Game of Thrones

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Дечки дај бе полека со хејтот малку, големи сте да му ебам мајката. Океј е, епизодава, епилогот од битката што остаревме додека ја чекавме не може на секого да му легне, тоа е факт, ама мислам дека има премногу хејт беспотребно.

Нема везе, серијава ги подигна стандардите и сите очекуваме нешто плус. Значи, правиме муабет за телевизиска серија која многумина ја споредија со LOTR. Такво нешто не се споредува бајовци мои. Не сум задоволен од епизодава онака скроз, ама далеку од тоа дека е лоша. Како што пиша wot, битката меѓу војските беше споредна цело време, најбитно беше Дени и Џон да го најдат Night King и да се пресметаат 2 на 1 со него.
.
Да ја споредиш GoT со LOTR e понижувачки за LOTR, без разлика колку ефекти ќе додадат пак е џабе, во наредниве 50 години не верувам да се сними нешто појако од LOTR.

Ако мислиш дека GOT и LOTR не се во иста категорија тогаш си во ептен голема заблуда.

1. Elves кај LOTR = Targaryens со долги бели коси.
2. LOTR џуџето = Tyrion Lannister
3. Саурон ги користеше враните како шпиунска камера во LOTR, еве сега Бран го прави истото...
4. LOTR луѓето против орките = Во GOT луѓето против мртвите.
5. LOTR мапата = GOT мапата е слична
6. Во LOTR имаме делба помеѓу фамилиите = истото е и кај GOT, се здружуваат за да победат supernatural enemy.
7: Во LOTR го имаме Frodo кој е мало суштество кое со тек на патувањето се оформува и се развива како карактер = истото го направи и GOT со Арја
8. Ова е најтрагичното, Боромир од LOTR глуми Ned Stark у GOT...wtf?
9. Во LOTR орките имаат змејови = GOT исто.
10. Саурон сака комплетен мрак низ светот, да го уништи човештвото = во GOT истото го сакаат мртвите.
11. Mad king кај LOTR = Mad king кај GOT...

Можам вака до утре. Пак ќе кажам, GOT е смешен rip-off на LOTR, во приказна, во ефекти, во се. Единствено нешто што е добро кај GOT е развивањето на ликовите, ама имаа ебани 8 сезони да си играат со тоа. Само не знам како собра волку голема популарност, се шлепаа на LOTR уште од старт ама страшно потфрлиja.
ПС: Коа се тепаа Џон, Тормунд и остала багра кај езерцото беше сто пати појака борба и понапната отколку цела битка во Winterfall...
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Не верувам дека треба да имаш мозок за да креираш теорија, треба само да си фан на серијава. Нели сите сме тоа тука на темава? Искрено ја не можам да ги сфатам и оние на кои све им е ок и главни замерки им се зошто на Џон Сноу му била мрсна косата и зошто било мрачно? Од кинематографски аспект ја обожавам оваа епизода, не може да се мери ништо со неа иако не сум тоа по професија, ниту пак се бавам со фотографија (лаичко мислење на еден фан само). Создава атмосфера која кај самиот гледач влева страв, потсеќа на некои хорори ко The Thing и 30 days of night. Ако јас бев извршен продуцент/сценарист/режисер ќе внесев многу повеќе suspense и хорор елементи кои ќе ги држеа сите на работ, со многу jump scares нешто што е нетипично за тв шоу. И покрај тоа опсадата/нападот на зомбињата мислам дека беше страшно добра (освен суперхеројските способности на некои од ликовите) и директорот Сапочник завршил многу добра работа. Човекот ќе биде режисер и на некои од епизодите на Лорд оф да Рингс шоуто што допрва треба да се прикажува и неам друго што да кажам освен дека едвај чекам да го гледам.
сите сме фанови, а дека не треба мозок за теорија, па не би рекол. да препишеш теорија од редит, јутјуб и да ја претставиш ко своја, не треба мозок. ама да имаш став и да го браниш со свои мислења и те како треба мозок. Инаку за се подоле во постот се слагам :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Следува долг пост каде што има и теории од реддит, кои не сум глуп па да не ги разликувам од leaks, но ако треба нека ме банираат од темата ако една од 8497517917 теории се оствари.

А сега како стручњак по сите побарани стандарди тука, ќе искоментирам за епизодата, исто како што правме цели 8 години на истава оваа тема.

Прво како кинематограф. Уживав во епизодата од тој аспект, воопшто не ми пречеше ова со темнината. Сепак the night is dark and full of terrors и бар тоа беше одлично доловено.

Борбите на змејовите, Wun Wun и малата, херојството на Џорах, палењето на Мелисандре, бурата на NK, и музиката, особено „немата“ музика на крај кога беа условно поразени беа врвот на телевизијата, беа на ниво на GoT, на ниво на најдобрата серија на сите времиња.

И толку беше.

Од аспект на воен генерал со титули во Џенералс, Тотал Вор и Ејџ оф Емпајрс - ова беше измачување.
Океј што Дотраките ги испоебаа за џабе, иако ги исхајпаа јако кога ги запали Мелисандре, но што беше улогата на Unsilied во биткава? Па Сем беше покорисен од нив. Што правеа они освен што за 3 минути успеаа да ги одвлечат зомбињата?
Зошто не им ги запалија нив копјата, па тогаш застанеа во фаланга формација, за да бидат прва линија на отпор но линија на отпор која ќе ги запали мртвите и нема да овозможи нивно повторно воскреснување.

Сега ќе речете: Немаа доволно време да се спремат. Не ме јебете. Две сезони се спремаат за оваа битка.

Едино понормално објаснување е дека Мелисандре нема толкава сила да го стори тоа.

За неискористеноста на змејовите и тоа што они можеа со три здива да ја сјебат пола војска на NK е излишно да се коментира.

Немање апсолутно никаква заштита на ѕидовите на Винтерфел? Е како бе никому не му текна едно буре со барут да спушти. Океј, немаше да помогне пошто видовме дека ги има премногу, но сепак, да се обидеа.

Од аспект на метеоролог, ледената бура беше добар момент и одличен заеб од NK.

Од аспект на реддит теоретичар, мислам дека Арја може и да не е изборот на D&D, туку она да е одбрана и во оригиналната замисла од GRRM. Старото дебело милион пати има кажано дека Арја му е омилен лик, Арја е исто така со warg способности во канонот, како и сите Старкови деца, така да мислам дека и во книгите ќе биде ова некое комбо Bran + Arya + Jon. Има многу работи кои ја прават Арја идеален кандидат за ова што го стори.

Секако дека сум разочаран од тоа што не дознавме ништо подетално за Night King и White Walkers, но од друга страна можеби е и позитивно што тоа ќе остане мистерија.

Но едноставно во последните сезони не добиваме никакво обработување на ликови какво што постоеше во претходните, па затоа можеби не ми се чини толку „трагично“ што така лесно го скинаа NK.

Веројатно и пророштвото за Азор Ахаи ќе испадне само бабини деветини, освен ако не се деси нешто у следниве епизоди со Џејми или Џон.

А мислам дека ќе се случи некој таков твист. Затоа што од старт ни кажаа дека крајот ќе биде bittersweet. Досега нема ништо bitter, а убивање сите од страна на Церсеи ќе биде биттер за сите освен за феминистките и за @wot дефинитивно пошто не знам кој друг не е напзиден од нејзината заштита која ја добива од сценаристите.

Исто така сигурен сум и дека некако ќе се обидат да „објаснат“ во што Бран се варгна епизодава. Теоријата за NK = Bran in the past уште може да се оствари. Сетете се на Hold the door.

И на крај од аспект на фан на шоуво, криво ми е што толку многу падна со квалитет но колку и да падна, ќе остане запаметена како најдобрата серија на сите времиња, односно ко нешто што го смени светот на ТВ сериите.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
сите сме фанови, а дека не треба мозок за теорија, па не би рекол. да препишеш теорија од редит, јутјуб и да ја претставиш ко своја, не треба мозок. ама да имаш став и да го браниш со свои мислења и те како треба мозок. Инаку за се подоле во постот се слагам :)
Поентата ми беше дека воопшто не е тешко да креираш теорија кога веќе си толку навлезен во серијава, заради тоа и пишав дека не е потребен богзнае колку мозок за да претпоставиш што може да се случи. Е сега, има теории и теории, плус невозможно е да избегнеш спојлери и теории пошто се насекаде. Имаш ликови кои си го остаиле детството на серијава и книгите, ги знаат сите факти и детали и кога таков човек ти презентира теорија нормално е да те заинтересира или да те наведе на исход кој е возможен.
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Поентата ми беше дека воопшто не е тешко да креираш теорија кога веќе си толку навлезен во серијава, заради тоа и пишав дека не е потребен богзнае колку мозок за да претпоставиш што може да се случи. Е сега, има теории и теории, плус невозможно е да избегнеш спојлери и теории пошто се насекаде. Имаш ликови кои си го остаиле детството на серијава и книгите, ги знаат сите факти и детали и кога таков човек ти презентира теорија нормално е да те заинтересира или да те наведе на исход кој е возможен.
Го кажуваш истото што и јас, само со други зборови. Има теории и теории, и критики и критики. Тоа што иритира се оние што симулираат критика и пласираат теории за на сила да се одвојат од толпата што се пали на се и сешто. Тоа што не го рачунаат тие луѓе е дека тоа се гледа од авион и дека делуваат смешно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.942
,
Зошто не им ги запалија нив копјата, па тогаш застанеа во фаланга формација, за да бидат прва линија на отпор но линија на отпор која ќе ги запали мртвите и нема да овозможи нивно повторно воскреснување.
Затоа што нема потреба, копјињата им се со обсидијански врвови.

Мислам дека во серијата обсидијанот средува и wight-ови.
Мислам дека во серијата обсидијан и валириски челик средуваат и wights и ww. Го упростиле некако (може и грешам за ова)
Во книгата, валириски челик и обсидијан се за ww, а wights сеедно, може и со обичен челик и со оган, не им праи разлика.

Како и да е, на сите оружјата им се со обсидијан обложени на сечилата, врвовите, ударните делови, кој го м'кнеа од Драгонстоун.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Во недостиг од нова книга и креативен талент од рангот на Џорџ Мартин, се решија профитерски да сервираат тоа што моментално вади најмногу пари на филмскиот пазар, односно марвел тип на епизода (а најверојатно и цела сезона) со medieval авенџери.

Текот на епизодата е истиот со скоро секој марвел суперхерој филм. Се соочуваат со непријателот, ситуацијата изгледа безнадежно, храбро се борат ама непријателот е пресилен. на крајот веќе се паднати на колена и кога веќе се изгледа дека е готово, жданг! Од негде се дава некој и му ја крши кичмата на главниот, и со тоа магично победуваат, сонце огрева и чулулиги пеат.
Буквално 95% од секое super hero movie сценарио.

Тука се medieval авенџерите, пет шест души кои храбро се борат убиваат по илјада непријатели секој од нив, иако цело време се опколени од стотина зомбиња кои ваљда ги гушкаат и си ги тријат зомби курињата од нив. Бриен десет пати се ваља на земја со зомбиња, ја гризат ја пустат па стана пак ги коле. Џон пред замокот кога Најт Кинг ги дига мртвите е опколен од десет илјади зомбиња, за во наредна сцена да има само десетина зомбиња кои споро се движат накај него. Ај може дека тазе разбудени зомбињата па полека се движеле да се растегнат малку.

Сега веќе знаеме како ќе иде, кога им се виде степенот на креативност. Серси ќе победува и ќе се јача две епизоди за на крај од безизлезна ситуација со некоја пресвртница да ја тепаат.

Тоа се продава најдобро, тоа ќе се сервира.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.942
Е како бе никому не му текна едно буре со барут да спушти.
каков бре барут?

Али да, можеа нешто ужарено да сипаат, ко у Среден Век.[DOUBLEPOST=1556573130][/DOUBLEPOST]
Старото дебело милион пати има кажано дека Арја му е омилен лик,...
Не. Поише пати има кажано дека Тирион му е омилен лик. Али да, има кажано друг пут дека Арја му е омилен лик. Свашта он кажува.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Затоа што нема потреба, копјињата им се со обсидијански врвови.

Мислам дека во серијата обсидијанот средува и wight-ови.
Мислам дека во серијата обсидијан и валириски челик средуваат и wights и ww. Го упростиле некако (може и грешам за ова)
Во книгата, валириски челик и обсидијан се за ww, а wights сеедно, може и со обичен челик и со оган, не им праи разлика.

Како и да е, на сите оружјата им се со обсидијан обложени на сечилата, врвовите, ударните делови, кој го м'кнеа од Драгонстоун.
Секако дека помислив на тоа, но еве според епизодава не е така, немаше ефект драгонглассот врз wights речиси никаков. Дури и штитовите и дрвените ѕидови мислам дека им беа со драгонгласс, ама значаен ефект на тој драгонгласс/обидијан не видовме. Фактички испадна дека џабе тетеравеа до Драгонстоун и донекаде џабе што Џон клекна пред Калисито.


Не. Поише пати има кажано дека Тирион му е омилен лик. Али да, има кажано друг пут дека Арја му е омилен лик. Свашта он кажува.
Повеќе пати сум прочитал за Арја, а за Тирион и Сем, дека се препознава во нив.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Добро бе, знае ли некој Бран зашто варгна у гавраните?
mislev varga za da prai nekoi finti ali neli samo koga varga moze NK da go gleda kaj e
pa moze samo da go namami kaj drvoto, mu titna kaj e

aj objasni mi za religijata, arya od team many faced god a i pomaga lord of the light
ko ja ko hristijanin da palam vesterki i posle smrtta 72 devici op :D

prav si, a ist li e zborot i za wyvern?

--

najgolem let down ke bide tyrion ako ne javne zmej
u prvite knigi do kaj so imam citano go zborea kolku gi obozaval kako dete, se gubel u biblioteka citajki za niv i kisnel dole u podrumot so nivnite kosturi, pa koga go spoea so dany...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
За многумина серијава е станата too mainstream to enjoy.
Егото ќе се обиде тоа да им го скрие со „брат, ми ја вреѓа интелигенцијата, брат ова е за проста раја, ова е за новите генерации, crowd pleaser“ и слично.

Како бе никој важен омилен лик не ви умрел? Навивав за Најт Кинг да го освои престолот :(
Еден другар ми рече „не умреле некако многу ликови епизодава“
Друг другар ми рече слично, мислел ќе умреле повеќе ликови епизодава
:D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Изгледа и Ghost е жив, го има на трејлерот за наредната епизода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom