Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
А што мислиш сега ќе се потепаат да го земат за без пари а?
Нека неигра уште едно 2-3 месеци па ќе видиш како ќе биде

Одговорниот за трансфери во Интер, Марко Бранка веќе даде неколку интервјуа дека во Јануари ќе преговара со Лотито. Па сега ти види... Тоа ти е само една заинтересирана екипа. Во Јануари Лотито има избор: да го продаде за максимум 4-5 милиони или во Јуни да свирка. Било која екипа која има играчи за давање ќе може да понуди трампи, доплати итн...

Не се секирај ти за Пандев :)
 
A сега Лотито нема да заработи ни 15 милиони ни 5 милиони. Не знам колку е точно тоа дека Јуве, Интер се интересирале за него, ама не е ни важно тоа. Начинот на кој Лотито си поигрува со него не е воопшто хуман.

И Кристијано Роналдо беше во Јунајтед, клубот кој му даде шанса и стана тоа играчиште што е сега. Беше тоа што Пандев изминативе сезони беше во Лацио т.е прв играч на тимот. Сакаше уште порано да си замине од Јунајтед, но не дојде до тоа. Поради тоа Фергусон или некој од Глејзери требаше да го испрати Роналдо во 3-ет тим?

Сигурно би можел да замине во посилен тим од Лацио. Можеби не од рангот од Јуве ама нема тука ништо спорно. Сите во Европа ги знаат квалитетите на Пандев. И Овен имаше 2 тапа сезони во Њукасл, па ете заврши во Јунајтед.
Ауу брат го споредуваш Пандев со Кристијано :nesum:
Кристијано неможе да го купи Зенит или Вест Хем, него го бараше Реал Мадрид, искешираа ТЕШКИ милиони за него и си замина,му го накршија на Фергита не се секирај, да беше загреан Реал за Пандев и дадеше 30 милиони, претпоставка е дека Лотито ќе го дадеше око да не му трепне.
Ја не го поддржувам Лотито поради фактот што изиграва бизнисмен, сака да докаже дека може да се направи компетентен и лојален тим со мали вложувања и да се престане со калакурницава што се случува последниве години( огромни оштети, плати на фудбалерите до небо).
Пример за тоа е откажувањето на трансферот на Диего Лугано. Според написите, Лотито го откажал доаѓањето на Лугано поради што не му се допаднал неговиот карактер, бил многу алчен играл само за пари( па треба за лижавчиња да игра?) :tapp:
Од друга страна Нандо Муслера го бара Манчестер, Лотито излегува со изјава дека по ниедна цена не го дава и ќе му биде понуден договор со кој ќе зема највеќе во клубот, значи размислува долгорочно и во него гледа замена за Перуци...
За Пандев беше спремен нов и солиден договор, по сугестија на неговиот вонсериски менаџер истиот беше отфрлен барајќи повеќе пари и тука најверојатно се усрала работата.
Само една работа не ми е јасна, цело време Пандев изјавуваше дека кога ќе замине, ќе гледа клубот да добие оштетување, кој го натера одеднаш да го смени мислењето за да бара да си оди по секоја цена...
 
Како можеш да ја споредиш ситуацијата на Роналдо со онаа на Пандев. Гоки наш има договор уште една сезона, Роналдо со Јунајтед имаше уште 4 години. Јунајтед за Роналдо доби неверојатни 80 милиони фунти, 20 милиони повеќе од тоа што вредеше. За Пандев никој нема понудено ни 10 милиони евра.

Плус во Италија секогаш вака им се правело на играчите кои што се бунтуваат. Пандев ќе биде пример за останатите играчи од клубот дека не смеаа да се замерат со управата.

Лотито го здоболе курот дали од продажбата на Пандев ќе добие плус или минус 5 милиони евра.

Лотито сака да покаже власт, моќ и дека неговиот збор е последен. Убаво си кажа човекот уште на почетокот од летото или ќе замине под наши услови над 18 милиони евра или ќе дреме во втор тим.
 
Ги споредив Пандев со Кристијано, да. Ама не ги споредив како играчи, според нивниот квалитет, туку тоа кој каков поединец беше во тимот. Токму Горан Пандев, беше тоа што беше и Кристијано во Манчестер. Колку што имаше шпекуации за трансфер на Пандев во Баерн и Јуве за 25 милиони, имаше и за Роналдо од Реал за 80 до 100 милиони. Пандев јавно изрази желба да го напушти Лацио, но остана во Лацио и сега не е во првиот тим. Роналдо гледано сезони нанзад секогаш наоѓал време за изјава дека сака да игра во Реал Мадрид. Јунајтед требаше да го стави во резервниот тим поради тоа? Пандев имаше фантастични игри во Лацио измнативе 3 сезони, играчот број 1 на тимот. Интерес пројавија многу гиганти за него. Зашто во текот на тие три сезони Лотито не му понуди нов подобар договор? Сега увиде дека како и да е Пандев вгодина може да си замине без оштета, па за да заработи на него му нуди договор. Ако сакаше Пандев, можеше до 26-ти Јули да го активира членот 17 и ќе можеше сам да си го откупи договорот, но испадна лојален кон клубот за да заработи нешто од неговата продажба, а клубот му врати со ова. Редење во 3-ет состав. Но фудбалската јавност ширум Европа знае кој е Пандев и што може да направи Пандев.

Многу едноставна и иста е ситуацијата со Кристијано. Нема врска кој до кога имал договор, туку желбата да го напуштат клубот.

Па ако не го болеше ку*от на Лотито што не ги прифати другите помали понуди за Пандев како што се шпекуираа?

Лотито со тоа што покажува "власт" многу негативно ќе му се одрази на тимот, но доцна ќе биде за каење после. Пандев му беше последата надеж да заработи нешто од тимот. Нека биде среќен ако успее да продаде некој играч од Лацио за повеќе од 10 милиони евра.
 
Интерес пројави Реал, Барса, Баерн, Арсенал во тоа време кога беше во подем, јас се сеќавам на изјавата на Пандев, останувам во Лацио...
Изјавата на Лотито, Пандев нема да биде продаден по ниедна цена!
Одеднаш на нашиов му текнува дека сака да замине, во ситуација кога за Зарате се искеширани 20 милиони и токму тој станува главна звезда во тимот ...коинциденција?
Членот 17 го искористи Валон Бехрами поради големата желба да заигра за ''голем клуб'' по што го избра огромниот Вест Хем, а Пандев ако беше исто толку сигурен во своите намери дека ќе игра во ''голем клуб'' ќе си го откупеше договорот и ќе си заминеше...
Ама тоа не го направи од незнам кои причини, аматерски потег што сега него го чини клупа(да се надеваме дека нема да биде до Јануари :jaj:)
Само за споредба, Зарате е најскапо платениот фудбалер во Лацио, истиот зема 2 милиони по сезона, Пандев со стариот договор зема 450.000 годишно, Броки зема 1,2 милиони, Круз 1.8, а Коларов за некое чудо само 250.000, што значи дека НЕМА НИ ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ новиот договор на Пандев да биде испод 1.8 милиони, плус бонуси ќе биде над 2...
 
Зашто сака да си замине? Па како може на Зарате по една сезона да му понудат 2 милиони, а на Пандев по пет минати сезони уште да го стрижат со 450.000 евра. Зашто не си го откупи договорот? Затоа што сакаше и Лацио да заработи од неговиот трансфер, но ете, некој си тера инает, Пандев ќе си замине и вака и така и ќе заработува најмалце три пати повеќе од ова што го заработува сега.
 
Некогаш е добро да се признае грешката јас мислам дека Пандев треба да го стори тоа и да потпише нов договор со Лацио .. ако е без утакмица 8 месеци и будала како Галијани нема да го земе зашто е без пари !

Незнам едноставно неможам да му најдам место на Пандев во друг клуб! Лацио е одлична средина за него ... Единствено Баерн ама не верувам дека го сакаа ама и да го сакаат па преку к.. сите македонци у Германија се еден е у италија и мислам дека најдобро е да остане барем почесто ќе го следиме на тв!
 
А шо ке кажеш за Шпанија или Франција.......?????????:))))))))))))
 
Ако замине Пандев од Лацио, дефинитивно најпаметна варијанта би му била да замине во Шпанија, фудбалот ќе му лежи и тоа како, тим како Валенсија, Севиља, Атлетико Мадрид или евентуално Виљареал за него би биле идеална средина каде би се наиграл...
 
Да ама ниеден од овие тимови досега немал ниедна официјална понуда до Лацио за Пандев:toe:
 
Нов обид имал Лотито да потпише Пандев нов двегодишен договор, сето тоа било условено со настап на Пандев против Јуве :tapp: се разбира Пандев одбил...во јануари ќе го активира фамозноти 17 правило на ФИФА и за ич пари ќе си оди од Лацио
 
Поддршка за Пандев од Италијанските фудбалери

Горан Пандев ја доби поддршката од Италијанската Професионална Асоцијација на Фудбалери во обидот да се врати на теренот.

26-годишниот Македонец најави дека сака да си замине од Лацио, но не успеа да најде нов клуб.

Претседателот на Лацио Клаудио Лотито одби неколку клубови кои беа заинтересирани за Пандев, на тој начин што поставуваше превисока цена.

Откако јавно изјави дека сака само играчи кои се подготвени да загинат за тимот, му стави до знаење на тренерот Балардини да го изостави Пандев.

Поранешниот млад напаѓач на Интер сеуште нема заиграно сезонава. Извештаите велат дека Нероазурите ќе преговараат во јануари за него.

„Италијанската Аоцијација на Фудбалери сака да му искаже тотална поддршка и солидарност на Горан Пандев, кој добива третман кој е омаловажувачки и непрофесионален, од клубот за кој настапува.“

„Во пракса, Горан Пандев во текот на последниве неколку години покажа апсолутен респект и приврзаност за тимот, соиграчите и навивачите, придонесувајќи во бројни успеси на домашно ниво кои го вратија Лацио меѓу најдобрите Италијански екипи. “

„Денес тој е на маргините на првиот тим, исклучен, наводно поради технички причини, од екипата која треба да се натпреварува во Европа Лигата, и не е повикан за натпреварите од домашното првенство, иако не се спорни неговите квалитети кои ги демонстрирал многу пати“

Во изјавата се потсетува Лацио на обврските кои ги има кон Пандев, кој има договор уште една година.

Италијанската Професионална Асоцијација на Фудбалери ја заврши својата изјава посакувајќи му на Пандев брзо враќање на терените.

Линк.
 
А шо ке кажеш за Шпанија или Франција.......?????????:))))))))))))
ПАНДЕВ ќе си остани во италија барем уште една година до крајот на договорот со лацио за да земи италјанско држвјанство за да игра како домашен фудбалер од европска унија што значи и било која екипа надвор од италија не доаѓа во предвид сепак има време ќе видиме што ќе се случи со нашиот најдобар фудбалер:smir:
 
Некогаш е добро да се признае грешката јас мислам дека Пандев треба да го стори тоа и да потпише нов договор со Лацио .. ако е без утакмица 8 месеци и будала како Галијани нема да го земе зашто е без пари !

Незнам едноставно неможам да му најдам место на Пандев во друг клуб! Лацио е одлична средина за него ... Единствено Баерн ама не верувам дека го сакаа ама и да го сакаат па преку к.. сите македонци у Германија се еден е у италија и мислам дека најдобро е да остане барем почесто ќе го следиме на тв!
Зашто бе да останам во клуб од кој веќе сум заситен. Пандев сакаше да освои трофеј со Лацио, тоа го постигна и како фер играч сакаше да си замине а клубот да добие соодветна оштета. Никој глуп не плаќа 20.000.000 евра за играч кој наредното лето може да го добие за без пари. Не гледам дека Пандев има направено некоја грешка која треба да ја признае, грешката е кај Лотито, а тоа го потврдува и здружението на професионални фудбалери во Италија.
 
Пандев бара раскин на зелена маса

pandev32.jpg
Лацио и Лотито продолжуваат кон теророт против Горан Пандев и Ледезма. Двајцата фудбалери веќе подолго време се отстранети од првиот тим на римјаните. Тренираат посебно, без лекарски тим и без тренер. Сега клубот од "Олимпико" ја премина црвената линија и покрај тоа што минатата недела следеше реакцијата на здружението на професионалните фудбалери кои застана на страна на фудбалерите кои се неправедно "избришани" од клубот.

Веќе нема дилеми и се знае дека денеска Пандев и неговите агенти и адвокати ќе поднесат документација за раскин на договорот со Лацио со што фудбалерот без денар ќе си оди од Лацио.

Лотото и лани имаше слични проблеми со Мутарели кога ја загуби "војната" со фудбалерот. Сепак, тој процес траеше 3 месеци, а толку ќе трае и случајот со Пандев. Доколку с$ биде како што треба кон крајот на декември Пандев ќе треба да ја добие слободата од Лацио со што ќе може да го направи трансферот во Интер. Македонецот тргнува во судските лавиринти, а покрај италијанската федерација тој има право да го тужи Лацио и во органите на ФИФА, кои се ригорозни во случаите каде играчите се малтретирани и условувани од клубовите.

Ова има логика. Поради непочитување на договорот од страна на клубот и мобинг, сите факти се на страна на Горан.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom