Гитара (почетник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Сосема солидна гитара е, ја почнував на акустична постара од мене и тебе заедно па се научив.
Не е фората гитарата - фората е тренингот. Неможеш да очекуваш од почеток да менуваш брзо како професионални гитаристи - вежбај. Ако не ти иде на одредена брзина успори онака ептен па полека полека убрзувај се додека не стигнеш до посакуваната брзина .
Не се откажувај - вежбај повеќе и ќе ти тргне. :)

фала инаку за сите почетници - оние како мене :) симнете го програмот Guitar Pro 6 ке ви помоне има едн куп табови мислам дека можеш и сам да ставаш табулатури за свирење убаво е прикажано се :)
 
После еден период кога сакав да ги зачувам гитарите да не ги продавам дојдов во ситуација да морам .... затоа повторно ги нудам:

Squier Standard Stratocaster HSS

Fender-Standard-Stratocaster-HSS-Black-Maple.jpg

  • спецификации
  • стара една ипол година ... нема никакви оштетувања (нова од овој тип/модел во Мими музика е 300 евра, значи далиеку е од ниската класа на Squier)

Yamaha RGX-421D

DSC06625a.jpg
  • спецификации
  • одлична за сите кои сакаат појак звук (треба да се стегне малку што ќе чини некои 50 евра, што можам да го направам и јас или пак сами ако сакате сега само да ја земете па во иднина да дособерете паричики па да си ја средите)
 
Вака да ве прашам.
Кои се причините зошто на гитарата се криви вратот, т.е. не е рамен малку е по крив. Еве јас приметив дека ми е искриван малце, па која е причина за тоа, мене гитарата ми стои исправена потпрена на ѕидот хоризонтално, и некој викат дека може да биде од тоа ?
 
Мојот е прав (мислам за вратот на гитарата) :P А и ако е крив нема шанси да свириш така да најверојатно си грешка...aко е крив вратот на твојата не верувам дека ќе се свири добро ;)
 
Мојот е прав (мислам за вратот на гитарата) :P А и ако е крив нема шанси да свириш така да најверојатно си грешка...aко е крив вратот на твојата не верувам дека ќе се свири добро ;)
Не чоек, зависи каква гитара има. Ако има шипка во вратот и да се искриви може да се исправи. Патем затоа е и направена таа. Ако вртиш надесно станува испакнат вратот, а налево вдлабнат. Обично електричните имаат таква шипка, а акустичните ретко која има.

Инаку баш поради тоа што ја потпирал на ѕидот се искривува вратот. Или купи си сталка или потпирај ја на телото, а не на вратот.
 
Ај некое мислење за гитарава. Колку ја бива,не ја бива?
Jackson JS30DK

Ај некое мислење за гитарава. Колку ја бива,не ја бива?
Jackson JS30DK

Никад не сум бил фан на Џексони.
Пробувам да ја чујам на асална снимка на youtube,али магнетите звучат прљаво,а може е и до типците шо свират.
Мене ич не ми се свиѓаат али треба сама да чуеш.
Мене многу луѓе ми викаа дека 80% од звукот ти е до појачалото и ги слушав се дур не ги сменив обичните од ибанез за асални димарзио.
Имаш ли кај да ја пробаш у живо?
 
Ја имам дома веќе неколку години ама чисто прашав за мислење. На почетокот ме служеше добро ама у последно време не ми прави многу кеиф, можда е и до мене ако ми прошол меракот на неа :)
Имам две прашања:
Зашто кога пробувам да ја наштимам воошто не се менува тонот?
Која е цената на гитарава сега?
 
За цена не сум сигурен.Инаку гитарава се штима од две страни.Кај тремолото(мостот позади) имаш fine tuner-и кои ко шо вика се за доштимување и стандардните кај главата.Веројатно не можеш да ја наштимаш ради locking системот кај nut-от.Тоа кај шо се спојуваат вратот и главата.
Тие се откључуваат со имбус(обично идат со гитари со таков систем) и после се штима.
 
Добро е значи не ја заебав работава, со тоа fine tuner успеав да ја наштимам освен Е жицата. У секој случај ке ја носам да ми ја среди некој :). Фала многу!
 
одлична за сите кои сакаат појак звук (треба да се стегне малку што ќе чини некои 50 евра, што можам да го направам и јас или пак сами ако сакате сега само да ја земете па во иднина да дособерете паричики па да си ја средите)

Platoon шо како Јамахава кеш ја даваш?
Без тие 50 евра за дотеруење.
--- надополнето: Aug 11, 2011 12:55 PM ---
Добро е значи не ја заебав работава, со тоа fine tuner успеав да ја наштимам освен Е жицата. У секој случај ке ја носам да ми ја среди некој :). Фала многу!

No problem,прашувај шо како ако требa xD
 
Мојот е прав (мислам за вратот на гитарата) :P А и ако е крив нема шанси да свириш така да најверојатно си грешка...aко е крив вратот на твојата не верувам дека ќе се свири добро ;)
Абе другар, малце на средината кај 5тото поле ми е вдлабнат се гледе, кога ке ја исправам и кога ке видам добро малце вдлабнат на средината, ама се свири, не ми е скроз прав, како и да е само ми беше тоа да прашав.
Инаку ми стои повеке на телово гитарата, колку пари се овие сталките ?
 
Kога јас последен пат прашував во До-ре-ми беа 800 денари и јас се откажав од сталки:D За 800 денари ќе свирам Еликсир, каква сталка какви глупости:)
 
Ако си почетник, имаш пакети за почетници.
Околу 19000 денари: гитара, нисковатно појачало, кабли, трзалици, штимер, резервни жици, и уште некој тинтириминтири што после неколку години ќе укапираш за што служат.

Тоа според мене е најдобриот начин за почеток.
А за свирење и музика, ако знаеш англиски, google ти е како бог з таблатури и слични работи, guitar pro и слични.:)
Не ти треба таа опрема за почетник за почетник ти треба гитара и YOUTUBE аххаа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom