Генерална дискусија за светското првенство во Катар

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде нов светски шампион во ракомет?


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Штета што се одржува во Катар ретко кој вистински наш навивач можи да си дозволи да отпатува таму
 
Ајде нека почне одвај чекам да гледам квалитетен ракомет.Според мене ќе земат или Шпанија или Данска,некако овие две селекции ми се најкомплетни.Французиве бес Абало ќе бидат доста ослабени,ако им се врати Нарсис имаат некој шанси,али дали подмладени или не нив не смееш да ги отпишеш.мој фаворит освен нашиве секако ми се Хрватска и Полска,првиве мислам дека ќе си патат ради нивниот тако звани тренер.А за Пољациве стварно би ми било мило да освојат,само тешко е за верување кога не успеаа кога им беа играчите у врвна форма,на чело со Бјелицки и компанија,не веруам ни сега дека ќе биде нешто од нив.
 
Јавниот сервис во живо ќе емитува 24 натпревари, а ќе подготвува и специјални студиски емисии поврзани со Мундијалот.

Во Катар МРТ ќе има четиричлена коментаторско-известувачка екипа: ЗОРАН ВИДЕВСКИ, ЈУГОСЛАВ КОСТОВСКИ, ДРАГАН НИКОЛОВСКИ и ТОНИ СТОЈАНОВСКИ, плус снимателот ЃОРЃИ ДЕСПОТОВСКИ.

Емисиите ќе ги водат ГОРАН СТЕРЈОВ, ГОРАН МИЛКОВСКИ и БРАНКО ЧУПЕСКИ, а дел од преносите ќе ги коментираат: ЗЛАТКО КАЛИНСКИ, ГОРАН СТЕРЈОВ и ГОРАН МИЛКОВСКИ..

Во наредните три седмици, единствени други спортски содржини ќе бидат преносите од АБА Лигата, на Собранискиот Сервис.
 
Незнам зошто али ја имам големи очекувања од ова СП и мислам дека можеме до полуфинале.Имаме добар тим и мислам дека со малку срека можеме до тоа полуфинале што го спомнав :)
 
Во пресрет на првентството еве и мала прогноза за крајниот исход (колку за да можам да се смеам колку фатални промашувања сум направил :tvg:):

1. Франција
2. Данска
3. Шпанија
4. Шведска
---------------------------
5. Хрватска
6. Полска
7. Македонија
8. Австрија
---------------------------
9. Словенија
10. Германија
11. Катар
12. Исланд
13. Тунис
14. Белорусија
15. Русија
16. Чешка
---------------------------
17. БиХ
18. Аргентина
19. Бразил
20. Алжир
21. Египет
22. Саудиска Арабија
23. Иран
24. Чиле

најдобар состав на првенствотото:

голман: Ландин
лево крило: Онрубија
десно крило: Екберг
лев бек: Хансен
десен бек: Лазаров
среден бек: Дувњак
пикер: Агинагалде
дефанзивец: Т.Карлсон

MVP: Карабатиќ
 
прва грешка што ја правиш е дека Русија сигурно во топ8 ќе биде..
 
да не знаете дали некое радио (македонско) ќе врши преноси на утакмиците на нашава репрезентација ??? да слушам во петок зошто тоа време најверојатно ќе се враќам од работа :)
 
Ќе има посебна тема за секој натпревар на Македонија или во темите за групите ќе се коментира? :)
 
Ќе има пак на лаола преноси од сите утакмици пошо мтв по една утакмица максимум 2 ќе пренесува?
 
Ќе има пак на лаола преноси од сите утакмици пошо мтв по една утакмица максимум 2 ќе пренесува?
Нема да има на лаола само од европските напреварувања има преноси на лаола.
 
Сите телевизии по држави што ќе пренесуваат може да најде некој?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom