Пошто другите теми се затворени.
Ви текнува ли на СП за јуниори што се организираше во Охрид и Скопје пред 7 години? Сеа налетав на еден пдф фајл со листа на најдобри поединци од тоа СП. Баеѓи младинци кои настапувале тога, сега се реномирани А класа ракометари.
Па така, едни од најдобрите стрелци на турнирот биле Иван Чупиќ, Уве Генсхајмер, Мадс Кристиансен. После нив се и Скубе, Јакобсен, Урбан, Угалде, Атман, Гојун, Урбан, Батиновиќ, Акамбре, Вајндхолд, Гурбиндо...
Најдобри стрелци кај нас биле Марко Вукчевиќ и Велко Маркоски. Маркоски воедно бил и еден од најдобрите дефанзивци. Голман тогашниот и сеуште талент, Николче Митрески.
Многу скудни информации има за чудово, сакав да најдам кој беше комплетниот наш тим предводен од Вујо ама не можам. Ако има некој или ако му текиња нека пише.