GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Предобар филм, предобри цитати, предобра порака. Фејворитс:

Evey Hammond
: Does it have a happy ending?
V : As only celluloid can deliver.
Еvey Hammond: OK. Put the sword away.

Creedy : Die! Die! Why won't you die?... Why won't you die?
V: Beneath this mask there is more than flesh. Beneath this mask there is an idea, Mr. Creedy, and ideas are bulletproof.

And indeed, the idea shall never be forgotten.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Верувале или не јас филмот го гледав на 5 Ноември, сосема случајно, ден денес се ежам кога ќе се сетам на оваa несекојдневна случка! :cuc:

За филмот што и да кажам малце е!

The Ultimate Freedom!!!!!

Каква симболика...

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Evey Hammond: Are you, like, a crazy person?
V: I am quite sure they will say so. But to whom, might I ask, am I speaking with?
Evey Hammond: I'm Evey.
V: Evey? E-V. Of course you are.
Evey Hammond: What does that mean?
V: It means that I, like God, do not play with dice and I don't believe in coincidences.

Evey Hammond: That the world needs more than just a building right now. It needs hope.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ај сега да шкрапнам еден есеј и онака немам попаметна работа:

Ова е според мене д' ултимејт супер хироу муви, баш затоа што не е типичен супер хироу муви. Што напишав сега? Филмовите за супер херои од стриповите вообичаено имаат нешто заедничко: глупави се до бесвест! Те некого го каснал пајак па се пентари по ѕидови, те на некој му вградиле тон железо па полетал, или пак му излегуваат ножеви од рацете, и се така... Супер хероите се безгрешни, има некои лоши дечки што ги бркаат ама ништо што не може да се истепа, по неколку пати... Филмовите за супер хероите немаат никакво пошироко значење, и генерално се сведуваат на една поука: бидете добри, зошто доброто секогаш победува.

Тоа ме израдува кога го изгледав за прв пат V for Vendetta. Конечно еден филм со супер херој во центарот, но без моронско сценарио, туку со идеја. А идеите се отпорни на куршуми. Тука, имаме супер јунак чија единствена цел и задача која сам си ја поставил, е да сруши една диктаторска, фашистичка влада, и да покаже дека поединецот и тоа како може да направи разлика. Кога сум тука, ова е веројатно најдобриот филм од овој тип на филмови со замислени диктаторски режими, но да не заборавам да ви дадам домашно: Nineteen Eighty-Four (1984), култниот филм според делото на Орвел, Equilibrium (2002), акциона верзија на предходниот, Children of Men (2006) , уште еден британски филм на слична тема, Mother Night (1996) , одлична драма со Nick Nolte и алтернативниот крај на WWII, Logan's Run (1976)...

Назад на филмот: визуелно прекрасен, со еден тон добри цитати, одлична глума, динамично дејство... Се што треба...

Знам доста луѓе (не форумџии) што се разочарани од филмот и сите имаат едно заедничко: сите сакаат удри-мавај филмови и очекувале подобри тепачки и екстра карактеристики на V, на пример ако прдне во радиус од 100 метри да паѓаат во несвест луѓето... Ни еден од нив не разбира дека V е сериозен филм со сериозни пораки за сериозни времиња. Штета за нив...

Сори што ви одзедов време со моиве рандом нафрлени ем дезорганизирани мисли...
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Јас сум бил навистина луд и глуп што толку време не сум го гледал филмот мислејки дека е некоја тешка сај-фај глупост. Благодарение на една форумџика го гледав пред неколку месеци и останав запрепастен се заљубив во филмот. Скриптата е ремек дело, толку многу цитати кои се практично жива вистина не сум видел во филм. После филмот го читав и стрипот на Алан Мур и тоа е ремек дело, и навистина не го разбирам човекот зошто се ограничува од филмот можеби The league of Extraordinary Gentlemen е големо срање, ама немора да значи дека сите филмувани негови дела се срање :). V for Vendetta е навистина мастерпис во секој поглед (глума, скрипта, режија..etc.).
Приказната навистина постои некаде во 17 век во 1605 година кога група на католици на 5 ноември се обиделе неуспешно, но сепак се обиделе практично да ко кренат во воздух англискиот тогашен крал Џејмс I, неговото семејство и многу од протестантските членови на британската тогашна влада. Се споредуваат со денешниве терористи, но вивните вистински цели биле единствено да се спасат од диктатурата и инквизицијата на британската влада и да донесат на чело католички монарх.

Единственото прашање во филмот е дали "V" е во право, дали владите во денешно време го заслужуваат тоа или дали тој е потполно луд? Иако можеби во филмот премногу екстремно е прикажана тортурата, владината диктатура, медиумите под контрола на владата, стравот во луѓето сепак е вистина дека било така, е така а верувам дека во блиска иднина нема ни да се промени. Историјата ни покажува дека масите(народот) има свои граници и дека ако диктатурата се наметнува премногу народот може да пукне...“Народот не треба да се плаши од своите влади, владите треба да се плашат од својот народ“.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.799
Поени од реакции
11.400
Јас сум бил навистина луд и глуп што толку време не сум го гледал филмот мислејки дека е некоја тешка сај-фај глупост.
Јас сум уште поглуп и полуд од тебе, бидејќи сеуште ми стои во vids и не сум го пуштил :/ теле...ништо ,прва прилика го рокам, па ќе пуштам импресии...
 
ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
Филмов, и после месец дена (да да, толку сум чекала :noze:) од кога го изгледав уште ме држи под импресии. Дали дека е предизборна кампања сега или не знам што... :D

Вака, да си испаднам искрена, го изгледав заради Натали Портман, ама филмот, наспроти Црниот Лебед, е повеќе од глумецот.
Идејата, дијалозите, скриптата, и дури тогаш глумците, се она што го прават филмов master-piece. Гледам пишете цитати овде од филмов. Јас би ги гаѓала луѓето со сценариото и скриптите од далеку, не би им рецитирала зборови.
V е поинаков, попосебен херој од досегашните на Marvel. Не убива со поглед цела армија, не се трансформира во некоја феролегура, и не урива неуништливи зданија со трепкање. Преку него е искажана границата помеѓу паметот и лудоста. Тој го претставува оној луд интелектуалец кој или го сакате или го мразете, односно во овој случај, или ви изгледа како сосем луд, или како премногу интелигентно копиле.

Го обожавам филмов, го изгледав четири пати во последниов месец, уште не ми е здосаден ама не сакам да ризикувам.
И да си мавнам контрадикција на самата себе, ама морам дека цел месец си рецитирам:

"Remember, remember the 5th of November,
gunpowder treason and plot,
I see no reason, why gunpowder treason
should ever be forgot!"

( oва не знам дали е точно така од памтење го пишам )
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Супер филм само нема да биде лошо да му направат римејк за едно 5-6 години ама овој пат филмот да го следи стрипот целосно, би било интересно да се гледа V во поинакво светло.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.044
Ми изгуби темата смисла со филмов. Освен реален дел од дискусијата кој се префрли во општи дискусии, се' се сведува на уу јак е, цитат и клип. I, for one, го обожавам. И нема многу за дискутирање, јес да сторијата/идеологијата има многу потенцијал. Ставете некој хардкор онака, голем дел и да го хејтаат. Андерграунд и слично.

Oд мене предлог за следен Enter the Void.
Незнам дали до периодот, ама мене филмов ми еба свеста. Многу ќе го хејтат, ама филмов кине.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200

Тешко дека некој и ќе дадеше лоши критики за филмов кога е општо прифатен за класа филм и како што кажа Рокенрола ќе стане, уствари веќе е, култен филм.
Читам многу позитивни коментари, ај еве јас малку ќе прокоментирам за друго.

Читам дека за некои филмов е инспирација за многу работи, пред се се истакнува бунтовноста, желбата и борбата за слобода пред се од диктатурата која е наметната, а индиректно идејата дека некој обичен човек може да направи разлика и да биде идол на многу генерации.
Ама едно не можам да сфатам. Не дека не го сакам филмов, напротив, сум го гледал неколку пати и секогаш сум уживал во него, феноменален е, ама јас не го доживувам како толку инспиративен и моќен. Од една причина. Не ми е јасно зошто толку луѓе гледаат идол во V, кога тој не се бореше за слобода, туку за анархија? А според мене, анархијата е еднаква на диктатурата. Никогаш не сум ги сфаќал поборниците на такви системи, сосема спротивни, да, ама подеднакво штетни за општеството.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ама едно не можам да сфатам. Не дека не го сакам филмов, напротив, сум го гледал неколку пати и секогаш сум уживал во него, феноменален е, ама јас не го доживувам како толку инспиративен и моќен. Од една причина. Не ми е јасно зошто толку луѓе гледаат идол во V, кога тој не се бореше за слобода, туку за анархија? А според мене, анархијата е еднаква на диктатурата. Никогаш не сум ги сфаќал поборниците на такви системи, сосема спротивни, да, ама подеднакво штетни за општеството.
Ова произлегува од твоето погрешно сваќање на Анархијата, која едноставно може да значи отсуство на влада или немање орган на управување. Анархистите се во главно поборници на верувањето дека без присуство на влада или држава, луѓето ќе создадат функционално општество базирано на природни правила и морални особини. Анархијата не значи див запад, туку не-државно уредување на независни индивидуалци.

За многумина, Анархијата е подобра и од денешнава т.н. демократија и може да води кон „чиста демократија“, онаква каква што била замислена во античко време. Ако земеме во предвид дека V се бореше да сруши една крајно тоталитарна, фашистичка влада, нема што многу да му се замери, пошто сигурно после тоа нема да формира политичка партија и да оди на избори. После падот на еден систем, народот треба да ја избере иднината, а токму тој период би бил периодот на Анархија, состојба во која нема да постои власт. Колку и кратко да трае тоа.

Ако забележа во Equilibrium, кога Бејл прашува што ќе се случи ако го убие „Таткото“, т.е. како тоа би водело до рушење на системот, еден од бунтовниците му одговара: „Човековата природа ќе го направи останатото“. Од тука натаму не настанува ништо друго освен Анархија, по што човекот стандардно ќе се заебе со некој „попристоен“ систем :)

Не сум воопшто експерт на темава но отсекогаш ме интересирале овие работи...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
1.521
Без да читам од постовите во темава (да не налетам на спојлери) ...

Овој филм го изгаснав по првите 5 минути пошто видов лик во стилот на Зоро само со многу по идиотска маска со мустаќиња и очиња. Обично не менувам толку брзо филмови но овој ми изгледаше како филм за деца под 5 годишна возраст. Изгледа не сум бил во право штом го спомнувате во темава па ке земам да го данлоади... да го купам пак.

Продолжете си со дискусијата и спојлерите, не е проблем можеби ке навратам и јас со некој спојлер одкога ке го изгледам филмов. Во меѓувреме ако ставате спојлери на колата немојте од овој на сликава многу е голем и ептен ке боде во очи. Поздрав.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Ова произлегува од твоето погрешно сваќање на Анархијата, која едноставно може да значи отсуство на влада или немање орган на управување. Анархистите се во главно поборници на верувањето дека без присуство на влада или држава, луѓето ќе создадат функционално општество базирано на природни правила и морални особини. Анархијата не значи див запад, туку не-државно уредување на независни индивидуалци.

За многумина, Анархијата е подобра и од денешнава т.н. демократија и може да води кон „чиста демократија“, онаква каква што била замислена во античко време. Ако земеме во предвид дека V се бореше да сруши една крајно тоталитарна, фашистичка влада, нема што многу да му се замери, пошто сигурно после тоа нема да формира политичка партија и да оди на избори. После падот на еден систем, народот треба да ја избере иднината, а токму тој период би бил периодот на Анархија, состојба во која нема да постои власт. Колку и кратко да трае тоа.

Ако забележа во Equilibrium, кога Бејл прашува што ќе се случи ако го убие „Таткото“, т.е. како тоа би водело до рушење на системот, еден од бунтовниците му одговара: „Човековата природа ќе го направи останатото“. Од тука натаму не настанува ништо друго освен Анархија, по што човекот стандардно ќе се заебе со некој „попристоен“ систем :)

Не сум воопшто експерт на темава но отсекогаш ме интересирале овие работи...
Јас не би му замерил поради рушењето на тоталитарната, фашистичка власт.
Можеби ја сфаќам Анархијата многу погрешно, не сум навлегол во тие работи, ама имам една идеја за неа дека е само фиктивна и кога размислувам за некој систем одма тргнувам од нашето општество, од земјава каде што демократијата е див запад, а не пак некој таков систем на раководење. А во човековата природа е да владее, ретко со сам себеси, туку со останатите, ама тоа е веќе надвор од темата.

Реченицата после болдираната ни е одговорот на демократсково општество, дека секој може да формира политичка партија, т.е. аналогно на цитатот во GOT "секој што има пари може да направи војска". :)
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.044
Мислам дека го фаворизираме ради неговите причини за донесување на една држава до анархија. Неговата мотивација. Не како за некој подржувач на анархија како идеологија. И муабетот е му отвори на народот очите, и ваљда да се создаде вистинска управа без фашизам. Народот не го следи за создавање анархија, во тој случај би имале: Spread anarchy! -Don't tell us what to do!
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Тешко дека некој и ќе дадеше лоши критики за филмов кога е општо прифатен за класа филм и како што кажа Рокенрола ќе стане, уствари веќе е, култен филм.
Читам многу позитивни коментари, ај еве јас малку ќе прокоментирам за друго.

Читам дека за некои филмов е инспирација за многу работи, пред се се истакнува бунтовноста, желбата и борбата за слобода пред се од диктатурата која е наметната, а индиректно идејата дека некој обичен човек може да направи разлика и да биде идол на многу генерации.
Ама едно не можам да сфатам. Не дека не го сакам филмов, напротив, сум го гледал неколку пати и секогаш сум уживал во него, феноменален е, ама јас не го доживувам како толку инспиративен и моќен. Од една причина. Не ми е јасно зошто толку луѓе гледаат идол во V, кога тој не се бореше за слобода, туку за анархија? А според мене, анархијата е еднаква на диктатурата. Никогаш не сум ги сфаќал поборниците на такви системи, сосема спротивни, да, ама подеднакво штетни за општеството.
Во стрипот се бори во анархија во филмот поише е прикажан како freedom fighter него анархист.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom