Генерална дискусија за светското првенство во Катар

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде нов светски шампион во ракомет?


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Јас уште стојам на тоа дека ке ги поминевме
 
Ко ќе ми текне дека некои ликови на форумот го сакаа Катар за во осминафинале. :pos:
Повеќе за "долг рок" и за да се избегне Франција во евентуално 1/4 финале. :)
 
Слушнав нешто муабети дека било можно Македонија " да избори " пласман за некој од трите квалификациски турнири кои ќе водат на олимписки игри во 2016.
Кои се тие услови кои треба да се поклопат, секако си го обезбедуваме местото со злато на европското првенство во 2016, но бидејќи не ја разгледувам таа ситуација, онаа поверојатната и полесната која беше доколку веќе ја има?

Франција да победи против Катар денес во финалето, Катар да е шампион на азискиот куп и на европското во 2016 да триумфира Франција?
 
И што е смешно? Знаеш руки што значи воопшто? Антиќ исто беше руки лани во НБА лига, иако има 30 години.
 
Најдобар голман е Омејер, лево крило е Валеро Ривера (Шпанија), синот на катарскиот селектор, лев бек е Рафаел Капоте, репрезентативецот на Катар, среден бек е лидерот на Франција, Никола Карабатиќ, десен бек е Жарко Марковиќ, натурализираниот Црногорец во репрезентацијата на домаќинот, а десно крило е најдобриот стрелец Драган Гаиќ од Словенија. Најдобар пикер е Бартож Јурецки од бронзената Полска.
 
Шта речи!? СП-то ќе го паметам по (олмоуст) заокруженото чудо на Катар ала #ГрцијаЕП04, ѕверското 3-то место на пољаците кои успат ги кикнаа ШВЕ/ХРВ/ШПА и фалинките кои излегоа на дело кај еуро фаворитите.

Колку и да не ги можам поради Карабатич (кој ми е еден од најгнасните спортисти општо), ФРА си покажа по втор пат веќе во поновата историја дека има тим кадарен и достоен за звањето трострук ракометен владатен - СЕ' ЗЕМАА, и заслужено. Искуството го имаат во рацете на 4 стари коски кои се столбот моментално, а иднината од друга страна им е милина и гледајќи уште од сега како играат децата како Порт (кој цело СП играше офф позиција), Бараше, Њокас, Мае и остала банда. Едно е тоа што прејаки беа на овој собир, а друго тоа што немаа достоен ривал за надигрување.

Од ХРВ почна да им иде нагон на повраќање. Што од катастрофалната игра, што од ниското понашање на Вори и очитата уфилманост на Дуле, кој откако ја зема наградата за НАЈиграч пред 2 години и премина во Кил, чиниш Господ за муда го има фатено - Ноншалантност оувр 9.000! Да имаше Голужа повеќе муда, ќе си ги играше Слишко-Игор-Степанчич надворешна линија и Муса на пикер. Барем ќе си ги испечеше децата за понатаму, а ''ѕвездите'' ќе ги оладеше.
ДАН се гледа дека не може да тера само со Хансен. Ужасно им фали здрав плеј. Лауге-Шмит беше еден од најголемите флопови на цело СП, малиот правеше по 5+ технички по меч, а за избрзани и недотерани шутеви да не почнувам. Нз зошто vs ШПА кога се кршеше резултатот, тренерот не проба со Спелерберг (игра супер сезона во Колдинг) кој има еден тон искуство во раце и сигурно ќе придонесеше многу. Исто и на десен бек - Зондергард веќе го стасаа годинките, а Мац не е first team материјал за ваква репрезентација. Плус тие Тофтовците поарно да ги играат само одбрана, патетично е кога еден 100 годишен Нодезбо им го зима учинокот од 6 метри. Јаки шамари се ова данците, прво на 2 финалиња по ред беа силувани (од кои едното дома), а сега пакување уште во 1/4 финале .. Хух, треба да се присоберат АСАП.
ШПА се покажа здраво и задоволително, да не налетеа на петлите, ќе догураа до финале .. Ма да и ова им е океј резултат. Македа со фризот, како царот на хуните.


Откровенија на СП-то ми беа: Голманот на БИХ, Капоте, бекчињата Друкс и Краус на ГЕР и Олсон.


ПС - Мака ми е што рано летна Исланд. Да не се глупираа во групите и да можеше Палма барем еднаш да остане здрав на 2 недели, може ќе умешаа прсти подлабоко. Штета, баш ми се добри и сочни некако последниве години ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom