Космичка правда би било Брон да седне на тронот. После сите замоци кои што му ги ветија овие Ланистериве, на крај тој да седне на тронот, или барем на она што остана од него. Не дека ќе се деси.
Навистина, што се деси со железниот трон сега после уништувањето на Ред Кип?
На крајот кој и да седне на тронот ќе стане владетел на куп пепел и масовна гробница, што пак од друга страна би дошло како добра аналогија на војните од реалниот живот.
Што се однесува пак до хејтот, мислам дека како и да заврши серијата на крај мислењата ќе останат поделени. Мислам дека некој рече дека крајот ќе биде "bitter-sweet". Тој што одлучил да му се допаѓа серијата, без разлика на крајот ќе си ги бара исклучиво позитивните аспекти, остатокот што одлучил спротивно ќе продолжи да си хејта.
Во моментов хејт страната преовладува, па веројатно стана кул да се биде дел од другиот табор, кој што е во константна потрага по подлабокото значење, скриените детали, алегории за кои што ни сценаристите не се свесни дека постојат.
Притоа се заборава фактот дека таквите детали природно, преку развојот на дејствието си излегуваа на површина, без никаков посебен напор гледачите ја примаа пораката и владееше општ компромис за нејзиното значење.
Сега од поединци се копа низ сценариото, во обид да се најде некакво скриено значење кое што би го објаснило целиот овој неред околу 8-та сезона, а штом на нешто му треба дополнително објаснување, теоретизирање до степен на произволно толкување од поединци за значење кое што треба да биде очигледно за сите...тогаш дефинитивно нешто не е во ред. Мислам дека сезоната остави многу недоречености до сега за кои што е веќе доцна да се надополнат, и тоа е главниот проблем.