Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Откако се вратија Дотраките, кога тргнаа мртвите кон замокот, тука можеа змејовите да ги изгорат на момент и така летаа наоколу мислам во моментот. Друга работа, кога НК ги крена мртвите пред Џон, истите тие кои убиваа сите наеднаш како луди, сега тргнаа кон него еден по еден и нормално ги одбиваше. А НК лабаво си отиде, до моментот ги бркаше Џон и Денерис да ги убие, сеа реши да го остаи овој. Трето, дали во гробницата Арја викаше да ја отворат вратата да влезе, а Санса не реагираше ништо иако знаеше дека е она?
 
Реално Night King не мораше воопшто да биде блиску до битката, секако вокерите ќе добиеја, ама се си мислам дека тој не сакаше да го убие Брен, туку дека имаше некој друг план со него. Инаку лесно ќе беше, ќе ги пратеше сите генерали таму и ќе го изгризеа језивиот манијак и поздрав. Се надевам дека ќе биде тоа разјаснето во следниве епизоди. Има уште многу работи за разјаснување, очекувам тоа да се деси до крајот на серијава. Епизодава беше битка и тоа е тоа.
Интересно.

Можеби целта му беше баш ова што се деси, токму Арја да го убие (ради некои причини кои накнадно би ги дознале) ? Можеби и затоа не се тепаше со Џон кога имаше прилика, туку ги дигна мртвите и си отиде накај Бран (кхм.. Арја)..

Се надевам на нешто вакво, штета ќе биде на ова да остане.
 
Откако се вратија Дотраките, кога тргнаа мртвите кон замокот, тука можеа змејовите да ги изгорат на момент и така летаа наоколу мислам во моментот. Друга работа, кога НК ги крена мртвите пред Џон, истите тие кои убиваа сите наеднаш како луди, сега тргнаа кон него еден по еден и нормално ги одбиваше. А НК лабаво си отиде, до моментот ги бркаше Џон и Денерис да ги убие, сеа реши да го остаи овој. Трето, дали во гробницата Арја викаше да ја отворат вратата да влезе, а Санса не реагираше ништо иако знаеше дека е она?

Не тропаше Арија за да влезе во гробницата, рандом луѓе беа.
 
Целта на НК никогаш не бил некој си Џон или Денерис, туку да дојде до 3ER (во случајов Бран).
Инаку, мислам некој спомна зошто немало битка меѓу некој од карактерите против ВВ/НК. За вториве, тоа не е сигурна победа, а ако пратат илјадници и илјадници wights (со можност за повторен „рифил“ на армијата) тоа е „изи“ победа. Така да, од нивна гледна точка, зошто би ризикувале НК да изгуби од Џон 1 на 1 (или некој ВВ против Џејми/Бриен/итн). Истово размислување го сретнав и на коментари по интернет.
 
Можеби поарно ќе беше тоа барикадите да ги наполнат со вода некако, умрениве не можат да пливаат, just my 2 cents :unsure:
истото ќе го направеа како со огинот, еден куп ќе се удавеа и ќе си направеа мост..:ROFLMAO:
 
истото ќе го направеа како со огинот, еден куп ќе се удавеа и ќе си направеа мост..:ROFLMAO:
Уствари НК им даде команда да го направат тоа, ептен паметно копиле е/беше. :D Освен што не ја осети Arya.:icon_lol:
 
Глупо ќе е да кажам дека очекував ваква епизода, побогу ни на крај памет не ми дојдоа работиве што се десија, ама знаев дека ќе има огромен хејт што и да биде. 99 посто од гледачите очекуваа милион ликови да умрат, и тоа главни ликови, па сега добија/вме еден шок со смртта на Најт Кинг. Како и кај многумина, и кај мене се јавија одредени прашалници, ама јас сепак и давам шанса на сезонава до крај па после ќе хејтам ако има за хејтање. Немам проблем со хејтерите, сепак се работи за различни вкусови и различно перцепирање на работите. Всушност, целиот серијал се одвива на тој начин што ги остава гледачите со подотворени усти и искача сценарио што скоро никој не го очекувал. Затоа и има доста хејт за епизодава, али мое мислење е дека ќе си легнат на брашното оние со негативните коментари на крајот од сезонава.

Околу епизодава, моментот кога Санса и рече на Арја дека не знае што да прави со сечилото што и го даде, а оваа и рече да прободе со острата страна, ми беше еден од најдно моментите во сите 8 сезони. Абе како ејјј, какооооо, види какво телетсбис прашање мајкооооо мила. :tapp:
Исто не сте пишале за "палењето" на Најт Кингот, и Дени и ние очекувавме дека ќе го стопи а ликот ладно излезе од пламенот со што ја подгрева мојата теорија дека постои можност Најт Кинг да е Таргеријан.

Ќе биде интересно следниве епизоди, се надевам ќе го објаснат сето ова со Бран и неговите моќи, а исто верувам дека не е се завршено со WW.

Од визуелен аспект чиста 10ка од мене.
 
А Џон кога му скурчи и му се подаде на Висерион во фаца да му се дере? :D
Сега што прави Џејми, ќе остане со нив да се бори и против Серсеи?
Очекувам Клегејнс да направат добра борба. :coffee:
 
Исто не сте пишале за "палењето" на Најт Кингот, и Дени и ние очекувавме дека ќе го стопи а ликот ладно излезе од пламенот со што ја подгрева мојата теорија дека постои можност Најт Кинг да е Таргеријан.
Сериозно очекуеше да го стопи пламенот? :)

Се осеќаше дека нема да му биде ништо, али затоа ова >
18312.jpg
уопште не го очекуев. :D

Замисли НК да е мешавина од Старк и Таргериен ко Џон, и да мора да го убијат еднаш Таргериан (Дени со змејот), еднаш Старк (Арја со дагерот) за да умре конечно и да остави место за неговиот наследник: Џон!

giphy.gif
 
Последно уредено:
исто ме нервира што не го видовме НК во акција, освен змеј кога јаваше...8 сезони си шета така бавно, и само рацете ги крева...барем една борба со Џон Сноу да имаа, ја наговестија во Хардхоум...
 
@Stefan-kobe Типот може/ше да оживува луѓе, џинови и змеј, не гледам зошто огин да е проблем за него. :D Плус, гледај го моментот (1:40 во видеото) од епизодата кога го уби Висерион. Огнот се подизгаснува, не си гори нормално како во сцените со Дени.
 
aj objasni mi za religijata, arya od team many faced god a i pomaga lord of the light
ko ja ko hristijanin da palam vesterki i posle smrtta 72 devici op :D
..
Нивната религија они ја рачунаат над сите други. За нив сите други религии се прикаски, лажни богови или демони кои му служат на опонентот на Lord of Light. За нив сите луѓе се слуги на Lord of Light (Valar Dohaeris).
Како и да е, религиска вистина нема да видиме, ни во книгите, ни во серијата. Барем, ако се држат до тоа Мартин што изјави.
 
]
Али ова ако се обистини, да знаете има шанси да биде боље (можда нема да биде толку светкаво).
Аи, што зборуеш бе? Боље да не го прават ако планираат да биде светкаво.
Замисли како Монса (силна жена) го збрцуе Бајас на крајот и Бајас умира. Паралелно на тоа, Фероу го убива Калул. Двете се борат за светска доминација.
 
LoL, многумина од курташак, пошто ги боли уво, ќе ти го прочитаат споилеров, али ако ја снимаат серијата, сигурно ќе стане популарна и гледана, тогаш фактички си им споилал екстра ларџ.
 
За многумина серијава е станата too mainstream to enjoy.
Егото ќе се обиде тоа да им го скрие со „брат, ми ја вреѓа интелигенцијата, брат ова е за проста раја, ова е за новите генерации, crowd pleaser“ и слично.
Еден другар ми рече „не умреле некако многу ликови епизодава“
Друг другар ми рече слично, мислел ќе умреле повеќе ликови епизодава
:D
Тука е проблемот што поинаку не научија минаативе сезони. Умираа ликови како муви, реално сите очекуваа ако не некој друг еден од Бриен/Тормунд/некој од Старкови да скине конци денес. Они испоубија многу ликови, ама сите беа некако пропратни, Џора имал најмногу скрин тајм досеа и неговиот придонес е што ја спаси Данка од смрт еднаш и направи доктор од Сем. Посебно после цела таа сцена од минатата епизода кога Бриен стана витез, па мислам дека 99% од светов очекуваше да умре она денес.

Глупо ќе е да кажам дека очекував ваква епизода, побогу ни на крај памет не ми дојдоа работиве што се десија, ама знаев дека ќе има огромен хејт што и да биде. 99 посто од гледачите очекуваа милион ликови да умрат, и тоа главни ликови, па сега добија/вме еден шок со смртта на Најт Кинг. Како и кај многумина, и кај мене се јавија одредени прашалници, ама јас сепак и давам шанса на сезонава до крај па после ќе хејтам ако има за хејтање. Немам проблем со хејтерите, сепак се работи за различни вкусови и различно перцепирање на работите. Всушност, целиот серијал се одвива на тој начин што ги остава гледачите со подотворени усти и искача сценарио што скоро никој не го очекувал. Затоа и има доста хејт за епизодава, али мое мислење е дека ќе си легнат на брашното оние со негативните коментари на крајот од сезонава.

Околу епизодава, моментот кога Санса и рече на Арја дека не знае што да прави со сечилото што и го даде, а оваа и рече да прободе со острата страна, ми беше еден од најдно моментите во сите 8 сезони. Абе како ејјј, какооооо, види какво телетсбис прашање мајкооооо мила. :tapp:
Исто не сте пишале за "палењето" на Најт Кингот, и Дени и ние очекувавме дека ќе го стопи а ликот ладно излезе од пламенот со што ја подгрева мојата теорија дека постои можност Најт Кинг да е Таргеријан.

Ќе биде интересно следниве епизоди, се надевам ќе го објаснат сето ова со Бран и неговите моќи, а исто верувам дека не е се завршено со WW.

Од визуелен аспект чиста 10ка од мене.
Цела епизода беше како рикеп на некои разгорови на Арја од претходните епизоди. What do we say to the God of death; муабетот со бојата на очите со Мелисандре, бегањето низ библиотеката е исто како кога се криеше во Red Keep, па и низ улиците на Bravos, ова што ти сметало тебе е исто од прва сезона, кога и го даваат Needle и истово и го викаат, stick em with the pointy end. Овака кога ќе видиш имаше премногу хинтови низ цела епизода кој ќе е главниот лик во епизодава, ама кој да ги примети за време на цела таа акција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom