И затоа јас пак ќе го спомнам фактот дека Нед и Роберт во само една епизода со цела пратња отидоа од Винтерфел до Кингс Лендинг во првата „непогрешива“ сезона.
Мене епизодата ми се допадна многу, досега најдобра од трите, на глупости и нелогичности укажувам секогаш, како сцената со Арја преправена во Волдер Фреј- тоа беа тешки глупости, магично изградената флота на Јурон, можеа барем некое глупо обајснување да смислат како е изградена, но некои големи нелогичности сега освен тајмингот баш и нема.
На тој од банката Серси му кажува дека експлозијата во катедралата е несреќен случај и колку и да се верзиите меѓу луѓето различни официјално кај неа нема вина, а како што кажа Џејми еден ден народот те плука гол дур шеташ по улици друг ден те воздигнува што е тоа чудно, народот е овца- дали во серијава или во реалниот живот нема разлика.
Ако Тарли како најсилен и уште неколку вазали на Тајрел откажале послушност тоа автоматски значи дека нивната армија е преполовена, Ланистерската е во фул бројка, во серијава отсекогаш е потенцирано мислам дека Ланситерите а не Тајрел имаат најголема армија.
Тоа што баш на Серси и успева сето ова и изгледа како бријилајнтен тактичар и воен лидер, можда е малку ради приказната да биде поинтересна, но и фактот дека ја советуваат доста интелигентни луѓе како Кајбрн, Џејми, Рендал Тарли.
Aко веќе барам замерки за епизодава, не ми се допадна како тоа Џора се излечи од тешка неизлечива болест за една вечер како ништо да не е. Исто и Бран и неговото понашање како некој забеган проповедник со тој матен поглед у далечината.
Самите си го поставија тој проблем со тајмлајнот. Прво одеа споро (што беше всушност одличен потег), за сеа у 2 епизоди да пропаднат 2 фамилии во Вестерос, 2 флоти плус најјаката платеничка/робова војска која ја видел светот на ASOIAF. Во исто време ни ги покажуваат и WW, а сеа дур сите зборат за нив, нив ги нема.
Во идеално сценарио серијава би траела 10 сезони, без изразени филери, без бегање од оригиналниот плот и без менување на првично смилсениот заклучок (Hello LOST my old friend) и во тоа сценарио сите книги би излегле пред шоуто.
Но тоа не го видовме. Овие се покажаа како лоши имплементи на тоа што им било кажано како ќе заврши приказната. Таман после првите 2 епизоди од сезнава мислев дека ќе се вратат на некое солидно ниво, во оваа епизода ја утупија.
Најверојатно цел квалитет е опаднат ради немањето материјал од дедото, па се губат малце во сите овие минуси што ги споменувате.
Не мислам дека е ради задоволување на публиката, зошто реално, шоуво ако никој не го гледа, ќе го укинат. А публиката не ја сочинуваат само режисери и оние самопрогласените режисери. Ако толку ве нервира, не гледајте веќе.
Никој не е самопрогласен режисер. Да бевме тоа ќе давав замерка на кинематографија, кадри, музика итн... Тоа го прават режисерите.
До задоволување и до шок фактор е, константно го прават баш истото, но публикумот им дозволува, повеќе луѓе го хејтаа појавувањето на Ед Ширан на 11 секунди отколку значајни дупки во сценариото и главноит плот.
Значи не збориме за падот на квалитетот на дијалозите во сценариото кој е неспоредлив со првите сезони. Седум сезони чекаме средба меѓу мразот и оганот, и они имаат дебилен разговор на ниво на тетки у ЈСП. Дијалогот меѓу Џон и Даенерис беше дно, но веќе навикнавме на такви. Ликовите кои доминираа со дијалози како Тирион, Варис и Литлфингер сега муабетат ко просечен македонски јавувач во утринска емисија.
Но реков на тоа се навикнавме, на падот во квалитетот во дијалозите, овие ја дотупеа со широките плотови за ликовите.
Инаку да, дебелиот е најкрив за све, за 7 години можеше барем едната книга да ја издаде. Ама му чуе, си ја живее славата која ја доби на свои 50 години, главен е, си лапа пари. ХБО ќе му плати за уште бар 2 приквела базирани на приказната, он ќе си пишува факинг кард гејмс...