- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Најобјективно мислење е кога ќе се изгледа епизодата без да се отвори интернет. Ако ве бендиса епизодата од прво гледање и отворите на интернет и сте сведок на масовен хејт, тогаш по автоматизам и вие барате дупки во сценариото и се приклучувате кон толпата. Тоа се случува од страв да не бидете оквалификувани како недоволно интелигентни за една ваква серија, оти модерниот наратив говори дека критички ориентираните мислења се поимаат како знак за самостојно размислување и креирање на сопствени независни ставови, што пак во случајов е парадоксално.
Ретко кој ќе ви признае дека за одредена работа сте во право, посебно нема на една ваква тема каде што објективните гледишта се сведуваат до степен на релативност, секој е во право и никој не е. Победува ставот на толпата во секој случај, а ставот на толпата кон серијава е воглавно критички настоен. Зошто? Еве епизодава беше релативно добра, споредбено со предходните. Ако некој даде такво признание а претходно хејтал, тоа оди во домен на самодемантирање. Ретко кој е спремен на такво признание, затоа и хејтот се засилува и фокусот се става кон негативните аспекти повеќе отколку на позитивните.