Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.

  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.
Мистик,тргни ги Marina_Oh,korun,Solid од анкетата.

Прочитавте ли,не е за луѓе со перманентно живеалиште со назнака Охрид :)

Друго,Јаху,математикиве ти се што да ти кажувам.
Како прво,претпоставуваш дека сите во Охрид издаваат станови,како второ утињаш нули,како трето,ако за тебе е мала бројката од 1,250,000 евра,тогаш навистина не се разбираш од туризам ...

Без разлика дали е 1% или 10% од целата сума,сепак милион евра не е цифра за занемарување.

Место да се секирате дали бојкотот ќе успее или не,треба да размислите зашто воопшто е покренат.
Доста со математики веќе,да беше уверен дека нема да успее,немаше да се замараш на темава :)
 
Повторно коректно. Крајно, и да е повисока за некој процент во сезоната (од за некого разбирливи причини, крајно реков) , јас сум за тоа да СИТЕ таксисти мора да залепат ценовници на вратите кои ќе важат за СИТЕ како и телефон за поплаки доколку некој не се придржува до цените или одбие да вози ради краткото растојание (?!). Ти зборував за примерот од Букурешт или не? Ако не, ќе го кажам, да не должам сега.
Ова е топ идеја. Општината треба да воведе таков пропис за таксистите за да се избегнат манипулациите.
 
За такси Скопје е полошо ако прајме муабет ....
земам такси од кај оние 3 убавици како ги викате зградине кај вардар за карпош и таксистов ми сврти муабет и примети дека не сум од Скопје и фино лепо ми заврте кај воена болница ме сврти еден хруг и ете стигнав карпош ........ за 100 денари
 
Ова е топ идеја. Општината треба да воведе таков пропис за таксистите за да се избегнат манипулациите.
Јас колку што се сеќавам лани имаше телефонска линија специјално за пријавување на вакви случаи.
 
За такси Скопје е полошо ако прајме муабет ....
земам такси од кај оние 3 убавици како ги викате зградине кај вардар за карпош и таксистов ми сврти муабет и примети дека не сум од Скопје и фино лепо ми заврте кај воена болница ме сврти еден хруг и ете стигнав карпош ........ за 100 денари

Знам дека е офтопик муабетов, ама трите убавици се во карпош, во карпош 4. кажи каде си сакал точно да идеш па ќе ти кажам колку многу те свртел што те возел преку војна болница. И кажи од која страна на вјона болница те возел предната или задната.

Инаку општо се знае дека обично не само кај нас туку и во светов има што знаат да возат повеќе за да ќарат повеќе пари, затоа обично не е се отвара муабет со таксист.
 
е што ги знам јас кај се само право по улицата требаше да ме однесе и после бензискана има една зграда со расцепена фасада, тамо требаше а тој кај лептокарија десно сврти па пак десно и не знам веќе кај ме испика ама не свртивме кај воена болница од позади туку од другата страна (наспроти зградата ) ме донесе :toe:
 
бидејќи тоа ми е баш во маало, ако добро те разбрав добро како што кажа десно па десно, има логика, бидејќи внатре во населбата уличките се направени повеќе од две години еднонасочни и неможеш директно да идеш само напред.
 
Ова е топ идеја. Општината треба да воведе таков пропис за таксистите за да се избегнат манипулациите.
Битола на пример така се скоро 80% од таксисите, сите имаат налепница на која го пишува бројот на колата и број за пријавување на неправилностите, плус тоа ја пишува и цената на старт, а таксиметар се пушта од кога ќе се поминат семафорите (обично чекаат на едно 20 метра од семафори).
 
Ако е така, тао значи дека е подобро и од скопје, каде уште е релативен хаос.
 
Ако збориме за таксистите,во Скопје повеќе имаат промет оние дивите.
 
На што ти личи муабетов? Дали Серпико ти се обрати културно? И се понуди да те чести хамбургер, а ти како збеснат му реплицираш. За срамота, невоспитан еден.
Како на ваков гаден епитет треба јас да реагирам? Тргнувајќи од тоа дека премногу го сакам градов и би сторила што е во моја можност за луѓето што ме запознале да имаат позитивни чувства за градов и охриѓани?

И уште еднаш како најдобронамерна порака:
Децата што сакаат да скокаат на темава нека одат да скокаат покрај езеро на надуваните замоци.
Мислам дека 50 или 100 денари е еден час скокање.

Сигурно имав уште нешто да додадам, ама ај доста е.
Ти незнам како треба да реагираш,али и јас сум скопјанец па мн охриѓани ме навредија па јас ништо не превземав!Така очекувам да ми биде вратено во иста мера!Фала!
 
И другите спомнаа таксисти од други градови. Чисто за споредба на охридските. Инаку не го сочинуваат само таксистите градот , не се тие оние кои го развиваат или "унаказауваат" туризмот. Мислам дека има далеку посериозни и поважни теми отколку фамозните таксисти. Само што тоа пак ќе ја "разгори" темава.
 
Ти незнам како треба да реагираш,али и јас сум скопјанец па мн охриѓани ме навредија па јас ништо не превземав!Така очекувам да ми биде вратено во иста мера!Фала!

Абе не ги бива шо сакаш збори!Во скопје има сендивчари со високи цени но работат мн мн побрзо од охридските,а и плус се мн мн поквалитетни сендвичите!И БЛАГОДАРАМ за понудата ама сепак боље ке останам во Скопје одколку во скапаниот Охрид да јадам Хамбургер!

Како би било тоа? "Нема никогаш да јадам сендвич од скапаното Скопје"?

Ајде, не ме тегни за јазик. А ако ти е "скапан" некоја регуларна дневна компаративна фора, избегнувај ја. Скапана е.

И другите спомнаа таксисти од други градови. Чисто за споредба на охридските. Инаку не го сочинуваат само таксистите градот , не се тие оние кои го развиваат или "унаказауваат" туризмот. Мислам дека има далеку посериозни и поважни теми отколку фамозните таксисти. Само што тоа пак ќе ја "разгори" темава.

Eве бе, нели може да кажеме дека имаме одличен предлог произлезен од дискусијата за таксистите? Ајде, ќе ги лоцираме и дискутираме и за другите проблеми со ладни глави, со надеж дека ќе извлечеме уште предлози, идеи за реализација, зошто сме паметни а најпаметни кога заедно непристрасно согледуваме фелери во општеството, во услугата и се трудиме да ги корегираме.

Такси реформа, предложена.

Што е наредно?
 
Така може. Да не ги разгоруваме страстите и да правиме цивилизиран муабет. Наредно нешто,на кое сите кои бојкотираат се жалат е услугата. Како прво мислам дека се виновни пред се газдите на локалите. Стиснати,вработиле само 1 кој можеби и му е прво работно место. Има навалица на туристи,вработениот во паника,и фала богу дека неможе да ги услужи сите. Јас на пример последен пат кога бев,во кафана ,додека ни донесат една салата умревме од глад. Значи мислам дека персоналот во угостителските објекти треба да се подобри,во секој поглед. Ова беше накратко. Ќе се надоврзам и на вашите размислувања,ќе се надополнам за тоа што сум заборавил.

Само мое мислење,и еве обид за подобрување на ситуацијата. Да не викате зиро вака зиро така :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom