GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Алиа не се роди пошто 3-4 годишно дете што убива и се тепа во војни би изгледало комично во филм. Мислам дека тоа му е една од најдобрите одлуки на Вилнев, да ги компримира/кондензира тие години во месеци за да го избегне ова. Со тоа фетусот сепак прикажа дека е абоминација т.е. ја има целата меморија на сите пред неа и е целосно оформено битие ментално уште во утробата. Зошто ваквите фетуси/бебиња се сметаат за абоминација и сите се штрекнаа кога сфатија дека Џесика е бремена откако го испи отровот ќе видиме понатаму, ако има 3. дел.

Мене филмов ми е 10/10, додуша и првиот дел ми беше. Доста комплексен материјал се книгите, недоволно време е да се прикаже тоа на филм. Ниту првиот ниту вториот филм ми беше бавен. Секоја визија, дијалог итн. си има цел, да прикаже дел од тој универзум и неговите правила и историја, да ги прикаже политичките игри во позадина итн. И двата ги гледав во кино, вториот беше појако доживување поради поголемиот интензитет со борбите и битките. Одличен звук и визуелно фасцинантен, немам замерки. Морав втор пат да го гледам во кино. Глумците беа на ниво, освен неколку замерки како на пр. акцентот на Зендаја...сите останати околу неа имаат акцент како non-natives што зборат англиски, нели Фремени се...Зендаја мислиш од Бруклин не Аракис, gonna wanna shoulda woulda :icon_lol: Али ок, тоа се веќе минимални замерки и детали ваљда.
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене најмногу ме интересира што ќе се случи ако на црвот му дојде да се нурне под песокот додека го јаваат :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.109
Поени од реакции
25.171
Пишав и во општата тема за филмови, ова има потенцијал да биде епски добра трилогија, на рамниште со другите трилогии кои се веќе класици.

Единствено нешто што ми фалеше борбите помеѓу нациите да траат подолго и да сс со поголем обем.
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Зендаја падна у депресија од љубовта и одлучи да не оди со својот народ во рајот, туку до крајот на животот да си јава црви?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Зендаја падна у депресија од љубовта и одлучи да не оди со својот народ во рајот, туку до крајот на животот да си јава црви?
Уште една промена што беше ок според мене, Чани во книгите го поддржува Пол до крај. Во филмов добива повеќе на значење и не е толку еднодимензионален карактер со тоа што не се согласува со неговите одлуки. Секако дека тоа што Пол ја избра Ирулан ја прели чашата, ама цел филм Чани беше против идејата дека Пол е некаков месија. Овој го збореше истото, нејќеше да оди на југ зашто знаеше дека тоа ќе води кон џихад, за на крај да го направи токму тоа. Затоа Чани одјеба на крајот, целта беше зелен Аракис, тоа за Фремените е рајот, не некоја војна во вселената. Од нејзина перспектива сосема логично и оправдано, ја нема таа моќ што ја има Пол да види Golden Path, сите можни варијанти на иднината. Пол ја избра онаа што не го води човештвото кон целосно изумирање.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.486
Доста комплексен материјал се книгите, недоволно време е да се прикаже тоа на филм. Ниту првиот ниту вториот филм ми беше бавен.
Не се уопште комплексни, само има доста, особено ако сакаш да ги вклучиш и настаните што се дешаваат после крајот на филмот (на Дејвид Линч).
А мини-серијата веќе ги адаптираше прилично веродостојно.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Kakvo remek delo.
Taka ne sum se zabavuval u pustina od Mad Max.

Go gledav 4DX i koga prviot pat go javna crvot za mene ke ostane edno unikatkno kino iskustvo. Edvaj se dodrzavme za sedistata kako da ke poletame ako nesto trgne naopaku za mesajata. Cel bev lets goooo! Kakov memorable sequel ke bide, Denis otisol all in kako so taa cel.

Malce bese prenaglaseno toa “Father Ive found my way” koga zborese za Chani, koga cel film se bazirase na kakov izbor ke napravi Paul no nisto strasno. Efekti, politika, muzika, gluma… ovoj Javier Bardem uste malce ke stanese glavna uloga, se bese po standard, odlicen!


Колку и да е добар Dune, џабе му е, кога глумат унутра онаа Зендаја и оној Тимоти Шаламејн (или како и да се викаат). Најодвратни од новиве глумци.
So mu fali na Timoti? Prejak casting a i toa ciganskoto u Zendaya funkcionira. Decava pokazale do sega deka znaat da glumat i go nema toj industry plant vkus okolu niv. Da gi nareces najodvratni od novite zvuci samo nesto kako za dramaticen efekt bez realen substance.

IMG_3098.jpeg

Milina za oci ovie u sporedba so najodvratnive. :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.368
Како да имаше премногу катнати сцени, од едно место се трансферираат во друго.

Првин треба да помине од една од друга страна на пустината за докаже дека може да е Фремен и во рок од секунда завршува тоа и се наоѓаат во битка со собирачи на зачини.

Или пак одат накај југ и во секунда само он се наоѓа на југ и пие веќе од крвта, а другиве ги нема.

Исто и со нападот на северот. Ги бомбадираат и од кога завршија тој Feyd-Rautha вика спуштиме ме да проверат. Завршува таа сцена гледаме во друга сцена како Фремените се евакуираат на југ, завршува таа сцена. И следи сцена каде што Feyd-Rautha се спушта доле и нема никој. Кога успеа жити бога овие да стигнат таму да ги евакуираат и да си заминат, а овој што беше таму уште не е ни спуштен.

Вакви дупки еден куп имаше, плус тоа соновите жива досада. Еден ист сон го повторуваат 20 пати.

Во глобала беше океј, солиден филм, ама не ми е ремек дело. 8/10


И подршка што не ја одбра Зендаја туку ќерката на императорот. 100 пати е поубава од онаа што нема ни цицка ни гзе.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.441
Поени од реакции
13.549
Ја сеа идам од кино, во гледав на IMAX.
Филмот е преценет, тоа ке кажам како вовед.
Не знам зошто толку фама, високи оценки и пофалби. Може би затоа што во последно време нема квалитетни филмови па нешто што ќе се истакне, иде 10/10?
Како прво приказнава не е за филм, туку за серија. Тоа ми е главната забелешка мене, временските дупките во случувањата. Се' беше избрзано.
Ефектите на ниво, затоа и бев на imax да го гледам. Музиката исто одлична.
Искрено очекував нешто на ниво Interstellar, Oppenhimer, со оглед на хајпот.
Благо разочаран останав. Се извади филмот инаку во последниот пола саат-саат, инаку многу пониско би го оценил од 8.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.789
Поени од реакции
1.700
Го гледав вториот дел и се гледа очигледно убрзавање на филмот да не биде подолг од 3 саати. Добро е претставена сценографијата, пошто се знае дека инспирацијата за книгата е од истокот, односно Арапите, добро се претставени. Прво како фанатици, со кои лесно се манипулира преку верска проповед, во пустината за да преживееш ти треба вера. Слично како Арапите пред пророход Мухамед, кои живееле независен номадски живот пред да бидат претворени во воини од Мухамед и да освојуваат територии. Зачинот е нешто како нафтата во пустината и борба за ресурси со надворешни фактори. Јазикот е доста инспиран од Арапскиот итн. Доста поврзани елементи се тоа. Се надевам дека 3тиот дел ќе го поделат на два филма за да имаат доволно време да завршат.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.189
Поени од реакции
8.266
леле кецот колку беше досаден у споредба со двојкава, значи 10 пати подобро направен него првиот дел,браво Вилнев а и муда гледам црнец не стаил освен оваа Зендаја што е мелез
 
E

enzo8

Гостин
Мене ми се свиѓаше Дарт Вејдер моментот кога му рече на тој кралот дека ќе ја земе ќерка му а у позадина Зендаја го гледа. Ми се свиѓа што ликов доби ваков развој, едноставно ја видел иднината, судбината, пророштвото и е 100% посветен на тоа, без шпански серии и морални драми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom