Дечки дај бе полека со хејтот малку, големи сте да му ебам мајката. Океј е, епизодава, епилогот од битката што остаревме додека ја чекавме не може на секого да му легне, тоа е факт, ама мислам дека има премногу хејт беспотребно.
The Night is Dark and full of Terrors – битката со Night King се води во темница и тоа е јакото па колку и да ни ускрати детали кои што на пример ги гледавме во „Битката на копилињата“. Тоа беше целата замисла, битката против смртта да се води навечер и затоа пеесетина ноќи траело снимањето на епизодава што ја прогласивте за фијаско (притоа голем дел од вас не го ни сфатија концептот на битката). Берик ја спомна битката на ѕидот и се слагам, премногу добра епизода, прејака битка, може епизодата околу 20 пати ја имам изгледано, едноставно предобро... но, памтам и тогаш многу го дрвеа овде и најдоа најразлични маани.
Нема везе, серијава ги подигна стандардите и сите очекуваме нешто плус. Значи, правиме муабет за телевизиска серија која многумина ја споредија со LOTR. Такво нешто не се споредува бајовци мои. Не сум задоволен од епизодава онака скроз, ама далеку од тоа дека е лоша. Како што пиша wot, битката меѓу војските беше споредна цело време, најбитно беше Дени и Џон да го најдат Night King и да се пресметаат 2 на 1 со него.
Имаше бројни нелогичности, не викам не. Одбраната на ѕидините на Винтерфел беше лоша, не видовме никаков ефект на драгонгласот по ѕидините. Дотраките заминаа ко камикази, ама целиот приказ на тоа како темнината ги голтна беше фантастичен. Затоа заминаа со запалени такви српови или што курац се тоа, за темнината да ги проголта и да добиеме впечаток дека нема надеж за живите. Палењето на рововите... де бре, дојде зимата, кралот на мразот, вие сакате со факел тоа да се запали?

Најдобар твист ми беше со мртвите во криптата, тоа не го очекував, иако горе-долу ова беше многу лесно предвидлива епизода.
Порано плачевме што ни ги убиваат ликовите, денес се жалиме што не умрел некој од нив. И реално требаше некој битен лик да загине за „Големата битка“ да добие на поголема тежина (Мислам дека Варис го јаде стапот). Реално Night King не мораше воопшто да биде блиску до битката, секако вокерите ќе добиеја, ама се си мислам дека тој не сакаше да го убие Брен, туку дека имаше некој друг план со него. Инаку лесно ќе беше, ќе ги пратеше сите генерали таму и ќе го изгризеа језивиот манијак и поздрав. Се надевам дека ќе биде тоа разјаснето во следниве епизоди. Има уште многу работи за разјаснување, очекувам тоа да се деси до крајот на серијава. Епизодава беше битка и тоа е тоа.