Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Night King vo ovoj format go nema vo knigite. Verojatno mislis na Nights King sho e drug lik
Night King од книгите е апсолутно небитен на темава.

- Кои карактерни особини ги има НК? Ликот имаше вкупно 10 минути screen time во цела серија.
Види ја сликата уште еднаш :)

Не знам зошто очекувате објаснување за НК кога сите знаеме дека ќе има приквел. Треба да се молзи кравата.

Некои сакаат да ја гледаат ГОТ полабаво и тоа е сосема во ред
ГоТ е лабава серија. Фан базата си умислува дека е серија за разглабање теории, откривање мистерии и мерење полови органи. Единствени мистерии беа која е мајка му на Џон Сноу, што стана јасно многу брзо, и кој е Најт Кинг, што ќе се разјасни во приквелот, а инаку е неважно. Најт Кинг е лошо дечко кој мораше да биде победен за останатите да можат да се убиваат на мира. И беше победен. Енд оф стори.

Се друго е прераскажување стара приказна која Сем ја запишал долго откако сите други изумреле.
 
Да беше само за најткинг што треба да се објасни, има уште subplots кои останаа така да висат во воздух, прво религиите на lord of light и свештеничките, за Мелисандре конкретно која беше и што беше, Варис и зошто една од нив му го жртвувала половиот орган, many faced god со животите кои му се должат, Арја уби безброј луѓе треба да има вратка за одземените животи, оживувањето на Џон и последиците од истото, визиите на Бран..
Не верувам дека ќе добиеме објаснување за сето ова што е уште по иритантно, не гледам поента во тоа да отвораш прашања кај гледачите ако немаш цел да ги одговориш, всушност серијата и поради овие прашања ги привлече гледачите им ја разбуди љубопитноста да продолжат да гледаат.
Нема смисла ако сега се се сведи на безкрајни препуцавања меѓу Денерис и Серси во наредните 3 епизоди и се останато да го турнат под тепих и се направат на мутави
 
Се гледа дека немате искуство со The Walking Dead. И приквел и сиквел и сајд стори и што не. Објаснување да се добиело, хаха, чекајте малце, како што вика Ио ќе се молзе кравата, ќе си добиете во некоја друга серија поврзана со ГОТ.
 
Немаме време бе да им гледаме по триста приквели, јас лично догледувам последниве три епизоди, што ќе се деси, ќе се деси и после ич не ме занима искрено.
Има еден куп серии што можеш во денешно доба на телевизија да ги гледаш, скоро од секаков жанр. Мислам дека се преценуваат со спин оф-ите, не само ГоТ, туку и еден куп други серии.
Камо бе да има серии од типот на ББ и The wire, даваш пет сезони, не им го переш мозокот на луѓето со глупости и нелогичности (па ај фантазија била, па ај ние ќе си размислуваме што се дешавало и зашто не било објаснето, хм секако), заокружуваш приказната и не ги молзеш сезоните ради профит или полошо, правиш спин оф глупости.
Мене искрено серијава никогаш не ми беше над првиве две спомнати, и во најдобрите нејзини времиња, пред се ради тоа што секогаш давам предност кај серија што е raw drama и не сум фан на фантазии, јбг вкусови, али се надевам дека бар ќе ја завршат солидно. Не верувам дека некој од инат ја плука сега, сите сакаме некој достоен крај, не можеш во никој случај да и залепеш 1 на серијава, али не е ни за тој висок рејтинг што го имаше првите сезони, да не се лажеме сега.
 
Има ББ спиноф/приквел, Better Call Saul а се снима и филм :))
 
Само на интелегентните читачи, режисери и сценаристи може да им текне ваква сцена! Прави воени ГЕНЕРАЛИ!!! ГОТ sucks...
 
1 пат пишувам на темава иако све сум изглеал, ме занима зошто 1.01 квота имаше планината дека ќе умре... Според мене моментално е најјак борец, тој кајбурн магионичарот од коа го спаси од отровот на оберин мислам дека дупло повеќе го ојача.. Дури читам теории дека Сандор ќе го поразел.. Сандор моментално послаб е и од Арја, Лејди Бриан, Грејворм, Тормумд, Џон и тако даље... Не можам да замислам некој 1 вс 1 да го порази..
 
Иначе процедурално, муабетот за ББ од претходно со еден член не беше за Breaking Bad туку за Band of Brothers мини серија за WW2 која го крева адреналинот ко што ГОТ никогаш не успеала и се е снимено според сведошта (праевме муабет за оригиналноста, веродостојноста и реалистичноста на сериите) , мислам дека е режирана од Спилберг или продуцент беше не сум сигурен. Али знам дека е тесно поврзана со Saving the private Ryan филмот.
 
...прво религиите на lord of light и свештеничките, за Мелисандре конкретно која беше и што беше, Варис и зошто една од нив му го жртвувала половиот орган,
На Варис кога бил мал, половиот орган му го исече волшебникот, кој тој после толку години си го најде и му го донесоа во сандак (ерм, волшебникот, не половиот орган). Нема врска со верниците на Р'лор.[DOUBLEPOST=1557002980][/DOUBLEPOST]
Иначе процедурално, муабетот за ББ од претходно со еден член не беше за Breaking Bad туку за Band of Brothers мини серија за WW2 која го крева адреналинот ко што ГОТ никогаш не успеала и се е снимено според сведошта (праевме муабет за оригиналноста, веродостојноста и реалистичноста на сериите) , мислам дека е режирана од Спилберг или продуцент беше не сум сигурен. Али знам дека е тесно поврзана со Saving the private Ryan филмот.
Една од најавтентичните серии за Втора Светска, ако не и најавтентична. Поавтентична и од Рајан.
 
На Варис кога бил мал, половиот орган му го исече волшебникот, кој тој после толку години си го најде и му го донесоа во сандак (ерм, волшебникот, не половиот орган). Нема врска со верниците на Р'лор.

Да но не кажаа за каква цел, со оглед на тоа што и таа свештеничката што дојде во пирамидата и Мелисандре го споменаа тоа делуваше како да се работи за некоја жртва спрема лорд оф лајт како Мелисандре што му направи на Гендри со пијавиците
Постоеше една популарна теорија
дека Варис е копиле на лудиот крал, и му го отсекоја за некоја магија за негово убиство или нешто слично, и затоа од почеток го поддржуваше враќањето на Таргариени.

Како и да е, тоа околу отсекувањето беше споменато многу пати што значи дека веројатно е е важен дел од целокупната приказна..
 
Да но не кажаа за каква цел, со оглед на тоа што и таа свештеничката што дојде во пирамидата и Мелисандре го споменаа тоа делуваше како да се работи за некоја жртва спрема лорд оф лајт како Мелисандре што му направи на Гендри со пијавиците
Постоеше една популарна теорија
Они знаеја затоа што гледаат во огновите, како што знаеја и за се друго. А не дека тој волшебникот бил дел од таа религија, од тој ред. Тој не се кажа од која сорта бил, можеби од никоја, онака само волшебник, човек кој се занимавал со евокации и инвокации (пошто тоа му беше целта нели).
 
Иначе процедурално, муабетот за ББ од претходно со еден член не беше за Breaking Bad туку за Band of Brothers мини серија за WW2 која го крева адреналинот ко што ГОТ никогаш не успеала и се е снимено според сведошта (праевме муабет за оригиналноста, веродостојноста и реалистичноста на сериите) , мислам дека е режирана од Спилберг или продуцент беше не сум сигурен. Али знам дека е тесно поврзана со Saving the private Ryan филмот.

Едното е базирано на вистински сведоштва и е репер за минисерии и историски претставувања, другото е воена драма со глупа, емотивна, тактички небитна, америчка пропаганда. Освен што Том Хенкс и Спилберг се вмешани во двете овие, друго ништо немаат заедничко.
 
Samo za onie koi sakaat povekje logika od GOT

И мене ми се избаци во препораки на youtube баш мислев да го постирам. Ако не некоја по фенси стратегија ова е минимално што требаше да содржи епизодата за жал изгледа продуцентиве мислеле дека и нафта да ни дадат ќе ја испиеме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom