Немаме време бе да им гледаме по триста приквели, јас лично догледувам последниве три епизоди, што ќе се деси, ќе се деси и после ич не ме занима искрено.
Има еден куп серии што можеш во денешно доба на телевизија да ги гледаш, скоро од секаков жанр. Мислам дека се преценуваат со спин оф-ите, не само ГоТ, туку и еден куп други серии.
Камо бе да има серии од типот на ББ и The wire, даваш пет сезони, не им го переш мозокот на луѓето со глупости и нелогичности (па ај фантазија била, па ај ние ќе си размислуваме што се дешавало и зашто не било објаснето, хм секако), заокружуваш приказната и не ги молзеш сезоните ради профит или полошо, правиш спин оф глупости.
Мене искрено серијава никогаш не ми беше над првиве две спомнати, и во најдобрите нејзини времиња, пред се ради тоа што секогаш давам предност кај серија што е raw drama и не сум фан на фантазии, јбг вкусови, али се надевам дека бар ќе ја завршат солидно. Не верувам дека некој од инат ја плука сега, сите сакаме некој достоен крај, не можеш во никој случај да и залепеш 1 на серијава, али не е ни за тој висок рејтинг што го имаше првите сезони, да не се лажеме сега.