GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Го гледав дома на DVDRip снимка, што е доволно за да се гледа солидно ( иако не е во 3D ) и да се процени квалитето на филмот.
Не е доволно. Не разбираш, целото доживување ти е сјебано кога го гледаш на комп. Значи нормално, можеш да си претпоставиш од виденото дека во кино ефектите би изгледале супер и се тоа, ама чувството што го доживуваш гледајќи во кино го нема, а тоа го прави филмот, тоа е целиот филм.

Со ова не сакам да ви кењам тебе и на wot зошто немате кино...

Еј, која држава сме, до пред 20 години секој град имаше функционално кино, сега сме као 21 век... Индиана Џонс 3-ката сум го гледал на кино како дете...'бем ти живот.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Не ми наметнувај мислења. ЛАЛАЛАЛАЛАЛААЛАЛА шо ве ебам ќе си гледам скринери.

Вака звучите бе Dave и iksi.

Имате пропуштено многу од визуелните и звучните ефекти кои го прават филмов тоа што е... и всушност те прават тотално нем и сконцентриран во киното. Кога рокна астероидот во станицата, се извадив од памет шо сум сигурен дека дома нема да ми беше ни 1/16 ист доживљајот. Само еден прост пример.

Којзнае колку ќе сте изнервирани, кога филмов ќе лапне доста оскари.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184

Знам и јас самиот дека гледањето филм во кино е незаменливо појако и подобро отколку на компјутер, тоа го напоменав неколку пати дека далеку повеќе ќе уживав во ефектите ама изгледа сите прочитаа меѓу редови. А и јебига, што можам да направам кога нема кино, секој филм да одам во Скопје или некој друг град да го гледам? Имам гледано како мал филмови додека во Струмица имаше 2 кина, добро се сеќавам дека последниот филм кој го гледав во Кино Балкан беше Томб Рајдер со Анџелина Џоли, но кратко после тоа киното беше затворено. Сега имаше нешто годинава дека пак ќе има кино во Струмица во Домот на културата Антон Панов ама нити сум видел некаде реклами кој филмови се прикажуваат нити ништо. А и да има не верувам дека е 3D кино, така да од сите страни сме заебани и тоа е тоа.
--- надополнето: 14 декември 2013 во 15:56 ---
Не ми наметнувај мислења. ЛАЛАЛАЛАЛАЛААЛАЛА шо ве ебам ќе си гледам скринери.

Вака звучите бе Dave и iksi.

Имате пропуштено многу од визуелните и звучните ефекти кои го прават филмов тоа што е... и всушност те прават тотално нем и сконцентриран во киното. Кога рокна астероидот во станицата, се извадив од памет шо сум сигурен дека дома нема да ми беше ни 1/16 ист доживљајот. Само еден прост пример.

Којзнае колку ќе сте изнервирани, кога филмов ќе лапне доста оскари.

Еве го пак... Добро веќе кога толку многу инсистираш, ќе ми платиш за превоз да дојдам во Скопје да го гледам во 3D филмот и да го доживеам и јас тоа? Значи кога нема кино за да го гледаш соодветно како што треба, ќе гледаш и CAM снимки а не ScrRip.

Нема зошто да бидам изненаден ако филмот добие оскари, по самиот рејтинг на IMDB се гледа дека многу луѓе го сакаат и секако дека ќе биде номиниран во неколку категории, но кога мене не ми се допаѓа што можам? А и од почит према Сандра Булок би сакал да земе оскар, тоа воопшто не ми пречи.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Да ти се посерам на филмот ако го бива само на кино

Реално голема дупкаааа е приказната. Ептен очекував од филмов и ме разочара.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не мора да е 3D, доволно е да е кино. Повеќето филмови на 3D имаат едвај моменти за 2-3 минути севкупно и не е ништо посебно, колку да се пофалат дека ги бива за тоа. Гравити ми е единствен филм досега во кој има добри моменти за 3D.

Енивеј, муабетот не ни е да им досадуваме на оние кои не се во можност да гледаат на кино, да се надеваме дека наскоро ќе профункционираат работите. И јас слушнав дека ќе се обновуваат повеќе кино сали кои работеа порано, и не е проблем што нема да бидат 3D, поважно е што ќе имаат на репертоар.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Не ми наметнувај мислења. ЛАЛАЛАЛАЛАЛААЛАЛА шо ве ебам ќе си гледам скринери.

Вака звучите бе Dave и iksi.

Имате пропуштено многу од визуелните и звучните ефекти кои го прават филмов тоа што е... и всушност те прават тотално нем и сконцентриран во киното. Кога рокна астероидот во станицата, се извадив од памет шо сум сигурен дека дома нема да ми беше ни 1/16 ист доживљајот. Само еден прост пример.

Којзнае колку ќе сте изнервирани, кога филмов ќе лапне доста оскари.
ах, ќе умрам од мука....
Абе ене го кај ми е молон o_O....намерно не отидов, си напишав....Клуни и Булок :confused:o_O ....уше новопечениов Бетмен и Џејло да улетаа и састав - комплетен (y)

Астероид во станица рокнал? - Сигурен си за истиот филм дека збориме? Да не мислиш на човечки вселенски отпад!?

Знам што значи добра снимка, кино, 3д, не се секирај....имам и по дома релативно добра техника, за овој филмски квалитет сосем коректно...дај боже да ме натераше да одам у кино да го гледам пак, ама вака и на тв би го свртел каналот...
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
имам и по дома релативно добра техника, за овој филмски квалитет сосем коректно...дај боже да ме натераше да одам у кино да го гледам пак, ама вака и на тв би го свртел каналот...

relativno ne e ednakvo na dobra tehnika
a i da imas, dzabe, od screener kakov kvalitet ocekuvas da izvadis so tehnikava ti?

znaci ja priznavam sekakov hejt, duri i za fightclub, ama da gledas screener snimki i da hejtas e najbezveza muabet.
ja skokam vakvi obicno za citanje.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
relativno ne e ednakvo na dobra tehnika
a i da imas, dzabe, od screener kakov kvalitet ocekuvas da izvadis so tehnikava ti?

znaci ja priznavam sekakov hejt, duri i za fightclub, ama da gledas screener snimki i da hejtas e najbezveza muabet.
ja skokam vakvi obicno za citanje.
Webrip е, сосема коректно 480p....

....а за Fightclub - тешко признаваш хејтови, знам тоа :D
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
ах, ќе умрам од мука....
Абе ене го кај ми е молон o_O....намерно не отидов, си напишав....Клуни и Булок :confused:o_O ....уше новопечениов Бетмен и Џејло да улетаа и састав - комплетен (y)
Џабе дискутираме за филмови, кога се водиш според стереотипи за одредени актери и наметнати мислења. Демек Бен Афлек не чинел како актер, камоли за Бетмен, а филмов уште не излезен. Клуни и Булок ја изработија сосем солидно улогата што им беше дадена. Можеби не за Оскар, но не беа во никој случај лоши.

Астероид во станица рокнал? - Сигурен си за истиот филм дека збориме? Да не мислиш на човечки вселенски отпад!?
Извини за грешката, нема да се повтори. Формалностите со кои се служиш во конкретнава дискусија не го менуваат фактот дека филмов е квалитетен. А знам дека е квалитетен и интересен, ако не ми се приспало на него и ме заинтересирал до таа мера да не мрднам од место сат и 30 минути.

Знам што значи добра снимка, кино, 3д, не се секирај....имам и по дома релативно добра техника, за овој филмски квалитет сосем коректно...дај боже да ме натераше да одам у кино да го гледам пак, ама вака и на тв би го свртел каналот...
Океј, се извинувам. Не знам каква опрема имаш дома ти, но сигурно немаш подобра од таа во Синеплекс. Не те заинтересирала содржината, fair enough. Можеби сум толку воодушевен бидејќи сум доста голем фан на вселенски драми и приказни за преживување.

П.С. Најјаки ми се коментарите од типот дека билe многу нереално прикажани некои работи. Демек сите ние за викенди одиме на кафе до некоја вселенска станица и знаеме каков е распоредот на копчињата, аутфитот на космонаутите и триста други смешни замерки што ги најдов по интернетов. Не се однесува ова на тебе Дејв.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Откако ги прочитав твитовите на тој астрофизичарот коа даваше факти која е разликата од реалноста до тоа прикажано во филмот, ептен ми направи лош филм.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 20:55 ---

Neil deGrasse Tyson

Ако мислиш на овој...Хејтовите (но и позитивните работи кажани) му се сосема на место и НЕ се банални
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Извини за грешката, нема да се повтори.
Абе лабав муабет праиме, за филм....
Неам опрема како синеплекс фала богу - така се погоди ситуацијата, сеа да се самоубијам што го гледав вака....

Предрасуди имам за глумциве и во филмов се покажа така - не верувам да се импровизации - идиотските фори на Клуни, вотката - се косат со генералната атмосфера и приказната...ниска оценка дадов и да го гледав во соодветна техника веројатно ќе беше само пола или една цифра повисока...

Ќе се потрудам двојката да ја гледам во кино, ветувам ;)
--- надополнето: 15 декември 2013 во 21:01 ---
Откако ги прочитав твитовите на тој астрофизичарот коа даваше факти која е разликата од реалноста до тоа прикажано во филмот, ептен ми направи лош филм.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 20:55 ---

Neil deGrasse Tyson

Ако мислиш на овој...Хејтовите (но и позитивните работи кажани) му се сосема на место и НЕ се банални
И тој сам пишува дека уживал во филмот, ама забелешките му се сосема коректни.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.721
Поени од реакции
12.727
Пошто бајаги мислења се кажани, а неам намера наназад сите да ги читам можно е да се повторува мојов коментар.

Gravity- Далеку од лош филм. Најверојатно и ќе си земи оскарче за специјални ефекти ... АМА...не гледам кај е оригиналното во целава сторија...освен ако не се смета дека Сандра Булок(жена) има одлична ориентација во простор :D Сето останато ми е како имитација, и тоа бледа, на Apollo 13... Исто, жената е толку изпаничена и дезориентирана во 90% од филмот,ОСВЕН тогаш кога е најбитно...и крајот...ти се молам...свесна беше цел филм, знаеше одприлика што прави, се снаоѓа во тешка ситуација колку толку и за крај, да се изглупира и да си ја потоне капсулата ? :pos:

Башка од тоа...не само што не видов ни една оригинална идеја, него мораа и на ептен стари клишеа да се вратат ? Пак Русите ја заебаа цела работа...:mad:

Иначе глумата, таа е...Нема нешто посебно во неа, али тоа е проблем на сценаријото одколку на Булок..

Се на се 6/10 од проста причина што те тера да го изгледаш цел филм, најверојатно поради тоа што и не е некој долг филм, али пак си има некој шмек филмчето ( за разлика од 90% на останатите филмови што излегоа годинава )...И покрај сето тоа, како што реков на почеток, најверојатно ќе си земе оскар се специјални ефекти, а не би ме чудело да влези и во потесен круг за Најдобар Филм, и за Најдобра Женска Улога, со оглед на конкуренцијата ;)

П.С: Гледан на DVD Rip на 32 инчен HD телевизор а не во кино ( да има, не мора да се чека до февруари :) )
П.П.С: Очекувам хејтање :D
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Откако ги прочитав твитовите на тој астрофизичарот коа даваше факти која е разликата од реалноста до тоа прикажано во филмот, ептен ми направи лош филм.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 20:55 ---

Neil deGrasse Tyson

Ако мислиш на овој...Хејтовите (но и позитивните работи кажани) му се сосема на место и НЕ се банални
Го знам типов, the "we got a badass over here" guy. :icon_lol:

Не мислев на него, сега го прочитав за прв пат неговиот осврт за филмов.
Зборував за лаиците за вселената, како мене и тебе(претпоставувам не му си колега на погоренаведениот).
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Како лаик и мене ми беше чудно кога мораше да го пушти, коа само со еден трзај го враќа накај себе, тоа ептен испадна како да го држи од 5-ти спрат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom