Како бре која им беше целта? Џоџен беше greensight, имаше визии, односно можеше да ја предвиди иднината. Тој знаеше за Брен дека е како него, односно дека е greenseer, може да гледа во минатото (ваљда и иднината), ама плус може да варга. Целта на Џоџен беше да го однесе Брен кај three-eyed-raven зад ѕидот, а Мира беше со него за да го штити.
Не е јасно целосно, ама најверојатно three-eyed-raven го имаше пратено Џоџен да му помогне на Брен да стигнат кај него. Им испраќаше визии и на двајцата како да го најдат, со тоа што Џоџен (поискусен), знаеше подобро да ги толкува. Затоа и three-eyed-raven рече дека Џоџен знаел дека ќе умре на патувањето, но сеедно одлучил да му помогне на Брен да стигне кај него и со тоа Брен да стане three-eyed-raven.
Со оглед на тоа што Мира беше само сопатник и заштитник, логично е што си замина дома, односно својата цел ја исполни. Така да, далеку од „без поента“.