Дискутиравме без спојлери, и на темава, кога серијата беше зад книгите и кога летаа спојлери од помодари кои имаа изгледано 3 епизоди и улетуваа тука да пишат дека ќе го убијат Роб Старк итн.
Никад немаше напишано спојлер во темава од член кој ги имал претходно читано книгите или од член кој ги немал прочитано, ама останувал 21391 саати читајќи теории, истории на ликовите и куќите, семејни стебла и остали милиони ситници поврзани со светото на Вестерос и Есос.
Напротив, спојлерите доаѓаа од помодарите.
Затоа ако веќе спроведувате некаков ред во темава, треба да ги потседите таквите, а не да не подјебавате некои што имаме напишано по 1000+ мислења во темава и кои сме воделе одлична дискусија во претходните сезони кога наместо 10 замерки после епизода пишувавме за 10 воодушевувачки моменти од епизодата.
Кога серијата си држеше квалитет во темава имаше одлични муабети во кои се убацуваа Берик и остала компанија која веќе знаеше за приказната ама никад ни минимално не спојлнаа нешто.
Штом серијата опадна со квалитетот, очекувано е што и дојдоа критики од истите кои ги потрошивме сите можни комплименти за неа до тогаш.
Вие ќе си уживате во смешките, ама и јас иам право да ги искритикувам, исто ко што имам право да ја пофалам последнва епизода.