GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Филмот е дефинитивно промашен за мене сакале нешто да направат но како да им фали цело време нешто, ако целта им била да ја прикажат вселената на некој начин тоа можеле и поинаку да го направат. Во целиот филм само два лика се вртеа 98% Сандра Булок и Џорџ Клуни што јас од моја гледна точка тоа беше исто ко да гледам монодрама Сандра цело време си зборуваше сама акција и да немаше скоро, правеле некој си проект ни во филмот не го открија целосно што уставри тие отидоа таму. Друга работа мислам дека на филмот се што му недостигаше беше повеќе Акција, повеќе ликови, и да не се одвиваше цело време дејствието во Вселената. За ефектите давам едно огромно браво, за филмот оценка моја 3/10 бидејќи ептен беше досаден цело време бев во исчекување нешто да се случи и на крај заврши и само реков во кино на другарка ми: Што толку? ах полош филм немам видено. Навистина се разочарав од филмов а толку многу го очекував...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Без да читам нагоре, :D некој има инфо кога треба да излезе некој DVD/HD рип?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Штотуку го изгледав Gravity. Без намера да го понижувам или да ќењам само без врска, сите имаме различни вкусови за се па така и за филмови, но дека филмот е ремек дело јас би рекол дека е далеку од тоа. Морам да признаам дека има страшно добри визуелни ефекти и глумата на Булок беше солидна, освен овие две работи мене по ништо друго не ми наликува на ремек дело. Воопшто незнам зошто името на Џорџ Клуни стои на постерот кога се појави само 5 минути вкупно. Читам некакви споредби на Одисејата со овој филм и ви се смејам на умот што го имате. Толку имам да кажам за овој филм. Моја оценка: 4/10
 
И ти ли џабе потроши пари? :D
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
И ти ли џабе потроши пари? :D

Не, во Струмица нема обично кино камоли пак IMAX или 3D за да гледаш филм со вакви визуелни ефекти. Но мислам дека дури и да го гледам филмот во кино заклучокот пак ќе ми биде ист, само што повеќе ќе уживам во летањето низ вселената.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не, во Струмица нема обично кино камоли пак IMAX или 3D за да гледаш филм со вакви визуелни ефекти. Но мислам дека дури и да го гледам филмот во кино заклучокот пак ќе ми биде ист, само што повеќе ќе уживам во летањето низ вселената.
Не, нема да ти биде ни одблиску исто. Филмот делува грандиозно во кино, посебно 3D. Филмови како овој, Life of Pi и слично... се направени за да се доживеат на кино.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Не, нема да ти биде ни одблиску исто. Филмот делува грандиозно во кино, посебно 3D. Филмови како овој, Life of Pi и слично... се направени за да се доживеат на кино.

Значи кажав дека ќе уживам во визуелните ефекти да го гледав филмот во 3D, и во претходниот пост реков дека визуелните ефекти му се master peace. Но заклучокот ќе ми беше ист бидејќи дејството во филмот и приказната се пак истите, и овој филм со тоа не ме задоволи.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Значи поинаку се доживува филм на IMAX 3D и да го гледаш дома. Значи едно е приказната на филмот, друго е визуални ефекти и како го доживуваш сето тоа.
Зависи што очекуваш од некој филм и зависи која е целта на филмот(што се стреми да представи).
Ти си го гледал дома на cam или TS квлитет и го оцекуваш филмот?

Без да читам нагоре, :D некој има инфо кога треба да излезе некој DVD/HD рип?

Blu-ray / DVD release date estimated February 2014
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Значи поинаку се доживува филм на IMAX 3D и да го гледаш дома. Значи едно е приказната на филмот, друго е визуални ефекти и како го доживуваш сето тоа.
Зависи што очекуваш од некој филм и зависи која е целта на филмот(што се стреми да представи).
Ти си го гледал дома на cam или TS квлитет и го оцекуваш филмот?

Blu-ray / DVD release date estimated February 2014

Го гледав дома на DVDRip снимка, што е доволно за да се гледа солидно ( иако не е во 3D ) и да се процени квалитето на филмот.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Го гледав дома на DVDRip снимка, што е доволно за да се гледа солидно ( иако не е во 3D ) и да се процени квалитето на филмот.

DVD rip ќе има фебруари наредната година. Значи не си го гледал.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Го гледав филмов........не у кино, иако другариве ми го збореа (ама као љубители на бам-бум филмови и незаинтересирани за наука ги земам за ирелевантни)....
Знам тоа ефекти, јако било.....
Clooney и Bullock ми се просек глумци, првиот форсиран пошо е лепушкаст (така викаат) а дупе-глумец (што додатно се докажа со филмов), а Сандра ми е некако за оној лигушки тип филмови - романтична комедија (класична злоупотреба на филмската техника и уметност).
Моја оценка за филмов е 4.5 од 10.
Добри страни.
Има прикладна минимал-музика и релативно објективно е прикажан амбиентот. Ефектите се добри (ама па што? Шутел-ефекти да очекувам?), што е ок во случајов. Добра страна е што се тежнее да се движи приказната во некакви реални граници (условно) - вселенски отпад ги причинува тешкотиите, а не некои ванземаљци.
Другото....
Ликот на Клуни е кловн во приказнава. Да, го има 5 мин вкупно и се понаша као комплетен идиот. Го очекував и класичното америчко клише „опнување на двата главни ликови што се упознаваат во филмот при катаклизма“, ама тоа ете не се случи (а комотно можеше). Ликот на Булок исто е банализиран и е прикажан како тотален непознавач на техниките на астронаутите, што во реален свет не е можно - нема протекции, одат само спремни типови. Други недостатоци се типично амерички - близината на американската со меѓународната станица, па и кинеската - прикажани се како да се Тафталиџе - Влае - Ѓорче растојание, нормално за потребите на приказната, после слетувањето со капсулчето кое би изгорело како шкорче при слетување на Земјата исл.

Многу поштуем што овој тип на СФ филмови се враќа у живот полека последниве години, ете и Europa report излезе оваа (или претходната) година. Не сум Degrasse Tyson да кажам колку е блиску до астронаутската вистина целава приказна, ама ете така од филмски аспект си ја искоментирав.

п.с. не знам Ио дали ви го споделил линков, му го пратив коа излезе филмов...коментари на Tyson за филмот - се разбира од физика човекот, па коментарите му се во тој правец

http://mashable.com/2013/10/07/neil-degrasse-tyson-gravity/
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Прво, морам да напишам дека сум стаписан што сте напукале 46 страни за еден филм, а да не е Fightclub, свака част! Уште повеќе што е СФ и тоа не боза-сф од типот на трансформери, ајронменови исл. нискоинтелигентни забави...
Се менува насловот на темата во однос на тоа кој филм е ставен на дискусија... Gravity има 2 страни дискусија. :)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
DVD rip ќе има фебруари наредната година. Значи не си го гледал.

Моја грешка, DVDScr бил не DVDRip.

И стварно сте ми интересни кога ќе почнете сосила на некој да му наметнувате ставови, мислења и сл. Штом сум рекол дека не ми се допаѓа значи дека не ми се допаѓа и крај, завршена работа. Само затоа што продолжувате да инсистирате на глупости бидејќи вас ви се допаднал филмот и криво ви е што на некој не му се допаднал, не значи дека ќе му го промените мислењето и ќе се премисли па ќе почне да се согласува со вас. За последен пат кажувам дека филмот не ми се допадна и дека е далеку од тоа што очекував, па сега ти ако немаш памет во глава продолжи да ме цитираш и да ми ги наметнуваш твоите ставови, а јас фино лепо ќе те игнорирам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom