Генерална дискусија за светското првенство во Катар

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде нов светски шампион во ракомет?


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Не требаше да играме ние некој си турнир пред СП или грешка сум нешто ?
Инаку еве Тунис, Швајцарија, Белорусија и Словачка во наредниве 2-3 дена играат турнир.
Ќе одат во Франција на турнир,ќе играат со домаќинот и уште две селекции(не ми текнува сега кој беа)...
И по турнирот,од Франција летаат за Катар...
 
Ќе одат во Франција на турнир,ќе играат со домаќинот и уште две селекции(не ми текнува сега кој беа)...
И по турнирот,од Франција летаат за Катар...

Сега видов на 9ти играме против Франција а во ист ден играат и Алжир со Русија, наредниот ден ќе бидат натпреварите за 3 и 1 место. Значи само 2 натпревари ќе се играат
 
Полуфинале играме со Алжир, а финале најверојатно со Франција, тие мечот го играат против Аргентина.
Преноси од турнирот ќе има на МРТ.
 
ако изгубиме од Алжир, значи на светско сто посто губиме и од Тунис, бидејќи Тунис > Алжир
 
Немора да значи, овие Тунис, Чиле, Египет, Алжир се доста незгодни репрезентации...
Според некоја логика Тунис точно е дека подобар од Алжир но на пријателски утакмици неможиш лесно да заклучиш кој од кој е подобар, ќе си покажи светското...
Кој и да се паднеше од африканските зезнато ќе беше, ама ќе имаме тешка задача и со Тунис...
Во нашата група Хрватска сите ќе го сомели, со нас можи малку да се помачат да биди тесна ама ќе не добијат, со другите брз воз ќе поминат....
Ние очекувам само пораз од Хрватска, другите победи!! Освен со Хрватите најтежок дуел и дуел кој мора да се добие ќе биди со Тунис, нека не се фаќаат нашите одма за Хрватска во секој поглед се подобри од нас, нека гледаат појќе на Тунис. Со Босна очекувам победа сигурна од околу 5 разлика, иако и тие не се баш наивни, ама треба да ги добиеме, со Австрија добиваме тие се поквалитетни од Босна, на европското го тепавме со расклантан состав сега ќе го добијат пак со 3-4 разлика, а Иран ќе биде топовско месо за сите во групата и ќе изгубат од сите. Очекувам второ пласирани да бидиме во групата па за понатаму шо ќе биди нека биди...
 
исланд-германија 25-24 ...на 2,5 мин пред крај незадоволен Петерсон од судиска одлука протестират оштро кон судијата и не доби 2 мин за потоа да се свртит кон 2 од Гер.и загуша го фати и тука не доби директен црвен и тука се одлучи победникот (судиите мислам беа од Норвешка).Вториот голман на Германија тапа е .На 15 сек пред крај голманот Густавсон одбрани зицер од пикерот.
 
Мислам дека Обрван прави голема грешка што го остави Ојлески дома. Според мене нема никаква логика ракометар што редовно игра во ЛШ и во СЕХА да биде заменет со некој што дерби натпревари му се против Тинекс, Зонимак или Металург јуниор.
Ојлески е во подобра форма и од Манасков.
Причината, заради некаква подобра игра во одбрана, мислам дека не држи вода.

Да се надеваме дека Обрван нема да греши кога е во прашање тактика.
 
Пошто другите теми се затворени. :D

Ви текнува ли на СП за јуниори што се организираше во Охрид и Скопје пред 7 години? Сеа налетав на еден пдф фајл со листа на најдобри поединци од тоа СП. Баеѓи младинци кои настапувале тога, сега се реномирани А класа ракометари.

Па така, едни од најдобрите стрелци на турнирот биле Иван Чупиќ, Уве Генсхајмер, Мадс Кристиансен. После нив се и Скубе, Јакобсен, Урбан, Угалде, Атман, Гојун, Урбан, Батиновиќ, Акамбре, Вајндхолд, Гурбиндо...
Најдобри стрелци кај нас биле Марко Вукчевиќ и Велко Маркоски. Маркоски воедно бил и еден од најдобрите дефанзивци. Голман тогашниот и сеуште талент, Николче Митрески. :pos:

Многу скудни информации има за чудово, сакав да најдам кој беше комплетниот наш тим предводен од Вујо ама не можам. Ако има некој или ако му текиња нека пише. :)

јас ги пратев сите утакмици на нашиве :) директно организирана навивачка група бевме :D палевме гасевме низ Охрид тие неколку денови :pos: :pos: Вујо беше селектoр на таа репрезентација, а Пецаковски капитен :) и како шо го прати малер цел живот, ја скрши раката или прстот во воведните утакмици и толку се виде и од него :) знам дека Шведска стана светски првак ги победи Германците во финале :) Сјостранд и Паличка им беа голмани на тоа се сеќавам и мислам дека Сјостранд најдобар голман беше прогласен на првенството... Чупиќ газеше најдобар стрелец мислам дека беше.. а MVP беше прогласен Уве Генсхајмер уше од тогаш се глеаше дека е чудовиште :D

кај нас од актуелниве репрезентатици шо се, играаа секако Николче Митревски на голот, талент во надоаѓање, Столе Стоилов (додуше појќе на клупа беше, Дарко Јанев милам дека беше стартен пикер, a Никола Марковски втор) Гоце Георгиевски, Велко Марковски.. Јовчевски и тој играше, вечниот талент Левов :) натурализираните Вукчевиќ и најголемот слепец шо некогаш заиграл ракомет Марко Симовиќ !!! Вукчевиќ изигра страшно првенство... мотор беше на цела екипа, најдобар стрелец на скоро секоја утакмица бешее...

убави спомени ми врати ова кај шо го пишам сеа :)
 
Мислам дека Обрван прави голема грешка што го остави Ојлески дома. Според мене нема никаква логика ракометар што редовно игра во ЛШ и во СЕХА да биде заменет со некој што дерби натпревари му се против Тинекс, Зонимак или Металург јуниор.
Ојлески е во подобра форма и од Манасков.
Причината, заради некаква подобра игра во одбрана, мислам дека не држи вода.

Да се надеваме дека Обрван нема да греши кога е во прашање тактика.
Знаеш кај игра Недановски ? :pos:
 
Недановски игра у МРК и дерби не му е со Пролет,Јуниор, туку со Ринија. 2ра лига.
 
СП ВО РАКОМЕТ КАТАР 2015 - НА МРТ 1 !!!!!!

ЧЕТВРТОК, 15 ЈАНУАРИ
18.00 емисија КАТАР 2015
18.30 пренос КАТАР-БРАЗИЛ

ПЕТОК, 16 ЈАНУАРИ
14.30 емисија КАТАР 2015
15.00 пренос МАКЕДОНИЈА-ТУНИС

САБОТА, 17 ЈАНУАРИ
16.30 емисија КАТАР 2015
17.00 пренос МАКЕДОНИЈА-ИРАН

НЕДЕЛА, 18 ЈАНУАРИ
16.30 емисија КАТАР 2015
17.00 пренос ГЕРМАНИЈА-РУСИЈА

ПОНЕДЕЛНИК, 19 ЈАНУАРИ
16.30 емисија КАТАР 2015
17.00 пренос МАКЕДОНИЈА-БИХ

ВТОРНИК, 20 ЈАНУАРИ
18.30 емисија КАТАР 2015
19.00 пренос ФРАНЦИЈА-ИСЛАНД

СРЕДА, 21 ЈАНУАРИ
15.00 пренос СЛОВЕНИЈА-БРАЗИЛ
16.30 емисија КАТАР 2015
17.00 пренос МАКЕДОНИЈА-ХРВАТСКА

ЧЕТВРТОК, 22 ЈАНУАРИ
18.30 емисија КАТАР 2015
19.00 пренос ДАНСКА-РУСИЈА

ПЕТОК, 23 ЈАНУАРИ
15.00 пренос ШПАНИЈА-СЛОВЕНИЈА
16.30 емисија КАТАР 2015
17.00 пренос МАКЕДОНИЈА-АВСТРИЈА

САБОТА, 24 ЈАНУАРИ
18.30 емисија КАТАР 2015
19.00 пренос ФРАНЦИЈА-ШВЕДСКА

НЕДЕЛА, 25 ЈАНУАРИ
-емисија КАТАР 2015
-пренос 1/8-ФИНАЛЕ
-пренос 1/8-ФИНАЛЕ

ПОНЕДЕЛНИК, 26 ЈАНУАРИ
-емисија КАТАР 2015
-пренос 1/8-ФИНАЛЕ
-пренос 1/8-ФИНАЛЕ

СРЕДА, 28 ЈАНУАРИ
-емисија КАТАР 2015
-пренос 1/4-ФИНАЛЕ
-пренос 1/4-ФИНАЛЕ

ПЕТОК, 30 ЈАНУАРИ
-емисија КАТАР 2015
-пренос 1/2-ФИНАЛЕ
-пренос 1/2-ФИНАЛЕ
-пренос МАКЕДОНИЈА (ако играме за 5-8.место)

САБОТА, 31 ЈАНУАРИ
-емисија КАТАР 2015
-пренос МАКЕДОНИЈА (ако играме за 5-8.место)

НЕДЕЛА, 1 ФЕВРУАРИ
16.30 емисија КАТАР 2015
17.15 пренос ФИНАЛЕ

• ПЛАНОТ Е НАПРАВЕН ПОД ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НАЈМАЛКУ ВО 1/8-ФИНАЛЕТО.. ВО СЛУЧАЈ НА НЕЈЗИНА РАНА ЕЛИМИНАЦИЈА, ЌЕ ГИ ПРЕНЕСУВАМЕ И НАТПРЕВАРИТЕ ОД Т.Н ПРЕЗИДЕНТ КУП.
• ТЕРМИНИТЕ ЗА ПРЕНОСИТЕ ОД НОКАУТ-ФАЗАТА ДОМАЌИНОТ ЌЕ ГИ РЕШАВА ДО ТЕКОТ НА ПРВЕНСТВОТО.
 
да напишам и добра вест за оние кој имаат дримбокс и да не вртат по сателити да бараат натпревари сите 88 натпревари ке бидат прикажани во живо на sky germany затоа што скај ги откупи правата за светсково во катар за германија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom