Генерална дискусија - EURO 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Марсијал повреден е нешто? Неможе да почне без него бе, не е нормален Дешамп.
 
Љорис она што го фати во првите минути веќе е во конкуренција за интервенција на првенството :D
 
Како тоа ќе ги кошта многу кога за разлика од Косчиелни и Евра во овие 45 минути е најдобар играч у дефанзива?
Па и тие беа крш, ама според мене овој апла, ниедна асална топка не изнесе.
 
Марсијал повреден е нешто? Неможе да почне без него бе, не е нормален Дешамп.
Не дека е лош на 9 ама попродуктивен е на лево крило... Марсијал би влегол наместо Паје.
 
Љорис она што го фати во првите минути веќе е во конкуренција за интервенција на првенството :D

Во него шутираа не дека инаку којзнае што направи за да го фати ударот

Во второ Жиру аут, Марсијал ин
Исто и Кабај да го стави во средина на местото на Погба или Матуиди, оти креативност 0 имаат во средината засега

Не дека е лош на 9 ама попродуктивен е на лево крило... Марсијал би влегол наместо Паје.

Пајет ќе оди на десно, Гризман средина
 
Klasicna francuska igra edno golemo nisto.Sto mislea samo da izlezeme na teren i romancite sami kje gi turnat gacite, epa malo sutra
 
Можеби треба Марсал лево, Паје АМФ, а позади Погба и некој од Канте и Матуиди. Реално вака Матуиди, Канте и Погба се многу збиени и се гушат.
 
Ништо не играт французите катастрофа е ова.. Шо улога имат Жиру и Гризман двата напикани еден до друг?? Никој не игра по крило.. Погба жонглира се заебава.. Овај Рами да те фати срцето ако му е во радиус од 10 метри топката..

Матуиди и Жиру би ги извајл за Коман и Марсијал.. Паје нека оди на средина
 
Па и тие беа крш, ама според мене овој апла, ниедна асална топка не изнесе.
Не би рекол, на пример Евра поима нема у одбрана, не општо туку во полувремево сеа за сеа, неколку пати Сапунару го издрибла и тој Попа исто.
Косчиелни е паничар, го шутна тој у колено ко задња будала, се губи целиот, под импресии е.
За разлика од нив Рами е баш сигурен, имаше 1-2 додавања према напред, сигурно игра позади. Не дека Романциве се кујзне колку опасни па овој изгледа ко Стам а Кос и Евра се дно дна ама сепак од тие неколку ситуации Рами позитивно двои за разлика од овие двајца.
И Сања исто е добар, стандард.

Камен се франзуциве, грам поврзаност да се немало, Погба, Паје, Жиру под импресии се уште, едино Матуиди и Гризман што играат нешто од нешто, плус Сања и одбраната на Лорис. Едно голче им треба да се ослободат.
 
Не дека е лош на 9 ама попродуктивен е на лево крило... Марсијал би влегол наместо Паје.
4-2-3-1 не знам што се глупира со овие тројца на средина, нема никаква креација. Ова може да го игра против поквалитетни репрезентации, па да прави пресинг со Канте и Матуиди. Вака нема никаква корист од двајцата ако се во игра, еден е сосема доволен.
 
Добро, само на Дешамп не му е јасно дека Марсијал МОРА да игра прва постава?
 
Евра и Рами првото полувреме се крш, посебно Евра кој три пати го поминаа како мало дете.
Им фали креативен играч во средината на Французите, не бива се да се враќа од крило Паје за да разигрува. А и криминални центаршутеви имаше во ова полувреме.
Очекувам еден од Марсијал/Коман во второ да ја размрда играта.
 
Се знаеше уште од ПЛ деновите во кариерата на Евра дека веќе не може со брзи и пробивни играчи, поготово ако не му помага некој(крилото) во одбраната. Затоа мислам дека после СП мораше да се повлече од репрезентацијата. Потактички е фудбалот во Италија, затоа ова не доаѓа често до израз.
 
Можеби треба Марсал лево, Паје АМФ, а позади Погба и некој од Канте и Матуиди. Реално вака Матуиди, Канте и Погба се многу збиени и се гушат.
Го делам мислењево. Немаше потреба да игра тројца ѕверотињи во средина од кои само еден од нив може работа за двајца да заврши. Матуиди и Погба ќе беа доволни и ќе можеа со класична десетка или полушпиц да играат.
 
Евра се навикнал позади да му бидат Бонучи,Барѕаљи и Келини, и сега делува како 16 годишен тинејџер кого му маваат ластици од кој стигне...Рами слабо, овие другиве ко нозете да им се вкочанија.

Тапа... Овој Рат од Романија од времето на Чаушеску е во репрезентацијава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom