Го гледав филмов........не у кино, иако другариве ми го збореа (ама као љубители на бам-бум филмови и незаинтересирани за наука ги земам за ирелевантни)....
Знам тоа ефекти, јако било.....
Clooney и Bullock ми се просек глумци, првиот форсиран пошо е лепушкаст (така викаат) а дупе-глумец (што додатно се докажа со филмов), а Сандра ми е некако за оној лигушки тип филмови - романтична комедија (класична злоупотреба на филмската техника и уметност).
Моја оценка за филмов е 4.5 од 10.
Добри страни.
Има прикладна минимал-музика и релативно објективно е прикажан амбиентот. Ефектите се добри (ама па што? Шутел-ефекти да очекувам?), што е ок во случајов. Добра страна е што се тежнее да се движи приказната во некакви реални граници (условно) - вселенски отпад ги причинува тешкотиите, а не некои ванземаљци.
Другото....
Ликот на Клуни е кловн во приказнава. Да, го има 5 мин вкупно и се понаша као комплетен идиот. Го очекував и класичното америчко клише „опнување на двата главни ликови што се упознаваат во филмот при катаклизма“, ама тоа ете не се случи (а комотно можеше). Ликот на Булок исто е банализиран и е прикажан како тотален непознавач на техниките на астронаутите, што во реален свет не е можно - нема протекции, одат само спремни типови. Други недостатоци се типично амерички - близината на американската со меѓународната станица, па и кинеската - прикажани се како да се Тафталиџе - Влае - Ѓорче растојание, нормално за потребите на приказната, после слетувањето со капсулчето кое би изгорело како шкорче при слетување на Земјата исл.
Многу поштуем што овој тип на СФ филмови се враќа у живот полека последниве години, ете и Europa report излезе оваа (или претходната) година. Не сум Degrasse Tyson да кажам колку е блиску до астронаутската вистина целава приказна, ама ете така од филмски аспект си ја искоментирав.
п.с. не знам Ио дали ви го споделил линков, му го пратив коа излезе филмов...коментари на Tyson за филмот - се разбира од физика човекот, па коментарите му се во тој правец
http://mashable.com/2013/10/07/neil-degrasse-tyson-gravity/