Генерална дискусија за светското првенство во Катар

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде нов светски шампион во ракомет?

  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Да прашам нешто...
Пишува вака
Ќе ја надополнам темата со тоа за кое што се зборува веќе подолго време, односно можноста за квалификување за Олимписките игри.
Од ова континентално првенство, шампионот ќе обезбеди директно учество на ОИ во Рио.
Пласираните од 2-7 место ќе обезбедат место на дополнителните квалификации.

1. Директен пласман на ОИ
2. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ (домаќин на група)
3. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ (домаќин на група)
4. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ (домаќин на група)
5. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ
6. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ
7. Пласман во дополнителните квалификации за ОИ

Значи со пласман од 2-7 место имаме загарантиран настап во квалификациите за ОИ. Доколку играме во полуфиналето и се пласираме од 2-4 место, ќе бидеме и домаќини на некоја од групите.

Кои групи, прочитав негде дека три групи по 4 екипи? како иде тој систем, и колку земји влагаат на олимпијата?
Овде па пишува дека трите квалификациски турнири треба да се одржат на 3 различни континенти. Како тоа кога горе е наведено дека домаќини ќе бидат пласираните од 2-4 место на ова СП што уствари се сите европски селекции???

http://ekipa.mk/ihf-objavi-kakov-da-se-stigne-bilet-za-rio/

Едно знам, а тоа е дека Германија сигурно ќе биде домаќин на турнир. Може да испадне и релативно лесен патот за ОИ, пример да ни се паднат на турнирот Германија, Алжир и Чиле а првите 2 одат :ROFLMAO:
 
Некој знае дали снимките од утакмициве ги има некаде (јутјуб, некој вебсајт) да може да се гледаат. Ме утепаа лошиве термини.
 
http://sportmedia.mk/koj-reche-adio-za-rio-i-devettoto-mesto-ni-nosi-kvalifikatsii-za-loi/

Конечно се сетија... Сигурно и ископираа оттука со оглед како работеле досега (макар што спортмедиа е меѓу поупатените за ракомет). Стварно не ми е јасно како е можно еден куп луѓе на форумов да го зборуваме ова со денови веќе, а медиумите дури сега да сфатат откако објавија еден куп дезинформации....

П.С. Трагично е што најверојатно пак малку згрешиле. Ако не грешам треба и Данска да победи не само Франција и Германија денес. Имаат исто бодови со нас ама подобра вкупна гола разлика, што претпоставувам е следниот tie-breaker.[DOUBLEPOST=1422285095][/DOUBLEPOST]Инаку да се надоврзам, многу реално е ова вака да испадне (да тепаат Германија, Франција и Данска и да бидеме 9ти). И Катар има големи шанси да биде Азиски шампион. Мене најмногу ме плаши Полска која како домаќин на идното ЕП ќе има и тоа како шанси да стигне до титула а е можно да изгуби денес од Шведска.
 
Polska do titula e skoro nevozmozno.Bez razlika sto ke bidat domakini.
 
Копираат од нас :D
Кажав и вчера во темата Македонија-Словенија, денес треба да тепаат Франција, Германија и Данска.
http://forum.kajgana.com/threads/Ма...h-1-8-финале-на-СП.76489/page-35#post-7086407
 
Јас па мислам дека Шведска има огромни шанси да го освојат Европското кога на овој тим ќе се приклучат и Готфридсон и Ду Риц, така да подобро е Шведска да иде понатака сега.
 
Сабја друже дали си сигурен дека тој од светското го добива местото за квалификации за ОИ а не тој од европското или пак од азиското што Катар стане азиски шампион? На која основа ние како 5ти од Европското во Србија игравме квалификации за ОИ на турнирот во Шведска?
 
Јас па мислам дека Шведска има огромни шанси да го освојат Европското кога на овој тим ќе се приклучат и Готфридсон и Ду Риц, така да подобро е Шведска да иде понатака сега.

Ду Риц се "пензионира" од репрезентација колку што знам. Имал проблеми со некоја повреда и уште млад се откажува од настапи за Шведска. Инаку домашен терен особено за екипа како Полска никако не е за потценување.
 
Сабја друже дали си сигурен дека тој од светското го добива местото за квалификации за ОИ а не тој од европското или пак од азиското што Катар стане азиски шампион? На која основа ние како 5ти од Европското во Србија игравме квалификации за ОИ на турнирот во Шведска?
Европа како најдобар континент добива плус 3 места :)
Ако шампионот на Европа веќе обезбедил пласман, тогаш наредниот од СП што не освоил место за квалификациите го добива тоа место за ОИ.
Другите две места се добиваат за пласманот на Европско.
Така, ние и Србија како второ и петтопласирани (најдобри две Европски селекции без изборен пласман во квалификации) се пласиравме во квалификациите.
Местото на шампионот Данска, го доби Полска како осма од СП, односно првата репрезентација од СП која немаше обезбедено пласман во квалификациите.
 
Сабја друже дали си сигурен дека тој од светското го добива местото за квалификации за ОИ а не тој од европското или пак од азиското што Катар стане азиски шампион? На која основа ние како 5ти од Европското во Србија игравме квалификации за ОИ на турнирот во Шведска?

Можам и јас да ти одговорам. 2 дополнителни места се добиваат на ЕП кои немаат врска со овие 6.

Едноставно е:

12 екипи учествуваат на ОИ. Домаќинот, светскиот првак и 4те континентални шампиони се 6 (мора да се различни, ако некој се поклопува тогаш се оди на следниот од контиенталниот шампионат за директен пласман). Останатите 6 доаѓаат од квалификациските турнири. Квалификацсики турнири има 3 со по 4 екипи т.е. вкупно 12 екипи. Тие 12 екипи се следните 6 од светско кои не обезбедиле директен пласман претходно, 2 од Европа, 2 од следнорангираниот континент после Европа (мислам дека е Африка), 1 од Азија и 1 од Пан-Америка.

Системот е ваков освен ако нешто специјално за Рио деновиве промениле ама не верувам. И во минатото беше вака. Само до 9то не се стигнуваше бидејќи во четвртфинале неевропски не стигнуваа.

П.С. Тоа што ни треба е просто. Катар да биде Азиски шампион и некој од четвртфиналистите да биде Европски шампион.[DOUBLEPOST=1422291051][/DOUBLEPOST]Еве ви и детално. Само да ни се поклопат коцките одлична е ситуацијата дури и во квалификациските групи :)
 
Последно уредено:
Јас уште вчера на сред меч ви пишав, во темата за утакмицата ама не ме ебнавте. :(

Мада на таа нервоза и тоа трупење страни во темата, кој знае и дали некој ме прочитал. :D
 
Русиве се што можеа изгубија човече :tapp:
Ме уништија во натпреварине за типување :boksix:
Алжир загуби од факинг Саудиска Арабија, а јас ги типував дека групата ќе ја минеле :aplauz:
 
Алжир загуби од факинг Саудиска Арабија, а јас ги типував дека групата ќе ја минеле :aplauz:

И јас :pos:. Ама барем за Русите знаев дека нема да ги биде, иако до толку катастрофа не очекував...
 
Забораивте дека и Бразил е у четвртфинале, а они се директно пласирани на олимпијадата, така да, ако завршат до 7 или бидат 8, се ослободува едно место нели, и доволно би било пример само Катар да освои Азиско. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom