- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Факт е дека Мозила има многу додатоци за разлика од Хром но Хром е нов и мислам дека во иднина ќе имаат многу подобрувања. Јас останувам на Мозила па да речам навика си е навика 

Google одлично напредува со развојот на интернет пребарувачот Chrome за Mac и Linux, а отсега ќе бидат достапни и првите верзии кои корисниците ќе можат да ги преземат и испробаат. Сепак, станува збор за првични и нестабилни верзии со developer preview статус. Овие верзии ни самиот Google не им ги препорачува на корисниците, освен на developer-ите и ентузијастите за тестирање. Верзиите имаат задача да соберат што е можно повеќе feedback информации и се уште не ја поседуваат целосната функционалност. Конкретно Flash plugin не е во функција, што оневозможува гледање на Flash содржини, како на пример клипови на YouTube. Исто така управувањето со Bookmarks и испишувањето статуси исто така не е имплементирано, како и опцијата за родителска заштита. Од Google наведуваат дека над 400 bug-ови допрва треба да се исправат. И покрај сите недостатоци, сепак станува збор за работни верзии кои имаат вграден auto update за автоматско преземање на нови верзии. Верзијата за Mac работи само на компјутери со Intel хардвер, додека Linux верзијата поддржува Debian и Ubuntu. Заинтересираните корисници можат да пронајдат повеќе детали и линкови за преземање на официјалниот сајт, додека останатите подобро да ја причекаат бета верзијата.