Game of Thrones

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Вториот дел е поврзан со првиот, затоа што ти спомнуваш емоционално трошење и зависност. Доколку си зависен и емоционално приврзан, барем на почеток серијава ќе ти се допаѓала, што не е во глобала случај со оние кои тука деноноќно ја просераваат. Едниот дел ја негира истава од сам старт а другиот дел од моментот кога серијалот ги поминува книгите во дејствието.
Некако не следам од каде го извади сево ова. Ако се работи за конверзација со членот кој го имам цитирано не сум баш во тек.

П.С Неам досега правено муабет со луѓе што ја негираат цела серија. Мое мислење е дека ГоТ постави одредени стандарди и правеше одредени работи поинаку и подобро т.е постоеја кул и интелегенти ситуации(некои од нив и не беа дел од книгите), а ова што се деси со осмава сезона беше навреда на интелегенцијата и еден куп клише ситуации кои беа тотално непотребни.

Знам дека hindsight e 20/20 ама од ГоТ се очекуваше повеќе посебно со оглед на тоа што се остави 2 години простор за дополнителен квалитет, а испадна дека добивме фан продукција.

П.С2 Лично би чекал и 4 години само она што го консумирам да биде квалитетно.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Накратко.
Да чекавме и 8, ќе имаше луѓе кои немаше да бидат задоволни и ќе имаа став налик „е да бе, за ова чекавме 8 години“.
Предобра серија, преголем квалитет а ДД не се виновни затоа што секој гледаш си има своја замисла како таа треба да изгледа и како таа треба да заврши.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Предобра серија, преголем квалитет а ДД не се виновни затоа што секој гледаш си има своја замисла како таа треба да изгледа и како таа треба да заврши.
Не е тоа проблемот. Јас ја почитувам рамката на продуцентите - како го замислиле заплетот, крајот и тн. Во рамките на нивните замисли и поставки, егзекуцијата на замисленото не функционира.
 
:D

Се познавам оддамна, се почитуваме, мислам дека нема потреба со мене да бидеш лицемерен :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Накратко.
Да чекавме и 8, ќе имаше луѓе кои немаше да бидат задоволни и ќе имаа став налик „е да бе, за ова чекавме 8 години“.
Предобра серија, преголем квалитет а ДД не се виновни затоа што секој гледаш си има своја замисла како таа треба да изгледа и како таа треба да заврши.
Мислам дека тоа е нормално секогаш има некој што не е задоволен посебно кога се работи за серија со толкав квантитет на фанови. Како резултат на ова одредени особи се посочуваат како виновници.

П.С Берик ми ги зема зборовите од уста. За мене лично најтрагично беше што рамката беше добро смислена ама изведбата не беше на ниво конкретно за осмава сезона.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
:D

Се познавам оддамна, се почитуваме, мислам дека нема потреба со мене да бидеш лицемерен :)
Какво лицемерие, какви бакрачи. Не те разбирам баш за лицемерието.
Најди ми пост кај што сум рекол негде нешто против тоа зашто Арја го убила НК или зашто решиле да го решат изненадно Најт Кинг. Ме боли уво, тоа е уметничка слобода. Моите замерки се во врска со тоа што во рамките на нивните замисли не направиле разумно да функционира тоа што го замислиле.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Мислам дека тоа е нормално секогаш има некој што не е задоволен посебно кога се работи за серија со толкав квантитет на фанови. Како резултат на ова одредени особи се посочуваат како виновници.

П.С Берик ми ги зема зборовите од уста. За мене лично најтрагично беше што рамката беше добро смислена ама изведбата не беше на ниво конкретно за осмава сезона.
Само не мислиш дека е чудно како секогаш истите личности кои коментираат во темава со години наназад, се за чудо, незадоволни?[DOUBLEPOST=1558035594][/DOUBLEPOST]
Какво лицемерие, какви бакрачи. Не те разбирам баш за лицемерието.
Најди ми пост кај што сум рекол негде нешто против тоа зашто Арја го убила НК или зашто решиле да го решат изненадно Најт Кинг. Ме боли уво, тоа е уметничка слобода. Моите замерки се во врска со тоа што во рамките на нивните замисли не направиле разумно да функционира тоа што го замислиле.
Не можам да ти најдам негативен пост можеби за конкретната ситуација. Исто така, не можам ни да ти најдам позитивен пост општо за серијата, последниве 3-4 години.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Не можам да ти најдам негативен пост можеби за конкретната ситуација. Исто така, не можам ни да ти најдам позитивен пост општо за серијата, последниве 3-4 години.
Eве ти позитивен пост.
Да нема забуни, мене ми е GoT најдобра серија евер, иако не е најдобра серија ни од далеку.
Не ми смета - тоа што беше ноќ у трета епизода (треба да биде ноќ и темница, тоа Долгата Ноќ што почнала и ќе трае кој знае колку, дур НК не го цвикнат), тоа што решиле Арја да го убие, тоа што не објаснија за НК (највише затоа што според мене објаснија све што треба, мада и стварно да не објаснеа немам проблем со тоа),тоа што Еурон со бродовите беше зад остров и може да не ги приметат змејовите бродовиве, односно кога ќе ги приметат касно да биде и ред други работи кои произлегуваат од замислата на Д&Д, за тоа како ќе биде костурот на приказната.

Сезонава е визуелен мастерпис (но морам да додадам повторно - и Ласт Џедај беше тоа)

Сценариото... е тоа е друга прича.

Ја не се сметам себеси за хејтер на серијава. Мене ми е најбољи филм Лорд оф д Рингс, а толку замерки му имам.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Само не мислиш дека е чудно како секогаш истите личности кои коментираат во темава со години наназад, се за чудо, незадоволни?[DOUBLEPOST=1558035594][/DOUBLEPOST]

Не можам да ти најдам негативен пост можеби за конкретната ситуација. Исто така, не можам ни да ти најдам позитивен пост општо за серијата, последниве 3-4 години.
Јас во ептен скоро време се приклучив на дискусијава па не сум запознаен со ситуацијата. Инаку нормално е секоја серија да има хејтери, од друга страна има и луѓе што се објективни така да тоа е тоа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Личниот впечаток ми е дека се дискутира само за да се биде дел од нешто кое што е оквалификувано како "дискусија за паметни" а секој сака да биде сметан за таков. Серијата е интелигентно осмислена, доби таква репутација, па секој кој што се смета за паметен "мора" да ја гледа. Таков е утврдениот наратив. Општиот став е дека серијалот е страва, но како предмет на конфликт се претворија последните неколку сезони и особено последната. Меѓутоа, мнозина падот во квалитет во последните сезони го искористија како момент за да се одделат од општите сфаќања воспоставени до тогаш за квалитетот на серијата и како самопрогласени интелигентни битија, да се постават над таквите сфаќања прифатени од мнозинството, да почнат да какаат за тоа како серијата во последните сезони станала "поглупа" или со други зборови, не е повеќе на ниво со нивните интелектуални капацитети, кои што гледано од нивна перспектива ја надминуваат содржината на истата.
Веднаш потоа се создаде домино ефект, тренд на хејт оти сите посакаа да бидат уникатни и несфатени, го искористија до максимум првиот знак на слабост на серијата на сметка на билдање на своето его.

Во осмата сезона се создаде еден парадокс, бројот на хејтери рапидно се зголеми до степен да веќе не е повеќе интересно нити уникатно да се биде во тој табор. Затоа се создаде една група "бранители" кои што мошне флексибилно се прилагодуваат кон дадените околности, со спремни теории во одбрана на серијата и последната сезона. Оваа група еволуирала до степен да онаму каде што мнозинството гледа нелогичности и основ за критики, тие гледаат нешто друго, возвишено и уметнички, скриена порака од сценаристите упатена ексклузивно до нив. Тие се претворија во штитот кој што ја брани серијата и сценаристите од инвазијата на избезумената хорда хејтери кои што ја девалвираат вредноста на серијалот. Само што и тие, како и другите, некако повеќе тераат инат отколку објективна дискусија, која што реално не треба да биде раководена од лични фрустрации и желби за билдање на сопственото его.
 
S

sim4e

Гостин
Има и трета група која прави антрополошки осврт на првите две групи и го проучува нивното поведение во контекст на серијата.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ама никој нож под грклан не става да гледате штом веќе со години паѓа квалитетот, не сме СССР. Еден саат неделно заштеден, не е оправдување тоа што 5-6 години се потрошени на следење на серијата. Пола форум ја откажавме The Walking Dead, уствари и самите глумци годинава веќе викале дека нема поента да се биде дел од серијата. Поточно не, чисто да доловам, Гили што се руга за таа Тара од TWD е Олена Тајрел па ете, сите сме живи и здрави и темата си е раат за тие што си следат.
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
колку и да си голем фан на серијава, не можеш да останеш рамнодушен на одредени сцени или ситуации во кои ги прикажаа одредени ликови...еден пример, можеби и глуп и небитен, ама:

не можеше да си потоне со бродот, во стилот No ship should go down without her captain? или некоја по епик сцена??

па илјадници луѓе работат на серијава и ова е најдоброто што го смислија??

ова е само една ситуација од многуте што ги изналупаа во овие две сезони...

Арја три сезони беше во тренинг кампот за убијци, сезонава ни еднаш не дадоа да го искористи тоа што го научи, ама океј е, понекогаш и ние бараме премногу....

и покрај тоа, кога ќе се земе како целина серијава, дефинитивно една од најдобрите, за многу и најдобра во историјата...
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950

Како бе не искористи, нели го уби Ноќниот? :LOL:
Јурон требаше некако да ги замени Џофри и Ремзи, нова класа на психо, го имаше погледот и очите за тоа, али мене само ми беше смешен кога го гледав (лошо го напишаа). И логично е дека пореметен тип сака да убива, а не да бега од битка, го заболе него колку ќе живее.

Вака кога ги читам некои забелешки и коментари на темава, се осеќам ко кога другарка ми (пет серии во живот има изгледано од типот на Госип грл) ми објаснува за серијава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom