпоставуваш дека ако Пандев не се покаже во Интер оваа полусезона веднаш ке биде пратен на позајмица, а и самиот си свесен за тежината на тој договор, што мислам дека ти е доволен показател дека такво нешто бар по оваа полусезона нема да се случи, а и наредната сезона, ако Пандев евентуално замине од Интер, тој тоа ке го направи перманентно, а не на позајмици како што рече ти погоре.

2. Тоа значи дека Ферги денес не смее да купува камерунци или бразилци зашто Џемба Џемба и Клеберсон беа тиња, или не смее да купува италијански голмани бидеќи со Таиби доживеа фијаско, нема везе што Милан добро стоел со холанѓани у тим, не смее да купува веќе холандски напаѓачи бидејќи Хунтелар сезонава им е промашен.
А и кога си кај Интер и напаѓачите, бар таму не утнувале, Креспо ( делумно ), Виери, Роналдо се покажале во Интер, Ибра да не зборам, Адри исто само самиот си ја сјеба кариерата, не е Интер виновен за тоа, така да и овој муабет тебе не ти држи вода, поготово не за докажани напаѓачи ко Пандев.

Интер ако некаде заебувале во трансфер политика тоа била средината, не нападот и не одбраната, средината. :wink:

дали тоа Пандев лично го има кажано?
па може и Интер ќе калкулира, да го прати на позајмица за да може перманентно да профитира... да не праиме сеа глупи муабети, јасно е, ако не ги покаже резултатите кој се бараат од него ќе треба пак да си бара клуб, а дали тоа ќе биде ова лето или следното зимо ќе видиме.

двајца не успеаа затоа кажав трета среќа

Баптиста да оди во Интер многу тешко тоа да се случи. Како друго, само во Интер не пропаѓале напаѓачи. Еве земи чист пример Баптиста во Рома...не успеа да се докаже најдобро, Хунтелар во Милан исто, Диего во Јуве исто срање...не мора да биде во Серија А тоа. Еве Бербатов во Манчестер покажува не толку впечатливи игри, а беше доведен како „бомбастично засилување“. Анри во Јуве не се снајде, а потоа лом правеше во Арсенал. Океј е и во Интер се случувало тоа, но кога доаѓале напаѓачи од други првенства и 1-ва сезона во Серија А им била во Интер. Пандев има искуство во Серија А, знае како да трепне во секој момент и знае што го очекува во нападот. Добро ја познава и добро му лежи лигата, па не гледам никаква пречка да се покаже најдобро во Интер. Единствено што ме плаши е Мурињо и никој друг. Пандев сега во Јануари треба да покаже дека му лежи Серија А, но ако добие шанса од Мурињо. Доколку Мурињо тактизира и чека да се врати Пандев најпрвин во форма ојде возот за докажување кога ќе се врати Ето.


па најпрво ќе треба да се утврди дали е способен за официјален меч па потоа и да влезе во некои комбинации...
 
Значи прво, ако веќе решил, му посакувам среќа во Интер и многу голови.
Иако сум фан на Интер во Италија можеби подобро за него ќе беше да оди во Милан, затоа што некако таму конкуренцијата е помала за во напад... Бориело слабо, Хунтелар на излезна врата, Инзаги на клупа постојано.... со Пато би биле добар тандем.
Во Интер.... има ОГРОМНА конкуренција за нападот... Ето, Милито, Балотели(зборувам за фомацијата која ја игра Мурињо) се сега пред него сигурно... како полушпиц или крило би можел да проба, има предиспозиции.... сепак ако меѓу нив успее да се докаже и да се наметне во прв тим... секоја чест:smir:
 
па најпрво ќе треба да се утврди дали е способен за официјален меч па потоа и да влезе во некои комбинации...

Ако Пандев не играше 6 месеци не значи дека беше надвор од тренинг процес. Тој тренираше континуирано, дури на емисијата со Филе кога беше во Струмица изјави дека сега тренира повеќе и од порано да ја задржи кондицијата. Не знам колку ја загубил формата, но за македонската репрезентација во изминатиот период добро се покажа. Не се сомневам во него, класа играч е иако е доста оспоруван меѓу нас и сигурен сум дека ќе се снајде одлично во новата средина.
 
па најпрво ќе треба да се утврди дали е способен за официјален меч па потоа и да влезе во некои комбинации...

Па може да оди а понекагаш знае и да трча, дури и да шутне топка :pos2:

Дали е способен... сега ме потсети кога Зоран Михајлов коментираше натпревар на Вардар, 15 години од освојување на титулата во СФРЈ (играа пензионерите), и Зоки вика:

„Еве го Бабунски, сеуште е подвижен...“ :pos:
 
Ако Пандев не играше 6 месеци не значи дека беше надвор од тренинг процес. Тој тренираше континуирано, дури на емисијата со Филе кога беше во Струмица изјави дека сега тренира повеќе и од порано да ја задржи кондицијата. Не знам колку ја загубил формата, но за македонската репрезентација во изминатиот период добро се покажа. Не се сомневам во него, класа играч е иако е доста оспоруван меѓу нас и сигурен сум дека ќе се снајде одлично во новата средина.

не знаеме тоа колку е спремен, физиотерапефтите треба да утврдат... дали тоа биле стандардни тренинзи или кога му текне доаѓал, вајда се исти работните часови и за резервниот тим.

Па може да оди а понекагаш знае и да трча, дури и да шутне топка :pos2:

Дали е способен... сега ме потсети кога Зоран Михајлов коментираше натпревар на Вардар, 15 години од освојување на титулата во СФРЈ (играа пензионерите), и Зоки вика:

„Еве го Бабунски, сеуште е подвижен...“ :pos:

ајде да почекаме па ондак ќе збориме важи :wink:
 
Ај па ако не му оди ќе го земете, ене го Марли, само прашува дали има некој играч да помогнеме :pos2:

(Јас пак морам да го р'чнам Марли, нашиот undercover фан :pos2:)


ЦЦЦ испревртант :nenene:
Ја не барав помош, само вас ви помагав, пошо ти пиша "Шо ќе праемо со ...."

:tv:
 
Ако Пандев не играше 6 месеци не значи дека беше надвор од тренинг процес. Тој тренираше континуирано, дури на емисијата со Филе кога беше во Струмица изјави дека сега тренира повеќе и од порано да ја задржи кондицијата. Не знам колку ја загубил формата, но за македонската репрезентација во изминатиот период добро се покажа. Не се сомневам во него, класа играч е иако е доста оспоруван меѓу нас и сигурен сум дека ќе се снајде одлично во новата средина.
А што очекуваше да каже...да му ебам мајката на Лотито што не ме пушта да играм неможам да тренирам туку си трчам секој ден сам и не сум у форма.
Нормално дека ке го изјави тоа.

Во 4-3-3 системот на Мурињо, или оној 4-2-3-1 кој го форсираше против Рубин и Аталанта има и те како место за Пандев, дури и прв избор може да биде со оглед на тоа што Балотели не се снаоѓа добро како крилен играч.

Кога ке видиш, од Интер, Милан и Јуве, kaj нероазурите има најмногу простор за игра, поготово у Јануари. :smir:
Со оглед дека ова му беа опциите, со оглед на тоа што доаѓа како слободен играч, каде и да отидеше немаше да има резервирано првотимски статус, или ако се лажеме во Милан и Јуве ке играше гарант прв тим. :toe:
Што знам не сум баш сигурен дека Мурињо ке ја игра таа тактита повеќе од 5-6 пати во сезоната. Таа му е ептен за итни случаи кога брка резултат.
Тоа и ми е муабетот Интер си пазарат играч од екстра класа за безп пари, без сериозни амбиции за да игра константно прв тим.

Боби4е не се ни трудам да ти реплицирам зашто ни самиот не си свесен што зборуваш.

Да не ме сфатите погрешно, да фан сум на Милан ама тоа нема никаква врска со моето мислење. Пандев ке направеше многу подобар потег да отидеше во Севиља, Лион, Астон Вила некоја таква екипа каде што ке биде прва виолина и главен играч.
Сепак има 26 години и е во период кога ке треба да се докаже дали е маж или пичка, дали е врвен играч или е Кристијано Лукарели тип.
 
Со среќа на Пандев, иако сум за Лацио, ќе кажам дека згрешија ептен.. Сепак, ќе му треба на Пандев и ептен среќа, затоа што кој си отишол од Лацио заглавил и не успеал...
 
1.дали тоа Пандев лично го има кажано?
па може и Интер ќе калкулира, да го прати на позајмица за да може перманентно да профитира... да не праиме сеа глупи муабети, јасно е, ако не ги покаже резултатите кој се бараат од него ќе треба пак да си бара клуб, а дали тоа ќе биде ова лето или следното зимо ќе видиме.


2.па најпрво ќе треба да се утврди дали е способен за официјален меч па потоа и да влезе во некои комбинации...
1. Од вчера ако пратиш фудбал ондак ок, да те разберев, али доволно е 2-3 години да следиш како одат работите со трансферите и договорите за да уочиш дека со ваков договор и клубот и играчот рачунаат на подолг извесен период, а не на некои евентуални позајмици и слични срања.
Еден Кварезма, кој беше донесен за огромна сума на пари е дел од тимот, а не па Пандев кој не исцица ни евро од трансфер буџетот за оваа сезона, мислам, 1000 показатели имаш на тоа дека планот и на Интер и на Пандев е долгорочен а упорно идеш со глава кроз ѕид и постираш некои работи без врска.

2. Реина и Пујол можат да ти одговорат на ова прашање, или цела одбрана на Катар. :wink:
Вакви смешни приказни читав и на нетов, не играл 4 месеци и прашање е во каква форма е сега, а упорно, УПОРНО, мижат пред 1000 примери каде играчи не само што не играле, него не ни тренирале поради тешки повреди кои ги тргнале од терените повеќе од 6 месеци па се враќале во топ форма.
За разлика од таквите, Пандев самиот рече дека има посебен тренинг режим ( значи активно тренира ), има посебен начин на исхрана и со килажата стоел дури и подобро отколку во оној период кога играл активно, така да чим еден Едуардо кој беше пред ампутирање на стапало заигра, чим Самуел минатата година се врати во топ форма, зашто со такви песимистички ставови за играч кој немал проблеми со повреда и тренирал оваа полусезона, само што немал натпревар во нозе за Лацио. :toe:
 
Со среќа на Пандев, иако сум за Лацио, ќе кажам дека згрешија ептен.. Сепак, ќе му треба на Пандев и ептен среќа, затоа што кој си отишол од Лацио заглавил и не успеал...

Па да ти кажем тешко е од мал клуб у голем кој идеш
:pos:
 
Кој е тој што си отишол од Лацио и заглавил и не успеал ? Неста, Недвед ? :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom