Не по врат, по глава, границата меѓу опседнатост и лудост е доста тенка, а уште потенка кога ќе и биде дадена моќ. Виде моќ со змејовите и дотраките, па на кој стигна му викаше bend the knee.
И пак е подобар владетел од Серсеи. Глупост и беше да ги убие тие двајцата на тој начин но освен тоа што ја прави толку луда? Џејми се обиде да убие дете, Серсеи да не збориме што зулуми има направено, Ариа исто, Варис и Бејлиш сите срања што се десија они имаа замешано прсти, Рамзи Болтон и Еурон немаат една откупувачка особина, Тајвин, Болтон... листата оди до бесконечност. Ама не овие горе наброени убијци и/или воени злосторници не се проблем, она девојчево е луда, злобна, анатема!
Никогаш не сум бил фан на Дајнерис ама последниве епизоди се обидуваат да ја направат ко божем чудовиште да е но не успеваат туку напротив ја прават посимпатична/sympathetic.